Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во Собранието, во рамки на Клубот на младински прашања и политики, се одржа средба меѓу пратеници и ученици од средните училишта, учесници во програмата „Најгласни“, која ја имплементираат Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД). Настанот беше посветен на унапредување на дијалогот меѓу младите и носителите на одлуки, со цел младинските ставови, идеи и предизвици директно да бидат слушнати во ...
Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на дискусија посветена на дигиталната трансформација и поддршката на општините во процесот на европска интеграција. Во своето обраќање, Сали нагласи дека европската интеграција мора да биде видлива за граѓаните преку конкретни, функционални и достапни услуги на локално ниво. „Наш приоритет е да ги претвориме европските политики – од acquis, ...
„Скоро две години откако сум претседател на Владата, се разбира дека не е лесно да се управува состојба во која што треба да менаџирате работи кои што можеби вие како човек не сте ги живееле или не сте влијаеле да се случат, но тие се случиле и вие мора да ги менаџирате, бидејќи ако не ги менаџирате и се откажете тогаш проблемот ќе биде уште поголем. И тоа можеби е најголемиот предизвик да се менаџира товарот од минатото“, истакна ...
Маж од Шпанија, кој привремено беше позитивен на хантавирус, е во стабилна состојба, и покрај појавата на поблаги симптоми, објавија извори од шпанското Министерство за здравство. Пациентот, кој е сместен во болницата „Гомез Улја“ во Мадрид, имал мала треска и респираторни тешкотии во текот на ноќта, но според здравствените власти, немало видливо клиничко влошување, објави „Паис“. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, изјави ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус се сретна во Палатата Монкло со шпанскиот премиер Педро Санчез за да разговараат за операцијата спроведена по епидемијата на хантавирус на крузерот „MV Hondius“. Тедрос оцени дека СЗО побарала помош од Шпанија, бидејќи ситуацијата ги надминала капацитетите на Зеленортските Острови, кои во тој момент биле најблиску до местото на инцидентот, објави „Ел ...
Стратешките и државни и интереси се определени уште од независноста и тие се одраз на волјата на граѓаните, кои се носители на суверенитетот, до ден денес – евроатлантска интеграција и членство во ЕУ, после членството во НАТО. Неодамна државниот архив, го објави оригиналниот документ на „Декларацијата за меѓународното признавање на Република Македонија како суверена и независна држава” од 17 декември 1991 година во која, меѓу другото “… ги ...
Пратеникот од Левица, Саше Јанчев, предупреди дека повторно се прават обиди за активирање на проектот за изградба на мали хидроцентрали на реката Дошница на планината Кожуф. Јанчев, кој присуствуваше на вчерашниот протест и собир во Гевгелија заедно со велосипедисти, планинари, еко-активисти и граѓани, порача дека јавноста нема да дозволи повторно уништување на природните богатства. Тој потсети дека минатото лето граѓани од целата држава 72 ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите во Центар да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон ...
Општина Крива Паланка и оваа година обезбеди финансиска поддршка за сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“, при што денес на сметките на учениците беа исплатени по 3.000 денари како симболичен придонес во пресрет на матурските прослави и одбележувањето на еден од најзначајните моменти во нивниот живот, завршувањето на средното образование. Оваа мерка се реализира четврта година по ред. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ...
СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по, како што велат, повлекувањето на градоначалникот, Сотир Лукровски. „После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно излегуваат на површина и во ВМРО-ОКГ. Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни ...
Во рамки на заложбите за унапредување на комуналната инфраструктура и обезбедување поквалитетни услови за живот на граѓаните, Општина Илинден, во соработка со ЈКП „Водовод“, продолжува со активности за подобрување и модернизација на водоводната мрежа на територијата на општината, соопштија од таму. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа ...
Некои недели минуваат мирно и без поголеми промени, но има и такви моменти кога една одлука става сè во движење. Астрологијата покажува дека оваа недела ќе биде пресвртница за два знака, по што работите повеќе нема да бидат исти. Ова се одлуки што ги одложувале долго време, иако длабоко во себе веќе знаеле што треба да направат. Сега доаѓа моментот кога повеќе нема да можат да го игнорираат она што го чувствуваат. Шкорпија Шкорпиите веќе ...
Познатиот пар Амал и Џорџ Клуни блеснаа на црвениот тепих во Лондон, и двајцата изгледаа елегантно и среќно. Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни се сметаат за еден од најхармоничните познати парови со причина, а нивната љубов се чини дека секој ден станува сè посилна. View this post on Instagram A post shared by Harper’s BAZAAR (@harpersbazaarus) Тие не пропуштаат ниту еден настан за да покажат колку се хармонични, а последниот ...
Грчката влада претстави програма за ограничување на масовниот туризам во популарните туристички дестинации, откако централната банка објави бројка од речиси 38 милиони посетители во 2025 година. Целта е поодржлив туристички модел со помало влијание врз животната средина, плажите и инфраструктурата, изјави на прес-конференција министерката за туризам Олга Кефалогиани. Министерот за животна средина Ставрос Папаставру ја опиша програмата како ...
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија подготвува нови регулативи насочени кон бизнис моделите на социјалните мрежи со цел да ги заштити децата и младите од штетна содржина и механизми што создаваат зависност. Зборувајќи во Копенхаген, фон дер Лајен оцени дека негативните ефекти од социјалните мрежи врз младите не се случајни, објави Ројтерс. Таа изјави дека платформите „Тик-ток“, ...
Тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина завршува не е вистински сигнал за мир, туку политичка тактика, изјави американскиот аналитичар Пол Гобл во интервју за „Киев пост“. „Путин ја изнесува идејата дека војната во Украина можеби завршува не затоа што навистина се случува, туку затоа што сака да смири дел од руското население“, вели Гобл. Аналитичарот верува дека Путин сака да добие дополнително време и да го ...
Шест лица беа убиени во израелски воздушен напад врз Кфар Дунин во јужен Либан синоќа, објави либанската државна новинска агенција (NNA). „Непријателски авиони погодија куќа во Кфар Дунин синоќа, при што загинаа шест, а седумте лица кои беа ранети, беа однесени во болници во Тир“, напиша агенцијата. Во меѓувреме, израелската војска на социјалните мрежи нареди евакуација на жителите на малото гратче Сохмор во долината Бека на истокот од ...
Овогодинешното јубилејно 70-то издание на Евровизискиот натпревар започнува вечерва во Виена, а поделбите околу учеството на Израел фрлаат сенка врз 70-тиот роденден на овој врвен музички натпревар. Виена е украсена со срца и мотото на натпреварот „Обединети во музиката“ за неделата во која пејачи од 35 земји ќе се натпреваруваат за музичката круна на континентот. Пет земји, Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд, го бојкотираат ...
Иранскиот парламент ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов напад од САД, изјави пратеникот Ебрахим Резаи. Резаи, портпарол на парламентарниот Комитет за национална безбедност и надворешна политика, напиша дека ова е една од клучните опции што ќе се дискутираат во Техеран. „Една од опциите на Иран во случај на друг напад би можела да биде збогатување од 90%. Ќе го анализираме ова во парламентот“, ...
Претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, a во попладневните часови ќе услови за ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · Поради зафати во водоводната мрежа, на улицата Коста Арашевиќ бб (кај О.У.Хасан Приштина), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коста Абрашевиќ, Цветан Димов, Панче Неделковски, 5-ти Мај и Кемал Ататурк, општина Чаир; · Поради зафати во водоводната мрежа на булеварот Партизански одреди бр. 48а, од 09:00 ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат: · од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на улицата 95 во населба Волково, општина Ѓорче Петров; · од 12:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата 16 во село Долно Соње, општина Сопиште. Текстот Без струја делови од Ѓорче Петров и Сопиште е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека ...
„За ВЛЕН, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на ВЛЕН. ВЛЕН и дава ново значење на децентрализацијата“, велат од Влен. „За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем простор за прекугранична ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. За време на саемот предвидено е министерот Мисајловски да реализира одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на ...
Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. „Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот ...
Градскиот парк, на познатата локација „Школка“, од утре, среда, 13 мај 2026 година, повторно станува место на добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика. Со почеток во 18:00 часот, започнува јубилејното 15. издание на фестивалот на виното „Виноскоп 2026“, кој годинава ќе трае пет дена, сè до недела, 17 мај 2026 година, под покровителство на Град Скопје. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни прашања, Казем Гарибабади, остро го осуди најновиот обид на Вашингтон да наметне усвојување на резолуција за Ормускиот теснец во Советот за безбедност на ОН, опишувајќи го како груб обид за искривување на фактите и заштита на вистинските агресори. Во изјава објавена доцна синоќа на мрежата Икс, Гарибабади истакнува дека САД, заедно со некои од нивните регионални сојузници, повторно се ...
Џенифер Лопез не е совршена и полна со енергија само на сцената, туку чува нешто и за црвениот тепих каде што се појави по повод премиерата на филмот „The Roast of Kevin Hart“. View this post on Instagram A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag) Латино дивата Џенифер Лопез привлекува внимание на секој чекор. Постојат бројни гласини околу нејзиниот сегашен љубовен живот и наводната врска со Брет Голдштајн, но Џеј Ло сè уште мудро молчи. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја тестираше популарноста на потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио како можни републикански кандидати за изборите во 2028 година пред публиката во Белата куќа, нарекувајќи ги „тим од соништата“. Трамп го кажа ова за време на вечера во чест на полицајците, пишува „Newsweek“. „Кој го сака Џ.Д. Венс?“, праша Трамп, на што публиката одговори со навивање. „Кој го сака Марко Рубио?“, ...
Членот на Меѓународната флотила и активист Саиф Абукешек, кој беше киднапиран од израелската војска во меѓународни води и ослободен по десетдневен притвор, вчера изјави дека ќе преземе правни мерки против Израел за кршење на законот. „Моите адвокати проучуваат сè што се случи бидејќи Израел прекрши бројни закони“, изјави тој на прес-конференција во Барселона. Шпанскиот државјанин Абукешек и бразилскиот активист Тијаго Авила беа ослободени од ...