Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и за реконструкцијата на Владата. - Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика ...

Краток пад на ИТ-системот од грчка страна бил меѓу главните причини за енормните гужви и повеќечасовниот застој на граничниот премин Богородица/Евзони за време на изминатиот празничен викенд, објави „Телеграф“. Најкритичен бил периодот меѓу 6 и 8 часот наутро, а снимките од блокираните автомобили и револтираните туристи кои со часови чекаа на сонцето предизвикаа сериозна загриженост кај илјадници патници пред почетокот на главната сезона. ...

Високиот суд во Неготин ја прекина кривичната постапка против Радослав Драгиевиќ, таткото на првообвинетиот Дејан Драгиевиќ. Тој беше обвинет за непријавување кривично дело и за помагање на сторителот по извршувањето на убиството на двегодишната Данка Илиќ, кое се случи на 26 март 2024 година во близина на Бор. Судот заклучи дека нема законска основа за покренување обвинение против него, откако претходно обвинителството тврдеше дека тој му ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе се сретне и со претседателот на Националниот ...

Помислив дека е нешто што го прочитав во рубриката „верувале или не“ – рече премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја најавата на опозицискиот СДСМ за подготовка на нов закон за борба против корупцијата. Подготовката на ваков антикорупциски закон, вели Мицкоски, доаѓа од луѓето што додека беа на власт сменија неколку члена од Кривичниот законик за практично да си го амнестираат сиот сторен криминал. Христијан Мицкоски, премиер на Северна ...

Фондацијата „Атанас Близнакоф“, во стратешка соработка со организацијата Македонија2025 и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), со задоволство го најавува отворањето на новиот повик за доделување стипендии за студентска извонредност за академската 2026/2027 година. Овој повик е наменет за сите редовни студенти кои се запишуваат на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основната мисија на оваа ...

Францускиот прволигаш Монако објави дека Себастијан Покоњоли заминува од функцијата главен тренер. Белгиецот го презеде тимот во октомври 2025 година. Под негово водство, тимот од кнежевството одиграа 38 натпревари во сите натпреварувања, од кои победија на 16, загубија на 13 и одиграа 9 нерешено. На крајот од минатата сезона, Монако го освои 7-мо место на табелата во Лига 1, освојувајќи 54 бода. sportmedia.mk Францускиот прволигаш Монако ...

Се очекува бурата да донесе до 350 милиметри дожд во регионот Кинки во следните 24 часа, додека тајфунот Јангми би можел да донесе и обилни врнежи од дожд по должината на тихоокеанскиот брег на Јапонија за време на неговото понатамошно приближување кон копното, објавува NHK. Тајфунот Јангми веќе предизвика сериозни прекини во воздушниот сообраќај во Јапонија, а може да влијае и на железничкиот сообраќај, вклучувајќи ги и брзите возови ...

Премиерот Христијан Мицкоски, пред денешната средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта истакна дека ставот на земјата е непроменлив во поглед на условот за продолжување на преговорите со Европската Унија. – Немам намера како претседател на Влада да поддржам авантура, без притоа да знам дека ќе има извесен крај. Ние покажуваме дека сме компетитивни, дека имаме капацитет, знаеме и сакаме да го изодиме овој процес бргу. Имаме ...

Град Скопје спроведува засилени активности за уредување и подобрување на јавниот простор низ целата територија на градот, паралелно со тековните инфраструктурни проекти. Во рамки на активностите се работи на обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација и замена на дотраените сообраќајни знаци, со цел зголемување на безбедноста и подобра организација на сообраќајот на градските булевари и улици. Паралелно, долж клучните ...

„Денес сум без зборови поради овој злобен чин и она што тој ѝ го направи на нашата заедница“, изјави началникот на полицијата во Мускатин, Ентони Киз, на прес-конференција во понеделник. Според полицијата, во серија убиства, жртвите биле убиени во две куќи и една деловна зграда, а случајот се третира како семејно насилство, објавува ABC. Пукањето било пријавено околу 12:12 часот по локално време во понеделник, а првите реагирачи пронашле ...

Вчеравечер на телевизиско интервју, поранешниот претседател на државата и еден од главните идеолози на СДС, Стево Пендаровски, во интервју на јавниот сервис призна дека вработен од неговиот кабинет снимал видео и аудио од разговори на состаноци на државниот врв. Според кажувањето на Пендаровски, на ваквите состаноци присуствувал Зоран Заев како премиер и останати лидери на политички партии на тогашната власт, меѓу кои и лидерот на ДУИ, Али ...

Македонија е единствена држава која што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот “Риштази”. – Во следните неколку недели се отвараат 5 нови линии. Австрија Ерлајнс почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг летовите од Виена. Визер почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот ...

Вилијам Салиба, сепак, ќе може да игра на Светското првенство. Иако вчера беше објавено дека учеството на дефанзивецот на Арсенал и Франција на Светското првенство е доведено во прашање поради повреда на грбот, сепак, стигнуваат оптимистички вести. Според „РМЦ Спорт“, тестовите на играчот направени вчера дале охрабрувачки резултати. Салиба ќе им се придружи на своите соиграчи од репрезентацијата во вторник и веројатно ќе има право да ...

Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на ...

Шест лица беа убиени во Дњепарк, а 36 беа повредени по нападите во раните утрински часови. Четири лица сe убиени во Киев, а најмалку 51 се повредени - од кои 35 се во болница, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две високи станбени згради се погодени во градот и дека постојат стравувања дека луѓе се заробени под урнатините. Москва минатата недела предупреди дека ќе започне напади врз Украина како ...

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На одделни места се очекува појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови од земјата повремено ќе биде и засилен од западен правец, со брзина што локално може да надмине 60 километри на час. Во Скопје се очекува претежно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради ескалацијата на конфликтот во Либан од страна на Израел, за време на телефонски разговор исполнет со навреди и пцовки. Според двајца американски функционери и друг извор запознаен со разговорот, Трамп го нарекол Нетанјаху „луд“ и го обвинил дека е неблагодарен. Во исто време, тој го спречил израелскиот напад врз Бејрут. Разговорот се случил откако ...

Изградбата на автопатот Требениште - Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди неговата траса, вели министерот за транспорт Александар Николоски. Според него, УНЕСКО вели оваа траса е проблематична, но ќе се види финално што ќе кажат крај на јуни, почеток на јули. Како што информираат од Министерството за транспорт, Николовски нагласува дека ќе се направат сите напори да се покаже дека трасата е добра. -Ние ќе се ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. ...

Туристите, како и мештаните, кои ќе се шетаат во костим за капење надвор од плажата во Улцињ, би можеле да платат казна од 150 до 500 евра. Ова произлегува од изменетата Одлука за комунален ред што ја усвои Собранието на Улцињ минатата недела, со која се воведуваат нови правила на однесување за заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредниот изглед на јавните површини, пишува Vijesti.me. Забрана за одење во костим за капење Во ...

Британската влада објави втора серија документи за назначувањето на поранешниот пратеник Питер Манделсон за амбасадор во Вашингтон, откако неговата кандидатура покрена прашања за проценката на британскиот премиер Кир Стармер за врските на Манделсон со осудениот милијардер педофил Џефри Епштајн. Се очекува новите документи да вклучуваат преписка меѓу Манделсон и министри и пратеници, објави Би-Би-Си. Peter Mandelson refused to hand over his ...

Поранешниот претседател Стево Пендаровски најави дека би се вратил во политиката само доколку се создадат услови за формирање сериозна, широка и голема опозициска коалиција која би имала шанса да ја порази актуелната власт. Во интервју за СОРОСОДИТЕ „360 степени“ на МРТ 1, Пендаровски рече дека во овој момент не гледа такви претпоставки, но не ја исклучува можноста тие да се создадат во наредната година или подоцна. „Јас би се вратил во ...

Токму овој фустан беше инспирација за создавањето на Google Image Search. Иако возбудата околу една комбинација е тешко да се повтори, Лопез дури и не се обидува бидејќи многу добро знае што ѝ одговара стилски. Фустан во боја на жалфија Минатата недела, во среда, актерката се појави на 25-то издание на Меѓународниот фестивал на латино филм во Лос Анџелес (LALIFF), каде што привлече внимание во фустан во боја на жалфија од брендот Bronx and ...

Освојувачот на Лигата на шампионите на УЕФА и оваа година, екипата на ПСЖ се искачи на првото место по вкупна вредност на тимот, надминувајќи ги шпанскиот клуб Реал Мадрид и англискиот клуб Манчестер Сити. Според „Трансфермаркт“, вкупната вредност на играчите на парискиот клуб сега е 1,37 милијарди евра. Реал Мадрид падна на второто место. Играчите на клубот се проценети на 1,34 милијарди евра. Манчестер Сити (1,32 милијарди евра) ги ...

Одлуката беше донесена по серија жестоки судири меѓу демонстрантите и полициските сили. Полицискиот час околу комплексот Делани Хол ќе биде на сила секоја вечер од 21:00 до 6:00 часот наутро додека не се укине, потврди градоначалникот Рас Барака во официјално соопштение. Овој радикален потег следеше по уште една ноќ на напнати конфронтации меѓу органите за спроведување на законот и демонстрантите пред самиот објект. На фотографиите и видеата ...

Најавата за построги регулативи дојде еден месец откако Пекинг ѝ наложи на Мета да го поништи преземањето на стартапот за вештачка интелигенција Манус. Новите регулативи треба да стапат во сила на 1 јули, а еден од најзначајните членови на новите закони налага добивање извозни лиценци за одредени категории стоки, технологија, услуги или поврзани податоци. Новите регулативи ќе му дадат на Пекинг за прв пат сеопфатна и формализирана правна ...

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) објави голем број промени во правилата што ќе стапат на сила за натпреварите на претстојното Светско првенство. Многу од нив имаат за цел да го ограничат и санкционираат секој обид за одолговлекување на натпреварот. Овластувањата на VAR исто така се зголемуваат, како и казните за играчите кои се однесуваат на несоодветен начин, вклучително и протести против одлуките на судиите. Ќе има ...

Макрон се огласи на социјалните мрежи за да каже дека детално разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток со Трамп. „Ги пофалив решителните напори што ги предводи за постигнување договор меѓу САД и Иран што е можно поскоро. Ова претставува единствена можност за изградба на нова безбедносна рамка што ќе ги вклучи сите заинтересирани страни и ќе овозможи трајна стабилизација на регионот“, напиша францускиот претседател. „Меѓународна мисија ...

Хрватскиот фудбалски сојуз на својата официјална веб-страница го објави списокот на репрезентативци со кои „коцкестите“ ќе патуваат на Светското првенство во 2026 година. Во изборот на селекторот Златко Далиќ се најдоа: Голмани: Доминик Ливаковиќ (Динамо Загреб), Доминик Котарски (Копенхаген), Ивор Пандур (Хал Сити). Одбрана: Јошко Гвардиол (Манчестер Сити), Дуе Чалета-Цар (Реал Сосиедад), Јосип Шутало (Ајакс), Јосип Станишиќ (Баерн Минхен), ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Калај

53.60

Бакар

13.01

Цинк

0.00