Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
АД ЕСМ најави приговор до Вишото јавно обвинителство, откако обвинителката Катерина Коларевиќ ја прекина истрагата за предметот „Мазут“, повикувајќи се, меѓу другото, и на искази од претставници на компанијата дека немало штета и дека договорите биле реализирани согласно правилата. Во интервју за 360 степени, Коларевиќ изјави дека претставници на ЕСМ и на ТЕЦ „Неготино“, овластени од актуелните директори, во обвинителството потврдиле дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не дал никаква обврска во ниту една насока“ во однос на Тајван за време на разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг. На летот назад кон Вашингтон по дводневниот самит во Пекинг, Трамп им рекол на новинарите дека двајцата „многу разговарале“ за Тајван – самоуправен остров, кој Кина го смета за дел од својата територија и не ја исклучува можноста да го преземе со сила. Трамп изјави дека ...
Вардар е нов шампион на Македонија, откако попладнево со победа од 1-0 на гостувањето кај Струга ја обезбеди титулата во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ до триумфот стигнаа со раниот гол на Цветковиќ во 5. минута, по што успеаја да ја зачуваат предноста до крајот на натпреварот. Со новите три бода, Вардар ја задржа разликата од шест бодови пред Шкендија и на едно коло пред крајот официјално ја завери шампионската круна. За ...
Концертот на познатиот Дејвид Гета закажан на 8 септември по повод 35-годишнината од независноста на Македонија е официјално распродаден. Според информациите, купени се 50.000 билети за помалку од 12 часа и истите чинеа само 35 денари. „Ве информираме дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“! Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа! Би сакале да нагласиме дека статистиката покажува дека 93% од ...
На 13.05.2026 година, во 23:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 22-годишниот С.С.С. од Кралството Холандија, пренесува ТВ21. Според информациите од полицијата, тој бил приведен по претходна пријава дека околу 23:35 часот, на подрачјето на Центар, се однесувал недолично и го нарушил јавниот ред и мир. Исто така, во пријавата било наведено дека лицето е осомничено дека носело огнено оружје. Од МВР информираат дека ...
Фондот за здравство работи на надминување на техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство, изјави директорот на Сашо Клековски. Тој појасни дека дел од проблемите се јавуваат кај помалите фирми кои неправилно пријавуваат патолошка бременост наместо породилно отсуство. Разликата е што за патолошка бременост се исплаќа 70 проценти надомест, а за породилно 100 проценти, поради што е потребно ново барање и дополнителна документација. ...
Министерот за правда, Игор Филков на денешната стручна расправа за измените и дополнувањата на Законот за судовите, нагласи дека реформите во правосудството мора да бидат суштински, добро анализирани и креирани преку широк и инклузивен дијалог. „Реформите во правосудството не смеат да бидат само формални и декларативни. Тие мора да донесат реални подобрувања во функционирањето на судскиот систем и поквалитетна правда за граѓаните“, истакна ...
За време на посетата на Кичево, на новинарско прашање за исполнување на обврските од Реформската агенда, премиерот Мицкоски одговори дека сите 10 преостанати обврски ќе бидат завршени, доколку надвладее разумот кај опозицијата. „Имавме состанок со г. Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија го движи тоа, сите сме оптимисти дека од оние 10 можеме да испорачаме девет и пол, а може и 10 коишто се во грејс-период, буквално така ...
Родителите на ученици кои вршат насилство во училиште ќе се соочат со казна од 250 евра, според новите измени што се подготвуваат во Законот за основно образование, соопшти министерката Весна Јаневска. -Секретарката на државата е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент тие се во Собранието за да ги финализираат тие предлози и таа одлука веќе е донесена, тие измени ќе се направат и казната од 250 евра останува за секој ...
„Зајас има јавно осветлување, но нема канализација, бидејќи ги украле парите за канализацијата со криминален проект“, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Кичево. И покрај тоа што средствата од ИПА фондовите за канализациската мрежа од Зајас до Другово повеќе ги нема, тој вети дека ќе се одвојат други средства од буџетот за да се заврши овој проект. „Тоа беше криминален проект и ова го кажувам со целосна одговорност, компанија ...
Министерството за економија и труд со околу 185.000 евра ќе ги стимулира микро, малите и средните претпријатија, како и занаетчиите. Јавниот повик е веќе отворен и трае до крајот на јуни. Целта е да им се помогне на домашните компании полесно да инвестираат во модернизација на производството, да ја зголемат продуктивноста и да создадат подобри услови за работа. „Со оваа мерка ќе се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на ...
Прашање: Дали ќе продолжи соработката со министерот Лимани и покрај влошените односи со ВЛЕН. Мицкоски: Па, гледате дека министерот Лимани е со мене! Кус одговор, а потоа насмевки и на лицето на премиерот, но и на лицето на министерот. Ова е начинот на кој Мицкоски одговори на прашањето од новинарите дали Фатмир Лимани и натаму ќе биде министер во Владата, откако стана јасно дека тој повеќе не е дел од БЕСА и ВЛЕН, на чиј предлог беше ...
Со првиот јавен повик 4,5 милијарди, а со вториот 13,8 милијарди денари општините добиле за реализација на проекти кои се во интерес на граѓаните, а кои пред се сè од комуналната сфера. Министерот за локална самоуправа Златко Перински, зборувајќи во Клик Плус изјави дека реализација на проекти има на дневна основа. Перински тврди дека парите се дисперзирани за повеќе од 1116 проекти, а средства добиле речиси сите општини во државата. -Преку ...
Го чекаше Државниот завод за статистика да ја објави инфлацијата за април која стигна 5,7%, а кај храната е 8 проценти, сега ќе го чека новиот извештај на Пазарните инспектори кој ќе покаже дали има потреба од мерки за стабилизирање на цените на храната. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сега нема девијантно однесување од трговците со зголемување на маржите, а цените на храната растат, бидејќи производите ги увезуваме. И покрај ...
Еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, за време на посетата на Приштина ги повика политичките партии во Косово да најдат заеднички јазик за да се стави крај на долготрајниот институционален ќорсокак и да се формираат стабилни институции, со цел земјата да продолжи кон европската интеграција. Кос, која престојува во прва посета на Косово по преземањето на функцијата во 2024 година, во петокот беше пречекана од ...
Од ВЛЕН реагираа во врска со кратката изјава на премиерот Христијан Мицкоски, поврзана со прашањето за министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Од партијата велат дека Лимани сам се исклучил од партијата и дека неговиот понатамошен политички пат е негова лична работа. „Нашиот став како ВЛЕН за прашањето со Фатмир Лимани беше конзистентен во текот на целиот период. Тој сам се исклучи и како резултат на тоа повеќе ...
На граѓаните и понатаму им пристигнуваат СМС-пораки од сомнителни броеви со странски префикси за наводни сообраќајни прекршоци, повикувајќи се на системот „Safe City“. Многумина станале жртви на измама, вршејќи онлајн плаќања преку лажни системи од странски држави. Ова предизвика загриженост кај граѓаните, кои дури и кога се казнети од радар, казните ги плаќаат физички во полициските станици. Но, министерот за внатрешни работи рече дека ...
Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, а резултатите од првите четири месеци годинава покажуваат раст на утврдените неправилности кај дел од деловните субјекти. Според податоците на УЈП, во периодот од јануари до април 2026 година биле спроведени вкупно 960 теренски контроли, што претставува зголемување од 5 проценти во однос на истиот период лани. Од контролираните субјекти, кај 42 проценти биле ...
На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 ...
Соединетите Американски Држави планираат да подигнат обвинение против кубанскиот Раул Кастро, изјави функционер на американското Министерство за правда во четврток навечер. Времето на евентуалното обвинение, кое би морало да биде одобрено од голема порота, сè уште не е јасно, но функционерот изјавил дека тоа би можело да се случи наскоро. Потенцијалното обвинение против 94-годишниот поранешен претседател на Куба и брат на Фидел Кастро се ...
20-годишен возач е уапсен откако удрил 13-годишно дете кое возело велосипед. Несреќата се случила во населбата Драчево во Скопје вчера околу 16:10 часот, каде патничко возило „Сеат“ со скопски регистарски таблички, управувано од 20-годишниот А.П., удрило во велосипед што го возел 13-годишник. Како последица на несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите ...
Највисоката здравствена агенција во Африка прогласи појава на епидемија на ебола во источната провинција Итури во Демократска Република Конго. Околу 246 случаи и 65 смртни исходи се пријавени, главно во рударските градови Монгвалу и Рвампара, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ). Во соопштението објавено во петок се додава дека се организира состанок со Демократска Република Конго, Уганда, Јужен Судан и ...
Системот „Сејф сити“ ќе биде проширен со нови функционалности и во следниот период ќе опфаќа поголем број сообраќајни прекршоци, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, истакнувајќи дека главна цел е унапредување на безбедноста во сообраќајот и поефикасна контрола на прекршителите. Според Тошковски, системот веќе не се ограничува само на детектирање на брзо возење, туку се користи и за утврдување на други видови прекршоци. „И ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денеска разменуваат меѓусебни обвинувања околу ставовите за Преспанскиот договор, националниот идентитет и надворешната политика на државата. Од СДСМ во соопштение до јавноста наведуваат дека, како што велат, претставници на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати признале дека клучни меѓународни договори и институции се значајни за државата. Тие посочуваат дека Преспанскиот договор, НАТО и прашањата поврзани ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до ...
Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...
Односите меѓу Црна Гора и Србија повторно се најдоа во фокусот на јавноста по размената на остри политички пораки околу одбележувањето на црногорската независност. Министерството за надворешни работи на Црна Гора реагираше дека е неприфатливо и политички неодговорно годишнината од враќањето на независноста на државата да се претставува како чин насочен против Србија или српскиот народ. Реакцијата доаѓа по изјавата на српскиот претседател ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Ерусалим „засекогаш“ ќе остане под контрола на Израел, нагласувајќи дека државата Израел е „посилна од кога било“, додека истовремено „режимот во Иран е послаб од кога било“. „Ќе продолжиме со борбата против сите закани на радикалниот ислам“, изјави Нетанјаху на церемонијата по повод Денот на Ерусалим, празник во Израел. Според него, доколку Израел не ја започнел војната против Иран во јуни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото трпение со Иран се ближи кон крај и дека во разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг е постигната согласност дека на Иран не смее да му се дозволи да поседува нуклеарно оружје, како и дека треба повторно да се отвори Ормускиот теснец. Трамп по средбата во Пекинг изјави дека биле решени „многу проблеми кои други не би можеле да ги решат“, при што разговорите опфатиле повеќе ...
На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус. Воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната соработка со ...