Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Светската здравствена организација соопшти дека ризикот за јавноста од хантавирус останува многу низок, и покрај епидемијата регистрирана на крузерот „MV Hondius“, каде што починаа три лица, а неколку други беа заразени. Жртвите се брачен пар од Холандија и жена од Германија, додека случаите се поврзани со варијантата „Анд“, единствениот вид хантавирус што може да се пренесе од човек на човек. Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, изјави ...
Министерот за транспорт Александар Николоски во „Ноќно студио“ рече дека Македонија нема проблем со снабдување на керозин, и дека има резерви за 90 дена. „Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што прават снабдување од тука. Имаме резерви на керозин за 90 дена, законски е 60 ...
На 9 мај, ЕУ му оддава почит на поранешниот француски министер за надворешни работи, Роберт Шуман, кој ја формулирал идејата за ЕУ на 9 мај 1950 година. Од 1985 година, шефовите на држави и влади одлучија да го прослават 9 мај како Ден на Европа. На 23 јули 1952 година, во Европа стапи на сила Европската заедница за јаглен и челик. Европската заедница за јаглен и челик беше јадрото на Европската економска заедница, која беше основана во 1957 ...
На 08.05.2026 во периодот од 14:30 до 19:00 часот во Гостивар и гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.А.(24) и Д.Ш. (24) во Гостивар и Л.Г.(20) во с.Долна Бањица, гостиварско. При преглед кај лицето Е.А. е пронајден и одземен мобилен телефон и предмети со остатоци од наркотична дрога. Врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници извршиле ...
Министерот за транспорт Александар Николоски во поткастот „Ноќно студио“, зборуваше за автопатските делници. Тој кажа дека во 2025 година делниците што ги гради „Бехтел и Енка“ е отворен фронт за 90% во 2025 година, споредбено со 2024 година, и очекува нов раст годинава од 70%. “Сега, со оглед на тоа дека завршните сметки се готови, можете да видите дека Бехтел има 90% раст кога ќе ги споредите 2024 со 2025 година, што значи дека она што го ...
Авионската индустрија трпи големи штети од војната во Иран, смета Виктор Митевски од здружението „ЗМАИ“ кој гостува вечерва во Бизнис21 на ТВ21. Тој вели дека намалување на капацитетите на авионската индустрија, носи и укинување на работни места, намален туризам и се што е поврзано со авио сообраќај. „Само вчера се откажаа 13.000 летови. Авионската индустрија ќе работи со помали капацитети, а тоа значи намалување на работни места, се што е ...
Вечерва во Бизнис21 на ТВ21 дебатираме со тројца соговорници. Славе Ивановски, експерт по енергетика, Дејан Димовски енергетичар од „Инженери на Македонија“ и Виктор Митевски од здружението „ЗМАИ“. Главна тема беше енергетската криза предизвикана од војната помеѓу САД и Иран, и блокирањето на Ормутскиот теснец. Славе Ивановски рече дека светот не смее да си дозволи поради параноични испади да се најде во нова економска криза. „Договор е ...
Кризата со нафта и со енергенси предизвикани од конфликтот во Иран, се главна тема во вечерашното издание на Бизнис 21 на ТВ21. Дејан Димовски од „Инженери на Македонија“ вели дека кризата е настаната поради тоа што САД се чувствуваат загрозени од Кина, и дека целата војна е да се спречи патот на нафтата кон Кина. „Не би се обидел директно да прогнозирам што ќе се случи. Потенцијално е јасно дека САД и Израел го нападнаа Иран, и целта не е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе биде воспоставено тридневно примирје меѓу Русија и Украина од 9 до 11 мај. Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето сите борбени активности ќе бидат суспендирани и ќе се изврши размена на 1.000 воени заробеници од секоја страна. „Со задоволство објавувам дека ќе биде воспоставено ТРИДНЕВНО ПРИМИРЈЕ (9, 10 и 11 мај) во војната меѓу ...
Една од најпопуларните музички групи во Македонија, „Архангел“, после две децении промовираше нова песна. „Дни оловни“ најавува нови креативни возбудувања!, велат од групата. Песната е објавена на каналот „Јутјуб“, а од Архангел најавија наскоро и видео запис. Оваа песна е најава пред нивниот концерт во Скопје кој е закажан за 13. јуни. Една од најпопуларните музички групи во Македонија, „Архангел“, после две децении промовираше нова ...
Припадници на Армијата на Македонија, како дел од мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина, учествуваа во спасувачка акција при сообраќајна несреќа во близина на Тузла. Според информациите, инцидентот се случил вчера, 7 мај, околу 14 часот, кога патрола на ЕУФОР составена од војници од армиите на Турција и Македонија забележала возило „Фолксваген Голф 5“ кое изгубило контрола на магистралниот пат кај Тузла, меѓу 24-тиот и 25-тиот километар. ...
Раскинатиот договор со босанската компанија Енергоинвест за изградба на 400 киловолтниот далекувод Битола – Елбасан завршува на арбитража. МЕПСО пред два дена ја обжалил одлуката на предарбитражното тело за решавање на спорови кое одлучи дека раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија е неоправдано и дека Енергоинвест има право да бара оштета од 6 милиони евра. Од МЕПСО велат дека пред да ја пуштат жалбата се ...
Почна акцијата „Генералка викенд“, каде волонтери, ученици и вработени во јавните претпријатија започнаа да собираат отпад, почнувајќи од кејот на Вардар во Скопје. Во акцијата учествуваше и претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, која рече дека секој ден треба да го започнуваме со чистење, земајќи ги Јапонците како пример. -Мислам дека е многу добро секој ден да се започнува вака, имитирајќи ги Јапонците. Мислам дека знаете ...
Предлог-законот за правична застапеност го враќа југословенскиот модел и го легализира исклучувањето, изјави потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Додаде дека балансерот како задолжителен механизам за правична застапеност не може да има никаква замена. -Тој закон е за да се легализира исклучувањето. Буквално начин за легализирање на исклучувањата. И реков дека треба да направиме физички отпор во Собранието за да го спречиме неговото ...
Со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 „воздржани“, Народното собрание на Бугарија ја избра новата влада предводена од Румен Радев. Владината структура ја поддржаа само пратениците на „Прогресивна Бугарија“ – новоформираната партија на Радев, која убедливо победи на парламентарните избори. Новата влада се состои од премиер, четири вицепремиери и 18 министри. По формирањето на новата влада во Бугарија, политички препукувања меѓу партиите во ...
Утре, на 9 мај, на Денот на Европа, ВЛЕН станува една партија. Пет партии се спојуваат во еден единствен политички субјект. Но две имиња нема да бидат дел од новата партија, иако сè уште ги извршуваат своите функции, барем до реконструкцијата на Владата – министерот Фатмир Лимани и вицепремиерот Арбен Фетаи. За еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, ова не претставува пречка, бидејќи станува збор за поединци. – Кога зборуваме за субјекти, ...
Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски не очекува подобрување на односните со Бугарија и тоа затоа што во Македонија има, како што рече „котиња“ од СДСМ кои што коленичат за „жолтици“ и ги распродаваат македонските национални интереси. Мицкоски изјави дека не гледа пречка да го покани на средба бугарскиот премиер Румен Радев за да разговараат за сите прашања. „Инаку што се однесува до господинот Радев, јас кога победи следниот ден утрото ...
Над 850 делегати се очекува да учествуваат на конгресот за обединување на ВЛЕН. Партијата ќе биде од десниот центар, соопшти на прес-конференција портпаролот Дритон Сулејмани. Тој додаде дека обединувањето во една партија не е организациска одлука, туку акт на одговорност кон граѓаните и доказ дека кога заедничкиот интерес ги надминува теснопартиските интереси, политиката може да создава решенија, а не поделби. Посочи дека партијата ВЛЕН ќе ...
Управители на две фирми и петмина вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреби при јавна набавка, откако Финансиската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје. Според пријавата, во 2021 година осомничените координирано ја нарушиле конкуренцијата во постапка за продажба на хаварисани возила како старо железо. Една фирма била прикажана како формален конкурент и доставила понуда со намерна техничка ...
Не станува збор за никакво „масакрирање“ на албанскиот јазик и тоа е чиста манипулација. Албанскиот јазик е уставна категорија и никој нема да го чепне. Со овие зборови претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во Клик Плус одговори на обвинувањата на генералниот секретар на ДУИ, Арбр Адеми. „Не знам од каде му е рефератот, но како и да е, не станува збор за никакво масакрирање на албанскиот јазик. Јас повеќе пати имам досега имам ...
Заканите од ученик во основното училиште „Стив Наумов“ во Битолско предизвикаа паника кај учениците и родителите, откако во училиштето беа пронајдени листови со пораки за безбедносни закани. Според родителите, ученикот претходно испраќал закани и навредливи пораки преку социјалните мрежи и надвор од училиштето, додека последната закана содржела и конкретен датум. Случајот е пријавен во полиција и во Центарот за социјална работа, додека ...
„Беше императив на времето, ВЛЕН да биде едно и да зборува со еден глас“, изјави Изет Меџити еден ден пред Конгресот на обединувањето и додаде дека Албанците континуирано се соочувале со политички монопол или биле поделени во многу субјекти и фракции. Меџити рече дека ова е нов почеток, посочувајќи дека се отворени за сите што сакаат да бидат дел од ВЛЕН, од различни профили. „Не завршува тука, ВЛЕН ќе биде отворен и за независните ...
Генерацијата У15 на ФК „Шкупи“ е прогласена за шампион на Регионалната лига во Македонија за сезоната 2025/26, завршувајќи го првенството со позитивни резултати и стабилни настапи во текот на целата сезона. Младинскиот тим успеа да го обезбеди врвот на табелата благодарение на добрата организација во играта, тактичката дисциплина и квалитетните настапи во клучните натпревари. Екипата беше предводена од тренерката Алиса Виши, која во текот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „многу повисоки“ царини до 4 јули, доколку блокот не ги намали царините кон САД на нула. По телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Трамп изјави дека се согласил да им даде рок до „250-годишнината на нашата држава, или во спротивно нивните царини веднаш ќе се зголемат на многу повисоки нивоа“. Сепак, фон дер Лајен изјави дека ...
Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми, реагираше по интервјуто на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, обвинувајќи го за, како што вели, манипулации и намера за укинување на клучни одредби од Законот за јазиците. Адеми во својата реакција истакнува дека „единствениот што манипулира во овој случај е Дарко Костадиновски“, додавајќи дека со неговите изјави само се потврдува намерата за ...
Трет британски државјанин се сомничи дека е заразен со хантавирус по појавата на заразата на туристичкиот брод MV Hondius, соопштија британските власти. Пациентот моментално се наоѓа на оддалечениот атлантски остров Тристан да Куња, каде што бродот застанал во средината на април. Двајца други британски државјани веќе биле позитивни на хантавирус. Еден од нив е во стабилна состојба во Холандија, откако бил евакуиран од бродот во средата, ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 08 Мај 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...
Ѓ.С. од Тетово освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ вреден фантастични 7.693.307 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Моцарт на 28.04.2026 година во Тетово. Среќната игра е Фламинг хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот. Во периодот од 27.04.2026 до 03.05.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 14.012.512 денари кон играчите на ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Н.И., Б.Г. во својство на управители на правни лица, против две правни лица, како и против пет лица вработени во Агенција за управување со одземен имот Ф.А., Г.А., П.К., Ф.Ј. и А.Б., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или ...
Политички реакции пристигнуваат по најновите изјави на претставници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја обвинуваат опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за, како што наведуваат, попустлив однос кон Бугарија и надворешнополитички прашања. Според партискиот став на Манасиевски, СДСM и Филипче „немаат црвени линии“ и се подготвени да прават нови отстапки само за да дојдат или останат на власт. Во реакцијата се наведува дека Филипче јавно изразува ...