Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Во текот на утрешниот ден времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локални врнежи од пороен дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни временски процеси, со пообилен дожд, почести електрични празнења и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој дополнително ќе придонесе за поизразена промена на временските услови во текот на денот. Температурите ќе се движат ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги обвини САД за „безобзирна воена авантура“ токму во моментите кога се бара дипломатско решение за конфликтот. Тој порача дека Иранците никогаш нема да попуштат под притисок. По вчерашната меѓусебна размена на оган, американската централна команда соопшти дека нивните сили онеспособиле два празни ирански танкери кои се обиделе да ја пробијат американската поморска блокада. САД тврдат ...
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, повика на итно формирање на нов европски одбранбен сојуз, предупредувајќи дека НАТО во сегашната форма е загрозен поради несигурноста во американските гаранции за безбедност. Расмусен тврди дека сме сведоци на дезинтеграција на Алијансата. Според него, сомнежите што ги поттикна Доналд Трамп во врска со Членот 5 ги принудуваат Европјаните сами да ја преземат одговорноста за ...
Пентагон објави обемен пакет доверливи досиеја за НЛО кои досега не биле видени, што претставува последна во низата декласификации на теми кои долго време ги фасцинираа Американците и поттикнуваа теории на заговор. Новата веб-страница објавена во петокот од страна на Министерството за одбрана — war.gov/UFO — е исполнета со вртелешка од црно-бели слики на неидентификувани воздушни феномени. Посетителите можат да пребаруваат низ десетици ...
Не може да седиш дома, да се правиш болен, да земаш плата од околу 2.000 евра, му порача поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на актуелниот градоначалник, Сотир Лукровски. Јакимовски обвинува дека Лукровски не ја води општината, туку дека ВМРО-ДПМНЕ вовело колективно раководење во Карпош. „Овластување дадено на друг човек не го ослободува градоначалникот од одговорност. Таа работа не оди така. Не може Карпошани да ...
Градоначалникот Сотир Лукровски нема дадено оставка и моментално е на боледување, соопшти Општина Карпош. „Ги демантираме наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“, ...
Салма Хајек и нејзиното семејство оставија впечаток на гала вечера во Венеција. Мексиканската актерка беше придружувана од нејзиниот сопруг и ќерките на настанот организиран од семејството Пино, кој собра бројни познати личности и познати имиња од светот на забавата, пишува Hola!. За таа пригода, Хајек, нејзината ќерка Валентина Пино и ќерката од првиот брак на нејзиниот сопруг, Матилда Пино носеа црни фустани. Хајек и Валентина избраа ...
Германија има стратешки резерви на керозин за уште неколку месеци, но нејзините авиокомпании би можеле да имаат проблеми со снабдувањето ако кризата во Ормутскиот теснец продолжи, изјави германскиот министер за транспорт, Патрик Шнидер, за „Хина“. „Германија има стратешки резерви на керозин за уште неколку месеци“, рече министерот во Лајпциг, каде што присуствуваше на самитот на Меѓународниот транспортен форум (ITF), меѓувладина организација ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прогласи 8 мај за Ден на победата во Втората светска војна, објави тој на својата социјална мрежа Truth Social. Во прогласот, тој наведе дека тоа ја означува „монументалната победа на Америка над тиранијата и злото во Европа“, која, според документот, ја воделе американските вооружени сили и сојузници. Во документот, Трамп потсетува дека на 8 мај 1945 година „железните окови на нацистичка Германија беа ...
По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп, велат од СДСМ. „Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во тендер коалицијата со најголемиот непријател на ...
Обвинителството поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот, Христијан Мицкоски, кој ја нападна неговата сопруга. Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што му посака успешна работа во Министерството. Бељули има повеќедецениско искуство во државната администрација. Во текот на својата кариера ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за вработување, како и државен секретар во Министерството за образование и наука. Тој е дипломиран педагог на ...
Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни европски кујни и атмосфера создадена за забавен семеен ден на отворено. „Нож и виљушка на европска чинија“ е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата ...
За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”. ,,Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на животот!“, порача таа на отворањето на годинешната националната акција за чистење на отпад „Генералка викенд 2026“. Говорејќи за односот на човекот кон природата, ...
Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор на Директоратот за мир, партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи (EEAS), каде беше потврдена взаемната посветеност во делот на зајакнување на одбранбената соработка. Средбата која беше иницирана од страна на Европската служба за надворешни работи, е дел од ...
Заложничката криза се одвива утрово во германскиот град Зинциг, во филијала на банката „Фолксбанк“, каде што се распоредени специјални полициски единици, додека хеликоптери летаат над градот. Според германскиот „Билд“, драмата трае од девет часот наутро, а целиот центар на градот е блокиран. Според медиумите, инцидентот започнал кога возило за транспорт на пари пристигнало пред банката. Еден од вработените излегол од оклопниот камион за да ...
Сезоната на крлежи носи зголемен ризик од сериозни инфекции што можат да предизвикаат сериозни компликации ако не се откријат и лекуваат на време. Со доаѓањето на потоплите денови, започнува сезоната на крлежи, ситни штетници што можат да пренесат бројни опасни болести. Експертите предупредуваат дека некои инфекции можат да имаат сериозни здравствени последици ако не се препознаат и лекуваат на време. Меѓу најпознатите болести што се ...
Администрацијата за безбедност и здравје на Велика Британија (UKHSA) пријави нов сомнителен случај на хантавирус кај британски државјанин, трет таков случај поврзан со патници на крузерот MV Hondius. Новиот случај е регистриран на јужноатлантскиот остров Тристан да Куња, каде што патниците на крузерот се истоварија минатиот месец, објавува „Sky News“. Двајца Британци се хоспитализирани, двајца во самоизолација Покрај новиот сомнителен ...
Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари. Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот правен субјект во својство на ...
Можеби Мицкоски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто кога ќе дојдат на власт имаат комплетна амнезија за тоа што се случува. Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа. Кој го кажа тоа, Мицкоски. Ние од СДСМ или ти? Кој го кажа следното? Ќе го менуваме Преспанскиот договор, тоа додека беше во опозиција. Кој го кажа ова, праша на ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес предупреди дека Русија ќе се „одмазди безмилосно“ ако, како што изјави, „нацистичките сили“ се обидат да се заканат или да го нарушат прославувањето на Денот на победата во Русија. За време на церемонијата на положување венец во зградата на Министерството за надворешни работи во Москва, Лавров оцени дека современите безбедносни и политички околности во Европа бараат, како што рече, ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честита победата на Румен Радев за премиер на Бугарија. Тој изрази очекување дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија. „СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во ...
Општина Аеродром и оваа година активно се приклучи кон „Генералка викенд 2026“ – најголемата еколошка акција во државата и регионот, која се реализира на повеќе од 500 локации во 80 општини, информираат од општината. Во континуитет Општина Аеродром, додаваат од таму, спроведува еколошки иницијативи во соработка со компании, организации и колективни постапувачи, создавајќи систем што дава конкретни и мерливи резултати. „Токму резултатите ја ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС), во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија. На средбата беше поздравен редовниот политички дијалог воспоставен во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во 2024 година. Вториот состанок во рамки на ова ...
Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со ...
Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов. „Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од реформската агенда, односно со лицемерието кое СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го протнат и во Собранието и на македонската политичка сцена. Како медиуми и јавност сте сведоци дека сите поважни законски решенија, а пред сè сите решенија од реформската ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска учествуваше на еколошката акција „Генералка викенд“, која традиционално обединува граѓани, институции и приватен сектор во заедничка акција за чистење и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина. Хоџа истакна дека континуитетот на оваа иницијатива покажува дека кога постои заедничка волја, резултатите се видливи и конкретни. „Министерството за животна ...
Експертите откриваат како малите промени во навиките можат да ви помогнат да се разбудите поодморени, полесно да заспиете и да имате повеќе енергија во текот на денот. За многумина, раното станување е секојдневен проблем, но експертите истакнуваат дека телото постепено може да се навикне да се буди порано без голем стрес и исцрпеност. Најважно е да не го менувате распоредот нагло. Се препорачува да си легнувате и да се будите 15 минути ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која на 28 години стана најмладата секретарка за печат во историјата на Белата куќа, на социјалните мрежи сподели фотографија од своето второ дете – ќерката по име Вивијана. „На 1 мај, Вивијана, или Виви, се придружи на нашето семејство и нашите срца веднаш се исполнија со љубов. Таа е совршена и здрава, а нејзиниот постар брат среќно се навикнува на животот со новата сестра. Уживаме во секој ...
Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека резултатите од изборите за неговата партија биле „тешки“ и „болни“, но нагласи дека ја презема одговорноста за загубите. Според досегашните резултати, Лабуристичката партија ја изгуби контролата врз девет локални совети и повеќе од 250 места во советите, иако, како што е наведено, тие бранеа голем број позиции и резултатите сè уште не се комплетни. Стармер оцени дека гласачите испратиле јасна ...