Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Вечерва може да биде пресудна за сезоната на Милан. „Росонерите“ се соочуваат со Atalanta BC во натпревар што во Италија се смета за „финале“ во трката за пласман во UEFA Champions League. По разочарувачките резултати и недостигот на голови во последните недели, притисокот врз тимот од „Сан Сиро“ значително се зголеми. Статистиката не е во корист на Милан, бидејќи Аталанта се претвори во еден од најтешките противници за „росонерите“. Милан ...
На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид ги приведоа А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија. При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени. По целосно документирање на настанот, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства. -Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при ...
Патниците од крузерот „MV Hondius“, на кој беше регистрирано ширење на хантавирус, денеска започнаа да се евакуираат откако бродот пристигна кај островот Тенерифе на Канарските Острови во Шпанија. Според шпанските власти, Светската здравствена организација и компанијата „Oceanwide Expeditions“, ниту еден од повеќе од 140 патници и членови на екипажот кои сè уште се на бродот моментално не покажува симптоми на вирусот. Евакуацијата се ...
Кир Стармер јасно стави до знаење дека има намера да ја предводи Лабуристичката партија и на следните парламентарни избори, и покрај зголемениот притисок во рамки на неговата партија. Во интервју за „Мирор“, британскиот премиер изјави дека продолжува со „10-годишен проект за обновување“, фокусиран на справување со кризата со трошоците за живот и изградба на посилна економија за граѓаните. Стармер најави и поголемо приближување на Обединетото ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој. N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова технолошка револуција, со фокус на вештачка интелигенција, deep tech, роботика, сајбер ...
Од ДУИ денеска излегоа со реакција по повод спојувањето на Влен во една партија која ќе има двајца претседатели – Биљал Касами и Изет Меџити. Тие велат дека вчерашниот чин на оваа партија не претставува обединување, туку последен очаен крик за политички опстанок. „Иронијата е целосна – ВЛЕН избра двајца кормилари да го управуваат истиот брод кој веќе забрзано тоне. Ова фрагментирано раководство е директно признание дека во тој политички блок ...
Политичките тензии меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се интензивираа, откако двете партии разменија остри обвинувања поврзани со уставните измени, македонскиот идентитет и европската интеграција на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ упатија жестоки критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да прифати уставни измени без гаранции од Европската Унија и дека, како што велат, „коленичи пред бугарските барања“. Во партиското ...
Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, на првиот партиски конгрес, нагласи дека ВЛЕН не е создаден за изборен циклус, туку како што додаде, оваа политичка партија е нова ера. Меѓу другото, Меџити нагласи дека ВЛЕН не ги делел Албанците, туку како што рече, ги обединувал Албанците. „ВЛЕН е главната сила на политичката карта на Албанците во Северна Македонија. ВЛЕН не ги подели Албанците, туку ги обедини. Не ја распрсна политичката моќ, туку ја ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го честиташе 9. Мај, Денот на победата над фашизмот, и Денот на Европа. „9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна: антифашистичката. Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од Народноослободителната борба, цврсто решени да се изборат за слобода, но и за ...
Денеска пред Националната опера и балет, на денот кога беа отворени Мајските оперски вечери протест одржа Синдикатот на културата. Синтикатот на културата бара заштита на Колективниот договор за култура. „Она што публиката го гледа на сцена, во музеј, библиотека или галерија не е случајност. Тоа е резултат на години труд, знаење, посветеност и љубов.Зад секој аплауз стои човечки живот, но зад завесата мора да стојат права. Денес тие права се ...
Голем дел од вработените во Јавното општинско претпријатие – Тетово, веќе една година се оставени без здравствено осигурување. Причината за ова, според раководителите на компанијата, е ниското ниво на плаќање на сметките од страна на граѓаните. Директорот Самет Бислими изјави дека за дел од вработените обврските се платени, додека за останатите се очекува поддршка од општината. „2025 година е завршена со придонеси и осигурување, а во јануари ...
Студентскиот форум 2026 се одржа во просториите на Cowork21 во Скопје, форум на кој се собраа студенти, активисти и претставници од земјите од Западен Балкан за да дискутираат за студентските права, граѓанскиот активизам и предизвиците на новата генерација. На главните сесии се дискутираше за достоинството во образованието, граѓанското учество, улогата на универзитетите и предизвиците со кои се соочуваат студентите во регионот. Главната ...
Од блескави пустински оази до древни леднички базени, ова се повеќе од само водни површини. Објавена е листата на најубавите езера во светот, а на првото место се најде езерот Пејто во Канада. Сместено во државата Алберта, ова тиркизно езеро е главна атракција на Националниот парк Банф во Канадските Карпести Планини. Ледничко езеро, со речиси неверојатна боја, е резултат на еродирање на карпите од страна на водата, ослободувајќи честички во ...
Уште еден бод му е потребен на Вардар за математички да ја обезбеди титулата во ПМФЛ. „Црвено-црните“ денеска на свој терен го совладаа Силекс со 2-1, но шампионската промоција ја одложи победата на Шкендија над Струга ТЛ. Вардар сосема заслужено дојде до триумф на овој натпревар. Водеше 2-0, потоа Силекс намали на 2-1, а потоа избраниците на Гоце Седлоски имаа уште неколку добри шанси, меѓутоа лесно можеше да се случи и кратовци со еден бод ...
Изјавите дека ние имаме најевтини горива во регионот се политички наратив, но реалноста е дека сме предпоследни во регионот по тоа колку литри дизел може да купат македонските граѓани со минимална плата. Ова во емисијата Бизнис 21 го изјави Дејан Димовски енергетичар, претставник од здружението„Инженери на Македонија“. Тоа го покажала анализата која ја направиле во последните денови од март. „Еден човек кој што има минимална плата во ...
Претседателот на Европската комисија, Антонио Кошта, им се обрати на граѓаните на Северна Македонија на Денот на Европа преку видео порака. Во својата порака, Коста нагласува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Тој понатаму нагласува дека се работи многу за членството на Северна Македонија во ЕУ да стане реалност. „Европските институции веруваат дека иднината на земјата е во Европската унија, и се вложува голем труд за ...
Отворен судир меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ Венко Филипче на свеченото одбележување на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во дворот на Владата пред споменикот „Ослободители на Скопје“ и двајцата положија венци со свежо цвеќе и си упатија отри критики за недржавничко однесување. Пазар со идендитетот никогаш нема да правам, порача премиерот Мицкоски и повика на обединување. „Секој што ме знае добро, ...
Унгарскиот проевропски лидер на централно-десничарската партија, Петер Маѓар, положи заклетва како премиер на Унгарија, со што официјално заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Церемонијата се одржа денеска, на која Маѓар ги повика луѓето да му се придружат. „Да напишеме заедно унгарска историја и да поминеме низ портите на промена на режимот“, порача Маѓар. Резултатот предизвика воодушевување во Будимпешта и пошироко, бидејќи Орбан и ...
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес учествуваше на научна конференција „Креирај дома, продавај глобално“, со која се означи отворањето на Технолошкиот парк – Н99. Говорејќи на панел дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација, оцени дека образовниот систем веќе активно се трансформира со цел младите да ги стекнуваат потребните компетенции кои ќе бидат клучни за економијата во иднина. ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го честираше 9. Мај – Денот на Европа, потенцирајќи дека сега повеќе од кога било на земјата и е потребно зачувување на стратешката ориентација кон големото европско семејство. „Денес, на Денот на Европа, ја реафирмираме нашата непоколеблива посветеност на евроинтегративниот пат на нашата држава. На нашата земја повеќе од кога било ѝ е потребно зачувување на стратешката ориентација кон големото европско семејство. ...
По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...
Во Нациопналната опера и балет вечерва ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот, и тоа од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“. Годинава мајските оперски вечерви се во знакот на дела од Џакомо Пучини и од Џузепе Верти. Покрај вечерашните опери, на програмата се уште две дела од Пучини: „Тоска“ (16 мај) и „Мадам Батерфлај“ (20 мај). Вердиеви опери годинава на ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати порака по повод Денот на Европа, поврзувајќи го овој ден со европското патување на земјата. Во објава на социјалните мрежи, Рама изјави дека Албанија е поблиску од кога било до европското семејство, сметајќи го овој момент како важен чекор во процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати порака по повод Денот на Европа, поврзувајќи го овој ден со ...
Средношколец лажно се преставвал како наставник, за да добие корисничко име и лозинка, за потоа три години да има пристап до сите податоци од електронскиот дневник. Воедно, средношколецот од Прилеп ги координирал и им помагал при водењето на дневникот. „ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно ...
Министеството за внатрешни работи соопшти дека на ниво на држава, биле лишени од слобода пет лица поради пријави за семејно насилство. Лишени од слобода биле лица од Радовишко, Кумановско, Струга, Охрид и Тетово. „На 08.05.2026 во 10:30 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 54-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 78-годишна ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши го честираше 9 Мај – Денот на Европа. То јисткана дека во идејата за обединета Европа денеска останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и одржлива иднина за нашите граѓани. „9 Мај – Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти. Денес, во ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на 9 Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, рече дека Македонија можела на овој ден да слави, но дека поради власта, земјата не оди напред кон ЕУ. „Денес го славиме денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме. Еве на пример како Црна Гора која што оди напред, која што ги затвора поглавјата, преговорите и која што догодина ...
Премиерот Христијан Мицкоски по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, порача национално обединување. Во своето обраќање претседатлеот на Владата ги потенцираше црвените линии за евроинтеграцискиот процес, и ги критикуваше политичките блокади. Мицкоски оддаде почит кон борците од Народноослободителната борба, и нагласи дека македонскиот народ ја разбра цената на слободата, а не на покорување. „Слободата никогаш не е ...
Претседателот на Советот на Европа, Антонио Коста, упати порака по повод Денот на Европа. Коста зборува за продолжување на градењето заедничка иднина кон мир, слобода и можности. „Денот на Европа е ваш ден. Денес го славиме нашиот заеднички европски проект и она што можеме да го постигнеме кога работиме заедно. Обединети во различноста, продолжуваме да ја градиме нашата заедничка иднина исполнета со мир, слобода и можности“, напиша Антонио ...