Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Во Канцеларијата на Европската Унија во Северна Македонија проектот за канализациската мрежа од Зајас до Кичево се води како завршен во 2024 година, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, за време на неговата посета на оваа општина. Без да навлегува во детали, тој рече дека треба да се одржи технички состанок за да се утврди дали постои можност за рефинансирање на проектот. „Треба да се одржи технички состанок за да видиме како ...
Предлог-законот против пушењето веќе е во собраниска процедура, во второ читање, а за него се поднесени осум амандмани. Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да стапи во сила во рок од две до три недели. „Формиравме експертска група која ќе ги разгледа амандманите и ќе даде мислење за нив. Новиот министер треба да ги достави следната недела, за законот да ја помине таа фаза и да биде ставен на гласање на пленарна ...
Во понеделник на два дена пред истекот на дополнителниот рок за донесување на Изборниот законик, најавено е дека Левица ќе иницира средба. Како што е познато владејачките партии на средбата на координаторите која се одржа во вторникот им предложиja на опозиционерите да постигнат договор за новото решение, вклучително и за гласањето на дијаспората и дека тие ќе прифатат се што ќе предложат. Денеска тие повторно со повик да се усогласат и да ја ...
Министерот за транспорт Александар Николоски најавува брз напредок во патната и железничката инфраструктура. При увидот на работите на еден локален пат во Тетово, тој вети дека следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, проект кој, според него, целосно треба да заврши до 2028 година. „Имаме добар напредок во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар. Ова е автопат кој го започна оваа влада. Сите прашања ...
Со жестоки критики меѓу пратениците од опозицијата и власта продолжи амандманската расправа за ребалансот на буџетот. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Опозицијата бараше повеќе пари за локални инфраструктурни проекти, брани, патишта, водоснабдителни системи,жичарници, социјални станови,кои не беа прифатени од власта. -Со овој амандман бараме да се обезбедат средства во износ од ...
Геноцидот во Сребреница претставува еден од најголемите неуспеси што оставил траен и темен белег врз човештвото, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши во своето обраќање. Тој нагласи дека геноцидот не започнува со звукот на оружјето, туку со рамнодушноста кон насилството, додавајќи дека токму затоа улогата на институциите е од суштинско значење. -Тука сме затоа што геноцидот не започнува со звукот на оружјето. Тој започнува многу ...
Министерството за образование и наука подготвува значајни измени на Законот за студентски стандард со кои ќе се воведат построги критериуми за сместување во студентските домови, како и санкции за студентите кои ќе го прекршуваат куќниот ред. Една од клучните новини е воведувањето максимална старосна граница од 30 години за аплицирање за сместување. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека анализите покажале оти дел од ...
Посмртните останки на десет жртви од геноцидот во Сребреница во 1995 година пристигнаа во Меморијалниот центар во Поточари, каде што ќе бидат погребани на 11 јули, односно утре, на денот кога светот им оддава почит на жртвите. Меѓу жртвите е и Муриз Бараковиќ, кој имал 22 години кога бил убиен. Неговата сопруга Везира изјави дека со него се разделила за време на војната, а подоцна дознала дека бил ликвидиран. Најмладата жртва што ќе биде ...
Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при ...
Полицијата информираше за трагичен настан кој се случил синоќа во Гостивар. Имено, 14-годишно девојче од Кавадарци, било донесено во болницата без знаци на живот. Споед пријавеното, претходно девојчето паднало од лулашка во парк во Гостивар. „На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според ...
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка учествуваше во меѓународната операција „FIRSTLIGHT 2026“ за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол, која се реализираше во периодот од 15.01.-30.04.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел откривање и сузбивање на измами со модус ...
Првите километри од автопатот Тетово-Гостивар ќе бидат завршени во рок од една година, што според моменталната динамика се очекува целосно да биде завршено во 2028 година. Работиме и на железничко поврзување како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“ , објави денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. „Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар напредува добро. Ова е автопат што го иницираше оваа Влада. ...
Албанската полиција го објави завршувањето на меѓународната операција со кодно име „Бес“, за време на која во Драч беа уапсени двајца државјани барани од властите на Македонија за тешки кривични дела, објави ТВ21. Според соопштението на државната полиција, уапсените се М.Џ., 26 години, роден во Скопје, и С.Н., 34 години, роден во Норвешка. „За овие граѓани, ИНТЕРПОЛ издаде меѓународни потерници за: убиство, повреда, нелегално поседување ...
Авион на авиокомпанијата „Рајанер“, кој сообраќал на линијата Солун – Минхен, денеска безбедно слета назад на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако за време на летот бил регистриран сериозен дефект на еден од моторите. Според достапните информации, пилотите го забележале проблемот додека авионот се наоѓал над територијата на Македонија и, од безбедносни причини, донеле одлука да го прекинат летот и да се вратат на аеродромот од каде што ...
Израел ја предупреди американската влада дека Иран наводно планира атентат врз претседателот Доналд Трамп, објавија во четврток Си-Ен-Ен и Волстрит џурнал, повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна составило план, чии детали сè уште не се познати. Американската администрација често добиваше слични предупредувања во последните недели, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер. ...
Аеродромите во Скопје и во Охрид, продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај во првата половина од 2026 година. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата ...
Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во Шпанија, кој локалните медиуми го опишаа како „најразорниот пожар досега“ што ја погодил Андалузија. Првичните истраги покажуваат дека причина за пожарот е паднат далновод. Претседателот на регионалната влада, Хуан Мануел Морено, изјави дека бројот на жртви може да достигне 12, додека се чека потврда за откривање на уште едно тело. Тој исто така истакна дека 19 луѓе сè уште се водат како исчезнати. ...
Еден од најсилните натпревари на Светското првенство во 2026 година се одржува вечерва во Лос Анџелес, каде Шпанија и Белгија ќе се соочат во четвртфиналето за место меѓу четирите најдобри репрезентации на турнирот. Натпреварот започнува во 21:00 часот (UTC), а победникот ќе се пласира во полуфиналето, каде што ќе се соочи со Франција која синоќа беше подобра од Мароко. За поразениот тим Светското првенство во 2026 година ќе биде завршено. ...
Централната команда на американската војска (CENTCOM) го повтори американскиот став дека Ормутскиот теснец е меѓународен воден пат што Иран нема право да го контролира. Командата објави „проверка на фактите“ доцна во четвртокот во врска со иранските тврдења за овој клучен воден пат. „Иранските медиуми тврдат дека преминот низ Ормутскио теснец е дозволен само преку патиштата одредени од Иран. ВИСТИНА: Иран не го контролира Ормутскиот теснец. ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле уапсени две лица поради тоа што кај нива била пронајдена дрога и пари. „На 09.07.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., биле пронајдени ...
Министерството за Финансии ги објави новите законски решенија за условите за основање и работење на давателите на финански лизинг. Од таму објавуваат дека новите измени ќе донесат поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците и поефикасен надзор. „Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените ...
Град Скопје информираше дека понеделник (13. јули) ќе започна дезинсекција на земјиште против размножување на комарци во Скопскиот регион. Согласно најавите, дезинсекцијата ќе се одвива од 13-ти до 16-ти јули, секоја вечер од 22:00 часот, до 03:00 часот следниот ден. „Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 13.07.2026 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето ...
Светот доби речиси еден милион нови милионери во 2025 година, што е еквивалентно на над 2.680 луѓе дневно, или речиси двајца секоја минута. Голем дел од овој раст надвор од САД беше во Европа, при што Источна Европа го забележа најбрзиот процент на раст, додека Обединетото Кралство, Франција и Шпанија заостануваат зад САД во однос на вкупниот број нови милионери, објавува „Еуроњуз“. Според тековниот девизен курс, еден милион долари вреди ...
Овен Љубов: Обидете се да ја разберете нечија „емоционална слабост“ или недостаток на храброст да одговори на вашите потреби. Бидете трпеливи. Работа: Ве очекуваат разни проблеми во комуникацијата со колегите. Некој се обидува да ве убеди во своите добри намери. Здравје: Важно е да се постигне внатрешна рамнотежа. Бик Љубов: Нема причина да се судирате со вашата сакана личност, оставете ги работите да си одат по својот тек. Работа: Изгледате ...
Сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Прв полуфиналист на Мундијалот е селекцијата на Франција, која во четвртфиналниот меч во Бостон, ја совлада селекцијата на Мароко со 2-0, и така стана првата репрезентација која се пласираше меѓу најдобрите четири селекции. Французите доминираа од почетокот до крајот на мечот, а можеа да го решат мечот и по првиот дел, откако имаа промашен пенал и уште најмалку три добри прилики. Мбапе изведе пенал, но Боно одбрани и ги остави Мароканците во ...
28 луѓе загинаа денес во пожар во фабрика за чевли во југоисточна Кина. Пожарот избувнал напладне по локално време на првиот кат од петкатна бетонска зграда, во која се наоѓале работилница и магацин, во градот Џинџијанг, во покраината Фуџијан. Причината за пожарот засега е непозната. Во времето кога избувнал пожарот, во зградата имало 237 работници, како и двајца посетители. Властите извлекоа 213 лица од пламенот, од кои двајца беа прогласени ...
Палестинскиот претседател Махмуд Абас распиша парламентарни избори за 28 ноември, први по повеќе од 20 години, но нивното одржување е сè уште неизвесно. Абас го одреди датумот со декрет и ги повика Палестинците на Западниот Брег , Источен Ерусалим и Појасот Газа да гласаат. На последните парламентарни избори , одржани на 25 јануари 2006 година, исламистичкото движење Хамас освои мнозинство, со 74 од вкупно 132 места во Палестинскиот ...
Пакистанските морнарички екипи за пребарување и спасување се бореа со немирно море во четврток, додека потрагата по петте членови на екипажот кои исчезнаа откако нивниот товарен авион се урна во Арапското Море влезе во својот втор ден, соопштија официјални лица. Остатоците од авионот беа пронајдени во среда, но немаше трага од исчезнатите членови на екипажот, објави АП . Авионот, управуван од приватниот превозник К2 Ервејс, пријавил дефект на ...
Струга без решение за стационар за бездомни кучиња, откако Општинскиот совет не успеа да го реши овој проблем. На седницата на Советот беше поставена точката за гласање на концесијата за стационар за бездомни кучиња, која две седници по ред не беше изгласана. Градоначалникот на Општина Струга за ова ги обвини советниците од НАИ и независната листа на Мерко. „Во Советот на Струга не беше изгласана точката од дневниот ред за стационарот за ...