Британските власти им забранија на 11 странски крајнодесничарски активисти влез во земјата пред митингот на поддржувачите на Томи Робинсон, додека британскиот премиер Кир Стармер ги обвини организаторите за ширење омраза и поделби. Британски крајнодесничарски активист, познат по основањето на Англиската лига за одбрана (EDL) во 2009 година, Робинсон, чие вистинско име е Стивен Јаксли-Ленон, стана познат преку антиисламските и ...

И покрај кревкото примирје во Газа, постигнато со посредство на САД, Израел изврши напад насочен кон врвниот воен лидер на Хамас, според заедничката изјава на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац. Израел го смета Иза ал-Дин ал-Хадад за одговорен за тоа што е еден од „архитектите“ на нападот предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година и за држење заложници по нападот. Израел, исто така, го обвини ал-Хадад дека ...

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор. Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна ...

Во несреќа што се случи денес во индустриски погон во Нирнберг, повредени се 30 лица, од кои две се во животна опасност, соопштија германските служби за итни случаи. Според баварскиот Црвен крст, едно лице е реанимирано на лице место по истекување на непознати хемикалии во фабриката на улицата Турн-унд-Таксис, во градската населба Шафхоф, објавува „Билд“. Инцидентот се случил околу 11:30 часот, по што на терен биле испратени силни сили од ...

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае на безбедноста на неговата земја. Добив гаранции, што е важно за мене, дека ова се логистички одлуки и дека нема директно да влијаат на способноста за одвраќање и безбедноста на Полска. Полска беше, е и ќе биде најсигурен и лојален сојузник, и за САД и за другите сојузници на НАТО“, рече Туск, кој денес ги ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство. Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, ...

Русија ги засилува напорите да ја вовлече Белорусија во војната против Украина, а Москва ја разгледува можноста за напад врз Киев или една од членките на НАТО од белоруска територија, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски откако доби извештаи од воените и разузнавачките служби, пишува „Киев Индепендент“. Притисок врз Минск Зеленски тврди дека Москва го обновила контактот со белорускиот претседател Александар Лукашенко за да ...

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денес изјави дека Пекинг верува оти решението за проблемот во Ормускиот теснец лежи во постигнување траен и сеопфатен прекин на огнот меѓу Техеран и Вашингтон. Ванг рече дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг нагласил во разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп дека „не сите проблеми можат да се решат со сила и дека дијалогот е единствениот правилен начин“, пренесува „Синхуа“. ...

Фудбалерот Дејвид Бекам стана првиот британски спортист кој стана милијардер, додека браќата Ноел и Лиам Галагер од бендот „Oejzis” за прв пат влегоа на годишната листа на најбогати луѓе во Велика Британија, објавена од Сандеј Тајмс. Заедничкото богатство на Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,1 милијарда фунти, додека богатството на браќата Галагер се проценува на околу 357 милиони фунти. На врвот на листата, петта година ...

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, ...

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја демонстрира својата сила и да ја убеди руската јавност дека сè уште ја контролира ситуацијата со повторно тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета „RS-28 Sarmat“, попозната како „Сатана II“. Тоа е првенствено пропаганден потег, пишува Хамиш де Бретон-Гордон, британскиот воен аналитичар и поранешен полковник Хамиш де Бретон-Гордон во анализа за „The Telegraph“. BREAKING: Russia ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на Македонија во ЕУ е силно заинтересирана за областа владеење на правото. Италијанскиот амбасадор пред државниот обвинител ги презентираше досегашните активности во таа насока, ...

Медиумите во ЕУ денес оценуваат дека за светските односи и Европа на средбата меѓу претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп се постигнати исклучително важни договори, особено за смирување на војната во Иран и нафтената криза, но сметаат дека тоа не ја намалува битката на двете суперсили за светска превласт. Францускиот весник „Монд“ оценува дека ќе следи „клучен судир меѓу Кина и САД во освојувањето ...

Претседателот на Русија Владимир Путин денес изјави дека економските мерки што ги спроведе руската влада во претходниот период почнаа да ги даваат првите резултати во март, додавајќи дека треба да се разгледаат понатамошни чекори. „Би сакал веднаш да истакнам дека мерките и одлуките што неодамна ги спроведе руската влада почнаа да даваат одреден, иако воздржан, но сепак позитивен резултат. Ова го потврдуваат и позитивните статистики за март ...

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) ...

Концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на Градски стадион во Скопје на 8 септември по повод 35 години независност на Македонија е распоредаден за помалку од 12 часа, соопшти Авалон. „Ве информираме дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“! Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа! Повеќе од 250.000 луѓе! Голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при ...

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети СОС Детско село, каде што оствари средба и дружење со децата, згрижувачките семејства и тимот на организацијата. За време на посетата беа донирани подароци, но, како што истакна, најголем впечаток оставиле животните приказни, талентот и истрајноста на младите луѓе кои растат во СОС Детско село. „Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има ...

За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, велат од „Вреди“. Според нив, новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон, како што додаваат, во заштита на албанското семејство и на секој граѓанин кој со ...

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денес ги повика младите луѓе внимателно да размислат пред да одлучат да студираат или работат во Соединетите Држави, тврдејќи дека Германија нуди подобри долгорочни можности. „Денес, не би им препорачал на моите деца да одат во Соединетите Држави за да студираат и работат таму“, рече Мерц на собир на германски католици во Вирцбург. „Таму се разви различна општествена клима. А денес, дури и најдобро ...

Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопственото нефункционирање, реагираат од СДСМ, на изјавата на премиерот. „Реалноста е следнава: Тој сам ја укина Техничката влада. Тој рече дека „СДСМ не му треба“. Тој вети дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од Реформската агенда. Сега, кога не успеа да исполни ништо, повторно бара „разум од СДСМ“. Основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ е ...

Наместо Филков конечно да ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски, ЗНАМ организира прес-конференции за да продолжи со пропагандата на криминалната група ВМРО, реагираат од СДСМ, на прес – конференцијата на портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов. „Доволно е со дефокусот. Граѓаните не ги интересираат вашите дневни шоуа и нови теории на заговор. Граѓаните бараат одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или ...

Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова е јасен сигнал дека системот потфрла, и уште колку инциденти треба да се случат во училиштата за Министерството за образование конечно да признае дека состојбата е алармантна? Кој ќе понесе одговорност?, праша Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука, на денешната прес-конференција. „Кога ...

Министерството за внатрешни работи и А1 Македонија денеска официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот. Кампањата има за цел да поттикне поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети, ...

Медиумската империја изградена под поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, клучен столб на 16-годишното владеење на националистичкиот лидер, брзо се урива по изборите од минатиот месец кои ненадејно го завршија неговото владеење, објави денес „Ројтерс“. Во рок од неколку недели од изборите на кои лидерот на централнодесничарската опозиција, Петер Маѓар, извојува убедлива победа, високи функционери во некои од најистакнатите медиумски куќи ...

Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците во Собранието за да ги дооформат предлозите за измени на Законот за основно образование, со кои се предвидува казна за родителите на децата кои се насилни во училиште, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа потврди дека одлуката е веќе донесена и дека овие измени ќе бидат направени во собраниска процедура. Според најавените измени, останува предлогот ...

Бараме да се испитаат сите финансиски текови, сите врски помеѓу Алфа ТВ и Алта банка, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „По падот на режимот на Орбан, новиот премиер Питер Маѓар презема акции и ја ослободува земјата од корупција и од орбановата пропагдандна машинерија. Додека орбановите пропагдни телевизии, меѓу кои и ТВ2 признаваат јавно дека објавувале лажни вести за опозицијата се највува одговорност за криминалните шеми во ...

Патник од крузерот „МВ Хондиус“ (MV Hondius), кој се најде во карантин поради смртоносна епидемија на хантавирус, ја запозна јавноста со деталите за тоа како изгледа неговиот секојдневен живот во целосна изолација. Дваесет и деветгодишниот Американец, Џејк Розмарин, мора да помине повеќе од 40 дена сам во Националната карантинска единица во Небраска, откако се вратил од патувањето со споменатиот брод. Наместо да биде дома во Бостон со ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде домаќин на престижна летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан, што се организира под покровителство на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. Можноста произлезе од стратешкото партнерство на македонското Министерство за образование и наука и овој референтен центар за наука и истражување на ЕУ, што се воспостави со потпишување на рамковен договор за соработка ...

Секојдневните сведоштва за булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови се јасен сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не презема соодветни активности. Ова на денешната прес-конференција го истакна претседателот на Комисијата за образование и наука на СДСМ, Јованче Манасков, кој обвини дека во образовниот систем недостасуваат стратегија и ...

Со звуците на државната химна, во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, започна настанот посветен на оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски – државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја. На свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и бројни гости, кои заеднички му оддадоа признание на ...

Цезар салата

51 минута - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Родиум

257205.97