Досегашниот играч на Аталанта, и младински репрезентативец на Италија, Марко Палестра е првата трансферна цел на тимот на Интер во овој преоден рок. Младиот играч е приоритет за актуелниот шампион во Серија А, но секако неговата цена не е ни малку ниска на трансфер пазарот. Причината што Палестра е приоритет на позиција каде што во моментов игра Дензел Дамфриз е фактот што крилото има опција во договорот за заминување од Интер за сум од 25 ...

По осумнаесет години среќен живот со она што е највредно за неа - близнаците Ема и Макс, Џенифер Лопез ќе мора да се соочи со еден од најтажните периоди во нејзиниот живот. Деновиве, Џенифер Лопез се подготвува за ново поглавје во својот живот, за кое јавно проговори. Латино дивата наскоро ќе се соочи со своите 18-годишни близнаци кои го напуштаат домот додека се подготвуваат за колеџ и се иселуваат од семејниот дом, објавува Дејли Меил. ...

Уште во 2019 година, Илон Маск објави дека до 2020 година, Тесла ќе има повеќе од милион роботакси возила на патиштата. Шест години подоцна, реалноста изгледа сосема поинаква. Тесла моментално користи само 20 автономни роботски такси возила без возачи во три американски градови - Остин, Далас и Хјустон. Најголемиот дел од возниот парк се наоѓа во Остин, каде што работат по 14 возила, додека по три автомобили работат во Далас и Хјустон. ...

Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов информира дека денеска е објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери. Темата е „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“, која, како што се наведува од Кабинетот, ја одразува потребата од нови пристапи во лидерството и одговорно дејствување во услови на забрзани глобални промени и предизвици. Школата за млади лидери ќе се реализира во периодот октомври – ноември ...

Денеска 30.05.2026 година (сабота) со почеток од 17:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ кој ќе се одржи во Студентски културен центар во Нови Сад, Република Србија. На настанот исто така обраќање ќе имаат: – Зорица Митровиќ, Национален совет на македонското национално малцинство во ...

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике го најави денешното финалето против Арсенал. Натпреварот ќе се одржи на Пушкаш Арената во Будимпешта, со почеток во 18:00 часот. „Арсенал беше најдобриот тим во Премиер-лигата оваа година, тие заслужија да ја освојат титулата. Двата тима се повеќе од две различни идеи, тие се две слични идеи, но со различни патеки. Ние имаме најдобар напад, а тие имаат најсилна одбрана. Но, тие се исто така тим кој ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. -Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно ...

Инцидентот повторно ги крена тензиите на источното крило на алијансата, бидејќи Романија е членка на НАТО и на Европската унија. Од НАТО најавија дека ќе проценат како дополнително да ја зајакнат одбраната на Романија и на целата алијанса од закани од беспилотни летала. Дронот погодил станбена зграда во Галаци, при што биле повредени две лица и избувнал пожар, додека романските власти го оценија случајот како сериозно нарушување на ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари по што Македонија ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. - Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас, односно, досега ...

"Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале ...

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен: НИШТО! Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. Молчеше. Го ...

Почна сезоната на годишни одмори. Патувањето до Грција е хорор и неизвесност за туристите бидејќи за премин од Македонија во Грција се чека со часови. Медиумите од нашата држава, но и од Србија, објавуваат сведоштва и видеа од патници кои во автобуси чекаат повеќе од десет часа да се поминат сите педесетина контроли на патниците за да продолжат понатаму. Долги колони возила, десетици туристички автобуси и повеќечасовни задржувања на ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи во вторник треба да се најде на владина седница, по што се очекува во најбрз можен рок да биде проследен во Собранието. Премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставници од тутунската индустрија и угостителскиот сектор изјави дека законот ќе стапи во сила веднаш по неговото усвојување, со исклучок на одредбите што се однесуваат на адаптација на ...

Она што се очекуваше тоа и се случи кога е во прашање екипата на Ливерпул. Арне Слот повеќе не е менаџер на клубот од Енфилд, и тоа е одлуката која што е конечна. И покрај актуелниот договор на Слот, тој нема повеќе да го води тимот, таква е одлуката на менаџментот на овој премиерлигаш. Лошата резултатска сезона, петтото место на табелата и едвај обезбедениот пласман во Лигата на Шампионите очигледно беа пресудни тој повеќе да не е дел од ...

Гувернерот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, напиша на Телеграм дека пожарите врз танкерот и во пристаништето Таганрог, град со околу 240.000 жители, се изгаснати и не се пријавени излевања на нафта. Две лица се повредени, рече тој. Градоначалничката Светлана Камбулова изјави дека вонредната состојба во градот, воведена на 27 мај, е продолжена. Властите во Армавир, град со 185.000 жители во соседната област Краснодар, соопштија дека пожарот ...

Жителите на Мајфадун, Шукин, Зебдин, Ансар, Зрарија, Мазрат Кавтаријат ар Руз и Машгара беа повикани да се евакуираат северно од реката Захрани, објавува „Тајмс оф Израел“. „Со оглед на прекршувањето на договорот за прекин на огнот од страна на терористичката Хезболах, ИДФ мора силно да дејствува против него. Израелските сили не сакаат да му наштетат на никого. Секој што е во близина на оперативци, локации или оружје на Хезболах е во ...

Фудбалскиот тренер на Арсенал, Микел Артета, пред финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кое се игра денеска со почеток во 18 часот, изјави дека неговиот тим има можност да напише нова страница во историјата со освојување на првата титула европски шампион. „Подготовката беше многу добра и позитивна. Тука сме затоа што заслужуваме да бидеме. Утре ќе се обидеме да го заслужиме и овој трофеј“, рече Артета . Шпанскиот стручњак ...

Трамп претходно во текот на денот објави дека ќе донесе „конечна одлука“ на состанокот, но исходот во моментов се молчи, јавуваат американските медиуми. Единствената официјална реакција дојде во форма на кратка изјава од неименуван функционер на Белата куќа, објавена околу 18 часот по локално време. „Средбата во Кризната соба заврши и траеше приближно два часа. Претседателот Трамп ќе склучи само договор што е добар за Америка и што е во ...

Најдобриот тим во Европа против најдобриот тим во најсилната лиога во светот. ПСЖ против Арсенал, тоа е 71. финале во најелитното клупско натпреварување и тоа вечерва од 18 часот на велелепната “Пушкаш Арена“ во Будимпешта. Еден против друг Луис Енрике против Микел Артета, двајцата шпански стратези во едно вакво мега – финале. Шампионите од минатото финале влегуваат во натпреварот со амбиција да го одбранат својот трофеј и да освојат втора ...

Министрите за финансии на шесте најголеми економии на Европската Унија (Е6) постигнаа заеднички став за предлогот за зајакнување на заедничкиот надзор на европските пазари на капитал, објави денес германското Министерство за финансии. Спогодбата ја постигнаа министрите за финансии на Германија, Франција, Италија, Шпанија, Полска и Холандија на состанок одржан во Берлин, пренесува Ројтерс. Станува збор за иницијатива на Европската комисија со ...

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина дава основа да се каже дека конфликтот во Украина завршува. „Што се однесува до мојата изјава дека, според мене, конфликтот завршува - не го кажав тоа туку така, туку врз основа на анализата на ситуацијата на фронтот“, рече Путин на прес-конференција на крајот од неговата официјална посета на Казахстан, пренесува Спутник. Тој рече дека не е можно да се ...

Лука Модриќ не успеа да го одведе Милан до Лигата на шампионите, иако неговиот тим имаше место на табелата што гарантираше влез во престижното европско клупско натпреварување во поголемиот дел од сезоната и до последното коло од Серија А. Поразот од Каљари во последното коло го однесе Милан во Лига Европа и го постави прашањето што ќе се случи со Модриќ. Капитенот на хрватската репрезентација има опција да го продолжи договорот за ...

Главниот приоритет на Арсенал е да потпише нов договор со менаџерот Микел Артета, откако Шпанецот ги предводеше Лондончани до нивната прва титула во Премиер лигата по 22 години, изјави потпретседателот на англискиот клуб, Џош Кренке. Артета, кој минатиот месец изјави дека е целосно посветен на „топџиите“, има договор кој важи до крајот на следната сезона. “Добрата вест за навивачите на Арсенал ширум светот е дека тој (Артета) ужива во ...

Покраинскиот суд во Хамбург привремено му забрани на неделникот „Дер Шпигел“ да објавува тврдења дека српскиот претседател Александар Вучиќ наводно бил вмешан во активности поврзани со случајот „Сараево Сафари“, објави овој суд во петок. „Привремената мерка му забранува на списанието „Дер Шпигел“: понатамошно објавување и ширење на наводи што предизвикуваат сомневања дека претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, наводно бил ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бара од членките на ЕУ да поддржат амбициозен план за ограничување на увозот на високо субвенционирани кинески производи. Урсула фон дер Лајен долго време бара построги мерки за заштита на клучните европски индустрии од нелојална конкуренција од Кина, но на тоа се спротивставуваат неколку членки кои сакаат да ги одржат сегашните трговски односи со Пекинг, пишува Политико. Европа се ...

Бугарскиот премиер Румен Радев денес изјави дека Бугарија ќе биде ставена под постапката на Европската Унија за прекумерен дефицит во среда, само неколку месеци по влегувањето во Еврозоната. Радев ја обвини претходната централно-десничарска влада за манипулирање со фискалните податоци за да се обезбеди влез на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 година, по политичката борба околу тоа дали земјата ги исполнува критериумите за ...

Во Атлетико Мадрид се гневни поради гласините што го поврзуваат ѕвездениот играч на тимот, Хулијан Алварез, со трансфер во Барселона. „Јорганџиите“ веќе уверија дека шпекулациите не се точни, а сега отидоа уште подалеку со одмазднички удар. На својата страница на Инстаграм, Атлетико Мадрид објави колажи на кои се прикажани три од ѕвездите на Барселона – Ламине Јамал, Рафиња и Педри, облечени во дресови на Атлетико. На објавата „los ...

Модерен трговски центар „Мега шопинг парк” на површина од над 20 илјади квадратни метри е пуштен во употреба денеска во Гевгелија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, генералниот директор на трговскиот центар, Сотирис Јанакудакис, како и владини и општински претставници, и претставници од компанијата инвеститор „А ПЛУС 1″. За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово. Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката. - Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба на ваков сличен, можеби нешто помал објект на северената граница, во општина Куманово. Ние како ...

Покраинскиот суд во виенско Ново Место (Винер Нојштат) ги прогласи за виновни двајцата 21-годишни поддржувачи на Исламската држава (ИД) кои планираа терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена во август 2024 година. Главниот обвинет, Беран А., кој е австриски државјанин со северномакедонско потекло, е осуден на 15 години затвор, додека неговиот соообвинет Арда К. доби 12 години. Пресудите сè уште не се правосилни. Дел од ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Платина

55170.68