ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал реализиран е случај на недозволена трговија со оружје сторено од стрелачки клуб од Прилеп. Имено, на 06.05.2026 до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот ...

Со 64 гласови ,,За”, 15 ,,против” и ниту еден ,,воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на РСМ кој е дел од Реформската агенда. Со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. Се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните ...

Трошоците на живот во Македонија продолжија да растат и во април, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според објавените информации, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март, изнесува 1,3 проценти. Најголемо месечно поскапување е регистрирано во групата Транспорт, каде цените се зголемени за 10,1 процент. Пораст има и кај рекреација, спорт и култура за 1,4 ...

Судскиот комплекс во близина на затворот „Идризово“, кој пред неколку години беше претставен како најсовремена дигитална судница во државата, денес се соочува со сериозни забелешки за хигиената и одржувањето. Иако објектот беше изграден и опремен со инвестиција од околу 1,3 милиони евра, главно обезбедени од Европската Унија, сегашната состојба остава поинаков впечаток кај лицата што секојдневно престојуваат таму. Според забелешките, во ...

Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, докторите кои се директни учесници во овој процес, апелираат дека токму дарувањето органи е најхуман и најблагороден чин на човекот што може да се направи за продолжување на животот на друг човек. -Со дарување органи ние можеме да спасиме животи и да им дадеме втора шанса на сите кои се ...

Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори е регистриран во 2025 година во споредба со 2024 година, додека вкупното производство изнесува 6.123 GWh и е практично на исто ниво – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. Најголем пораст на производството од обновливи извори (ОИ) ...

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека Франција нема да ги укине санкциите кон Иран сè додека нејзините вооружени сили го држат блокиран Ормутскиот теснец. Во изјава за француската телевизија RTL, Баро отфрли каква било можност за омекнување на санкциите во сегашните околности, пишува Ал Џезира. „Ние самите воведовме значајни санкции врз Иран. Сепак, секоја можност за укинување на какви било санкции е исклучена сè ...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека институциите ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска се обрати на Втората регионална министерска конференција за демографска отпорност. Лимани истакна дека Светот се соочува со сериозни демографски предизвици, и дека потребна е заедничка акција за решавање на овие проблеми. „Регионот и голем дел од Европа, особено Источна Европа, се соочуваат со сериозни демографски предизвици, низок фертилитет, миграција и забрзано ...

„Додека граѓаните бараат конкретни одговори на клучните прашања, законот за двојно државјанство, исполнување на реформската агенда до јуни, екстрадиција на Груевски, внесување на Бугарите во Уставот, укинување на техничката влада без консензус и меѓународна поддршка, новите задолжувања, економскиот колапс, растот на инфлацијата, поскапувањето на горивата и основните животни намирници, падот на животниот стандард, распространетата сиромаштија ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на министерската Конференција за демографска отпорност 2026-2046. Мицкоски кажа дека демографската отпорност е најголемиот предизвик во годините кои доаѓаат, и дека младите не смеат да ја доживуваат државата како место од кое треба да заминат за да успеат. „Затоа денес мора искрено да признаеме дека најголемиот предизвик не е само демографската промена, туку јазот во демографската отпорност. ...

„Добар или лош, закон е“, изјави Изет Меџити во ClickPlus на ТВ21 кога беше прашан за законот за фер и правична застапеност. Меѓу другото, Меџити нагласи дека балансерот како статистички механизам станува закон. „Добар или лош, закон е. За прв пат се донесува закон. Не е идеален, бидејќи не постои идеален закон. Го креваме нивото на третман од ништо што не постоело претходно, од балансер како статистички механизам, го правиме закон. Друго е ...

Азам Калил ал-Хаја, син на членот на политичкото биро на Хамас, Калил ал-Хаја, беше убиен во израелски напад врз градот Газа во среда. Неговиот татко претходно потврди дека Азам е ранет, но смртта подоцна ја потврдија извори во болницата Ал-Шифа и функционерот на Хамас, Басим Наим, објави Анадолу. Азам е четврто од седумте деца на Калил ал-Хаја, кој беше убиен во израелските напади. Сам ал-Хаја, висок функционер на Хамас во егзил, преживеа ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава, рече дека Македонија во моментов не е подготвена за уставни измени. „Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет ...

Бродот „МВ Хондиус“, чии патници и екипаж се изолирани поради ширењето на хантавирусот, денес тргна кон шпанскиот остров Тенерифе. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота, а евакуацијата на патниците е планирана за почетокот на следната недела. Според местата за следење на поморскиот сообраќај, бродот го напуштил Капо Верде во четврток. „Сите патници ќе останат на бродот до пристигнувањето на авионот за репатријација“, ...

Кривичниот суд му додели казна затвор во траење од 12 години на Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за загрозување на сигурноста, тешка телесна повреда и наведувае на самоубиство. Јовановски за трите дела е осуден на 12 години затвор. Трагедијата за која е обвинет Јовановски се случи на 2. март годинава, кога неговата сопруга Ивана и шестгодишната ќерка Катја ги загубија животите по пад од зграда во скопската населба Тафталиџе. ...

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва е пред нов историски момент – освојување на шампионската титула и враќање на тронот во домашниот шампионат. Во СЦ Јане Сандански следува натпревар со огромен влог, дуел против вечниот ривал Пелистер, во најголемото македонско ракометно дерби. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во победничкиот дух на тимот и типува на нов триумф и ...

Израел во среда вечерта нападна висок командант на Хезболах. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го нападнал командантот на силите Радван. Нападот бил однапред координиран со САД, изјави извор за Си-Ен-Ен. Нетанјаху не го именуваше лицето, но рече дека милитантите на силите Радван под команда на овој командант се одговорни за напади врз израелските заедници и војници. Сепак, во неговата изјава не се наведува дали овој ...

Европскиот парламент гласаше за пакет нови правила за возачки дозволи што ќе се применуваат низ целата Европска Унија. Реформата воведува дигитални возачки дозволи, построги правила за сообраќајните прекршители и пониска старосна граница за професионалните возачи, сето тоа со цел зголемување на безбедноста на патиштата и хармонизирање на прописите. Се очекува целосната имплементација да биде постепена, а клучните промени ќе стапат на сила ...

Канцеларијата на државниот обвинител во Полска примила околу 1.500 пријави за можни кривични дела поврзани со пропаднатата полска берза за криптовалути Zondacrypto, потврдија официјални лица во текот на истрагата за сомнителна измама на некогаш популарната платформа. Се истражуваат сомневања за измама и перење пари, а проценетата штета достигнува најмалку 350 милиони злоти, или 82 милиони евра, пишува TWP World. Во меѓувреме, директорот на ...

На конференцијата за транспарентноста во работата на Советот на јавни обвинители, вниманието покрај темите го привлече и стилот на државниот јавен обвинител Ненад Савески. Со елегантен изглед и впечатлив моден детаљ – дезенирани чорапи, Савески испрати порака за модерен и префинет институционален имиџ. Државниот обвинител Савески на конференцијата истакна дека Советот на јавни обвинители направи големи чекори за да ја зајакне транспарентноста ...

Два дрона кои влегле во Летонија се урнале, соопшти утрово армијата на таа земја. Се претпоставува дека пристигнале од Русија. Едно од дроновите паднало врз складиште за нафта во градот Резекне, на околу 40 километри од границата со Русија, објави јавната радиотелевизија ЛСМ, повикувајќи се на полицијата. Пожарот што избувна на местото на несреќата беше изгаснат пред пожарникарите да стигнат таму, пренесува ЛСМ. Единици на вооружените сили, ...

Иран категорично негираше каква било поврзаност со експлозијата што предизвика пожар на јужнокорејски товарен брод во Ормутскиот теснец во понеделникот. Пожарот избувнал во машинската просторија на бродот што плови под панамското знаме, а на кој имало 24 члена на екипажот, вклучувајќи шест јужнокорејски државјани, пишува Скај њуз. Министерството за надворешни работи во Сеул објави дека причината за пожарот сè уште не е јасна и дека истрагата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази увереност дека војната во Иран „ќе заврши брзо“ и рече дека повеќето луѓе ја разбираат неговата цел да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Неговите изјави доаѓаат во време кога американските медиуми известуваат за напредок во преговорите, а Иран потврдува дека американскиот предлог за прекин на конфликтот „сè уште е во фаза на разгледување“, пишува Би-Би-Си. Американскиот портал „Аксиос“ ...

Овен Денот бара стратешко размислување и трпение. Фокусирајте се на завршување на започнатите проекти наместо на започнување нови. Можни се неочекувани вести во професионалната сфера, кои ќе ги променат вашите планови за претстојната недела. Останете флексибилни и прилагодливи. Бик Вашата владејачка планета ви носи самодоверба и внатрешна рамнотежа. Искористете го овој четврток за да ги решите административните работи и да потпишете важни ...

Променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...

Од 2 февруари до 30 април, преку системот „Безбеден град“, се регистрирани вкупно 73.340 сообраќајни прекршоци. Од нив, 19.066 се регистрирани во февруари, 26.241 во март и 28.033 во месец април, покажуваат податоците што ТВ21 ги обезбеди од Министерството за внатрешни работи. Најголемиот дел од прекршоците се поврзани со пречекорување на дозволената брзина, вкупно 70.365 случаи. Исто така, се евидентирани 2.519 случаи на управување возило со ...

Изет Меџити од ВЛЕН вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека етничката припадност се утврдува преку лична карта. Како што вели, недостатокот кај Балансерот бил во доброволната изјава што се дава во моментот. Меџити: Сега е воведено идентификацискиот документ да биде еден од начините за утврдување на етничката припадност на лицето. ТВ21: Како ќе се идентификува? Меџити: Со лична карта. ТВ21: Каде во личната карта пишува етничката ...

Изет Меџити од ВЛЕН изјави дека во минатото земјата се соочувала со сериозни политички и правни неправилности, додека денес, според него, таквите појави се надминати. По прашање на модераторот околу критиките од опозицијата дека се деградира сè што е постигнато во последните две децении, Меџити порача дека прашањето за легитимитет, кое претходно било честа тема, сега е занемарено поради резултатите од локалните избори. „Претходно ја имаа ...

Коментирајќи ја изјавата на премиерот на земјата Христијан Мицкоски од претходниот ден за предвремени избори, Изет Меџити, лидер на ВЛЕН, во „Click Plus“ изјави дека на ВЛЕН му одговараат предвремени парламентарни избори. Како што додаде, сепак оваа година нема да има избори. Меџити понатаму нагласи дека ВЛЕН раководи со 70% од општините со албанско население, како и дека во анкетите излегува како апсолутен победник. Коментирајќи ја изјавата ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54