Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче обвини дека државата се соочува со сериозни финансиски проблеми и дека Владата со лошо менаџирање го довела Буџетот во алармантна состојба. На денешната прес-конференција, тој истакна дека новото задолжување од 260 милиони евра е доказ за, како што рече, „огромната дупка во Буџетот“. Според Филипче, Владата побарала заем од 300 милиони евра, но од банките успеала да обезбеди само 260 милиони евра, што, според ...
На 16.05.2026 во 11:50 часот во Полициското одделение Жеровјане, И.Ј. од село Челопек, вработен во земјоделска задруга во истото село, пријави дека од задругата се оддалечиле две лица- државјани на Бангладеш. К.А. и П.Д. биле вработени во задругата и имале регулиран престој, но истиот ден си заминале без да ги известат одговорните во задругата. На 16.05.2026 во 11:50 часот во Полициското одделение Жеровјане, И.Ј. од село Челопек, вработен во ...
На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброште пријави дека три лица- државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. А.С., А.М. и С.П. биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој. Според пријавителот, истиот ден кога отишол да ги земе за да ги превезе до работните места, видел дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата. На 16.05.2026 во 12:20 часот во ...
На 16.05.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 16:15 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на наплатна станица Отовица, се запалил автобус „темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.П.(59) од Прилеп. Сите патници навремено го напуштиле автобусот и со друго возило биле пренесени во Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Известен е јавен обвинител, а увид ...
Авион на австралиската авиокомпанија Квантас, кој летал за САД, бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот. Авионот во петокот полетал од Мелбурн за Далас, но бил принуден да слета во главниот град на Француска Полинезија, Папете, поради патник под дејство на алкохол. Проблематичниот патник откако каснал член на екипажот бил совладан од патниците. По слетувањето во Папете мажот е приведен и му е изречена забрана за летање со сите ...
Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународен интерес. Агенцијата соопшти дека епидемијата во источната покраина Итури во ДР Конго, каде што се регистрирани околу 246 сомнителни случаи и 80 смртни случаи, не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба. Но, предупреди дека потенцијално би можело да се работи за „многу ...
На 16.05.2026 во 20:40 часот во СВР Битола И.Д.(42) од Битола пријави дека на крстосницата на ул.„Партизанска” со ул.„Никола Тесла” во Битола, била удрена од возило, при што се здобила со повреди, а потоа возачот излегол од возилото и физички ја нападнал, по што го напуштил местото на настанот. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки за расчистување на случајот, при што е констатирано дека се работи за патничко возило „шкода” ...
Министерот за транспорт Александар Николоски даде детали од разговорите со нискобуџетната авиокомпанија Рајанер за влез на пазарот во Македонија, пишува ТВ21. Николоски изјави дека барањата на компанијата не се вклопуваат во нашиот пазар, односно дека компанијата има невозможни барања. „Ќе бидам директен. Не мислам дека тоа е добро за македонскиот пазар, бидејќи условите што ги поставуваат се невозможни. Во моментов даваме субвенции од 9 евра ...
Полицијата во Скопско уапси 19-годишник од село Бојане, осомничен за убиство на 18-годишник од истото село, јавува ТВ21. Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 мај 2026 година во шума во близина на Сарај, додека апсењето е извршено на 17 мај во раните утрински часови. Осомничениот М.Б. го признал делото, додека полицијата го пронашла телото на жртвата и осомниченото оружје употребено во кривичното дело. Против ...
Најголемиот глобален хуманитарен настан за мотоциклисти, „The Distinguished Gentleman’s Ride“, оваа година го одбележува своето 11-то издание во Скопје, како дел од глобалното движење кое ги обединува љубителите на класичните мотоцикли и елегантниот стил со цел подигање на свеста за машкото здравје. Според организаторите, денес се очекува повеќе од 220 „стилски облечени“ мотоциклисти да парадираат низ улиците на главниот град на своите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Виница рече дека Македонија на странските инвеститори може да им понуди одлична стратешка локација и квалитетен и искустен кадар кој има знаење. „Македонија на странските инвеститори им нуди стратешка локација. Коридорот 8 и коридорот 10 кои ќе ја поврзат централна Европа со Медитеранот на Егејското море, и коридорот 8 кој има цел да ги поврзе Јадранското и Јонското море со Црното море. И тоа може сите ...
Бугарската пејачка Дара со песната „Бангаранга“ е победник на овогодинешното издание на песна за Евровизија, кое синоќа се одржа во Виена, Австрија. До последен момент атмосферата беше напната, а после четири часа се дозна дека Бугарија ја носи победата која од публиката и од жирито доби 516 бодови. Второто место го освои Израел и пејачот Ноам Бетан, додека третото место и припадна на Австралија. Добри резултати остварија и претставниците на ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, изјави дека Шестото изборно собрание на огранокот во Тетово денеска ја покажало организираноста и единството на партијата. Тој рече дека со конституирањето на органите на огранокот, ДУИ ја докажала својата подготвеност за идните предизвици. Ахмети, исто така, го оцени ангажманот на постарите и помладите генерации во рамките на партијата. „Вечерва, Тетово зборуваше силно! ...
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, преку видео-порака на социјалните мрежи го поздрави новиот Закон за игрите на среќа, пренесува TВ21. Меџити вели дека овој закон го исполнува ветувањето за „заштита на семејствата од ова проклетство“. Тој најавува дека ќе бидат преземени мерки и за регулирање на прашањето со брзите кредити. „Несреќата од игрите на среќа подалеку од нашето општество. Денес започнува нашата правна борба против коцката и ...
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, соопшти дека денеска во Скопје се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и премиер, Христијан Мицкоски, пренесува TВ21. Тој информираше дека со Мицкоски разговарале за зачувување на стабилноста во регионот и за зближување меѓу Северна Македонија и Србија. „Добар и конструктивен разговор во Скопје со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата ...
Полицијата информира дека е пронајден возачот кој избега од местото на сообраќајната несреќа во скопско Радишани, во која на 15 мај беа повредени двајца пешаци, пренесува ТВ21. Според МВР, денеска биле пронајдени возилото „Фиат Пунто“ со скопски регистарски таблички и возачот И.П. (50) на улицата „Мак Диздар“. “Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронајдоа возилото и лицето поврзани со ...
Во Виница денеска се одржа 43-от „Марш на ангелите“, како симболичен чин на сеќавање и почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Граѓаните тргнаа од плоштадот „Ангел Винички“ и низ градските улици уште еднаш испратија порака дека 63-те згаснати животи не смеат да бидат заборавени, а болката на семејствата продолжува да бара вистина и одговорност. Учесниците истакнаа дека сеќавањето на загинатите не смее да остане само формалност, туку мора ...
Автобус со прилепски регистарски ознаки изгорел на автопатот Велес–Скопје, во близина на наплатната рампа кај Отовица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сите патници навреме успеале да излезат од возилото и за среќа нема повредени лица. На местото на настанот интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Велес. Пожарот ...
Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, проект кој има значајна улога во поврзувањето на жителите од населбата Драчево, Студеничани и околните населени места во Општина Кисела Вода со градот Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека работите се одвиваат со забрзана динамика и дека се очекува проектот да биде завршен пред предвидениот рок. Тој нагласи дека паралелно со овој проект се работи и на клучката Момин Поток, ...
Израелски воздушен напад врз Појасот Газа го уби шефот на военото крило на Хамас, Из ал-Дин ал-Хадад, кој важеше за највисокиот функционер на палестинската милитантна група ликвидиран од Израел по прекинот на огнот постигнат во октомври со поддршка на САД. Израелската армија соопшти дека Ал-Хадад бил убиен во, како што наведуваат, „прецизен напад“ извршен во петокот во Газа Сити. Израел и по воспоставувањето на прекинот на огнот продолжи со ...
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска полициски службеници учествувале на комеморативен марш низ улиците на Куманово, во чест на нивните колеги кои беа убиени на 9 мај 2015 година во населбата „Диво Насеље“. Според МВР, активноста била организирана од Атлетскиот клуб „Аеродром“, а во маршот учествувале десетици припадници на различни полициски единици. Маршот започнал од Идризово и продолжил кон Куманово. Надлежните ...
Владата одлучи да го продолжи важењето на мерките за намалување на ценовниот притисок и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни годинава. Одлуката била донесена на денешната вонредна владина седница, а ја соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи. Според неа, продолжувањето на мерките има за цел да обезбеди стабилност и предвидливост во услови на економски предизвици и ...
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абазовиќ и обвинителката Катерина Коларевиќ. Ова доаѓа откако деновиве од Обвинителството соопштија дека е запрена истрагата за случајот со мазутот за ТЕЦ Неготино вреден 167 милиони евра, која го водеше Коларевиќ. Пратеникот Антонио Милошоски обвинува дека Абази и Коларевиќ се тандем коишто соработуваат со Заев, Ахмети и Филипче и дека ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на официјална посета и ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг во Пекинг на 19–20 мај, потврди Кремљ денеска. Посетата доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп беше во Кина на дводневен самит на 14–15 мај, што ја означи првата посета на американски претседател на Кина по речиси една деценија. Патувањето на Путин ќе се совпадне со 25-годишнината од ...
Две лица загинаа во пад на мал авион во Германија. Според извештаи на очевидци, авионот експлодирал во воздух, а остатоците паднале врз станбена област. Спасувачките служби соопштија дека, покрај двете загинати лица, уште едно лице е тешко повредено, пренесува „Welt“. Несреќата се случила во близина на улицата Max-Planck-Straße во градот Лимбургерхоф, јужно од Манхајм, во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц. Заменик-инспекторот за противпожарна ...
Политичките партии на Албанците во Македонија реагираа остро и со различни ставови во врска со најавениот студентски протест на 18 мај, на кој студентите бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик. Од коалицијата ВЛЕН ја обвинија ДУИ дека се обидува да го инструментализира студентското незадоволство за политички цели и враќање на власт. „ДУИ е распадната. Не може да се опорави по казната што Албанците ѝ ја дадоа со глас. Затоа ...
Во Зрачната лука во Сплит денеска се случи инцидент при полетување на авион на „Croatia Airlines“, кој заврши надвор од пистата на тревна површина. Авионот требало да сообраќа на линијата Сплит–Франкфурт, но полетувањето било прекинато по излетување од патеката. Од „Croatia Airlines“ соопштија дека станува збор за авион Airbus A220-300, регистарска ознака 9A-CAN, на лет OU412. Во леталото имало 130 патници и пет членови на екипажот – двајца ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија остри обвинувања за начинот на кој се доделуваат јавни набавки и за наводна блискост на одредени фирми со политички структури, при што во фокусот се најде компанијата „Мастеф ДООЕЛ“. Од СДСМ обвинија дека во услови на економска криза и недостиг на средства за плати и пензии, државните институции доделуваат милионски тендери на, како што велат, „омилени фирми блиски до власта“. Според нив, фирмата „Мастеф ...
Состојбата во стопанството засега е стабилна, нема физички недостиг на нафтени деривати. Но, ако високите цени се задржат подолг период, ризикот е тие да се прелеат во поголеми трошоци за стопанството, инфлациски притисоци, послаба ликвидност и поголема неизвесност во инвестициите – изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во емисијата „Бизнис 21“. Според него неизвесноста од кризата предизвикана од конфликтот ...