И покрај неколку недели американски и израелски напади, Иран сè уште има значајни балистички ракетни капацитети и способност да издржи економски притисок најмалку три до четири месеци, според анализа на американското разузнавање доставена до Белата куќа, до која денес имаше пристап „Вашингтон пост“. Еден американски функционер изјави дека проценките покажуваат дека способноста на Иран за долгорочен економски отпор е значително поголема од ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која беше потврдена добрата соработка меѓу двете страни во рамки на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, информираат од Град Скопје. „Со реализацијата на проектот, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие современо ...

Ученик во Битола на социјални мрежи објавувал вознемирувачки пораки за соучениците и нивните родители. Директорот на ООУ „Стив Наумов” – Битола, Николче Пискачев, преку соопштение, апелира до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено, како што подвлекува, имајќи предвид дека станува збор за малолетници. „Во врска со настанот поврзан со ученик ...

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денес му го додели мандатот за формирање нова влада на победникот на парламентарните избори, Румен Радев, чија партија „Прогресивна Бугарија“ освои убедливо мнозинство на гласањето одржано минатиот месец. По добивањето на мандатот, Радев го претстави составот на идната влада, за која парламентот треба да гласа утре, објави Ројтерс. Радев поднесе оставка од функцијата претседател на Бугарија во ...

Турција го претстави прототипот на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM) „Џилдиримхан“, како дел од нејзините напори да ја зајакне својата воена независност и да се позиционира како клучен одбранбен актер на Блискиот Исток и во рамките на НАТО алијансата. Според достапните податоци, „Џилдиримхан“ (молња) има дострел од околу 6.000 километри и може да погоди цели во Европа, Африка и Азија, додека засега производството на ракетата сè ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, изврши увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на Министерството за животна средина и просторно планирање, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, изградба на фекална и ...

Времето утре, претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, денес изјави дека Берлин ја поддржува целта на Соединетите Американски Држави да го спречат Иран да добие нуклеарно оружје и оцени дека досегашните американски акции значително ги ослабнале ракетните капацитети на Иран. Во интервју за „Блумберг“, Вадефул рече дека односите меѓу Берлин и Вашингтон, и покрај несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германскиот ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес се сретна со папата Лав во време на историски период на тензии меѓу Вашингтон и Ватикан. Двајцата разговараа за „ситуацијата на Блискиот Исток и теми од заеднички интерес на Западната хемисфера“, според соопштението на американскиот Стејт департмент. „Средбата ја нагласи силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Светата Столица и нивната заедничка посветеност на промовирање на мирот и ...

Доналд Трамп тврди дека војната со Иран ќе „заврши брзо“ додека се обидува да обезбеди договор за прекин на конфликтот. Секој договор ќе мора да ги реши клучните прашања што ја започнаа војната на прво место – првенствено збогатувањето на ураниум на Иран и запирањето на патот на Техеран кон развој на нуклеарно оружје. Трамп ги извлече САД од претходниот договор за време на неговиот прв мандат, а сега се надева дека ќе го прикаже секој нов ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека Русија продолжува да го игнорира прекинот на огнот предложен од Киев, додавајќи дека Украина ќе продолжи со напади од долг дострел доколку Русија продолжи со своите напади. Зеленски предложи прекин на огнот што почнува вчера, како одговор на предлогот на рускиот лидер Владимир Путин за прекин на огнот од 8 до 9 мај, кога Москва ја слави победата во Втората светска војна. Москва ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на Германско–Македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора — AHK Nordmazedonien и Македонско-германското стопанско здружение. Во своето обраќање, Андоновски истакна дека соработката во економската сфера значи потврда на стратешкото партнерство на двете држави, и додаде дека дигитализацијата на јавниот сектор не е само техничка тема, ...

Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од Владата на Мицкоски: дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски? Прашањето е едноставно. Одговорот треба да биде уште поедноставен: да или не, велат од СДСМ. „Наместо одговор, имаме нова измислена приказна што ВМРО ја пласира преку својот сателит, приврзокот ЗНАМ, кој веќе нема никаква функција бидејќи нема поддршка од граѓаните, а и самото ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави нова фотографија генерирана со вештачка интелигенција на својата платформа Truth Social. Сликата се потсмева на администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден. Сликата го прикажува Бајден во пругасти пижами како спие на своето биро во Овалната соба, додека пред него има стопена кофа со сладолед, честа референца на Трамп за омилениот десерт на поранешниот претседател. Трамп напиша: „„Многу точен ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана, соопшти МВР. Осум возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), тројца во Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар управувале возило без возачка дозвола. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и ...

Спорото истекување на водата во бањата или кујната е еден од најчестите проблеми во домаќинството. Добрата вест е што во повеќето случаи можете да го решите сами – брзо, евтино и без агресивни средства. Најчести причини за затнување: влакна, остатоци од сапун и нечистотии кои со текот на времето се таложат во цевките. Редовното чистење може да спречи поголеми дефекти и да ви заштеди пари. 1. Наједноставно решение: Пластична „змија“ за одвод ...

Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, докторите кои се директни учесници во овој процес, апелираат дека токму дарувањето органи е најхуман и најблагороден чин на човекот што може да се направи за продолжување на животот на друг човек. -Со дарување органи ние можеме да спасиме животи и да им дадеме втора шанса на сите кои се ...

Полицијата поднесе кривична пријава против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за недозволена трговија со оружје. Вчера до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување ...

Со 64 гласови „за“, 15 „против” и ниту еден „воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители кој е дел од Реформската агенда. Од Министерството за правда велат дека со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. „Се реформира постапката за избор на ...

Ник Норвик (27), докторант по медицина на Универзитетот Харвард, привлече огромно внимание во јавноста со својот необичен експеримент. Тој во текот на еден месец изјаде дури 720 јајца за да го испита нивното влијание врз нивото на холестерол во организмот. Норвик, кој се занимава со истражување на метаболичкото здравје, одлучил секојдневно да консумира по 24 јајца подготвени на различни начини – од кајгана и пржени јајца, до омлети и полнети ...

Во здравството се пишуваат дежурства за 31 ден работен во февруари, со 24 часа работа, а истовремено се очекува да вложуваме во здравството, вели премиерот, Христијан Мицкоски, и додава дека сите треба многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните. Тој, одговарајќи на новинарско прашање што да очекуваат граѓаните дали ќе има ново проширување на позитивна листа на лекови, најави дека во месеците кои што следат ќе ...

Сајмон Роџерс, уредник на податоци на Google, напиша во колумна за MakeIt на CNBC дека луѓето поминуваат премногу време на социјалните медиуми обидувајќи се да се претстават како најдобрата верзија од себе. Неговата работа му дава уникатен увид во она за што луѓето размислувале во текот на изминатите две децении, и тој вели „ние дури и нема да признаеме дека немаме поим што правиме“. „Голем дел од нашите животи го поминуваме настапувајќи на ...

Турската одбранбена компанија Electroland Defence за првпат го претстави своето ново домашно развиено безекипажно копнено возило „Гокбору“ на саемот SAHA 2026 во Istanbul, јавува „Анадолија“. Станува збор за возило со конфигурација 6×6, кое може да достигне брзина до 30 километри на час и да носи товар до 800 килограми. „Гокбору“ е дизајниран за работа во тешки теренски услови и може да се движи по стрмни падини и нерамни површини ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на конференцијата посветена на демографската отпорност, која се одржа во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека демографските предизвици повеќе не се само статистика, ...

Наместо да биде дел од природното и културно наследство на Охридскиот Регион, локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во нестандардно ѓубриште, со тивко одобрување на Општина Охрид и сите локални и национални институции, велат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС. Од таму велат дека и покрај големиот број нивни реакции, барања до релевантни институции, и покрај повеќе објави и соопштенија споделени со македонските медиуми, и ...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека институциите ...

Демографските предизвици не познаваат граници и не можат да се решаваат изолирано – потребна ни е заедничка акција, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади,Фатмир Лимани, на Втората регионална министерска конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје. Тој кажа дека регионот и голем дел од Европа, особено Источна Европа, се соочуваат со сериозни демографски предизвици, низок фертилитет, миграција и ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на 10 мај (недела), со почеток во 12:00 часот, во Паркот на Франкофонија, на културно-едукативниот настан „Фолклорот како живо наследство“, посветен на богатото македонско фолклорно и духовно наследство. Настанот ќе понуди разновидна сценска програма, со настапи на сите возрасни групи од Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, како и гости, фолклорни групи ...

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на „German-Macedonian Business Summit 2026“, нагласувајќи дека соработката со германските компании е клучна за економската трансформација на земјата. Тој порача дека дигиталната трансформација и економијата базирана на знаење се приоритет за државата, истакнувајќи дека идниот раст повеќе не може да се темели само на евтина работна сила, туку на иновации, технологија и човечки капитал. Мицкоски нагласи ...

На крузерот MV Hondius избувнала смртоносна зараза од хантавирус, по што околу 40 патници го напуштиле бродот за време на застанување на островот Света Елена, јавува Euronews. Според официјални извори, патниците се искрцале по првата смрт на бродот, а меѓу нив била и сопругата на 70-годишен патник кој починал за време на патувањето. Подоцна и таа починала во болница во Јужна Африка. Властите од повеќе европски и африкански земји сега трагаат ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Родиум

257205.97