Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Зошто партискиот фокус е на самите себе, а не на потребите на граѓаните? Реконструкција, предвремени избори, партиски прегрупирања и реформски конструкции? Што е приоритет, а што политички PR? Во Топ Тема дебата со пратениците: Александар Велјановски, ВМРО- ДПМНЕ и Јованка Тренчевска, СДСМ. Топ Тема со Боби Христов на Телма Зошто партискиот фокус е на самите себе, а не на потребите на граѓаните? Реконструкција, предвремени избори, партиски ...
„Имавме добра прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски. Бугарија има јасно изразена позиција, која од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку е прашање на дискусија меѓу Европската Унија и земја кандидат. Овој прозорец за проширување може да се отвори во наредните години, а доколку не ја искористат оваа можност, навистина може да изгубат“, изјави бугарската министерка за надворешни работи, ...
На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Трамп од Овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апрати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече ѓубре коешто не го дочитал до крај. Доналд Трамп, претседател на САД. Во однос на отстранувањето на збогатен ураниум од страна на Иран, тој рече дека Техеран прво тоа го дозволил па подоцна се предомислил. Трамп тврди дека Иран ѝ кажал на неговата ...
Американските здравствени власти соопштија дека 18 Американци од крузерот MV Hondius се вратиле во САД, а едно лице е позитивно на хантавирус. Втор Американец на летот за репатријација во неделата, исто така, покажал симптоми и отпатувал за Атланта, изјавија американските власти. Гувернерот на Небраска, Џим Пилен, вели дека постои „силен план“ и „никој што претставува ризик за јавното здравје не излегува од влезната врата на улиците на ...
Јованка Тренчевска од СДСМ, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, се осврна на досегашните предизвици на власта, европската агенда и идните законски решенија што ги планира партијата. Таа истакна дека СДСМ директно се соочила со наследените проблеми и дека патот кон реформите бара континуитет и политичка волја. Справување со наследените кризи Тренчевска потенцираше дека владата предводена од СДСМ не ветувала ...
Александар Велјановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, упати остри критики кон претходното владеење на СДСМ, предводено од Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Велјановски истакна дека фокусот на нивната партија сега е насочен кон санирање на штетите во клучните државни сектори и враќање на довербата во институциите. Според Велјановски, еден од најголемите пропусти на претходната власт биле ...
Има место за сите земји од Западниот Балкан во ЕУ, но само доколку се спроведат и испорачаат реформите, ова се пораките кои пред Советот за надворшени работи на ЕУ со министрите од Западниот Балкан ги испратија високата претставничка за надворешна и безбедноста политика на ЕУ, Каја Калас и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, кои се децидни дека без тоа проширувањето не може да продолжи. Кос пак рече дека проширувањето е приоритете на ...
Не се чувствуваат виновни сите 13 полицајци обвинети предизвикување општа опасност, за начинот на кој се спроведувала акциската контрола во Пулс, на кобната ноќ, кога во пожар животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Направиле се што можеле, во рамки на надлежностите, додадоа дел од нив. Во воведниот говор, адвокатите и обвинетите рекоа дека обвинението е контрадикторно и дека не може да се поврзе контролата во Пулс со ...
Прв квартал на 2027 година за автопатот Кичево – Охрид, декември 2029 година Тетово – Гостивар – Букојчани. Ова се конечните рокови за финиш на изведбата на работите на Коридорот 8. Дислокација на објекти и инфраструктура и санирање на свлечиштата на потегот Кичево-Охрид се клучните предизвици според премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николоски, кои заедно со директорот на Јавното претпријатие за патишта Коце Трајановски ...
Трајна забрана за чување на куќен миленик и драконски казни од 5.000 евра се предвидени во новиот Закон со цел државата да стави крај на неодговорното сопствеништво и напушатње на кучињата, кои завршуваат на улица. Со донесување на новиот Закон, во тек е и подготовката за Национална Стратегија. Секој регион во државата треба да ги преброи бездомните животни, односно да направи регистер и треба да направат свои Стратегии. „Врз основа на тие ...
Цицач- под ова кодно име се водела акцијата за прилепчанецот бизнисмен кој две години вработувал само бремени жени- товарот на породилното е на Фондот за здравство кој ја покренал истрагата за исцицани фондовски пари – За КОД тврди бевин сум ме наместија. Државата има дадено 285 концесии за експлоатација на минерални суровини на површина од 330 километри квадратни – 1,3 проценти од целата држава. Најголема површина држи РЕК Битола за своите ...
Повеќе десетици жители на населбата Водно во делот околу улицата Питу Гули денеска протестираа и ја блокираа улицата во овој дел на Скопје барајќи реакција на надлежните локални и градски власти за да се зголеми безбедноста во сообраќајот на тој дел. -Нема тротоари и пешачки премини, а возачите се движат со големи брзина со што е намалена безбедноста и има и удрени жители, велат оние кои беа на протестите. Улицата Питу Гули е на падините на ...
Се пролонгира рокот за изградба на автопатот Тетово – Гостивар – Букојчани за уште две години, со нов краен рок, декември 2029 година. Причината според надлежните е двегодишниот застој во проектот, за кој вината се бара во претходната влада. Владата не очекува зголемување на цената, иако работите ги изведува конзорциумот „Бехтел и Енка“. На денешниот увид на работните активности на терен беше репортерот Огнен Чанчаревиќ. На кој дел од трасата ...
Меѓусебни обвинувања, политички препукувања и обиди за префрлање на вината за иселувањето на младите е сликата од денешните прес-конференции на подмладоците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конкретни решенија, младинските организации на двете најголеми партии повторно се впуштија во партиска пресметка околу тоа кој е виновен што младите ја напуштаат државата. Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, оцени дека е „врв на лицемерие и цинизам“ ...
Откако владата доби негативно мислење за адвокатот Јордан Апосотолски кој заедно со адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет „Јустинијан први“ Сашо Георгиевски во ноември лани беа предложени од комисија предводена од претседателот на Уставниот суд, Комисијата денеска заседаваше и утврди нов кандидат на местото на оспорениот кандидат е Ана Дангова Хуг, предлог кој доби едногласна поддршка од членовите на Комисијата. Постапката ...
Советничката група на ГРОМ во Советот на Карпош обвини дека во општината постои институционална нестабилност и побара итно свикување вонредна седница. Тврдат дека градоначалникот Сотир Лукровски се повлекол од активното управување, додека одредени овластувања ги користи негов заменик. Советниците бараат расчистување на состојбата и доколку е потребно, распишување нови избори за градоначалник. Телма побара став и од Лукровски околу ...
Евроинтеграциите повторно главна арена за политичка пресметка помеѓу власта и опозицијата, со бројни прашања околу тоа кој е виновен за реформскиот застој на европскиот пат. Опозицијата тврди дека власта откако ги потрошила домашните виновници, сега вината ја префрла и врз ЕУ. Власта возвраќа дека опозиционерите ја туркаат старата агенда за уставни измени и „прават магла“ околу вистинските предизвици на патот кон Унијата. СДСМ остро го ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го отфрли одговорот на, како што ги нарече, таканаречените претставници на Иран на американските предлози за завршување на војната како „целосно неприфатливи“, зголемувајќи ги повторно тензиите во регионот. Според информациите на иранските државни медиуми, предлогот на властите во Техеран вклучува итен крај на војната на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, прекин на американската поморска блокада на ...
Во строгиот центар на градот, меѓу згради, амбуланта, кафулиња и фреквентна пешачка патека сцена како од хорор филм. Руиниран објект во Капиштец со години се распаѓа пред очите на јавноста, а денес е претворен во дива депонија, легло на смет, страв и неизвесност. Градежен шут, искршен мебел, распадната покуќнина и отпад на секој чекор. Мирис на влага, нечистотија и запуштеност во срцето на населбата. Но, оваа руина не е само напуштен објект. ...
Големото искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јасната визија за работата на ДКСК, нејзиниот план за работа и одличните одговори на поставените општи и посебни прашања се причините кои ја исфрлија Катерина Зајковска прва на ранг листата на Комисијата за селекција. Ова и освоените процентни поени беа доволни за денеска да биде предложена за член на Антикорупциската комисија. „Најдобро рангиран кандидат е ...
Обвинетите 13 полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска се изјаснија дека не се виновни. Во судскиот процес кој се води против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, тие се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ . Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ...
Чистењето диви депонии очигледно е сизифовска работа во Македонија. На истата локација во Долно Лисиче на која градоначалникот на Аеродром во саботата затекна камион што на диво истура градежен шут, синоќа некој ја оставил старата дневна соба. „Во саботата беше градоначалникот, значи ова вчера е фрлено, тазе е. Идат со коли, фрлаат, а и нема контрола. Овде накај расадникот сè е стиропор, палено, некни поминав натака, па била и пожарна. ...
Дополнителни обуки за училишните психолози и дежурства на наставниците во сите училишта се дел од мерките што ги најави министерката за образование Весна Јаневска за справување со врсничкото насилство. Според Јаневска, агресивното однесување не се создава во училиштата, туку учениците го носат од средината во која растат. Таа смета дека станува збор за комплексен проблем, чие решавање бара вклучување на семејствата и стручните служби. „Овој ...
Каде ќе се крати, а за што ќе има повеќе пари? Стартуваа подготовките за ребалансот на буџетот. Овој пат ќе се донесе еден месец порано. Денеска прв во Министерството за финансии на преговори за пари стигна Министерот за здравство Азир Алиу. Но, според најавите од министерството во текот на денот во финансии треба да дојдат и други колеги на министерката Димитриевска – Кочоска исто и во следните неколку дена. По, направените математички ...
Меѓусебни обвинувања, политички препукувања и обиди за префрлање на вината за иселувањето на младите е сликата од денешните прес-конференции на подмладоците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конкретни решенија, младинските организации на двете најголеми партии повторно се впуштија во партиска пресметка околу тоа кој е виновен што младите ја напуштаат државата. Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, оцени дека е „врв на лицемерие и цинизам“ ...
Десетина национални институции и манифестации од културата формирани во 2023 година ќе се реорганизираат, најави министерот за култура Зоран Љутков. Овие институции, вели Љутков се формирале без подготовки и консултација со странските експерти и тапкаат во место – затоа ќе бидат фузионирани но вработените нема да останат без работа… „Одреден број на национални установи кои се формирале без подготовка, без анализа и консултација со стручната ...
На веб сајтот на владата, името на Арбен Фетаи се уште фигурира во втората линија на членови на кабиентот, како вицепремиер за добро владеење. Биографијата во 5 пасуси почнува со цитат „искусен професионалец во областа на јавната политика и европските интеграции, со богата меѓународна кариера.“ Но, во биографијата нема дека не бил на седница на влада од 26-ти февруари односно еве скоро три месеци. Неговот отсуство почна кога ВРЕДИ стартуваше ...
Во Брисел се одржува Советот за надворешни работи на Европската Унија на која се поканети и министрите за надворшени работи на Западниот Балкан. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пред почетокот на состанокот изјави дека проширувањето е императив и за Европската Унија и кога станува збор за Западен Балкан тој треба да престане да биде „сива зона“ на Европа. Муцунски притоа рече дека државата постигнала ...
Адреналин, сила, издржливост, кондиција и синхронизираност на тимовите беа неопходни за учество, а и победа на Националното првенство во Функционален фитнес – RedBullGymClash. Во сите овие параметри, најдобар беше тимот на Фит Хаб од Скопје, со што заслужи да ги одмери силите со најдобрите од светот, на претстојното Светско првенство во Египет! Работата само и единствено со дополнителна тежина, “билдерскиот” изглед и обемната мускулатура се ...
Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите одлуки за цените на горивата. Од ноќеска на полноќ, дизелот поевтинува за 4 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 за половина денар, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по иста цена. ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 денари/литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 денари/литар ЕУРОДИЗЕЛ БС 89,50 денари/литар На овие цени треба да се пресмета и попустот од два денари за бензините и три денари за дизелот кој го даде ...