Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Австралискиот „Квантас“ беше принуден да го пренасочи летот кон Соединетите Американски Држави поради немирен патник, а локалните медиуми објавија дека човекот каснал член на екипажот. Лет од Мелбурн до Далас беше принуден да слета во Папете, главниот град на Француска Полинезија, во петокот поради проблематичен патник. Човекот беше совладан од други патници, а локалните медиуми, вклучувајќи го и националниот радиодифузер ABC, објавија дека ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан оцени дека Унгарија влегла во период на политички промени по изборите и рече дека опозицијата и десницата ќе мора да се реорганизираат во силно политичко движење. Во интервју за унгарскиот „Немзет“, Орбан рече дека претходните 16 години од владеењето на неговата партија претставуваат „најуспешен период на унгарската изградба“, вклучувајќи економски раст, зголемување на платите и зајакнување на ...
Светската здравствена организација прогласи дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда претставува јавно-здравствена криза од меѓународно значење. Од СЗО нагласуваат дека станува збор за сериозен ризик за јавното здравје, но дека епидемијата не ги исполнува критериумите за пандемиска криза. Епидемијата е предизвикана од сојот Bundibugyo, поредок тип на ебола за кој, за разлика од познатиот Zaire-сој, во моментов нема ...
Властите од 15 земји разбија голема криминална група која измамувала жртви низ Европа и пошироко, продавајќи лажни додатоци во исхраната и лекови за сериозни болести, соопшти агенцијата на ЕУ „Евроџаст“. Заедничката операција на 12 мај резултирала со собирање важни докази, притворање на дел од клучните членови на групата и запленување големи количини додатоци во исхраната. Се сомнева дека групата остварила најмалку 240 милиони евра промет. ...
Бугарската пејачка Дара е победник на 70. Натпревар за Песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Виена. Дара настапи со песната Бангаранга и победи со гласовите од жирито и гласовите од публиката, а второ и трето место освоија претставниците на Израел и на Австрија. На второто место заврши Израел со 343 поени, а трета беше Романија со 296. Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното ...
Бугарија е големиот победник на 70-тото издание на „Евровизија“. Настапот на бугарската претставничка Дара се издвои и убедливо го освои првото место, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. Австралија, Малта, Данска и Литванија ѝ ги доделија максималните 12 поени на Бугарија. Така Бугарија го освои гласањето на националните жири-комисии и убедливо се најде на врвот со 204 поени. Гласовите од публиката ѝ донесоа на Бугарија уште 312 поени. Така, ...
Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али Ндуме изјави дека денеска се киднапирани 42 ученици, од кои 32 деца биле одведени од училиштето, а другите 10 од нивните домови, кои се наоѓаат во близина на училиштето. Вооружени мажи вчера киднапираа непознат број на ученици од основно и средно училиште во локалната самоуправа Аскира-Уба за време на настава. Ниту една група нема преземено одговорност за вчерашното и денешното киднапирање на ...
Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени. Веднаш по пријавата на терен пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес. Според информациите дадени досега, пожарот избувнал додека автобусот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до ...
Во недела, 17 мај, во Скопје ќе се одржи 14. издание на спортско-рекреативниот настан „Прв до врв“, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во рамки на настанот, велосипедската трка ќе стартува во 9:45 часот пред Музејот на град Скопје, а учесниците ќе се движат по улиците „Св. Кирил и Методиј“, булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Мајка Тереза“, потоа по улицата „Тодор ...
Семејното насилство претставува сериозен општествен и здравствен проблем што бара координиран институционален одговор, поголема доверба во системот и ефикасна примена на Националната стратегија, порачаа учесниците на трибина на тема „Борбата со семејното насилство и насилството врз жената како социјален предизвик: институционален, психосоцијален и вредносен одговор“, нагласувајќи дека жртвите и натаму се соочуваат со страв, недоверба и ...
Во рамките на ЕУРОМЕЛАНОМА 2026 денеска во Градскиот парк во Скопје се одржуваат бесплатни прегледи на бемки, дамки и сомнителни промени од врвни дерматолози, кои исто така ги советуваат граѓаните за заштита од сонце и препознавање на ризични промени, но и совети за правилна УВ – заштита. До пладне беа прегледани над сто пациенти. -Целта на денешниот настан е промовирање на месец мај како месец посветен на превенција, рано откривање и ...
Две лица загинаа кога мал авион се урна во станбена зона во германскиот град Лимбургерхоф, јужно од Манхајм. Според медиумските извештаи, леталото експлодирало во воздух, а делови паднале врз куќите кои биле во близина. Портпаролот на полицијата Торстен Мишлер изјави дека според досегашната истрага, двајцата патници во авионот загинале во несреќата, пренесува „Билд“. Според германските медиуми, уште едно лице е повредено, додека бројни ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол. Според пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 ...
Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со настапи на DJ Oky Doky, DJ ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација до жителите на девет села во јужен Либан, пред, како што наведоа, планираните воздушни напади врз Хезболах. Според воените најави, на жителите на селата Какајет ал-Шубара, Каутариет Ел Сајада, Меруанија, Гасанија, Тефахта, Ирзај, Баблија, Инсар и Ал-Баисари им беше наредено да се повлечат најмалку еден километар од нивните населби, објави „Тајмс оф Израел“. Портпаролот на ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Шји Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. За време на посетата, Путин и Шји ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку договори, објавија руските медиуми. Како што е наведено, двајцата лидери ќе присуствуваат и на церемонијата на ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска соопшти дека обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ намерно ги изоставиле извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во случајот поврзан со набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во вторникот соопшти дека ја запрело постапката за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ бидејќи во истрагата, која траеше една година, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во заедничка операција на нигериските и американските сили „елиминиран“ е Абу Билал ал-Минуки, заменик-лидерот на Исламска држава во Африка, јавува ДПА. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека војниците го отстраниле Ал-Минуки, кого го опиша како „најактивниот терорист во светот“ на терен. „Тој повеќе нема да ги тероризира луѓето од Африка, ниту да помага во планирањето операции ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со ...
Од опозициската СДСМ реагираат дека, и покрај претходни изјави на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и Гордана Сиљановска-Давкова во кои, како што наведуваат, биле истакнати позитивни оценки за Преспанскиот договор, НАТО членството и заштитата на идентитетските прашања, останува отворено прашањето за реализацијата на реформската агенда. Во соопштението на СДСМ, се наведува дека повеќе од две години не е направен значаен напредок во ...
Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожарот во дивата дискотека загинаа 63 претежно млади, а повредени беа над 200 лица. Како што информираа од здружението на граѓани „16 март 2025“, собирот е предвиден од 16 часот и 45 минути на плоштадот „Ангел Винички“, со што, се повикуваат сите граѓани и поддржувачи, да се приклучат на ...
Маж (38) загина по напад од ајкула во близина на островот Ротнест, во близина на Перт и брегот на Западна Австралија, соопштија светските медиуми. Според наводите, мажот се наоѓал во близина на заливот Џорди околу 10 часот по локално време кога бил нападнат од ајкула, пренесе австралискиот портал 9news. Полицијата на Западна Австралија соопшти дека итната медицинска помош не успеала да го реанимира откако бил извлечен од водата и пренесен на ...
Потрагата по кобрата која пред четири дена била забележана во близина на Тулуз продолжува и денес, но без успех, соопштија локалните власти. Според префектурата на департманот Горна Гарона, отровната змија сè уште не е пронајдена, и покрај интензивната потрага во која учествуваат пожарникари, жандармерија и локална полиција, пренесува RTL. Жителите претходно биле предупредени за присуство на кобрата, по што превентивно биле затворени ...
Пејачката Милица Тодоровиќ успеала да изгуби дури 15 килограми пред породувањето, а во една прилика открила дека во тој период решила и здравствен проблем за кој не ни знаела дека го има. Таа дознала дека има инсулинска резистенција, а проблемот го решила со целосна промена на животните навики. Тодоровиќ отворено зборувала за својата борба со килограмите, истакнувајќи дека претходно често била на диети кои не давале долгорочни резултати. ...
Исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој последен пат бил виден на 12 мај 2026 година во ресторан на Сењак, покрена обемна истрага и доведе до апсење на дури 10 лица. Приведени се осомничени за нападот, нивни помагачи, вработени во локалот, како и тројца полицајци и досегашниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ. Вишото јавно обвинителство ја продолжува истрагата, додека судбината на Нешовиќ сè уште е непозната. ...
Граѓанската војна во Судан создава една од најтешките хуманитарни кризи во светот, а милиони луѓе се соочуваат со глад и недостиг од основни услови за живот. Агенции на ОН предупредија дека условите во Судан дополнително ќе се влошат, бидејќи продлабочувањето на кризата со глад се совпаѓа со почетокот на сезоната на дождови. Условите во оваа источноафриканска земја, разорена од тригодишна граѓанска војна, се оценети како „крајно ...
Дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, денес изјави дека американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на американскиот претседател пред полетувањето за Соединетите Американски Држави, според написите. „Американскиот персонал зел сè што кинеските претставници ѝ ги предале на делегацијата, вклучувајќи ги и акредитивите, привремените телефони и беџовите и ги фрлиле во корпа пред да се ...
Британските власти им забранија на 11 странски крајнодесничарски активисти влез во земјата пред митингот на поддржувачите на Томи Робинсон, додека британскиот премиер Кир Стармер ги обвини организаторите за ширење омраза и поделби. Британски крајнодесничарски активист, познат по основањето на Англиската лига за одбрана (EDL) во 2009 година, Робинсон, чие вистинско име е Стивен Јаксли-Ленон, стана познат преку антиисламските и ...