„ВЛЕН е фактор што може да направи разлика“, изјави аналитичарот Ибрахим Мехмети во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, додавајќи дека сè зависи од начинот на кој ќе дејствуваат и ќе се организираат. Според него, формирањето на ВЛЕН не е мал чекор ако се имаат предвид егото и интересите на албанските лидери генерално. Мехмети рече дека, и покрај сè, постојат незадоволства кај одредени поединци, нагласувајќи дека имало луѓе кои биле вклучени во ...

Бројот на пратеници од Лабуристичката партија кои јавно бараат оставка од британскиот премиер Кир Стармер се искачи на 64, јавува BBC. Според британскиот медиум, станува збор за пратеници кои преку јавни изјави или интервјуа побарале Стармер да се повлече или да одреди временска рамка за заминување од функцијата, по лошите резултати на последните избори. Во меѓувреме, претседателката на Лабуристичката партија Ана Турли повторно ја изрази ...

Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. ...

Бугарската министерка за надворешни работи Весислава Петрова-Чамова од Брисел порача дека Северна Македонија треба да се придржува кон договореното од 2022 година и да ги направи неопходните политички чекори за продолжување на евроинтегративниот процес, додека македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски реагираше на нејзините изјави, посочувајќи дека тие немале официјална билатерална средба и дека користењето на терминот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето меѓу САД и Иран се наоѓа во кревка состојба и може да се распадне во секој момент. За време на обраќање од Белата куќа, Трамп рече дека актуелниот договор останува слаб и без јасни гаранции за долгорочна стабилност. Тој изрази загриженост и за збогатениот ураниум на Иран, оценувајќи го како многу опасен материјал. Според Трамп, првично постоел договор за негово отстранување, но ...

Оштетените улици во Визбегово остануваат долгогодишен предизвик за жителите и бизнисите во оваа скопска населба, кои секојдневно се соочуваат со запоставена инфраструктура. „Населбата Визбегово се наоѓа само неколку километри од центарот на Скопје, но речиси сите улици се неасфалтирани. Она што може да се забележи зад мене е дека и неколку паркирани возила се покриени со прашина“, вели репортерката на ТВ21. Прашината во лето, калта во ...

Европската унија остро ги критикуваше последните потези на рускиот претседател Владимир Путин, при што шефицата на европската дипломатија Каја Калас оцени дека рускиот лидер се наоѓа во „послаба позиција од кога било досега“. Говорејќи пред медиумите во Брисел, Калас ги осуди повиците на Путин за прекин на огнот за време на одбележувањето на руската воена парада, нарекувајќи ги „многу цинични“. Според неа, додека Москва повикува на примирје, ...

Во организација на Министерството за култура и туризам денеска во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој на државата. Во своето обраќање министерот нагласи дека новата ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се обидува да ѝ ја фактурира на Европската Унија одговорноста за неспроведувањето на реформите. Филипче рече дека изјавите на министерот Тимчо Муцунски во Брисел се класична политичка манипулација, зборувајќи едно пред граѓаните на Македонија, а друго во Брисел. „Муцунски грмеше во Брисел, Тимчо. Тоа веќе звучи смешно само по себе. Но она што воопшто не е смешно е што ...

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на YouTube. Цртаниот филм има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување. Видеото е достапно на македонски јазик, а дополнително е ...

Американски и француски државјанин кои се вратиле во своите матични земји откако го напуштиле крузерот погоден од смртоносна епидемија на хантавирус, се позитивни на тестот, соопштија властите. Министерството за здравство на САД објави дека втор американски државјанин на летот за репатријација, исто така, покажал благи симптоми, додавајќи дека двајцата патници биле вратени во „единица за биоконтрола“ како безбедносна мерка на претпазливост. ...

Четвртата седница на работната група за реформи во изборното законодавство се одржа денеска. На истата продолжи разгледувањето на препораките за унпаредување на Изборниот законок, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Во однос на учеството на СДСМ , беше истакнато дека до Министерството за правда сѐ уште не е доставено официјално писмено известување за нивно повлекување од процесот. Во таа насока, беше изразено очекување дека партијата ќе ја ...

Франција воведе строги мерки за спречување на ширењето на хантавирусот откако еден од пет патници вратени од крузер кој стана епицентар на епидемијата беше потврден дека е заразен. Новата регулатива предвидува дека патниците, како и сите лица со кои биле во контакт или се изложени на „сериозен ризик од инфекција“, можат да бидат сместени во изолација до 42 дена. Француската министерка за здравство Стефани Рист потврди дека граѓанката е ...

Во Апелациониот суд денеска беа разгледувани жалби поврзани со пресудата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски. За овој грозоморен чин, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Но, тие побараа укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судењео. Во исто време Обвинителството бара да се преиспита ослободителната пресуда за таткото ...

Берлинскиот процес повторно ги собра министрите за економија и труд од Западен Балкан во германската престолнина. Во фокусот на средбата беа законските реформи, борбата против емиграцијата и усогласувањето на пазарот на трудот со европските стандарди. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, од Берлин нагласи дека Македонија останува пример за регионот во однос на активните мерки за вработување. „Денеска, по покана на Сојузното министерство на ...

Европската Унија испрати порака дека вратите остануваат отворени за сите држави од Западен Балкан. Пораките беа испратени од седницата на Советот за надворешни работи на Европската Унија, која се одржа во Брисел, а на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Но, најголемо задоволство е за Црна Гора, која според Брисел е на милиметри до членство во Европската Унија. Добри вести добија и Македонија и Албанија. ...

Рекорден пораст на бројот на патници од 32,4% бележат двата аеродроми во Македонија, во Скопје и во Охрид, сооошти ТАВ Македонија. Овој раст е забележан во првите 4 месеци, каде вкупно биле опслужени 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродроми опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7%. „ТАВ Македонија продолжува да бележи рекордно двоцифрено зголемување на патничкиот ...

Министерката за образование и наука најави лиценцирање на училишни психолози, за да можат да идентификуваат различни видови проблеми во училиштата и да преземат соодветни мерки. Таа рече дека од Комората на психолози ќе се бара да организира дополнителна обука за психолози, бидејќи некои од нив студирале според стари програми, а други според нови програми. Во врска со случаите на педофилија кај наставниците, Јаневска изјави дека има многу ...

Бројот на затвореници во швајцарските затвори достигна 7.119 на 31 јануари 2026 година, што е највисока бројка од почетокот на статистиката, според извештајот на Федералниот завод за статистика (FSO), објавен денес. Големиот број затвореници доведе до национална стапка на зафатеност на затворите од 97 проценти, објави Swiss Info. Од вкупно 7.119 затвореници, 63 проценти издржуваат затворски казни или мерки изречени од суд, 31 процент биле во ...

Во АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје денес и утре се одржува Национален натпревар на вештини, во организација на Занаетчиска комора Скопје со поддршка од Европската унија. На натпреварот учествуваат ученици од средни стручни училишта, а успешен настап им посакаа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, директорот на Центарот за развој ...

Од 31 километар предвидени за автопатот Гостивар–Букојчани, 11 километри се реализирани. Ова е најтешкиот дел, бидејќи целиот е планински дел и има многу мостови за изградба. За време на денешната инспекција беше констатирано дека градежните активности се развиваат со засилена динамика на неколку точки долж трасите. Во меѓувреме се работи на експропријацијата на уште 20 километри. „Овие коридори 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава ...

„Навреда за сите млади, врв на лицемерие и цинизам е повикот на Христијан Мицкоски младите да не се иселуваат“, велат од СДСМ, обвинувајќи ја власта за се поголемото иселување на младите од земјава. „Младите поради него и криминалната организација ВМРО сакаат да се иселат, поради криминалот, корупцијата, сиромаштијата, немањето систем, партизацијата. Мицкоски им ја краде иднина на младите. Со намерното блокирање на европскиот пат најголема ...

На 10.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека на 07.05.2026 околу 13:00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината ќерка М.М.. На 11.05.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, дека во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, физички го нападнал. На ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, Коце Трајановски, остварија работна посета на инфраструктурните проекти што се реализираат во западниот дел од Коридорот 8. По увидот во градежните работи на автопатите Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, вицепремиерот Николоски нагласи дека работите се изведуваат со потребната ...

Од вечерва на полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата. Регулаторна комисија ги соопшти новите цени, и донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78%во однос на одлуката од 4.5.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,444%, кај дизелот за 6,073%, кај екстра лесното ...

Следејќи ги современите трендови во финансискиот сектор и растечките потреби на клиентите за поголема диверзификација и пристап до глобални инвестициски можности, Халкбанк АД Скопје ја проширува својата понуда со нова услуга, инвестирање во хартии од вредност на странски пазари. Новата услуга претставува уникатна можност на домашниот пазар, клиентите преку една доверлива институција да добијат интегриран пристап до локални, регионални и ...

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна средина, комунална опрема и одржлива урбана инфраструктура. Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската ...

Во јавната политичка размена денеска СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно разменија спротивставени ставови околу уставните измени и нивното влијание врз македонскиот идентитет и евроинтеграциите. Од СДСМ, преку прес-конференција на портпаролката Богданка Кузеска, порачаа дека вклучувањето на малцинствата во Уставот не го загрозува, туку го зајакнува македонскиот национален идентитет. Според нив, ваквиот чекор придонесува за поголема кохезија во ...

Европската Унија испраќа јасна порака дека процесот на проширување останува отворен, но сè понагласено условен со конкретни резултати во реформите, владеењето на правото и функционалноста на институциите. Тоа беше поентата во изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос, дадена пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел. Таа нагласи дека сите земји од Западен Балкан имаат европска перспектива, но дека напредокот ќе зависи исклучиво од ...

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата позната како „Купишта“, е затекнат камион кој незаконски одложувал градежен отпад, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром. Од општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, истакнуваат од општината. ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
90%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
62%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
45%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Злато

135639.33