Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Предметот го затворив јас како надлежен обвинител на истрагата, рече на брифинг со новинарите, обвинителката во ОЈОГОКК, Катерина Коларевиќ која со тврдење дека немало доволно докази ја затвори истрагата за РКМ, Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, Васко Ковачевски и уште 11 други лица во истрагатз спорните набавки на мазут за ТЕЦ Неготино. Претходно, државниот обвинител Ненад Савески за „Фокус“ потврдил дека од републичкото обвинителство не било ...
14-годишен ученик се бори за живот во Клиничкиот центар откако вчера бил избоден од друг 15 годишник додека бил на училиште во Основното училиште „22 Ноември“, односно 25 Мај по старо, во скопската населба Ченто. Во Клиниката велат дека ученикот бил донесен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во стомакот и расекотина на главата. „Веднаш по приемот е направена компјутерска дијагностика, лабораториски анализи, при што е установено дека има ...
Неколку дена откако и во Македонија се одбележа Денот на Европа, власта и опозицијата продолжија со обвинувањата за меѓународните релации и блокадата на патот кон полноправно членство. Полесниот пат кон ЕУ е понижувачки, а Владата го избира потешкиот. Премиерот Мицкоски со овие зборови денеска се осврна на евроинтеграциите. Вели дека земјата ќе го заслужи своето членство во Унијата со работа и со квалитет, а не се погазување на достоинството. ...
Студенти кои живеат во блокот Б кој е дел од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје oвој период се соочуваат со низа на проблеми. Еден од нив е проблемот со стаорци кој се појавил на повисоките катови во блокот. Проблемот бил пријавен од нивна страна, но со потешкотии поради тоа што не е конституиран совет на станари од страна студентите, па контактот и пренесувањето на проблемите оди под отежнати околности. Студентка која анонимно се ...
Избегнати се рестрикции на струја, а државата без набавката на мазут преку договорите со РКМ можела да остане без електрична енергија за домаќинствата, вака обвинителката во ОЈОГОКК Катeрина Коларевиќ, на брифинг со новинарите, образложи една од причините зошто е запрена истрагата за купувањето на мазут за ТЕЦ Неготино, во која првично беше соопштено дека е направена штета од над 167 милиони евра. Обвинителката Коларевиќ соопшти и дека не се ...
Француската и воедно светска мега ѕвезда , продуцент на хаус музика и диџеј Дејвид Гета доаѓа во Скопје , во рамките на неговата турнеја „ Монолит“. Настапот го организира Владата на Македонија и Авалон продукција на 8. Септември, кога ќе се одбележат 35 години независност на Македонија. Од Авалон рекоа дека шоуто на Гета на Градскиот стадион ќе биде една до две класи погоре во однос на сите концерти што Продукцијата ги организирала дома и во ...
Во првите три месеци од годинава пазарот на недвижности бележи значителен пад. Бројот на купопродажни договори и закупи во првотот тромесечје годинава споредено со четвртиот квартал од претходната година е намален за 16, 4 отсто. Тоа укажува на намалена пазарна активност се вели во извештајот на Катастар. Според податоците, бројот на продадени станови во првиот квaртал од годинава е намален за 27 проценти во однос на четвртиот квартал од ...
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Aбази, за кого партијата смета дека одработува за СДСМ и ДУИ. Партијата ја смета наредбата за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино за контроверзна и бара да си замине од функцијата. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Aбази, за кого партијата ...
Во тек е процедурата за избор на претседател на кривичниот суд во Скопје.. Во трка се Ивица Стефановски, судијата кој ги водеше предметите против Стојанче Јовановски и Љупчо Палевски -Палчо и Даниела Димовска актуелната вршителка на должноста.. Кандидатите денеска ги претставија своите програми пред мешовитата комисија, а претседателот Ивица Николовски соопшти дека сумираните оценките ќе ги достават пред судскиот совет, по што ќе следи јавно ...
„ Политика, не коментирам“, кратко одговори обвинителот Ислам Абази за повиците на власта да си поднесе оставка од функцијата раководител на ОЈОГОКК. „Како раководител на Обвинителства никогаш не сум се мешал и влијаел врз обвинители за истраги. Никогаш не сум вршел притисок. Секој обвинител е независен во водење истраги и тоа сум го почитувал. Сите обвинители на кои сум им бил или сега сум раководител можете да ги прашат за тоа дали влијаам ...
Неколку ученици основци биле физички нападнати од други малолетници, додека биле на еднодневна екскурзија во паркот во Гази Баба. Родител пријавил во полиција дека неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека биле на еднодневна екскурзија преку училиштето во кое учеле, биле физички нападнати од неколку малолетници. На еден од учениците му бил одземен и личниот накит. Учениците биле од основно училиште од Аерoдром. „На 11.05.2026 ...
Во услови на војна на Блискиот Исток и економска неизвесност, надлежните уверуваат дека состојбата е стабилна и покрај забрзувањето на инфлацијата и очекувањата за забавување на економскиот раст. Премиерот Мицкоски посочува дека за повисок економски раст е потребно продолжување на изградбата на коридорите 8 и 10Д и гасното поврзување со соседите. Никица Мојсоска – Блажевски од „Македонија 2025“ оцени дека засега нема простор за загриженост, ...
На 12.05.2026 во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско, се вели во билтенот на МВР. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се ...
Вчера во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето, соопшти МВР. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Вчера во 14:50 ...
Трговската размена меѓу Македонија и Албанија минатата година била 180 милиони евра, но имајќи ја предвид поврзаноста на двете држави, таа треба да стигне до една милијарда евра, порачаа учесниците на македонско-албанскиот бизнис форум. Заклучокот е дека, двете држави засега не успеваат да го искористат потенцијалот. За министерот за транспорт и врски, е чудно што трговски партнер број 1 на Македонија е Германија, на второ место е Велика ...
Во МАНУ се одржа јавна расправа по Нацрт-предлогот на Законот за пробација преку кој се овозможува ресоцијализација и реинтеграција на сторителите на кривични дела, како и уредување на извршувањето на алтернативни мерки и надзор во заедницата. Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов изјави дека стариот закон е донесен 2015 година, а пробацијата започнала да функционира четири години подоцна. Клучни, според него, се ...
Тим научници на британскиот универзитет Бат работи на развој на нова вакцина за справување со сој на хантавирусот. Иако во моментов не постои лек или вакцина, светската здравствена организација вели дека раното откривање и лекување ги подобруваат стапките на преживување. Последните патници и некои членови на екипажот го напуштија холандскиот крузер, откако се истоварија на Тенерифе. СЗО досега пријави вкупно девет случаи, седум потврдени и ...
Од истрага поради сомнеж дека со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино е направена штета од над 167 милиони евра, до повлекување од кривичната пријава поради немање докази. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека ја запира истрагата со која беа опфатени Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски- сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, ...
Кокаин закопан во земја на локацијата викана „Топо“, во атарот на селото Босилово, открија полициски службеници од СВР Струмица по спроведена акција и добиени оперативни сознанија. Дрогата била пронајдена и ископана со помош на работни машини, а по целосното документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Струмица е поднесена кривична пријава против три лица. Станува збор за дваесет и шестгодишниот И.Ѓ. од селото Ново Конско, ...
Во соработка на македонското и српското министерство за внатрешни работи, во Скопје е уапсен 42 годишниот С. М. При претрес на станот и други простории во Скопје каде што престојувал, пронајдени се лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина марихуана, пиштол марка CZ и муниција. С. М. претходно нелегално влегол на територијата на Македонија и според сомневањата на срспката полиција ...
Истрагата за злоупотреби на набавка на мазут за која денеска Обвинителството соопшти дека е запрена започна во март минатата година а со која беа опфатени повеќе лица меѓу кои екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски; сопствениците на РКМ чиј основач е Ратко Капушевски кој исто така беше приведен и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски (син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски). Истрагата беше насочена во три правци, првата е начинот на ...
Додека младите масовно ја напуштаат државата во потрага по подобар живот, младинските подмладоци на најголемите партии повторно влегоа во добро позната политичка пресметка – кој е виновен, а кој повеќе се грижи за младите. Наместо конкретни решенија за студентскиот стандард, ниските плати, иселувањето, зависностите и насилството меѓу младите, слушнавме меѓусебни обвинувања, партиски пораки и политички препукувања. Подмладоците во нова ...
По спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена ...
Вооружените сили на Иран се подготвени да обезбедат разорен, заслужен одговор на секоја агресија, со вакво предупердување претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Калибаф, истакна дека погрешните стратегии на непријателите ќе им донесат само катастрофални резултати. „Нашите вооружени сили се подготвени да обезбедат заслужен одговор на секоја агресија. Погрешната стратегија и погрешните одлуки секогаш ќе доведат до катастрофални ...
сообраќајните правила и прописи, на патиштата малолетници под 14 години, колку што е закнскиот минимум. –Како општество дозволивме овие возила многу брзо да станат дел од сообраќајниот систем, а притоа не сме подготвени ниту инфраструктурно, ниту законски, ниту едукативно. Во повеќето градови нема доволно велосипедски патеки, па возачите на тротинети често се движат по тротоари или директно на коловоз, што претставува опасност и за нив и за ...
На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Tрамп од овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апрати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече ѓубре кое што не го дочитал до крај. Трамп тврди дека Иран ѝ кажал на неговата администрација дека ќе им дозволи на САД да влезат и да помогнат во екстракцијата на нивниот високо збогатен Ураниум, но се откажале од тоа во својот последен предлог за прекин ...
Државни институции со милионски долгови за позајмици за плати. „Пошта“, „Водостопанство“ и „МЖ Транспорт“ му должат на „МЕПСО“ над 9 милиони евра – пари кои државниот преносен систем им ги позајмила за да исплатат плати. Ова го соопштија од „МЕПСО“ на брифингот со медиумите кој се одржа минатата недела. АД Пошта 2, 7 милион евра МЖ Транспорт 3,8 милиони евра АД Водостопанство 2,6 милиони евра Наместо враќање на парите, потпишаа договори за ...
Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија. Тој додаде дека Комисијата работи на усогласување на европскиот одговор заснован врз научни сознанија. Портпаролот посочи дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со епидемијата на бродот „Хондиус“. – Подготвени сме да ...
Тим научници работи на можна нова вакцина за справување со сој на Хантавирусот. Иако во моментов не постои лек или вакцина, Светската здравствена организација вели дека раното откривање и лекување ги подобруваат стапките на преживување. Ова доаѓа во време кога патниците од крузерот погоден од епидемија на Хантавирус предизвикана од сојот на Хантавирусот од андите се вратени во своите домови низ целиот свет. Тоа е сосема нов антиген и сега е ...
Државната изборна комисија донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки. Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци, а средствата ќе бидат префрлени на наменските сметки на општините за ...