Се разгорува битката за избор на прв човек на Кривичен суд. Даниела Димовска актуелната в.д. претседателка на Кривичниот суд и Ивица Стефановски, судија во Кривичниот суд во трка за прв човек на скопскиот Кривичен суд. Денеска во Судскиот совет одговараа на прашања од членовите, како ќе ги заштитат судиите доколку пријават политички притисоци. Димовска ветува дека за 40 проценти ќе го скрати времето на судските процеси и дека ќе имплементира ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава, како и во промоцијата на македонските интереси и ...

На економскиот форум „Надвор од границите“ што се одржа во Скопје, бизнисмени и претставници на институции од Албанија и Македонија побараа продлабочување на регионалната економска соработка, со цел зголемување на трговската размена од 207 милиони на 1 милијарда евра. Амбасадорот на Албанија Денион Меидани нагласи дека Албанија и Македонија треба географската близина да ја претворат во економско партнерство, преминувајќи од дијалог кон реални ...

Владата ќе го следи потешкиот пат кон Европската Унија, одбивајќи компромиси кои ги смета за понижувачки за државата и националниот идентитет, изјави премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2026 организиран од Македонија 2025. Тој нагласи дека членството во ЕУ треба да се заслужи преку реформи, квалитет и конкретни резултати, а не преку „потпишување бели листови хартија“ кои, според него, создаваат проблеми за идните генерации. „Владата што ...

Директорот на Итна помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопјe, Игор Мерџаноски, изнесе детали за здравствената состојба на ученикот кој беше повреден од негов врсник во основното училиште „Хасанбег“ во Скопјe, јавува ТВ21. Мерџаноски вели дека неговата состојба е стабилна, но опасна по живот. „Пациентот има 14 години и е примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и посекотина на главата. По приемот, ...

Аналитичарите во Клик Плус разговараа за обединувањето на ВЛЕН и начинот како ќе функционираат како единствена партија со двајца претседатели. Ибрахим Мехмети оценува дека ќе биде тежок предизвик, ВЛЕН да остане обединет до следните избори. „Ние знаеме колку се големи егата на албанските лидери овде во Македонија. Колку се мали интересите на поединците кои ги формирале овие партии, бидејќи на крајот тоа е и човечки, затоа што работеле да ...

Полицијата привела 15-годишно момче од Скопско, кое тешко повредило врсник, јавува ТВ21. Инцидентот се случил во основно училиште во општина Гази Баба, кога малолетникот влегол во училиштето и со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во училишната зграда. Жртвата се здобила со тешки телесни повреди. Полицијата соопшти дека остриот предмет е запленет и дека ќе се следи соодветна постапка. „На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја обвинува власта за манипулација на граѓаните, посочувајќи го и последниот случај со Муцунски и неговата колешка од Бугарија, Велислава Петрова Чамова. Филипче вели дека Муцунски прво криел дека имал средба со неа, а потоа кога се дознало рекол дека тоа било само размена на неколку зборови. Лидерот на СДСМ вели дека најважно во целата оваа ситуација е пораката на министерката на Бугарија, која на средбата ...

Министерот за правда Игор Филков, на денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, рече дека ова законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки. Со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции. „Со ова законско решение ...

Во првиот квартал од оваа година, највисоката цена платена за стан по квадратен метар била 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, која се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода, односно платени се 2.888 евра по квадратен метар, објавува ТВ21. Овие податоци се прикажани во извештајот објавен од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јануари-март оваа година, ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 5-та седница ја донесе Одлуката за доделување на финансиски средства на 11 општински изборни комисии, со што се овозможува исплата на заостанатите надоместоци за изборните органи во општините со блокирани жиро-сметки. Во рамки на образложението на предлог-одлуката, претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, истакна дека оваа едногласно усвоена Одлука е наменета за надоместоци на ...

„Владата проценува дека краток пат кон Европската Унија не постои, или постои, туку е полн со предизвици, кои често се понижувачки, и поради оваа причина го избираме најтешкиот пат, и ќе го најдеме нашето место во Унијата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски денес во својот говор на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој оваа година се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Промовирање на лидерството“. Премиерот ...

На дискусија посветена на дигиталната трансформација и поддршка на општините на општините во процесот на европската интеграција, првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали дече дека европската интеграција мора да биде видлива за граѓаните преку конкретни, функционални и достапни услуги на локално ниво. „Наш приоритет е да ги претвориме европските политики – од acquis, Реформската агенда и ИПА програмите – во практични ...

Познатиот француски продуцент и ди-џеј Девид Гета, ќе гостува на Националната Арена „Тодор Проески“ по повод прославата 35 години од независност на Македонија. Ова на прес-конференција денеска го соопштија од Владата и од продукцијата Авалон. Концертот ќе биде бесплатен, со регистрација од 35 денари, а секој ќе може да земе најмногу две влезници. Ќе биде дозволена регистрација и за посетители од странство. Организатор е Аволон Продукција, а ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е лишено од слобода лице кое од патничко возило вчера околу 16:20 часот пукало со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром. „На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со ...

Во меѓусебна размена на обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно влегоа во политички судир околу надворешната политика, реформите и евроинтеграциите на земјата. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изнесувал неточни тврдења за односот на Бугарија кон македонскиот идентитет. Според нив, изјави од бугарски официјални лица покажуваат спротивно од тоа што, како што велат, Филипче претходно го тврдел. Тие додаваат дека СДСМ со ...

Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капиталните инвестиции, соопшти градската администрација, посочувајќи дека за првпат е постигната рекордна реализација уште во првите месеци од годината. Според податоците од Градот, во Основниот буџет за 2026 година биле планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 проценти во однос на претходната ...

Во Газиантеп се случил необичен инцидент во кој таксист бил земен како заложник од вооружен разбојник кој се обидувал да избега од полицијата. Возачот на таксито, Рамазан Јилдирим, кој успеал да му го одземе оружјето на напаѓачот за време на полициската интервенција, изјавил: „Фала му на Бога што ниту еден полицаец не беше повреден, тоа ми е доволно.“ Вооружено лице прво киднапирало таксист, а заедно со својата партнерка отворило оган кон ...

Претседателот Доналд Трамп во понеделникот изјави дека е задоволен од одговорот на владата на епидемијата на хантавирус на крузер што однесе три животи. Зборувајќи со новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека вирусот „не се шири лесно“ и дека САД се во „многу добра состојба“ по избувнувањето на заразата на бродот „Хондиус“. Бродот под холандско знаме барал координиран одговор од повеќе земји за евакуација на патниците. Сите 17 американски ...

Зборувајќи за регионална иницијатива за електрична енергија, премиерот Христијан Мицкоски на „Самитот на Македонија“ изјави дека по завршувањето на неговиот мандат како премиер планира да се врати на работата како универзитетски професор. Во врска со идејата за регионална енергетска иницијатива, Мицкоски рече дека на тој начин сите шест држави од Западен Балкан би се нашле во фокусот на големите инвеститори. „Јас не сум професионален ...

Во заедничка и координирана акција на властите на Србија и Македонија, во Скопје е уапсено лице со иницијали С. М. (42), за кое постојат сомнежи дека планирало извршување на тешки кривични дела, пренесува ТВ21. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Србија, уапсениот е член на организирана криминална група и нелегално влегол во Македонија, а се сомничи дека дошол со цел да изврши тешки кривични дела во име на членовите ...

Претседателот на парламентот на Иран, Мохамад Багер Галибаф, синоќа изјави дека вооружените сили на Иран се подготвени да дадат разорен и соодветен одговор на секоја агресија, предупредувајќи дека погрешните стратегии ќе доведат само до катастрофални последици. „Нашите вооружени сили се подготвени да дадат заслужен одговор на секоја агресија. Погрешните стратегии и одлуки секогаш ќе водат до катастрофални резултати. Целиот свет веќе го сфати ...

Поради технички интервенции, неколку улици во Чаир и дел од булеварот „Адвенти на Партизаните“ денеска ќе останат без вода, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на дел од булеварот „Адвенти на Партизаните“ се должи на замена на вентили кај број 48а и ќе трае од 09:00 часот до завршување на активностите. Поради замена на вентили на улицата „Коста Абрашевиќ“ н.н. (во близина на ОУ „Хасан Приштина“), без вода ќе останат ...

Италијанскиот ветеран тренер Клаудио Раниери ја остави отворена можноста во иднина да ја преземе репрезентацијата на Италија, изјавувајќи дека сега е слободен и подготвен да одговори позитивно доколку пристигне понуда од италијанската фудбалска федерација. Раниери зборуваше на церемонијата на доделување награди „Џани Ди Марцио“, каде призна дека претходно ја одбил улогата во италијанската репрезентација поради ангажманот во Рома. „Им кажав ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави синоќа дека Русија нема намера да ја заврши војната и дека Киев се подготвува за нови напади. Зеленски овие коментари ги даде во момент кога примирјето посредувано од САД, поврзано со 81-годишнината од победата над нацистичка Германија, се приближуваше кон својот крај. „Во текот на денешниот ден немаше мир на фронтовската линија. Русија нема намера да ја заврши оваа војна и, за жал, ние се ...

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ...

Продажбата на користени електрични возила во Обединетото Кралство достигна нов рекорд во првите три месеци од оваа година, според Здружението на производители и трговци на автомобили (SMMT). Вкупно 86.943 возила смениле сопственик од почетокот на јануари до крајот на март. Тоа претставува зголемување од 32% во споредба со истиот период минатата година и е највисока бројка досега регистрирана за било кое тримесечје. Целосно електричните возила ...

По спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена ...

Климатските промени оваа година доведоа до рекордни пожари во Африка, Азија и на други места, а се очекува условите дополнително да се влошат како што се приближува летото на северната хемисфера и започнуваат временските обрасци поврзани со феноменот Ел Нињо, предупредија научниците. Пожарите од јануари до април веќе предизвикаа невидени штети, уништувајќи повеќе од 150 милиони хектари земјиште, што е за 20 отсто повеќе од претходниот рекорд, ...

Со нова политичка визија за децентрализација, ВЛЕН ја става локалната власт во центарот на својата програма, нагласувајќи дека вистинската демократија се гради таму каде што граѓаните секојдневно живеат и функционираат – во општините и локалните заедници. Од партијата порачуваат дека децентрализацијата не треба да остане само формален процес, туку да прерасне во суштинска трансформација на начинот на управување. Според нив, тоа значи ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
90%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
62%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
45%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Калај

53.60