Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Францускиот претседател Емануел Макрон е безбеден по извештаите за експлозии што се случија во вторник наутро во центарот на Дамаск, соопшти Елисејската палата. Макрон е во сирискиот главен град на разговори со сирискиот претседател Ахмад ал-Шара во претседателската палата. Безбедносен извор за Би-Би-Си изјави дека експлозиите биле предизвикани од две експлозивни направи и дека неколку лица се повредени. По посетата на Сирија, се очекува ...
Министерството за внатрешни работи на Македонија, објави дека, според нивните податоци, стапката на криминал во земјата е најниска во последните 20 години, додека вкупниот криминал е намален за 30 проценти во последните две години. Во соопштението се наведува дека е зголемена и ефикасноста во откривањето на кривични дела и нивните сторители, достигнувајќи 69 проценти. „Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години. Борбата против ...
Во Анкара започна 36-от самит на НАТО, чиј домаќин е Турција, на кој учествуваат лидери на сите земји-членки на Алијансата, десетици поканети државници, околу стотина министри, високи дипломати и претставници на меѓународни организации. Првиот ден од самитот јасно ја покажа насоката во која се движи Алијансата – масовни инвестиции во нови воени капацитети, способности и модерно оружје. Инвестицискиот и индустриски форум на НАТО веќе зборува ...
Косовските царински службеници запленија непријавена комерцијална стока и 29.900 евра за време на проверка на граничниот премин Хан и Елези. Според соопштението на царината, возилото со северно македонски регистарски таблички било избрано за преглед врз основа на анализа на ризик. Иако возачот изјавил дека нема стока или пари за пријавување, при прегледот биле пронајдени комерцијална стока и 29.900 евра во готово кај возачот и патникот. ...
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека европската безбедност не може да се сведе само на Европската Унија (ЕУ), туку бара поширок пристап, нагласувајќи ја централната улога на Турција во безбедносната архитектура на континентот, објави Анадолија. Зборувајќи на настанот насловен како „Европска безбедност по самитот во Анкара: Зајакнување на соработката меѓу сојузниците на НАТО во Европа“ , организиран во Анкара од ...
Португалската фудбалска мега ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека ова е неговото последно Светско првенство. Португалија беше елиминирана во осминафиналето од Шпанија во понеделник вечерта, откако прими гол во продолжението, а португалската легенда го напушти теренот во солзи. Сепак, 41-годишникот рече дека си заминува со чиста совест, нагласувајќи дека дал сè за националниот тим. „Како се чувствувам денес? Исто. Со чиста совест. Дадов се ...
Не треба да се отпишуваат од училиштата оние ученици кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, информираше Министерството за внатрешни работи. „Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ...
И третиот домаќин Соединетите Американски Држави испаднаа од Светското првенство 2026 година, по синоќешниот пораз од Белгија 1:4 во Сиетл. Најпрво многу прашина крена овој меч пред самиот почеток, откако ФИФА го помилува напашѓачот на САД Фоларин Балогун, кој и покрај црвениот картон, на крајот настапи за својата селекција, но не постигна гол. И неговото присуство на теренот не ги попречи Белгијците да дојдат до посакуваниот триумф. Белгија ...
Спортскиот свет е обвиен во црно по вестите од Венецуела. Вилнер Ривас (31), капитен на машката одбојкарска репрезентација на Венецуела, загина во катастрофалниот земјотрес, заедно со неговата сопруга Маријанхел Перез и нивниот син Тео. Спасувачите ги пронајдоа телата на едно семејство под урнатините на нивната станбена зграда во државата Ла Гваира, една од областите најтешко погодени од катастрофалниот земјотрес. Семејството се сметаше за ...
Овен Денот ви носи силна енергија и желба за нови предизвици. На работното место ќе добиете можност да покажете иницијатива, а во љубовта искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Во приватниот живот ве очекува пријатно изненадување од блиска личност. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашето најсилно оружје. Искористете го денот за важни состаноци, договори и ...
Сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Шпанија избори драматичен пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако со гол во 91-та минута ја совлада Португалија и го доби големото ибериско дерби. Во натпревар исполнет со борба, тактичко надмудрување и мал број шанси, се чинеше дека победникот ќе се решава по продолженија. Сепак, Шпанците успеаја да го зададат решавачкиот удар во судиското продолжение и да ја елиминираат Португалија. За португалската репрезентација ова ...
Бројот на жртви од двата катастрофални земјотреси во Венецуела се искачи на 3.535, соопштија властите во понеделник, а речиси 18.000 луѓе сè уште се бездомници, повеќе од една недела откако катастрофата го погоди главниот град и блиските крајбрежни области, објави Ројтерс. Водечкиот пратеник Хорхе Родригез изјави дека најновите официјални бројки покажуваат дека бројот на повредени е 16.740, а раселени се 17.854 по земјотресите со јачина од ...
Пепелта од ерупцијата на вулканот Етна предизвика прекин на сите летови на аеродромот Катанија на Сицилија денес, соопшти операторот на аеродромот SAC. Аеродромот соопшти дека сите дојдовни летови се прекинати и дека не се дозволени полетувања. Се очекува ограничувањата да останат на сила до вторник во 10 часот наутро. На патниците им се препорачува да се консултираат со своите авиокомпании пред да патуваат до аеродромот. Најголемиот активен ...
Дополнителни американски војници треба да пристигнат во ПОЛСКА во следните три месеци, додека Варшава и Вашингтон водат разговори за проширување на американското воено присуство, вклучително и можноста за воспоставување постојана американска база, објави во понеделник полскиот дневен весник „Дженик газета правда“ (DGP). Повикувајќи се на извори блиски до разговорите, весникот објави дека полските претставници разговараат за две одделни ...
Одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон и суспензијата од еден натпревар за американскиот репрезентативец Фоларин Балогун предизвика бурни реакции и отвори дебата за независноста на фудбалските институции за време на Светското првенство. Откако дисциплинските органи на ФИФА одлучија Балогун да има право на настап во осминафиналниот натпревар против Белгија, во јавноста се појавија прашања дали врз одлуката влијаеле политички притисоци. ...
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во официјална посета на Дамаск, станувајќи првиот шеф на држава од Западна Европа што ја посетува Сирија по доаѓањето на новите власти на чело на земјата во 2024 година. Според француското претседателство, Макрон за време на посетата ќе ја истакне поддршката за „слободна и плуралистичка Сирија, која ги почитува сите свои заедници“ и ќе ја нагласи важноста земјата да придонесе за намалување на ...
КРАЛОТ Чарлс III се возеше во британски тенк за време на неговата прва посета на Кралскиот тенковски полк откако стана командант на полкот. Тој пристигна во Музејот на тенкови во Бовингтон, Дорсет, во оклопно возило „Ролс-Ројс“ од 1920 година, додека центарот одржуваше настан по повод Денот на семејството за роднините на полкот. Покојната кралица Елизабета II, исто така, се возеше во истото возило во музејот во 1997 година за да ја одбележи ...
Пред патувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Турција за самитот на НАТО, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник го повика Вашингтон да не ѝ продава напредно оружје на Анкара, особено авиони Ф-35. Во интервју за Фокс њуз, Нетанјаху ја нарече Турција „режим заразен со Муслиманското братство“, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху ја опиша Турција како „екстремистичко движење кое ја мрази Америка и вика „Смрт за ...
Општина Тетово информира дека во среда, на 15 јули 2026 година, ќе се спроведе втората просторна дезинсекција на територијата на градот, согласно Програмата за спроведување на мерките за дезинсекција, со цел заштита на јавното здравје. Од Општината соопштуваат дека активноста ќе ја реализира овластен оператор, според одобрениот оперативен план, а процесот ќе биде под надзор на овластени претставници на локалната самоуправа. Во пресрет на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти се прави значителен напредок кон завршување на војната во Украина, по телефонскиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на настан во Белата куќа во Вашингтон, Трамп оцени дека преговорите се „многу поблиску до решение отколку што мислат луѓето“. „Претседателот Путин исто така сака војната да заврши. Верувајте ми кога ви велам. Разговорот беше добар. ...
Продолжи расправата за ребалансот на буџетот. Опозицијата критикува дека прекројувањето на државната каса е признание дека Владата потфрлила во планирањето и дека тоа ќе значи дополнително зголемување на јавниот долг и на дефицитот. Со ова ништо суштински и конкретно нема да се направи со цел подобрување на стандардот на граѓаните, велат опозиционерите. „За 2026 година се планира ново задолжување од над 120 милијарди денари, вклучувајќи ...
Околу 30 ученици во текот на минатиот и овој месец заминале да ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади, при што сите трошоци за нивното учество се целосно покриени од државата, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, Министерството за образование и наука и Владата втора година по ред обезбедуваат целосно финансирање на патувањата и котизациите за младите таленти, со што нивните семејства не ...
Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска е затворен поради вулканската активност на Етна, а летовите се пренасочуваат на аеродромот во Палермо. Авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците. На аеродромот во Сицилија слетуваат и полетуваат авиони на „Рајанер“, „изиЏет“, „Визер“, КЛМ и „Луфтханза“. Етна вчера почна да исфрла пепел, а аеродромот „Катанија-Винченцо Белини“, што е лоциран 45 километри од ...
Министерот за животна средина, Мухамед Хоџа, соопшти дека продолжуваат инвестициите за подобрување на управувањето со отпадот и борбата против загадувањето на воздухот. Според него, веќе се обезбедени механизација и комунална опрема за општините, а паралелно се подготвуваат постапките за изградба на регионални центри за управување со отпад. „Веќе е обезбедена најважната опрема за општините – механизација и комунална опрема. Паралелно се ...
Нема најави за некаков евентуален договор меѓу пратеничките групи за новиот Изборен законик. Координаторите утре повторно ќе седнат на заедничка маса, во нов обид да постигнат договор и со тоа да го усвојат законското решение пред новиот рок што го постави Европската унија за постигнување уште еден чекор од Реформската агенда. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е за гласање на ...
Потпишан е договорот за грант за финансирање на изградбата на автопатот Скопје–Блаце. Договорот го потпишаа директорот на Европската банка за обнова и развој, Фатих Туркменоглу и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Грантот изнесува 30,8 милиони евра, додека кредитот е 167,6 милиони евра. Трајановски најави дека градежните работи ќе започнат во август годинава, а изградбата ќе трае четири години. „Ова е ...
Седум области од јужна Франција се под црвена тревога поради многу висок ризик од шумски пожари, додека 41 области се под портокалова тревога. Пожарот проголтал најмалку 4600 хектари во Травил, и се шири многу брзо, а луѓето од 26 општини им е наредено да се евакуираат. Досега од областа се евакуирани над 10.000 луѓе. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез ќе го ќе го посети оперативниот команден пункт и ќе се сретне со екипите ...
Португалија против Шпанија вечерва од 21:00 часот во можеби најинтересната 1/8 финална пресметка на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Двете селекции важеа за едни од фаворитите пред почетокот на ова Светско првенство, и за жал една од овие две селекции ќе мора да си замине предвреме. Португалија на патот кон 1/8 финалето ја елиминираше селекцијата на Хрватска со 2-1 во контроверзен натпревар, додека Шпанија со 3-0 ја победи Австрија. Може ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека јавните финансии се стабилни и дека буџетските приходи се реализираат согласно планираното. Во првите шест месеци од 2026 година, приходите во Буџетот достигнале 169,9 милијарди денари, што е за 8,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Даночните приходи изнесувале 96,7 милијарди денари, при што е забележан раст на приходите од ДДВ, данокот на добивка и ...