Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во понеделник наутро ќе има штрајк на грчките цариници на сите гранични премини со Македонија, односно Богородица, Дојран и Меџитлија. Во перидото од 5 до 9 часот ќе се пропуштаатвозила на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин. „Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на ...
Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Ферет, едно од најпознатите француски одморалишта на југозападниот брег, откако стотици луѓе избегаа од областа со бродови поради голем пожар што се ширеше низ популарната туристичка дестинација. Софи Брокас, регионален претставник на Франција за Жиронд, рано утрово нареди последната фаза од евакуацијата. На жителите им беше кажано да ја напуштат областа преку главниот пат кон ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц утрово објави реорганизација на владата, при што најмалку три министерски места ќе ги сменат носителите на функции. Министерката за здравство Нина Варкен станува шеф на владината канцеларија на местото на Торстен Фрај, кој ќе ја преземе функцијата претседател на пратеничката група на конзервативната коалиција ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот. Генералниот секретар на ЦДУ Карстен Линеман ќе го замени Воркен на функцијата ...
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со ...
Дваесет и четиригодишен жител на виничко е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко, а две лица се полесно повредени. Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 23 јули околу 3:30 часот на регионалниот пат Грдовци–Зрновци. Д.Н. (24) од селото Градец, управувајќи патничко возило „Опел“ со винички ...
Охридскиот Регион останува под заштита на УНЕСКО и нема да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Комитетот за светско наследство донесе одлука со која му се овозможува на регионот да го задржи статусот на заштитено светско културно и природно наследство. Со одлуката, Северна Македонија доби дополнителен период од пет години за реализација на препораките на УНЕСКО и преземање конкретни мерки за зачувување на природните и ...
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време ...
Унгарската компанија „Икарус Електрик Зрт“ и австриската компанија ЕВН, во заедничка понуда, го добија повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење . Нивната понуда, вредна околу 51 милион евра, беше избрана за најповолна на електронската аукција што се одржа денес, соопшти Министерството за транспорт. Оваа одлука доаѓа откако претходната тендерска постапка беше поништена со одлука на Државната комисија за ...
Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини после 100 дена, излезе од притвор, откако депонирал банкарска гаранција во вредност од 1 милион евра. Сејдини се сомничи за проневера на повеќе од 700.000 евра поврзани со изградбата на трибината на стадионот во Охрид, и за милионски злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија. Сејдини беше претседател на ФФМ од 2019 до 2025 година, а на негово место дојде Масар Омерагиќ. Поранешниот ...
Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Фолк Фест Скопје 2026“ заврши синоќа на плоштадот „Скендербег“, со финална вечер која донесе музика, танц и традиции од различни земји од светот. По настапите на ансамблите учеснички, Грузија беше прогласена за освојувач на првото место , а пехарот ѝ го врачи градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Латвија го освои третото место. „Честитки до ансамблот од Грузија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „жестока воена одмазда“ против Иран и неговите сојузници Хути, кои нападнаа два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море. Трамп рече дека ќе го смета Иран за одговорен за какви било идни напади од страна на јеменските бунтовници. Хутите објавија дека воведуваат поморска блокада врз Саудиска Арабија, која пренасочува милиони барели нафта дневно кон Црвеното Море за да ја заобиколи иранската ...
♈ Овен Денот носи можности за напредок на работното место. Не двоумете се да преземете иницијатива, бидејќи вашите идеи ќе бидат добро прифатени. Во љубовта, искрен разговор ќе расчисти недоразбирање. ♉ Бик Фокусирајте се на финансиските обврски и избегнувајте непотребни трошоци. Во приватниот живот ве очекува пријатно изненадување од блиска личност. ♊ Близнаци Ќе бидете полни со енергија и инспирација. Искористете го денот за нови контакти и ...
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од ...
ОКОЛУ 20.000 луѓе се евакуирани од југозападна Франција, бидејќи шумските пожари продолжуваат да се шират низ регионот на Жиронда. Властите првично евакуираа 12.000 луѓе и преместуваат уште 8.800 на безбедно место. Пожарот досега уништи околу 3.400 хектари земјиште околу заливот Аркашон, објави BBC News. Локалните власти потврдија дека околу 700 пожарникари се борат со пожарот. Многу од оние што морале да ја напуштат областа преку ноќ биле ...
Градоначалникот на мексиканскиот град Темоак, Валентин Лавин Ромеро, беше убиен во вооружен напад во зградата на општината, само неколку месеци откако преживеа обид за атентат. Според локалните медиуми, напаѓачите среде бел ден влегле во општинската зграда, го застрелале градоначалникот, а потоа избегале со мотоцикл. Засега не е познат мотивот за нападот, а обвинителството во сојузната држава Морелос соопшти дека истрагата е во тек. Лавин ...
Во Гостивар започна хиперхлорирање на водата и испирање на водоводната мрежа како дел од мерките за справување со загадувањето на водоснабдителниот систем, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Централниот кризен штаб. Тој информираше дека последните анализи повторно потврдиле загадување на водата, поради што се спроведуваат засилени активности за чистење на каптажата, испирање на примарната мрежа и ...
Црна мечка се искачила и се заробила на столб за електрична енергија во Ново Мексико, висок околу 10 метри. Инцидентот го снимила Шенон Маленс во понеделник додека патувала по автопатот 56 низ руралниот Гладстон. Нејзиното видео, кое стана вирално, го прикажува животното како се задишува, предните шепи му се држат за столбот, а задните нозе му висат, објави „Телеграф“. На снимката може да се слушне повик до 911. „Се јавувам за да пријавам ...
Грчките здравствени власти регистрираа 21 локално пренесен случај на вирусот Западен Нил од почетокот на сезоната, а дури 14 од нив се потврдени во изминатата недела. Најголема циркулација на вирусот е забележана во регионот Атика, поради што Националната организација за јавно здравје ги повика туристите и жителите доследно да ги применуваат мерките за заштита од каснување од комарци. Според најновиот извештај, 20 од заразените развиле ...
Европската комисија во четвртокот му изрече казна од вкупно 890 милиони евра на американскиот технолошки гигант Google поради две прекршувања на Законот за дигитални пазари (Digital Markets Act – DMA). Станува збор за највисоката досега вкупна санкција изречена според европските правила за регулирање на големите технолошки компании. Ова е и првата казна што Google ја добива согласно DMA. Од вкупниот износ, 460 милиони евра се однесуваат на ...
Денеска (23.07.2026) во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на ...
Шкендија вечерва гостува во Словенија, каде што ќе се соочи со НК Браво во првиот натпревар од второто квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига. Црвено-црните ќе се обидат да остварат поволен резултат на гостувањето во Љубљана, со цел да создадат предност пред реваншот во Скопје. Тренерот Артим Положани и играчот за врска Ендрит Красниќи побараа максимална концентрација за да се стигне до позитивен резултат. „Секако, нѐ очекува ...
Европската Унија ќе им овозможи на земјите членки да ја продаваат руската нафта и другите стоки што ќе бидат запленети од бродови на таканаречената „сенковна флота“, со што дополнително го засилува економскиот притисок врз Москва. Европската комисија потврди дека новиот, 21-ви пакет санкции против Русија вклучува одредба што им дозволува на националните власти да ја конфискуваат и потоа да ја продаваат стоката што ја превезуваат танкери ...
Бројот на граѓани со стомачни тегоби во Гостивар е во опаѓање и во моментов нема нови случаи кои бараат хоспитализација. Сепак, состојбата и понатаму бара внимателност, а Министерството за здравство и надлежните институции апелираат граѓаните да продолжат да ги почитуваат заштитните мерки до завршување на сите интервенции во водоснабдителната мрежа. Министерот за здравство, Сашо Клековски, истакна дека и покрај позитивниот тренд, не смее да ...
Јавното комунално претпријатие „Комуна“ од Крушево ги повика жителите на градот до понатамошно известување да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење, туку да користат пакувана вода. Препораката следува по известувањето од Центарот за јавно здравје – Прилеп, според кое водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна. Од ЈКП „Комуна“ информираат дека водата од водоводната мрежа може да се користи за лична хигиена, подготовка ...
Проектот за модернизација на јавниот превоз влегува во завршната фаза, откако е избран најповолниот понудувач за набавка на 150 електрични автобуси што ќе бидат вклучени во градскиот превоз во Македонија. Од вкупниот број, 100 автобуси ќе бидат наменети за ЈСП „Скопје“, додека преостанатите 50 ќе бидат распределени во други градови и општини низ државата, со цел подобрување на локалниот јавен превоз. На тендерот како најповолна е избрана ...
Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ има за цел на една сцена да ги обедини класичната музика, фолклорот и ритмите на фламенкото, создавајќи настан што ќе им остане во наследство на идните генерации. Ова го истакна сопранистката Инва Мула на промоцијата на првото издание на фестивалот во Скопје. „Сакавме да започнеме со вклучување на повеќе жанрови во програмата, за фестивалот да биде меѓународен, а не само фестивал на класичната музика. ...
Во гаснењето на пожарот над селото Копаница, во Општина Сарај, покрај екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита, активно се вклучи и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од ДЗС информираат дека на терен се ангажирани два авиони „ер трактор“ и две теренски возила „пинцгауер“, кои обезбедуваат воздушна и копнена поддршка во справувањето со огнената стихија. Екипите продолжуваат со интензивни активности за локализирање и ставање ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, денеска присуствуваше на седницата на Главниот штаб во Општина Гостивар, свикана поради актуелната состојба во градот. ЦУК ја координираше целокупната акција за обезбедување и дистрибуција на цистерни со вода, со цел жителите на Гостивар навремено да добијат вода за пиење и техничка вода. По седницата, директорот Али, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и ...
Опозициската СДСМ бара Владата веднаш да ги обесштети земјоделците по штетите претрпени од невремето. Од партијата велат дека илјадници декари пластеници, посеви, како и механизација се уништени не само во Струмица туку и во другите градови. Воедно повикуваат да се подготви долгорочна стратегија за адаптација на земјоделството кон климатските промени. „Земјоделците повторно се оставени сами. Вообичаено за ВМРО локалната власт и ресорниот ...
Највисоките дипломати на Соединетите Американски Држави и Русија се сретнаа во четвртокот, оживувајќи ги напорите за ставање крај на војната што Москва ја води во Украина, а која влезе во својата петта година. Сепак, двете страни навестија дека не е постигнат никаков нов напредок ниту има причина за поголем оптимизам. Средбата меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се одржа во ...