Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во попладневните часови на повеќе места се очекува локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 21 и 27 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали и слаб променлив ветер. Температурата ...

Иранската Револуционерна гарда предупреди дека ќе изврши напади врз американски локации на Блискиот Исток доколку бидат загрозени иранските танкери, пренесуваат иранските државни медиуми. Заканата доаѓа во период кога САД очекуваат одговор од Техеран на нов предлог за мировен договор и можно продолжување на примирјето во Персискиот Залив. Ескалација во Персискиот Залив и обвинувања меѓу двете страни Според иранските извештаи, изјавата на ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо, единствениот лидер од Европската унија кој присуствуваше на парадата по повод Денот на победата во Москва, повика на обновување на соработката меѓу Европа и Русија. „Ја отфрлам новата железна завеса меѓу ЕУ и Русија“, изјави Фицо во видео-порака објавена на социјалните мрежи за време на летот од Москва кон Братислава. Тој нагласи дека словачката влада има интерес за „нормални, пријателски и заемно корисни ...

Кубанската влада ја одбила понудата на САД за хуманитарна помош во вредност од околу 100 милиони долари, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Според него, одбивањето доаѓа во период кога островот се соочува со тешки последици од ураган, сериозен недостиг на гориво и длабока економска криза. Рубио изјави дека САД биле подготвени да испратат дополнителна хуманитарна помош, но дека кубанските власти не дале согласност за нејзина ...

Британскиот премиер, Кир Стармер, се соочува со сериозен притисок во сопствената партија по тешкиот пораз на локалните избори, додека дел од лабуристите веќе отворено бараат негова оставка. Дополнителен удар за неговото лидерство претставува најавата на поранешната министерка Кетрин Вест дека е подготвена да го предизвика за лидерската позиција доколку не се појави друг кандидат. Според британските медиуми, Лабуристичка партија ги забележала ...

По налог на американскиот претседател Доналд Трамп, Пентагон објави голем број доверливи документи поврзани со неидентификувани летачки објекти и необјаснети воздушни феномени, отворајќи досега најголем увид во случаи што со децении предизвикуваат мистерии и шпекулации. Меѓу објавените материјали има сведоштва од астронаути на Аполо 11, воени пилоти, разузнавачки службеници и извештаи од различни американски институции. Трамп: „Луѓето сами ...

Бројот на случаи на хантавирус во Аргентина речиси се удвои во последната година, со регистрирани 32 смртни случаи, што претставува најголем бран на инфекции од 2018 година досега. Овој пораст на заболени доаѓа во период кога аргентинските власти се обидуваат да го откријат движењето на брачна двојка која патувала низ земјата пред да почине како последица на епидемија на крузерот „MV Hondius“. Експертите сметаат дека главните причини за ...

Шпанската министерка за здравство, Моника Гарсија, ги објави деталите од протоколот за постапување при пристигнувањето на крузерот „MV Hondius“ на пристаништето Гранадила. Според нејзините изјави, примарна цел на операцијата е „максимална безбедност“ за сите инволвирани страни. Планот вклучува низа строги логистички и здравствени мерки за да се спречи каков било ризик по јавното здравје на Канарските Острови. Клучни точки на оперативниот ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „секогаш ќе биде победник“, додека во Москва се одржа скромна Парада на победата на Црвениот плоштад, под засилени безбедносни мерки и во атмосфера на зголемени стравувања од украински напади. Настанот, организиран по повод Денот на победата над нацизмот во Втората светска војна, годинава помина без вообичаената воена техника и со значително скратена програма. Путин, обраќајќи се пред ...

Автобус кој превезувал ученици од екскурзија бил одземен за вонреден технички преглед на автопатот Велес–Скопје, откако претходно бил пријавен поради дефекти за време на патувањето. Како што информираа од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете се наоѓало во автобусот со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје. Според пријавата, автобусот ...

Патнички авион на компанијата Frontier Airlines усмрти пешак на пистата на Меѓународниот аеродром Денвер во САД, во инцидент што се случил доцна во петокот навечер, непосредно пред полетување кон Лос Анџелес. Според информациите од аеродромските служби, лицето најпрво прескокнало надворешна ограда, а само неколку минути подоцна се нашло на пистата, каде било удрено од авионот кој се подготвувал за полетување околу 23 часот по локално време. ...

Петер Маѓар денеска положи заклетва и официјално стана премиер на Унгарија, по изборна победа над долгогодишниот премиер Виктор Орбан. Маѓар беше избран во парламентот со 140 гласови „за“, 54 „против“ и еден воздржан, во законодавен дом каде неговата партија Тиса има 141 од 199 места. Орбан не присуствуваше на изборот, откако претходно се повлече од пратеничката функција. Брзи промени и големи очекувања По изборната победа, улиците на ...

Поради пристигнувањето на крузерот „MV Hondius“, во Тенерифе се спроведуваат силни безбедносни подготовки, откако на бродот беа потврдени случаи на опасниот андес сој на хантавирус, од кој досега починаа три лица. Бродот, на кој има речиси 150 патници и членови на екипажот од 23 држави, треба да пристигне во индустриското пристаниште Гранадилја утре во раните утрински часови. Големи подготовки во пристаништето На пристаништето се поставуваат ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска кажа дека премиерот Христијан Мицкоски дошол на власт, како што рече, „со лаги и манипулации“ за Преспански договор, државното име и европската иднина на земјата. Тој посочи дека Мицкоски во предизборниот период ветувал поништување на Преспанскиот договор, враќање на старото уставно име и раскинување на договорот за добрососедство со Бугарија, но дека тоа не се случило по преземањето на власта. ...

Додека Иран се соочува со клучна фаза во преговорите со Вашингтон, внатрешната фракција Фронт на отпорот го користи политичкиот вакуум по смртта на Али Хамнеи за да го спречи евентуалниот договор, со што директно ги потхранува тврдењата на Трамп за сериозен раздор во Исламската Република. Идеолошки судир околу нуклеарниот договор Додека преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран влегуваат во решавачка фаза, една мала, но ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, положи цвеќе пред споменикот „Ослободителите на Скопје“. Во изјава за медиуми, Филипче порача дека денеска Македонија можела да има многу повеќе причини за славење, но, според него, Мицкоски, ја држел државата изолирана и далеку од европските вредности и реформи. „За жал не води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, која ...

Повеќе од 100 лица се заразиле со норовирус на крузерот „Caribbean Princess“, потврди американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Според официјалните податоци, симптоми на зараза досега пријавиле 102 патници и 13 членови на екипажот, кои се жалеле на повраќање и дијареја. Итна изолација и засилена дезинфекција Епидемијата е пријавена за време на крстарењето кое започна на 28 април, а треба да заврши на 11 мај. На бродот во ...

Од СДСМ преку соопштение велат дека „градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски се повлекува затоа што не сака да потпишува документи кои можат да отворат лична кривична одговорност поврзана со новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање на фирми“. „ВМРО-ОКГ тврди дека не станува збор за оставка и повлекување, туку дека е на боледување. Не можат повеќе да ја сокријат вистината. Ова е уште еден јасен ...

Здружението на германски аеродроми (ADV) упати сериозно предупредување дека во блиска иднина може да дојде до откажување на голем број летови, што директно ќе погоди милиони патници. Како главни причини се наведуваат недостигот на авионско гориво и енормното зголемување на цените на авионските билети. Стравот од пад на капацитетите станува реалност „Стравуваме дека ќе бидат откажани дополнителни летови, особено кај нискобуџетните ...

Најновиот извештај на американското разузнавање предупредува дека Иран има капацитет да ја издржи поморската блокада со месеци, без да почувствува критичен економски притисок. Според анализата на ЦИА, која прв ја објави Вашингтон Пост, Техеран нема да се соочи со сериозни економски последици од американската блокада на своите пристаништа најрано до крајот на летото. Оваа проценка сугерира дека американскиот притисок врз Техеран е значително ...

Русија денеска со воени паради и државни церемонии го одбележува Денот на победата над фашизмот, а централниот настан традиционално се одржува на Црвениот плоштад во Москва. Сепак, годинашната парада се разликува од претходните, бидејќи на неа нема да продефилира тешка воена техника, ниту ќе учествуваат дел од кадетите и питомците од воените училишта. Од руското Министерство за одбрана велат дека „отсуството на опрема и некои единици од ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, проследено со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат меѓу 7 и 12, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 23 степени. Главниот град го очекува слична метеоролошка состојба. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со пороен дожд и ...

Опозициската СДСМ вели дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад. „ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа. По пратеникот Миле Цеков, уште една советничка на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп го напушти владејачкото мнозинство. Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ, со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, официјално потврди дека е постигнат договор со Русија за размена на заробеници и тридневен прекин на огнот. Ова доаѓа по претходната објава на американскиот претседател Доналд Трамп за воспоставување примирје од 9 до 11 мај. Постигнат е договор за размена на воени заробеници во формат 1000 за 1000. Зеленски нагласи дека враќањето на луѓето дома е клучен приоритет за Украина. Прекинот на огнот е ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира со осуда поради селективниот пристап на државната компанија МЕПСО при организирањето брифинг за медиуми, на кој не бил поканет медиумот ПорталиХ, иако токму оваа редакција претходно објави серија истражувачки стории поврзани со темите за кои се дискутирало на настанот. „Сметаме дека ваквата практика претставува сериозно нарушување на принципите на транспарентност, еднаков третман на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека меѓу Русија и Украина ќе биде воспоставено тридневно примирје од 9 до 11 мај. Трамп ова го објави на социјалната мрежа „Truth Social“, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат прекинати сите борбени активности и ќе биде извршена размена на по 1000 воени заробеници од секоја страна. „Задоволен сум што можам да објавам дека ќе биде воспоставено ТРИДНЕВНО ПРИМИРЈЕ (9, 10 и 11 мај) во ...

Овој викенд (08.05.2026) носи значаен внатрешен пресврт за четири хороскопски знаци кои долго време ги ставале туѓите потреби пред своите. По период на прилагодување и премолчување, овие знаци конечно ќе почнат да избираат себеси и да поставуваат јасни граници. Еве кои знаци ќе доживеат промени: Вага: Познати по желбата за мир и склад, Вагите често прават компромиси на своја штета. Овој викенд тие повеќе нема да имаат трпение за односи во ...

На судењето во Лидс беа откриени детали за последните денови на Иан Воткинс, поранешниот пејач на бендот Lostprophets, кој беше убиен во затворот Вејкфилд каде издржуваше казна од 29 години за сексуална злоупотреба на деца. Затворските чувари сведочеа дека Воткинс бил цел на изнуда бидејќи останатите затвореници знаеле за неговите пари од музичката кариера. Пред убиството, Воткинс добивал писма со барања за пари. Во едно од нив стоело: „Имаш ...

Во текот на утрешниот ден времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локални врнежи од пороен дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни временски процеси, со пообилен дожд, почести електрични празнења и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој дополнително ќе придонесе за поизразена промена на временските услови во текот на денот. Температурите ќе се движат ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги обвини САД за „безобзирна воена авантура“ токму во моментите кога се бара дипломатско решение за конфликтот. Тој порача дека Иранците никогаш нема да попуштат под притисок. По вчерашната меѓусебна размена на оган, американската централна команда соопшти дека нивните сили онеспособиле два празни ирански танкери кои се обиделе да ја пробијат американската поморска блокада. САД тврдат ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
90%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
62%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
45%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Калај

53.60

Иридиум

253540.09