Американскиот министер за трговија Хауард Латник призна за време на сведочење пред Сенатот дека го посетил озлогласениот приватен остров на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Признанието доаѓа и покрај неговите претходни тврдења дека ги прекинал сите контакти со Епстин откако првпат се сретнале во 2005 година, објави „The Hill“. „Ручав со него додека со брод поминувавме низ таа област за време на семеен одмор“, изјавил Латник. Тој ...

Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека мирот во Украина е поблиску од кога било досега, иако сè уште не е утврдено кога украинскиот и американскиот претседател ќе го потпишат мировниот договор за ставање крај на руската агресија. Витакер рече дека договорот ќе биде потпишан „кога ќе дојде време“ и дека верува оти завојуваните страни се блиску до постигнување мир. „Постојано го повторувам тоа, не само затоа што верувам ...

Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа. Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори. На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува ...

Откриен е идентитетот на шест лица oд досиејата за Џефри Епстин, чиишто имиња досега не биле објавени. Информацијата ја објави конгресменот Ро Кана, демократ од Калифорнија, наведувајќи дека станува збор за Салватор Нуари, Зураб Микеладзе, Леоник Леонов, Никол Капуто, Султан Ахмед бин Сулајем и милијардерот и претприемач Лесли Векснер, пренесува „Њузвик“. Кана и републиканскиот конгресмен Томас Меси од Кентаки го обвинија американското ...

Силен земјотрес беше предмалку почувствуван во РС Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,9 степени. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри. Засега нема информации за штети. Текстот Силен земојтрес почувствуван во Македонија е превземен од МАКФАКС. Силен земјотрес беше предмалку почувствуван во РС Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил ...

СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија. Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“. Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО ...

Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина. Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА. “Кривичните ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп се јавил во полицијата во Палм Бич, Флорида, кратко откако во средината на 2000-тите била покрената истрага против Џефри Епстин, за да им изрази благодарност, открива новооткриен документ. „Фала му на Бога што го запирате“, наводно рекол Трамп, додавајќи: „Сите знаеја дека го прави тоа“, објави Си-Ен-Ен. Документот претставува писмен запис од разговор на ФБИ со поранешниот началник на полицијата во округот ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе предложи список на отстапки што Европа треба да ги побара од Русија како дел од решението за прекин на војната во Украина. „Сите на масата, вклучувајќи ги Русите и Американците, мора да разберат дека Европејците се потребни за да се постигне мировен договор“, изјави Калас пред група новинари на новински агенции во Брисел, ...

Денес, Европскиот парламент усвои измени на регулативите на ЕУ за постапката за азил со цел да се овозможи побрза обработка на барањата за азил. Амандманите, кои ја вклучуваат изменетата листа на безбедни земји од ЕУ, беа усвоени со 408 гласови „за“, 184 „против“ и 60 „воздржани“, а на истата седница европратениците одобрија и договор за регулативата за спроведување на концептот на безбедна трета земја, со 396 гласови „за“, 226 „против“ и 30 ...

Атентатот врз генералот Алексеев е дел од хибридна војна финансирана од Западот. Една од целите на овој терористички напад беше да се спречат преговорите, изјави претставничката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во интервју за Спутник. „Ова е дел од хибридната војна финансирана од Западот, а спроведена од режимот во Киев. Хибридната војна предвидува такво повеќевекторско влијание врз ситуацијата. Една од ...

Во Италија се покренати три истраги за да се разјасни зошто срцето донирано на двегодишно момче во болницата „Моналди“ во Неапол не можело да се трансплантира, објавува локалниот портал „НаполиТудеј“. Според информациите од обвинителството во Неапол, органот е доставен во оштетена состојба, а момчето во моментов е поврзано на машина за одржување во живот, чекајќи нов соодветен донатор. Адвокатот на семејството, Франческо Петручи, наведува ...

На социјалните мрежи се шири тврдење дека новообјавени документи покажуваат оти американските власти подготвиле соопштение за смртта на Џефри Епстин еден ден пред да биде пронајден мртов, што според тие објави наводно имплицира дека Епстин е сè уште жив. Како „доказ“ се наведува документ на американското Министерство за правда во кој се споменува датумот 9 август 2019 година – ден пред Епстин да биде пронајден мртов во затворска ќелија. ...

Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање. Овој чин, реализиран за време на посетата на Стојаноски како висок делегат на специјална покана од сингапурските власти, означува суштинско ...

Пратениците на СДСМ ја напуштија седницата во Собранието откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред. Во меѓувреме пред Собранието се одвиваше блокадата организирана од Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра и на другите плати за 100 евра. „Не може моето право како координатор или пратеник од опозицијата да е послабо од правото на кој било пратеник на ...

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања, велат од министерството. Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и ...

Времето утре, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а ...

Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна посета на Париз, каде ...

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели и во рок од 45 дена да достават извештај. Како што појаснуваат, контролите се со цел да се спречи индустриско нелегално производство и пласман на домашниот и меѓународниот пазар. Воедно, ќе бидат именувани членовите на меѓуресорската државна ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот. „Денес, заедно со претседателот на владата, со директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот од МВР, имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во првата фаза од истрагата. Марихуаната е произведувана, ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека СДСМ во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија за помош на граѓаните, меѓу кои ќе има и законско решение за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на трошоците на граѓаните. „Во следните недели ќе излеземе со предлог на повеќе закони согласно нашите вредносни ...

Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од Тему, за истите цени кога беа СДС на власт им викаа на граѓаните дека беа ниски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот. Замислете Филипче дури сега дознал дека во Македонија се плаќале патарини, ама не му текна дека се истите цени од времето кога тој беше ...

Никица Корубин Уставот (kushtetutë) е основата на секој правен систем, темелот на кој почива државата. Тој е “основниот закон” за секој граѓанин, и особено за оние кои врз негова основа се избрани и именувани да “владеат” според неговите постулати. Во него се наоѓаат сите правила и сета правда. И тој е еднаков за сите, бидејќи е одраз на внатрешното и меѓународното постоење на државата. Зошто тогаш “битката” за него е селективна? А, ...

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, откако минатата недела беше вратен од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за некои технички недостатоци наводно. Меѓутоа нема да навлезам во причините за враќањето и насоките за тоа како треба да се средат некои работи, повторно ќе кажам од технички аспект во законот, ...

Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа додава дека и после десет дена од објавувањето на овој скандал нема одговори како 5 тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница и кој ќе одговара? „Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, вели дека денешниот протест на ССМ има политичка заднина и дека со договорот кој го направиле со синдикатите, Владата ги исполнила своите обврски. „Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе ...

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон, како што е соопштено, претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. „Клучни измени во Предлог-законот: Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено ...

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“. Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со ...

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор. Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти. ...

Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, вели Стефковски. ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
54%
1025
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
51%
1025
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
44%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
58%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.51
63%
1027
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
59%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
47%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
54%
1028
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
59%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Калај

50.64

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Иридиум

231355.22

Бакар

11.73

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24