Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Легендата на ФК Партизан, и еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња на овие простори, Предраг Пеџа Мијатовиќ не е повеќе дел од раводните структури на овој клуб. Тој досега ја обавуваше функцијата што се однесува до спортските прашања, но на прес конференција предмалку одржана во клупските простории, Мијатовиќ си поднесе неодповиклива оставка. „Јас и натаму мислам дека Срѓан Благојевиќ не е тренер достоен за клупата на Партизан. Тој е ...
Италијанецот и син на Карло Анчелоти, Давиде Анчелоти и официјално е тренер на Лил, објави денес францускиот клуб. Анчелоти потпиша двегодишен договор со Лил и ќе го замени Бруно Џенези на клупата на францускиот клуб. Давиде Анчелоти, син на Карло Анчелоти, беше шеф на тренерскиот штаб на Ботафого од јули до декември минатата година, додека претходно во кариерата беше помошник тренер на својот татко во Баерн Минхен, Наполи, Евертон, Реал ...
Километарски редици и сообраќајни метежи се формираа на патиштата, бидејќи жителите паничеа и се обидуваа да ги напуштат јужните предградија на Бејрут пред израелската армија да ги започне најавените воздушни напади. Скоро идентични сцени беа видени во градот на почетокот на март, кога Израел ја започна својата последна офанзива против Хезболах. Да потсетиме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди напади врз Бејрут, прогласувајќи ги ...
Силниот топлотен бран што ја зафати Велика Британија во последните денови од мај предизвика смрт на 17 лица. Осум дена по ред земјата се соочуваше со екстремно високи температури, кои ги натераа граѓаните масовно да бараат спас од жештините на морските брегови. Трагичните смртни случаи се регистрирани во неколку региони, вклучувајќи ги Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. Овој бран ...
Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција. Така и на оваа прес-конференција, Венко Филипче, по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: Наместо да застане рамо до рамо со Владата ...
Вицепремерот за добро владеење Арбен Фетаи, соопшти дека му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски својата оставка од функцијата што ја извршуваше. Во јавна објава на социјалните мрежи, тој напиша дека одлуката е донесена внимателно и произлегува од неговото убедување дека во актуелните околности тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. Фетаи оцени дека за време на неговиот мандат придонел за реформи насочени кон зајакнување на ...
Русија го забрани извозот на керозин до крајот на ноември со цел да се обезбедат доволни залихи на домашниот пазар, објави денес руската влада. Според владиното соопштение, забраната се однесува и на горивото за авиони купено преку стокови берзи и ќе биде во сила до 30 ноември. „Целта е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на гориво“, соопшти руската влада. Сепак, мерката предвидува неколку исклучоци, меѓу кои пратки кои веќе биле во ...
Иранскиот преговарачки тим ќе ги прекине „преговорите и размената на текстуални пораки преку посредници“, соопшти агенцијата. Тасним рече дека ситуацијата во Либан е клучна за прекинот на огнот, што значи дека „прекинот на огнот е прекршен на сите фронтови, вклучително и Либан“. „Нема да има дијалог“ сè додека не се почитуваат ставовите на Иран и Хезболах за ова прашање, рече Тасним, додавајќи дека иранските власти бараат прекин на ...
Бранителот на титулата, Аргентина пристигна во Соединетите Американски Држави за да ја започне одбраната на титулата од пред 4 години! „Гаучосите“ пристигнаа во Канзас, каде што ќе го започнат својот тренинг камп како подготовка за Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада, кое започнува на 11 јуни. Играчите кои пристигнаа во кампот се: Херонимо Руи, Николас Таљафико, Валентин Барко, Нико Паз, Хулијан Алварез, ...
Добро е познато дека недостигот на сон му штети на организмот, но најновото научничко откритие покажува дека ниту претерувањето со спиење нема позитивен ефект. Напротив, и прекраткото и предолгото спиење се поврзани со забрзано стареење на органите. Според обемната студија на истражувачите од Универзитетот Колумбија, објавена во престижното списание „Нејчр“ (Nature), оптималното траење на сонот изнесува точно меѓу 6,4 и 7,8 часа во текот на ...
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари по литар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 90,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,50, а литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 87,50 денари. ...
„Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци. Македонија и граѓаните веќе еднаш платија прескапа цена поради лековерноста и погрешните политики на СДС, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче. Тогаш беше променето уставното име на Македонија, со длабоки уверувања дека тоа ќе значи сигурен влез во Европската Унија“, вели Валентин ...
ПСЖ вчера попладнето се врати во Париз откако го одбрани трофејот од Лигата на шампионите, победувајќи го Арсенал на пенали во финалето во Будимпешта! Тимот на Луис Енрике се врати дома со специјален авион што ги носеше играчите, персоналот и вториот трофеј од Лигата на шампионите на ПСЖ. Двочасовниот лет од Будимпешта до Париз послужи како добредојдена пауза за хероите на Пушкаш Арена. Нивниот авион слета на аеродромот Шарл де Гол во недела ...
Од денеска, 1 јуни 2026 година, започнува летното работно време за зонското паркирање во Скопје, соопшти ЈП „Градски паркинг“. Новото работно време важи за сите зони А, Б, Ц и Д, а граѓаните ќе можат да паркираат со наплата од понеделник до сабота, во периодот од 07:00 до 23:00 часот. Од претпријатието апелираат возачите да внимаваат на промените и навремено да ја извршуваат наплатата при паркирање, согласно новиот временски режим. Од ...
Француската морнарица се качи на уште еден руски танкер за нафта викендов за време на операција на отворено море во Атлантикот, со поддршка на неколку партнери, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, изјави претседателот Емануел Макрон. Според Атлантската поморска администрација, пресретнувањето на танкерот што доаѓаше од Мурманск, Русија, се случило на повеќе од 400 наутички милји (740 км) западно од 'ртот Бретања. По качувањето, прегледот ...
Ако во последно време сте заборавиле каде сте ги оставиле клучевите, сте ја изгубиле мислата среде реченица или попладневниот замор ве удира посилно од вообичаено, многу е лесно сè да им припишете на годините, стресот или хормоните. Но, ново истражување сугерира дека одговорот на таканаречената „магла во мозокот“ би можел да биде многу поедноставен и дека можеби веќе се наоѓа во вашата кујна. Имено, научниците сè посериозно го истражуваат ...
На 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир што се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, порача дека претстојното усвојување на Скопската декларација потврдува дека иднината на државите не може да се гради врз поделби. Тој истакна дека Македонија е силен пример за соживот, каде различните етнички, верски и културни идентитети не се товар, туку најголемо богатство ...
На искачувањето учествуваа планинари од повеќе градови и планинарски клубови низ Македонија, како и гости од Косово и Србија. Планинарите се движеа по обележани патеки, а за нивната безбедност и непречено движење по трасата се грижеа бројни водичи и членови на ПК „Љуботен“. Пред самата кула на Титов Врв на учесниците им беа поделени пригодни стикери како спомен од овогодинешното искачување. Временските услови беа поволни за движење на ...
Олујно невреме, проследено со силен ветер, пороен дожд и силни грмежи, во неделата зафати големи делови од Австрија и предизвика вистински хаос. Најтешко е погодена Горна Австрија, каде што пожарникарите имале околу 1.000 интервенции. Ударите на ветерот достигнувале и до 115 км/ч, што довело до уривање на голем број дрвја кои паѓале врз сообраќајниците и автомобилите. Во некои области луѓето биле спасувани од надојдените води, пишува „Кронен ...
Татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги, на Фејсбук сподели видео објава во која повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син. На видеото што го сподели Драги, може да се забележи како повозрасна жена од пред гробот краде саксии со цвеќе. Во емотивната објава, тој наведува дека ова е 14-ти пат гробот на Ѓорѓи да биде ограбен. „14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат ...
Тунелот Семеринг, кој е долг 27,3 километри, а чини 3,9 милијарди евра, треба да биде завршен до 2029 година и значително да го скрати патувањето, а воедно да го зајакне одржливиот железнички сообраќај и еколошката поврзаност на регионот. Австриските федерални железници (ÖBB) направија голем пробив во изградбата на двоцевниот тунел Семеринг, долг 27,3 километри. Тунелот ги поврзува градовите Глогниц и Миршучшлаг, односно сојузните покраини ...
Дури 80% од граѓаните кај нас би одбиле за паричен надомест да потпишат петиција што е спротивна на нивните политички убедувања, што претставува највисок процент во Европа, а високи 78% од македонските испитаници одбиле да разгледаат парична компензација за воздржување од гласање на избори . Истовремено, друга анализа констатира дека 98% од онлајн коментарите насочени кон политичарите содржат елементи на омраза. Ова само дел од наодите од ...
Некогаш нееднаквоста во Европа беше главно хоризонтална. Богатиот западен дел на континентот возеше BMW-а и одеше на годишни одмори во странство, додека посиромашниот исток дома ги поправаше апаратите за домаќинство и стоеше во редици за леб. Но, тридеценискиот економски раст во некогашните комунистички земји ги направија застарени шегите за бавните романски автомобили. Денес, нееднаквоста во Европа има и вертикална димензија – онаа која се ...
На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово. ‒ Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да ...
Во рамки на меѓународната соработка во областа на Community Policing, организирана од страна на Japan International Cooperation Agency (JICA), во периодот од 12 до 30 мај 2026 година во Токио, Јапонија, беше реализирана студиска посета и обука посветена на современите концепти и практики на полициското работење во заедницата. Обуката обедини претставници од повеќе земји и овозможи размена на искуства, добри практики и современи пристапи во ...
Во интервју за популарната серија „Hot Ones“, Блант откри дека нејзиниот лик во филмот доживува необична трансформација и во еден момент почнува да зборува на јазик што не е човечки. Иако продукцијата можела да користи вештачка интелигенција за да создава звуци и гласовни ефекти, актерката одлучила сè да сними на традиционален начин. „Постојат неколку начини да се направи тоа. Можевме да го користиме патот на вештачката интелигенција, но ...
Замислете сцена на која стојат деца со инструменти во раце - инструменти кои некогаш се поголеми од нив. Замислете го мигот кога започнува првиот тон и тие мали деца растат пред вашите очи, се трансформираат и стануваат професионалци кои владеат со сцената. Добредојдовте на концертот на Ентерпрајз. Концертот наречен „We Will Rock You" кој ќе се одржи на 7 јуни (недела) на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата, претставува уникатен ...
Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи ова лето на 8 август во Битола на Ракометното игралиште под отворено небо, ќе биде С.О.С. фестивал, кој не е само музички настан со внимателно избрана концертна програма, туку и своевиден симболичен повик на музичка борба за спас против турбофолкот, шундот и кичот, што би рекол познатиот македонски шоумен и блузер, Игор Џамбазов. Први учесници на С.О.С. фестивал ќе бидат предводниците на новата ...
Песната „Ружа са југа“, која Бобан Рајовиќ - едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството, ја посвети на Македонија за само неколку дена по промоцијата се наметна како најголем фаворит меѓу новите теми од неговиот актуелен проект. Реакциите од публиката, гледаноста и бројните пораки што, како што вели, пристигнуваат од сите страни на светот ја потврдуваат силната емоција што песната ја разбуди кај слушателите. Уште при најавата на ...
Додека низа земји во светот бележат драстичен пад на стапката на пушење благодарение на широката достапност на алтернативни никотински производи, македонското Министерство за здравство најави дека наскоро на владина седница ќе се разгледува новиот Закон за заштита од пушење. Измените најавени на Светскиот ден без тутун предвидуваат ограничување на достапноста на електронските цигари и никотинските ќесички – производи кои не содржат тутун и за ...