Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик Де Брост. Донацијата се состои од две специјализирани ...
Дваесет и едногодишен жител на Неготино е осомничен дека снимал воени активности на армискиот полигон Криволак и ги објавил на социјална мрежа. Од СВР Велес информираа дека со лицето бил извршен службен разговор откако се појавиле сомнежи дека неовластено фотографирал и снимал возила во конвој на Армија на Република Северна Македонија. Според полицијата, снимките биле јавно објавени на социјална платформа, со што, како што наведуваат, ...
Тиери Анри ја анализираше елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите и нагласи дека Баерн на крајот заслужи да стигне до полуфиналето. Легендарниот француски напаѓач ја пофали храброста на „кралскиот клуб“, но призна дека им недостасува повеќе фудбалска суштина во овој проект. „Реал мислеше дека се недопирливи кралеви на пресвртите, но вечерва Баерн им даде брутална доза од сопствениот лек“, изјави тој за CBS. Анри верува дека ...
Регионалната рок сцена загуби уште едно големо име. На 72-годишна возраст во Бихаќ почина Нихад Јусуфхоџиќ, еден од основачите на легендарниот бенд „Дивље јагоде“. Музичарот ја изгуби битката со тешката болест на 15 април во кантоналната болница, каде беше хоспитализиран изминатите неколку месеци. Нихад беше дел од основачката постава на бендот „Дивље јагоде“, формиран во 1977 година, заедно со Сеад Липовача и Анте Јанковиќ. Со нив ...
Поранешниот градоначалник на Делчево, Горан Трајковски заработи соочува со кривична пријава поради сомнежи за злоупотреба на службената положба при спроведување јавни набавки. Според информациите од полицијата, пријавата е поднесена од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево, а се однесува на договори склучени во 2023 и 2024 година. Трајковски, како градоначалник, потпишал два договори за јавни набавки со економски ...
Новите детали од истрагата за двата последователни напади во училиштата во Шанлиурфа и Кахраманмараш откриваат застрашувачки сличности меѓу напаѓачите. Во овие крвави настани, кои се случија во интервал од само 24 часа, животот го загубија 12 лица, вклучувајќи ги и сторителите, додека 33 лица се здобија со повреди. Првиот напад се случи на 14 април во училиштето „Ахмет Којунџу“ во Сиверек, каде Омер Кет повреди 16 лица пред да изврши ...
Два од најголемите трговски центри во Сараево мораа привремено да бидат затворени денес откако полицијата добила пријави за поставени експлозивни направи, потврди Министерството за внатрешни работи во Сараевската жупанија. Saraevo City Center (SCC) и Алта, обете во самиот центар на градот и во близина на седиштето на државниот парламент и Советот на министри на Босна и Херцеговина, беа евакуирани во утринските часови, а полициски екипи беа ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнува кампања насочена кон унапредување на безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите која ќе се реализира во соработка со МВР, Факултет за Безбедност-Скопје, Мотоциклистичката федерација. Во услови на зголемена мобилност и се поголемо присуство на мотоцикли во сообраќајот, мотоциклистите остануваат една од најранливите категории учесници. Кампањата има за цел да ја подигне ...
Трите закони за високо образование и наука (за високо образование, за квалитет на високото образование и за научноистражувачка дејност) се во владина процедура. Тие од јануари беа поставени на националниот регистар за прописи (ЕНЕР) и беа организирани дебати на универзитетите по што прифатливите забелешки беа вградени во новите верзии. На прес-конференција во Владата денеска, посветана на пакетот закони, министерката Весна Јаневска соопшти ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски извршија увид во градежните ...
Според странските медиуми, Свифт е особено привлечена од стилот што Тејлор го носеше на нејзината прва свадба во 1950 година, кога се омажи за Конрад Хилтон. Фустанот, препознатлив по класичниот крој, нагласениот струк и деталите од чипка, стана еден од најзначајните во историјата на модата. Извори тврдат дека Тејлор развила посебен интерес за естетиката на старата холивудска ера додека работела на песна посветена на познатата актерка, која ...
Танкерот „Дејна“, што пловеше под знаме на Мозамбик беше запленет на 20 март од француската морнарица со помош на британските сојузници. Претседателот на Франција, Емануел Макрон тогаш изјави дека запленетиот танкер припаѓа на руската флота во сенка – мрежа од бродови што ѝ овозможува на Москва да извезува нафта и покрај западните санкции. Казната е изречена поради „недостиг на доказ за сопственост на бродот“. Француските власти не ја ...
На само неколку дена пред гласањето во Бугарија, најновата анкета на агенцијата „Маркет линкс“ спроведена во соработка со телевизијата „бТВ“, најавува доминантна победа на коалицијата „Прогресивна Бугарија“ предводена од поранешниот претседател Румен Радев. Со поддршка од 30,8 отсто од гласачите, Радев се наоѓа во значителна предност пред долгогодишниот политички опонент ГЕРБ, кој според оваа анкета ужива доверба од 18 проценти. Далеку зад ...
Полициската управа на Вуковарско-сремската жупанија денеска во 09:35 часот примила дојава за принудно слетување на помал авион во близина на местото Иванково. Веднаш по пријавата, на терен биле упатени екипи на итните служби. На местото на настанот бил пронајден авионот, а лицето кое управувало со леталото е итно пренесено во Општата жупаниска болница во Винковци за укажување лекарска помош. Засега нема детални информации за степенот на ...
Глутенот претставува специфична група на протеини кои природно се наоѓаат во житарките како пченицата, 'ржта и јачменот, каде дејствуваат како структурно „лепило“ што му дава еластичност на тестото. Иако за повеќето луѓе е безопасен, за лицата со целијакија овој протеин е строг непријател кој предизвикува автоимун одговор и сериозно ја оштетува слузницата на тенкото црево. Токму поради оваа причина, стравот од случајно изложување на глутен ...
Кина започнува со амбициозна трансформација на својот образовен систем преку нов акционен план на Националната администрација за податоци, кој предвидува целосна интеграција на вештачката интелигенција (ВИ) во наставните програми на сите нивоа. Планот не е насочен само кон учениците, туку примарно кон наставниот кадар, кој ќе мора да ги совлада алатките за интелигентна подготовка на лекции, дигитално оценување и персонализирана комуникација ...
Премиерот Христијан Мицкоски го претстави новиот закон за високо образование како стратешки чекор за враќање на квалитетот и стабилноста во академската заедница. Според него, образованието е темелот на државата, а досегашните „експерименти“, особено оние по 2018 година, довеле до сериозен пад на научната продукција и намалување на критериумите за напредување. – Долго време во нашата држава се правеа експерименти со нешто кое не смее да биде ...
Светското првенство на ФИФА, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, е само за 57 дена. Учеството на една од првите квалификациски екипи, Иран, е доведено во прашање поради војната со САД. Сепак, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во среда ги отфрли сите сомнежи, велејќи дека Иран „дефинитивно“ ќе учествува на турнирот, објави CNBC. По почетокот на конфликтот на 28 февруари, веднаш се постави прашањето дали Иран, кој го обезбеди своето ...
Ирската компанија за патничко осигурување Џаст кавер (JustCover) го прогласи Лисабон за најшарен град во светот, покажува најновата анализа заснована на обработка на фотографии од различни светски дестинации. Според студијата, од избраните фотографии од португалската престолнина биле идентификувани повеќе од 2,6 милиони различни бои, што го става Лисабон на врвот на листата на визуелно највпечатливи градови. Истражувањето е направено во ...
Стармер истакна дека целта на средбата е компаниите „да преземат одговорност“ за безбедноста на младите клиенти, предупредувајќи на „сериозни последици“ за евентуално непостапување во таа насока. Средбата во „Даунинг стрит“ со раководни лица на компаниите „Meta“, „X“, „TikTok“ и „Google“ во чија сопственост е „YouTube“, се одржува во време кога британската Влада разгледува нови ограничувања за користење на социјалните мрежи од страна на ...
„Нашата проценка е дека во рок од неколку дена нема да имаме друг избор освен целосно да прекинеме со огнот во Либан“, изјави висок израелски политички извор за Канал 12 по состанокот на кабинетот што заврши доцна синоќа, објави „Тајмс оф Израел“. Медиумот објави дека САД вршат притисок врз Израел да се согласи на привремен еднонеделен прекин на огнот, што наводно би помогнало во разговорите меѓу Израел и Либан поддржани од САД, како и во ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го коментираше испаѓањето на шпанскиот клуб од Лигата на шампионите по поразот од 4:3 од Баерн. Зборувајќи за медиумите по натпреварот во Минхен, тој се осврна на дуелот обележан со исклучувањето на Едуардо Камавинга на крајот. Арбелоа беше особено критичен кон судијата Славко Винчиќ поради вториот жолт картон на францускиот играч од средниот ред. „Очигледно е дека сум погоден. Не можете да исклучите ...
Од Пентагон во одговорот на прашањето од руски медиуми дали САД планираат воена операција против Хавана, посочуваат дека нема да коментираат „хипотетички сценарија“, но потврдија постоење различни оперативни планови што би можеле да бидат активирани во случај да биде потребно. Претходно американски медиуми објавија дека Пентагон веќе започнал подготовки за можна операција на Куба, повикувајќи се на информирани извори. Кубанскиот претседател ...
Гласањето заврши со 47 гласови „за“ и 52 „против“, објави Ен-Би-Си Њуз, со проценка дека резултатот од гласањето за резолуцијата што би ги ограничила воените овластувања потврдува дека републиканците сè уште го поддржуваат Трамп и го одобруваат продолжувањето на војната, иако анкетите покажуваат дека американскиот претседател е многу непопуларен. Сенаторот Ранд Пол, републиканец од Кентаки, повторно беше единствениот од неговата партија што ...
Парични казни од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1.221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници, соопштуваат од АХВ. -Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по ...
Според информациите од полицијата, Џејмисон бил приведен на 8 април поради инцидент што се случил на 22 март во вечерните часови. Полицијата интервенирала по пријава за пукање околу 21:52 часот. По пристигнувањето на местото на настанот, службениците пронашле лице кое изјавило дека непознат напаѓач, движејќи се со електричен велосипед, испукал куршум кон нивното возило кое било во движење. Во автомобилот во тој момент се наоѓале уште две ...
Веднаш по дојавата за пламен и експлозии во рафинеријата во 23:15 часот, интервенирале бројни екипи на противпожарната служба на сојузната држава Викторија кои го локализирале пожарот. Според последните информации, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но пламенот е под контрола и ограничен на местото на избувнување. Засега нема пријавени повредени во инцидентот. Рафинеријата во Џилонг со капацитет за преработка до 120 илјади барели нафта ...
Мохсен Резаи во изјава објавена од иранската државна телевизија рече дека САД немаат никаква улога во контролата на теснината. „Господин Трамп сака да стане полицаец на Ормуската Теснина. Дали тоа е навистина твоја работа? Дали тоа е работа на моќна војска како САД?“, рече Резаи, осврнувајќи се на американскиот претседател Доналд Трамп. „Овие ваши бродови ќе бидат потопени од нашите први ракети, кои претставуваат голема опасност за ...
Таа посочи дека Пакистан е единствениот посредник во преговорите, за кои рече дека се „продуктивни и во тек“. Левит ги демантираше медиумските наводи дека Вашингтон побарал продолжување на тековниот прекин на огнот. „Видов извештаи утрово, неточно известување дека формално сме побарале продолжување на прекинот на огнот. Тоа не е точно. Во овој момент сме силно ангажирани во преговорите“, изјави таа. Според неа, американската делегација има ...
Меѓународната полициска акција спроведена на 15 април во Црна Гора и Германија, со поддршка на Европол, повторно го стави Балканскиот картел под силен притисок. Операцијата резултираше со апсење на 12 лица, меѓу кои, според црногорските медиуми, е и Светислав Филиповиќ од Подгорица, еден од наводните водачи на мрежата. Истрагата, која започна во октомври 2024 година, открива застрашувачки размери на криминалните активности што се протегаат ...