Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Според извештај на Ројтерс , Саудиска Арабија извршила претходно ненајавени воздушни напади врз Иран како одговор на нападите што Техеран ги извршил на саудиска територија за време на војната на Блискиот Исток. Двајца западни и двајца ирански претставници изјавија дека саудиските воздушни напади биле извршени од страна на саудиските воздухопловни сили кон крајот на март. Еден од претставниците ги опиша како „одмазднички напади“ по претходните ...
Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, објави дека е потпишан договор со Синдикатот на работниците за зголемување на платите на општинската администрација за 7 проценти од основната плата за следните три години, објавува ТВ21. Според Касами, одлуката има за цел да ги поддржи вработените и да создаде помотивирана и поценета администрација. „Уште еден важен чекор за евалуација на општинската администрација! Денес, заедно со Синдикатот ...
За време на дербито помеѓу Ал-Наср и Ал-Хилал, се случи сериозен инцидент на трибините, кога навивачи на Ал-Наср, клубот каде што игра Кристијано Роналдо, насилно влегоа од ВИП делот на противничките навивачки трибини. Според видеата што кружат на социјалните мрежи, ситуацијата во еден момент повеќе личела на улична тепачка отколку на инцидент на фудбалски натпревар, бидејќи некои навивачи биле видени како маваат со стапови и предизвикуваат ...
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, е повикан во полициска станица на распит. Според Министерството за внатрешни работи, Николовски бил испрашуван од инспектор од Одделот за економски криминал и корупција. „Активностите се во тек, по што соодветно ќе ја информираме јавноста“, соопшти Министерството за внатрешни работи, без да даде дополнителни детали. Преку објава на својот Фејсбук профил, реагираше и ...
Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија,Рамсторе Македонија ДОО, Ве информираме дека започнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор. Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран согласно сите безбедносни и ...
Во период на интензивна дигитализација на финансискиот сектор, Flex Group ја потврди својата стратешка доминација со уште еден клучен деловен успех. Нивната членка, Flex Pay, официјално доби дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија за работење како институција за електронски пари. Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно дигитализирани платежни ...
Во руските напади врз регионот Дњепропетровск синоќа загинаа осум лица, а единаесет беа повредени. Руските сили нападнаа три области речиси 30 пати во текот на вчерашниот ден, пишува „Украинска правда“. Во Криви Рог загинаа две лица, 65-годишна жена и 43-годишен маж, додека четири лица се повредени, меѓу кои и деветмесечно бебе. Тројца од повредените лица се хоспитализирани, од кои 50-годишен маж е во критична состојба. Во округот ...
Илон Маск е само еден од истакнатите американски бизнис лидери што го придружуваат американскиот претседател Доналд Трамп на неговата државна посета на Кина оваа недела. Портпаролката на Белата куќа потврди дека Маск се качил во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, кој полетал за Пекинг, објави Ројтерс. Најбогатиот човек во светот, кој моментално е во правен спор со шефот на компанијата OpenAI во Калифорнија, е дел од групата директори ...
Јапонскиот архипелаг Изу денес беше погоден од земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 457 километри и на 486 километри од градот Хамамацу. Пред овој, Јапонија беше погодена од уште еден земјотрес, со интензитет од 4,9 степени, источно од островот Хокаидо. Епицентарот на тој земјотрес бил исто ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва информираше дека во една скопска населба бил заловен волк, кој, како што посочи, незаконски бил чуван како домашно милениче. Според неговата објава на социјалните мрежи, животното било пронајдено со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните институции. „Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја ...
Еден суд во Италија донел историска одлука со која на 4-годишно дете му се признаваат три законски родители — двајца татковци и една мајка, што предизвика остри реакции кај конзервативните католички кругови. Одлуката била објавена од неколку италијански медиуми и потврдена од адвокатот Паска Манфреди, кој застапува еден од татковците на детето. Детето е родено во Германија и живее таму со двајца мажи во брак. Едниот од нив е биолошкиот ...
70-от Евровизиски натпревар започна, а Австрија ќе биде домаќин на натпреварот во Виенскиот градски театар „Винер Штадхале“. Оваа година се натпреваруваат 35 земји, а Обединетото Кралство, Франција, Германија и Италија директно се квалификуваат за финалето како најголеми финансиери. Заедно со нив, Австрија е исто така во финалето како минатогодишен победник и домаќин. Сепак, неколку истакнати земји недостасуваат од овогодинешниот список на ...
Велика Британија ќе испрати опрема за автономни противмерки за мини, борбени авиони „Тајфун“ и воениот брод „ХМС Драгон“ во мултинационална одбранбена мисија за обезбедување на бродскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, објави министерот за одбрана Џон Хили во вторник за време на виртуелен самит со повеќе од 40 колеги од земјите вклучени во мисијата, која ќе стане оперативна штом условите дозволат, објави Ројтерс. „Заедно со нашите сојузници, ...
Иран нема да влезе во втората рунда разговори со САД додека не се исполнат пет услови за градење доверба, објави денес новинската агенција Фарс, повикувајќи се на добро информиран извор, пренесува Анадолу. Изворот рече дека Техеран ги смета овие услови за „минимални гаранции“ потребни за започнување какви било нови разговори со Вашингтон. Пет ирански услови Според извештајот, иранските услови вклучуваат „прекин на војната на сите фронтови, ...
Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, кој ќе биде доставен до Собранието на понатамошна постапка. Со ова, како што беше истакнато, започнува нова, поостра фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите што со години ги засегаат граѓаните, особено младите и семејствата. Владиниот портпарол Венера Азизи соопшти ...
Трагична вест го потресе светот на кошарката и најпопуларната професионална кошаркарска лига НБА. Крилниот играч на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк почина на 29-годишна возраст, соопшти неговата агенција „Приорити спортс“, притоа не соопштувајќи ја причината за смртта. Веста за неговата смрт го потресе кошаркарскиот свет. Кларк се опоравуваше од тешката повреда и проблемите кои ги имаше надвор од теренот. Кларк беше избран како 21-ви пик на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пристигнува во Кина на важен состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг, во период на засилени геополитички тензии и чувствителни економски односи меѓу двете најголеми светски сили. Средбата, која претходно беше одложена поради кризата на Блискиот Исток и војната со Иран, се очекува да биде насочена кон трговските односи, состојбата во Персискиот Залив, енергетската безбедност и прашањето на ...
Евровизискиот натпревар за песна е пред почеток, кој оваа година ќе се одржи во Виена. 35 уметници ќе се натпреваруваат за престижниот трофеј, а австриската престолнина е домаќин на натпреварот по трет пат во историјата, по 1967 и 2015 година. Австрија ги обезбеди правата за домаќинство со победата на Џеј-Џеј со песната „Wasted Love“ минатата година во Базел, а Финска, Грција и Данска се моментално фаворити оваа година. Во текот на три ноќи, ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Братислава, Словачка заедно со останатите високи гости на свечен начин го означи отворањето на Меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB на кој над 150 излагачи од 16 земји претставија нови и современи воени системи и опрема. На маргините на саемот министерот Мисајловски имаше две одвоени средби со неговиот колега и домаќин, министерот за одбрана на Словачка, Роберт ...
-Оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства. Вие сте столбот на здравствената заштита. Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем – од превенција и ...
На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – ...
И покрај силниот притисок да поднесе оставка по катастрофалните изборни резултати за неговата Лабуристичката партија, британскиот премиер Кир Стармер засега успеа да обезбеди привремена поддршка. Денешниот состанок на владата заврши со јавен израз на поддршка од неговите клучни сојузници кои останаа покрај него. Сепак, демонстрацијата на доверба имаше цена и можеби нема да трае долго. Четворица владини министри, меѓу кои и министерката во ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска за време на посетата на Црна Гора изјави дека постојат актери кои се обидуваат да го вратат Западен Балкан назад и да го дестабилизираат регионот, но дека НАТО е посветен на тоа сите проблеми од минатото да останат во минатото. „Ќе ја идентификуваме и ќе ѝ се спротивставиме на секоја злонамерна активност на територијата на НАТО“, изјави Руте на прес-конференцијата со премиерот на Црна Гора, ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската Унија работи на закон кој има цел да ги ограничи бизнис-моделите на социјалните мрежи, со цел заштита на децата и младите. Многубројните штети што им се нанесуваат на децата и адолесцентите од изложеноста на социјалните мрежи не се случајност, „туку резултат на бизнис-модели кои вниманието на нашите деца го третираат како стока“, рече таа за време на говор во ...
Државниот обвинител Ненад Савески за Фокус потврди дека од Републичкото јавно обвинителство не било побарано мислење пред да биде затворена истрагата за спорните набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, Васко Ковачевски и уште 11 лица. Обвинителката од ОЈОГОКК, Катерина Коларевиќ, која ја водеше истрагата, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека лично ја донела одлуката за затворање на ...
Министерот за транспорт Александар Николоски, денеска на „Фејсбук“ објави фотографија од изградбата на т.н. Галерија, со која се спречува свлечиште на автопатот Охрид – Кичево. Тој најави дека вакви галерии на оваа делница ќе има 14. „Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. ...
Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го реконструираше мултифункционалното игралиште во состав на ООУ „Маршал Тито“. За реконструкцијата на игралиштето, Видеолотарија донираше 4.350.000 денари. Како општествено одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија континуирано инвестира во проекти што создаваат подобри услови за младите и локалната заедница. Спортот е двигател на позитивни промени, тој учи на ...
Електроинженерот Нусрет Халити од Тетово е избран за нов директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), една од главните регулаторни институции во земјата, објавува ТВ21. Халити ќе го наследи Јетон Акики. Халити е магистер по интегрирани микрокомпјутерски системи и дипломиран електроника и телекомуникации од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe. АЕК има важна ...
Јавното претпријатие за државни патишта ја проширува продажната мрежа за М-таг уредите за електронска наплата на патарина. Преку стратешко партнерство со мобилните оператори А1 Македонија и Македонски Телеком, уредите сега стануваат подостапни за граѓаните во сите нивни продажни салони низ државата. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со главните извршни директори на А1 Македонија, Методија Мирчев, и ...
По пет години чекање и ветувања за модерна администрација, Општина Тетово го пушти во употреба пакетот дигитални услуги финансирани од Европската Унија. Иако проектот има цел да ги елиминира долгите редици на шалтерите и да се бори против бирократијата во урбанизмот и транспортот, останува прашањето дали граѓаните се подготвени за оваа транзиција и колку ќе биде функционален овој систем во средина каде физичките услуги често потфрлале. ...