Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во првите три месеци во Македонија купени се недвижности во износ од 275 милиони евра, а напревени си закупи во износ од 1,1 милиони евра. Споредено со претходниот квартал купопродажбите се намалени за 12,4 отсто а кај закупите забележано е намалување од 8,6 отсто, се наведува во извештајот на Агенцијата за катастар. Во првиот квартал од годинава пазарот на недвижности бележи значителен пад. „Сепак, првиот квартал од годината традиционално ...
Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија Рамсторе Македонија ДОО, започнувамe со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор. Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран согласно сите безбедносни и оперативни стандарди. ...
Откако МВР информираше дека извршила разговор со поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски тој се огласи со статус на социјалните мрежи. Николовски пишува дека неговиот разговор во полиција е монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања. Николовски на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор Откако МВР информираше дека извршила разговор со поранешниот министер за земјоделство Љупчо ...
Сан Антонио поведе со 3-2 против Минесота по убедливата победа на домашен терен во полуфиналната плејоф-серија на Западот во НБА-лигата. Виктор Вембања, откако четвртиот натпревар го заврши предвреме поради исклучувачка техничка грешка, утринава се искупи со фантастичен настап во победата на Спарс од 126-97 против Тимбервулвс. Французинот мечот го заврши со 27 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади. Келдон Џонсон постигна 21 поен, ...
Во Виена синоќа на прекрасна сцена и визуелни ефекти се одржа правата полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар, на кое се претставија вкупно 15 земји. Во оваа вечер свој настап имаа и Хрватска, Србија и Црна Гора, како и претставници на Молдавија, Шведска, Грција, Португалија, Грузија, Финска, Естонија, Израел, Белгија, Литванија, Сан Марино и Полска. Во финалето се пласираа Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, ...
Во критична состојба е французинка која е заразена за време на епидемијата на смртоносниот хантавирус на крузерот под Холандиско знаме. Бројот на регистрирани случаи веќе достигна 11, од кои 9 се потврдени. Тројца патници на крузерот „Хондиус“ починаа, вклучувајќи ја и холандската двојка за која здравствените власти веруваат дека била првата изложена на вирусот за време на посетата на Јужна Америка. Француската патничка, хоспитализирана во ...
Електричните тротинети – практични и модерни, сè сe поопасни на улиците. Истражување покажува дека само 7 % од возачите ги почитуваат правилата. Останатите 93 % од возачите на електрични тротинети прават сообраќајни прекршоци – покажува најновото истражување на Техничкиот факултет во Битола и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Најчести проблеми се пребрзото возење, непочитувањето на правилата и возењето без заштитна опрема. ...
На дневен ред на комисјата за политички систем денеска е годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2025 година . Како што се наведува во Годишниот извештај, граѓаните и во 2025 година најмногу претставки поднесувале за работата на извршителите и судството генерално. Во овој сегмент, доминирале претставки за барања за деблокада на сметките, на ...
Вчера околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј.(31) од Кичево. Вчера околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп треба да пристигне во Пекинг денеска на неговиот долгоочекуван самит со кинескиот лидер Си Џинпинг во момент кога светот е загрижен за војната, трговијата и вештачката интелигенција. Авион „Air Force One“ полета за Пекинг со делегација составена од милијардери и извршни директори на водечки светски корпорации. Илон Маск: Најбогатиот човек во светот и сопственик на Tesla и SpaceX. Тим Кук: Извршниот ...
Министерот за одбрана на САД Пит Хегсет се соочи со тешки прашања од републиканските и демократските пратеници за крајната цел на администрацијата на Трамп за војната со Иран, зголемените трошоци од конфликтот за 29 милијарди долари и неговото влијание врз намалувањето на американските залихи на оружје. -Господине секретаре, војната во Иран не само што одзеде животи на 13 американски војници, туку ги чини и американските даночни обврзници ...
НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира, порача генералниот секретар Марк Руте од Подгорица, предупредувајќи дека во регионот постојат актери што се обидуваат да создадат нестабилност, додека Алијансата ќе ја препознае и ќе ѝ се спротивстави на секоја злонамерна активност на територијата на земјите членки. Оваа порака генералниот секретар на НАТО Руте ја испрати за време на прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, ...
Mапа од Венецуела покриена со американско знаме, со кратката порака: „51. држава“, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Според американсите медиуми Трамп сериозно ја разгледува идејата за припојување на Венецуела кон Соединетите Американски Држави. Планот на Трамп, вклучува целосно преземање контрола врз венецуелската нафтена индустрија, по соборувањето од власт на долгогодишниот претседател ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор, потврдија од МВР. –Лицето на 07.05.2026 по наредба на ОЈО е повикано на информативен разговор во СВР Скопје-Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста, информираат од МВР. Поранешниот министер за земјоделство, ...
Во скопската населба Козле вечерва е заловен волк кој незаконски бил чуван како домашно милениче. Волкот бил врзан со ланец за бандера. Како што соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, волкот е згрижен од службите на Зоолошка градина. „Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку ...
Што ќе донесе обединувањето на „Вреди“? – Единство или нови раслојувања? – Што ќе прават со одметнатиот Лимани и министерот на одмор Фетаи? Што се крие зад барањето на општините да добијат поголема автономија финансиска независност и поголеми надлежности? – Како го коментира ослободувањето од обвинение на Асмир Јахоски за мазутот во „ТЕЦ Неготино“ чиј татко е пратеник на ДУИ? За овие и други прашања во вечерашното интервју со ...
Построги правила за игрите на среќа – познати личности повеќе нема да можат да ги рекламираат и ќе мора да се на локација која ќе биде оддалечена најмалку 500 метри од образовни институции. Ова се двете клучни измени во Предлог-законот за игри на среќа и за забавни игри. Законот беше усогласен на владина седница и ќе биде испратен во Собранието на гласање. Во делот на рекламирањето се воведуваат сограничувања – освен што на познати лица им се ...
Ова покажува и докажува дека е потребна длабока реформа во судството, е коментарот на Изет Меџити, копретседател на Влен и градоначалник на Чаир, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ, за одлуката на обвинителството да ја запре постапката во истрагата за ТЕЦ „Неготино“ со што од вина, меѓу другите, се ослободуваат Асмир Јахоски, син на пратеникна ДУИ, поранешниот прв човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и Ратко Капушевски, ...
Ние не го елиминиравме, тој се самоелиминира, рече Изет Меџити, копретседател на Влен и градоначалник на Чаир, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма за статусот на Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади и на Арбен Фетаи, министер за добро владеење и транспарентост и вицепремиер во владата „Тие треба да објаснат на членството, на јавноста“, рече Меџити. За Лимани рече дека нема разговарано во последно ...
Полицијата уапси 65 годишен штипјанец, кој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, допирал по телото неколку малолетни ученички. Случајот во полиција го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Штип. Претрес имало во неговиот дом и во образовниот центар од каде се одземени предмети, а судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор. ...
Трговската размена меѓу Македонија и Албанија минатата година била 180 милиони евра, но имајќи ја предвид поврзаноста на двете држави, таа треба да стигне до една милијарда евра, порачаа учесниците на македонско-албанскиот бизнис форум. Заклучокот е дека двете држави засега не успеваат да го искористат потенцијалот. За министерот за транспорт и врски е чудно што трговски партнер број 1 на Македонија е Германија, на второ место е Велика ...
Професорката Симона Груевска-Маџоска преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Во објавата таа не ги наведе конкретните причини за одлуката, но порача дека „преку некои работи не може да се премине“. „Денес поднесов неотповиклива оставка на местото ...
Паѓа продажбата и закупот на недвижности во Македонија, покажува последниот извештај на Катастарот. Во првите три месеци од годинава регистрирани се вкупно 7.757 трансакции, односно купопродажби и закупи на недвижности, што е за 16,4 отсто помалку од последниот квартал во 2025 година. Гледано по категории, во делот на купопродажби, каде се регистрирани вкупно 5,174 трансакции, има пад од 16,9 отсто додека во делот на закупот, падот е 15,4 ...
Македонија никогаш немала реална и јасна шанса за членство во Европската Унија, оцени поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски во емисијата „Директно“. Според него, во македонската јавност со години се наметнува погрешен наратив дека државата пропуштила „историски шанси“ за евроинтеграција, иако, како што вели, вистинска политичка одлука за прием на Македонија во ЕУ никогаш не постоела. „Јас не верувам во пропуштени ...
Македонија никогаш немала реална и јасна шанса за членство во Европската Унија, оцени поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски во емисијата „Директно“. Според него, во македонската јавност со години се наметнува погрешен наратив дека државата пропуштила „историски шанси“ за евроинтеграција, иако, како што вели, вистинска политичка одлука за прием на Македонија во ЕУ никогаш не постоела. „Јас не верувам во пропуштени ...
Здравствените установи и болници се соочуваат со недостиг на медицински персонал, а особено на медицински сестри. На меѓународниот ден на медицинските сестри се алармира на недостигот на овој кадар, со што создава дополнителен притисок врз постојниот персонал. Од штипското Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки ја потенцираат потребата од формирање на комора, по примерот на лекарската. „Ние немаме статус, затоа што немаме закон. ...
Mакедонија и по две години од формирањето на новата Влада останува заглавена во истиот круг на неисполнети ветувања, слаби реформи и нефункционални институции, oсобено во јавната администрација оцени поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски во емисијата „Директно“. Според него раѓаните очекувале новата власт да донесе стабилност и конкретни резултати, особено во делот на реформите и евроинтеграциите, но според него, состојбата ...
Силно невреме со поројни дождови, олуен ветер и град го зафати регионот, предизвикувајќи сообраќаен колапс на дел од патиштата во Србија, сериозни материјални штети во Хрватска и прекин на патните правци во Босна и Херцеговина. Надлежните служби во трите држави издадоа итни предупредувања до граѓаните за заштита на имотот и висок степен на претпазливост. Во Србија, секторот за вонредни ситуации при МВР прогласи аларм за олујно невреме, ...
Откако ОЈОГОКК ја затвори финансискиот дел од истрагата за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, во вредност од над 167 милиони евра, од обвинителството на прашања на новинарите на денешниот брифинг соопштија дека се уште трае истрагата за еколошкиот дел и се испитуваат сомнежите дека со набавениот мазут од страна на РКМ е предизвикано и загадување. Направено е вештачење во Србија, а во тек е анализа на добиените податоци. ...
Кичевското обвинителство кое од јуни може да остане со двајца обвинители има најмногу нерешени предмети. Актелната шефица заминува во пензија. Ако не се преземе нешто ќе има проблеми да ги извршува и основните работи посочи вишиот обвинител Фаик Арслани. Тој во советот го презентираше извештајот за работата на обвнителствата од вишото гостиварското подрачје. Тетовското обвинителство пак е во подобра состојба но има истражен центар кого ...