Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека верува оти Кина ќе го искористи својот влијание врз Иран за да помогне Ормускиот Теснец повторно да се отвори за сообраќај, јавува „Си-ен-би-си“. „Во нивен е голем интерес теснецот повторно да се отвори“, изјави Бесент во интервјуто. Тој додаде дека Кина најверојатно ќе делува зад кулисите бидејќи има најголемо влијание врз иранското раководство. Кина е најголем светски увозник на ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека кинескиот претседател, Ши Џинпинг, му кажал дека Пекинг нема да испраќа воена опрема во Иран и дека ја поддржува идејата Ормускиот Теснец да остане отворен, јавува Анадолија. Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ по состанокот со Ши во Пекинг, изјави дека Кина не е против САД и дека разговорите биле конструктивни. „Кога велите ‘поддршка’, тие не војуваат со нас или нешто слично“, рекол Трамп. ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, порача дека на САД не им е потребна помош од Кина во врска со Иран. Сепак, тој истакна дека американскиот претседател, Доналд Трамп и кинескиот лидер, Ши Џинпинг, пронашле „заеднички јазик“ околу прашањето за Ормускиот Теснец. „Не бараме помош од Кина. Нивната помош не ни е потребна“, изјавил Рубио за „Ен-Би-Си“. Тој додал дека двете страни се согласиле во противењето на развојот на нуклеарно ...
Бугарската поп ѕвезда DARA вечерва ќе го отвори второто полуфинале на музичкиот натпревар „Евровизија“ во Виена. МРТ 1 ќе емитува во живо, а директниот пренос започнува во 21.00 часот. Петмина од учесниците вечерва ќе отпаднат, со исклучок на Франција и Велика Британија, кои автоматски се пласираат во големото финале како дел од овогодишната „Голема петорка“, заедно со домаќинот Австрија. Големото финале е во сабота, повторно од 21.00 часот. ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Украина ја изградила најсилната и најмоќната армија во Европа, истакнувајќи го борбеното искуство на земјата и тешките загуби што ги претрпеле руските сили за време на војната. Во разговор за „Фокс њуз“ за време на патувањето во Кина, Рубио изјавил дека украинските вооружени сили се развиле во најспособна борбена сила на континентот, и покрај поголемата популација и воени ресурси на ...
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје и Министерството за европски прашања (МЕП) во Клубот на пратеници го одржаа третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА). Овој состанок, насловен како „Реформската агенда 2024-2027 на половина пат: преглед на напредокот до денес“, претставува клучна точка за евалуација на досегашните реформски чекори и координација помеѓу државните институции и ...
Актуелната власт нема кредибилитет и граѓаните се соочуваат со застој и манипулации во однос на европскиот процес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. „Реформите се викаат Уставни измени и почеток на преговори, отворање на поглавјата. Тоа е вистинскиот пат напред. Ниту Христијан, ниту бандата нека не мачкаат очи, нека не лажат. И ако не сакаат, нека си заминат, затоа што ќе одговараат сите“, рече ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против претседател на суд и администратор кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во ...
Папата Лав XIV објави порака на X во која предупреди на свет обележан со војна, јазик на војната и зголемена улога на новите технологии во конфликтите. Тој особено предупреди за вештачката интелигенција, растот на воените трошоци и последиците од војните во Украина, Газа, палестинските територии, Либан и Иран. „Каков свет оставаме зад себе? За жал, тоа е свет искривен од војна и јазик сличен на војна. Ова загадување на разумот доаѓа од ...
Предлог-законот за парнична постапка помина на прво читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија Заменик на министерот за правда, Ален Деребан образложувајќи го законското решение пред пратениците рече станува збор за еден од клучните реформски закони во областа на правосудството, кој има за цел унапредување на ефикасноста на судските постапки, зајакнување на правната сигурност и ...
Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години од независноста на Македонија отвора огромни сомнежи и прашања кои власта мора да ги одговори. Прво и најважно прашање е колку тоа ќе ги чини граѓаните на Македонија, изјави Петар Огњеновиќ од СДСМ. Тој вели дека од Владата не го откриле хонорарот и колку тоа ќе ги чини граѓаните. Според него, настап на Дејвид Гета чини ...
Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони, а кој не, телефонски повик меѓу раководители на институции не е криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која побараа оставка од јавниот обвинител и обвинија за телефонски нарачки на премиерто, Христијан Мицкоски. „Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила ...
Заменик – министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа во Велес, со цел да изврши увид во спроведувањето на задолженијата поврзани со постапките за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност за старите лица. Во рамки на активностите, центрите за социјална работа имаат обврска итно и координирано да ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола (двајца малолетници), четири под дејство на алкохол, а еден во забранета насока. Двајца возачи во Тетово (еден малолетник) и по еден Неготино, Битола и прилепско (малолетник) управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Скопје, Кавадарци, Охрид и ...
Четири лица се уапсени, а вкупно имало пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти МВР. На 13.05.2026 во 23:15 часот во Штип, полициски службеници од СВр штип го лишиле од слобода Р.С.(39) од Штип,. постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на неговата поранешна 35-годишна сопруга. На 13.05.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода ...
Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за управување со водниот пат, објави денес агенцијата „Фарс“, повикувајќи се на информиран извор. Извештајот на „Фарс“ дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во државна посета на Кина, се согласи со кинескиот претседател Шји Џјинпинг дека Ормускиот теснец мора да остане отворен за слободен проток ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен состав, посветена на состојбите со безбедноста во училиштата, превенцијата од меѓуврсничко насилство и унапредувањето на сигурноста во воспитно-образовниот процес. Седницата била свикана по неодамнешниот инцидент во основното училиште во населба Ченто, при што Локалниот совет за превенција најостро и ...
Латвиската премиерка Евика Силина денес ја објави својата оставка, објави Балтичката новинска агенција. Одлуката дојде откако левичарската Прогресивна партија, која е дел од владејачката коалиција, вчера објави дека се повлекува од владата, оставајќи ја Силина без мнозинство. Минатата недела, латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс, од Прогресивната партија, беше принуден да поднесе оставка поради начинот на кој владата се справи со ...
Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства. „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување на административната работа на училиштата, намалување на трошоците за печатење и онлајн достапност на ...
Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и токсични поделби во општеството. Време е да престанат со театарот и да ја продолжат политиката на европска иднина. Доколку не сакаат, а не сакаат поради нивните бизниси, нека си заминат, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој јавно го повика Мицкоски да им се извини на граѓаните. „Јавно го повикувам Христијан Мицкоски, носителот ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор, призна дека ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор. „Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори Северна Македонија. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа. И што сега се случи? ...
Граѓанските организации, најостро го осудуваат новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди, велат од Мрежата за заштита од дискриминација. Ова, потенцираат од таму, не е изолиран случај. „Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè ...
Никица Корубин Последиците од децениското “криење од граѓаните” на содржината и значењето на Времената спогодба од 1995 година, ги видовме при процесот на потпишувањето, ратификувањето и спроведувањето на Преспанскиот договор како уставна категорија. Последиците од “криењето од граѓаните” на содржината и значењето на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, ги видовме при носењето на Законот за употребата на јазиците; а ги гледаме и во ...
Папата Лав денес го критикуваше зголемувањето на европските трошоци за одбрана, кои достигнаа највисоко ниво од крајот на Студената војна минатата година, под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „предавство“ на дипломатијата. Папата, кој го навлече гневот на Трамп во последните недели откако ја критикуваше војната во Иран, им рече на студентите во Рим дека новото наоружување не треба да се нарекува трошење за ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обрати на јавноста по средбата со кинескиот претседател Шји Џинпинг, велејќи дека му е приредено добредојде како ниедно друго. Трамп рече дека имал продуктивни разговори со Шји порано денес и дека тоа било драгоцена можност да разговараат за многу работи. „Беше голема чест да бидам со вас“, рече тој. Кинескиот претседател, пак, рече дека Соединетите Американски Држави и Кина треба да бидат ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе се бори против ароганцијата на одредени функционери со сите средства и најави дека наскоро ќе објави како граѓаните ќе можат да му пријавуваат арогантни луѓе од различни делови на власта. Вучиќ одговарајќи на новинарското прашање кога ќе започне борбата против арогантните луѓе, што ја најави, и дали тоа ќе биде предупредување за луѓето во локалната средина бидејќи таму има најмногу вакви ...
СВР Куманово поднесе кривични пријави против убиецот од Драгоманце, Општина Старо Нагоричане за убиство на уште две жени и обид за убиство на две жени, како и против двајца мртвопроверители од болницата во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи. СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ...
Во просториите на “INNOX Innovation Centre” успешно се реализираше дводневниот Bridge2Balkan Bootcamp, организиран во соработка со “Dijitalpark Teknokent” и “B-Connector”. Настанот обедини стартапи, претприемачи, ментори и претставници на иновацискиот екосистем од повеќе земји од Балканот и Турција, со цел зајакнување на регионалната соработка и поддршка на иновативното претприемништво. Во текот на дводневната интензивна програма, учесниците ...
Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, оценува Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази, побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа ...
СДСМ бара оставка од јавниот обвинител Ненад Савевски по, како што велат од партијата, скандалот со телефонските нарачки од премиерот, Христијан Мицкоски. „Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага. Мицкоски нарачува, а Савевски испорачува. Слушнавме како Мицкоски дели задачи од собраниска говорница, со неговите чувства, слушнавме како елиминира независни обвинители од постапка на телевизија, сега и по ...