Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Европската комисија денес предложи нови правила што треба да го олеснат прекуграничното патување низ Европа, особено со воз. Комисијата објави три предлози што го поедноставуваат планирањето и резервацијата на регионални, меѓуградски и прекугранични патувања, особено за железнички патувања што вклучуваат повеќе превозници, и обезбедуваат подобра заштита за патниците во текот на нивното патување. „Европејците ќе можат да планираат, ...
Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведат вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина со цел утврдување на видот на заловеното животно и неговиот здравствен статус. Оттука ги демантираат наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, ...
Меган Маркл повторно го привлече вниманието на јавноста со комбинација од едноставна мода и скап накит во новата промотивна кампања за нејзиниот бренд за животен стил „As Ever“. Војвотката од Сасекс се појави во видео објавено на Инстаграм во лежерна бела маица и светло сини панталони, но целиот стил го комплетираше со дијамантски ѓердан вреден речиси 63.000 долари. „Поранешната ѕвезда од серијата „Suits“ носеше маица од Anine Bing „Amani“ и ...
Француската влада соопшти дека нејзините стратешки резерви на маски се доволни за најмалку три месеци во случај на епидемија, додека властите се обидуваат да ја смират јавноста поради загриженоста поврзана со хантавирусот, пренесува „Анадолија“. Од кабинетот на премиерот Себастијан Лекорну наведуваат дека државните резерви се доволни за заштита на земјата најмалку три месеци во случај на епидемиски бран, и дека дополнителни приватни и јавни ...
Пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференција се осврна на, како што го нарече, обвинителскиот скандал познат како „Мазут“ со затворање на предметот за осомничени за криминал тежок 167 милиони евра. Тој изрази и сомнеж за перење на пари и за нанесување штета на животната средина, Пратеникот наведе дека „одлуката на шефот на ЈО ГОКК, Ислам Абази, е доказ за големото влијание кое што Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран Заев се уште го имаат ...
По последните информации кои доаѓаат од Град Скопје дека жичницата на Водно нема да работи цело лето и не се знае кога ќе проработи, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, потсети на алармот од пред една година, кога се утврди дека жичницата работела без дозвола. „Не сме Ванѓа ама укажувавме уште пред 1 година (16.08.2025), тогаш ни се потсмеваа, денес алармот кренат… Не сакам да замислам што ...
Целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на болницата. Тој најави дека реновираниот дел ќе биде пуштен во употреба за месец до два, кога ќе се заврши со дезинфицирање на објектот и обука на вработените со новата опрема којашто веќе е инсталирана. „Она кое што ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес изврши увид во градежните активности на улицата „Пушкинова“, каде што започна изградба на нов паркинг простор. На површина од 437 квадратни метри ќе се постави партерно уредување со павер елементи. Во склоп на градежните работи соодветно се решава и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. Паркингот на улицата „Пушкинова“ е еден од четирите нови ...
Бој Џорџ и италијанската пејачка Сенхит, кои го претставуваа Сан Марино на Евровизија 2026 во Виена, не успеаја да се квалификуваат за големото финале. Нивната песна „Superstar“ не доби доволно гласови во првата полуфинална вечер. И покрај тоа што беа елиминирани, познатиот музичар и фронтмен на групата Culture Club, кој е и еден од авторите на песната, нагласува дека целото искуство било фантастично. Бој Џорџ (64) и се придружи на Сенхит на ...
Американскиот онколог Стивен Корнфелд, кој бил патник на бродот „MV Hondius“, е позитивен на хантавирус и моментално се наоѓа во биолошка изолација во медицински центар во Небраска. Корнфелд изјавил дека за време на крстарењето почувствувал ноќно потење, треска, замор и благи респираторни проблеми, а симптомите првично личеле на грип. „Тогаш мислевме дека е само некаков вирус“, изјавил тој за Си-Ен-Ен. Кога бродскиот лекар се разболел, ...
Популарната поговорка вели дека спротивностите се привлекуваат, но астролозите предупредуваат дека во љубовта и бракот, ваквите сојузи честопати наидуваат на непремостливи пречки. Иако секоја врска е приказна сама по себе и зависи од напор и комуникација, позицијата на ѕвездите во моментот на раѓање наводно ги открива нашите основни потреби и модели на однесување. Затоа некои хороскопски знаци се сложуваат речиси инстинктивно, додека други ...
Црногорска државјанка која била член на екипажот на бродот „MV Hondius“, по пристигнувањето на Тенерифе била префрлена во карантин во Холандија поради сомнежи за хантавирус. Епидемиологот Марија Божовиќ изјави дека жената моментално е во добра состојба и нема симптоми. „Таа нѐ извести дека се чувствува добро и досега нема никакви знаци на болеста“, рече Божовиќ, пренесува „Б92“. Таа додаде дека при транспортот биле спроведени строги ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во СВР Скопје, потврди МВР. Според информациите, се работи за наводна, злоупотреба на јавна набавка во вредност од повеќе од 800.000 евра, спроведена додека бил министер. Николовски преку Фејсбук објави дека станува збор за „монтиран случај“ со кој, како што наведува, актуелната власт се обидува да ја покрие сопствената ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посетата на Црна Гора ја пофали посветеноста на земјата кон Алијансата и истакна дека Подгорица издвојува повеќе од два отсто од БДП за одбрана. По средбата со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, Руте изјави дека Црна Гора активно придонесува за мир и стабилност на Западен Балкан, регион што го оцени како стратешки важен за НАТО. Тој порача дека сојузниците мора повеќе да вложуваат во безбедноста ...
Кога станува збор за кратки фризури, боб фризурата веќе некое време доминира на листите на популарност. Од друга страна, „blowout“ косата моментално е омилен избор кај жените со долга коса, но овој стил има и свои варијации. Па сега сите зборуваат за фризурата „C-curl“, за која многумина предвидуваат дека ќе биде еден од најголемите трендови во наредниот период. Кога Џиџи Хадид неодамна објави фотографија на Инстаграм со нова фризура, ...
Голем пожар избувна синоќа во туристички комплекс во Москва, како што објавија руските медиуми на Телеграм. Според првичните информации, пожарот го зафатил комплексот Измаиловски Кремљ на истокот од градот, пишува „Киев Индепендент“. Really sad scenes in east Moscow tonight after a huge fire broke out near the Izmailovo complex, an entertainment park styled like an old Russian fortress. The blaze reportedly started in a quest room before ...
Општина Тетово и Синдикатот на работниците потпишаа договор за зголемување на платите на општинската администрација. Според договорот, почнувајќи од следниот месец, основната плата на вработените во администрацијата ќе се зголеми за 7%, додека ова зголемување ќе продолжи и во наредните три години. Општината нагласува дека оваа одлука е во функција на подобрување на условите за вработените и мотивирање на општинската администрација, ценејќи ...
Скоро 87% од нафтените деривати минатата година биле увезени од Грција, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. Во извештајот се наведува дека за 8,34% е зголемена потрошувачката на бензините во текот на изминатата година во споредба со 2024 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај ...
Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина, известуваат од Центар. Екипите на ПОЦ денови косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк Франкофонија, кај „Агромеханика“, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните денови активностите ...
Деновиве во општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите. „Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија на општина Аеродром. Дератизацијата ја врши ...
Капините се меѓу најздравите видови бобинки, а експертите истакнуваат дека можат да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта, зајакнување на имунитетот и намалување на воспалението во телото. Поради нивниот низок гликемиски индекс, тие често се препорачуваат на луѓе со дијабетес. Една чаша капини е нискокалорична, но богата со растителни влакна, витамин Ц, витамин К и антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетување. Токму ...
Избеган бизон предизвика паника вчера во Игдир, град во источна Турција, откако истрча на улиците и почна да ги напаѓа минувачите. Се верува дека животното избегало од својот сопственик и нападнало луѓе што стоеле на тротоарот во центарот на градот, во населбата Дортјол, пренесува Анадолу. Целиот инцидент, кој предизвикал страв кај жителите, бил снимен со камера од мобилен телефон. Минувачите се обиделе да го спречат, но бизонот успеал да ...
По неколку сезони доминирани од нежни пастелни нијанси и естетиката на тивок луксуз, модата повторно се свртува кон бои кои привлекуваат внимание и внесуваат повеќе енергија во секојдневната облека. Оваа сезона, мандарината боја се издвои на модната сцена, како жива, топла нијанса на портокалова која изгледа смело, луксузно и изненадувачки нослива во исто време. Доволно е да се погледнат актуелните модни писти и фотографии од уличниот стил ...
Вчера вечер во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции, објави на социјалните мрежи, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само ...
Променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Албанија, во Тирана оствари средби на највисоко воено и државно ниво на кои се разговараше за понатамошно унапредување на меѓуармиската соработка. Во рамки на посетата, генералот Лафчиски оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која беше разговарано за безбедносната ...
Од СДСМ денеска повторно упатија прашање прашање до министерот за правда, Игор Филков, и до премиерот, Христијан Мицкоски, дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не? „Одговор? Тишина. Молчење. Премолчување. Мицкоски и Филков се прават будали пред цел народ. Се прават како да не чуваат, како да не знаат, како да не е нивна работа. А сите знаеме дека е нивна работа – и дека намерно го штитат Груевски. Зошто? Затоа ...
Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од денес па сè до 17 мај, Виноскоп ја отвора својата петдневна пролетна приказна – со вино, музика, гастрономски содржини и атмосфера создадена за сите генерации. Фестивалската програма започнува вечерва со настапите на Александар ...
Во Виена вчера вечер се одржа првото полуфинале на Евровизискиот натпревар, на кое се претставија вкупно 15 земји. Десет земји се пласираа во финалето, додека пет останаа без пласман во финалето. Од регионот настапија Хрватска, Србија и Црна Гора, како и претставници на Молдавија, Шведска, Грција, Португалија, Грузија, Финска, Естонија, Израел, Белгија, Литванија, Сан Марино и Полска. Во финалето се пласираа Грција, Финска, Белгија, Шведска, ...
Во руските напади врз Дњепропетровската област синоќа загинаа осум лица, а беа повредени единаесет. Руските сили вчера нападнаа три области речиси 30 пати, објави Украинска правда. Нападнати се Криви Риг, Синелниковски и Никополски области Во Криви Риг загинаа две лица, 65-годишна жена и 43-годишен маж, додека четири лица беа повредени, вклучувајќи и деветмесечно бебе. Тројца од повредените се хоспитализирани, од кои 50-годишен маж е во ...