Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Инфлацијата расте, нафтената криза ќе го забави економскиот раст. Може ли ребалансот на буџетот да остане на истите проекции за раст, инфлација и дефицит? Што може да се скрати, ликвиден ли е буџетот, нужно ли е ново задолжување? – Британскиот заем исчезна од фокусот, унгарската милијарда се потроши, кој е новиот партнер? На половина од мандатот, каква е оценката за економските политики на владата? Во „Вин-Вин“ интервју со Фатмир Битиќи, ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за истражна постапка против 33-годишник, осомничен за кривично дело „Убиство при вршење семејно насилство“, според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. „Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, ...
Осумгодишно дете попладнево е прегазено со автомобил „Мерцедес“ во Драчево, информира полицијата. „Денеска, 14.05.2026, во 18 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (53) од Скопје удрило во пешак-дете на возраст од околу осум години. Детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза”, а во тек е ...
Македонската ракометна репрезентација оствари рутинска победа од 31-24 на гостувањето кај Словачка во првиот бараж-натпревар за пласман на Светското првенство во 2027 година. Реваншот во Скопје треба само да го потврди нашето десетто учество на Мундијалите во историјата, односно осмо по ред. Во првото полувреме Македонија го контролираше резултатот, но имаше проблеми целосно да го скрши отпорот на Словаците. Нашите ракометари промашија ...
Единствено ургентно се бројките од фискалниот бројач на министерството за финансии поради што законот за задолжување кај меѓународните банки пристигна во собранието по скратена постапка, истакна Фатмир Битиќи, поранешен вицепремиер за економски прашања и актуелен пратеник на СДСМ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Заклучно со 13.05., приходите на државата се 33,6 посто, расходите се 39,3 посто или разликата на приходи ...
За првпат се случува да излезете на пазар и да добиете 15 до 20 отсто помалку од тоа што го побарувате, е коментарот на Фатмир Битиќи, поранешен вицепремиер за економски прашања и актуелен пратеник на СДСМ, што го даде во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма во врска со законот за задолжување кај меѓународни банки кој денеска пристигна во собранието. „Тоа укажува дека нешто не е во ред кога има синдицирано финансирање или ...
Има забрзување на процесот на реформите, споредено со Извештајот од минатата година, и искрено се надевам дека годинашниот извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево. Според Рокас, во тек е подготовка на Извештајот кој треба да се финализира во септември, а до крајот на јуни е рокот за чекорите и мерките што треба да ги спроведат владата и ...
Пресвртот во истрагата за мазутот за таа да биде запрена, наместо да заврши со обвинение, се случил со сведочењето на претставници на ЕСМ на 4 март оваа година, кога тие изјавиле дека со зделките немало штета, туку била остварена корист и немало рестрикции на струја, потврди во телефонска изјава за Телма, обвинителката Катерина Коларевиќ која ја водеше истрагата против РКМ, нејзиниот сопственик Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, екс директорот ...
Претседателот на гостиварскиот основен суд, Елјеса Алији е осомничен дека примил мито од 8.000 евра за да влијае кај судии во граѓански спор. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против Алији и судскиот администратор кои на почетокот на 2023 година ѝ ветиле на странка дека ќе ѝ помогнат. Најпрвин побарале помала сума на пари, но потоа уште неколку илјади евра. „За надомест од 5.000 евра тие требало да ...
За да не сведочиме на врсничко насилство на кое сведочиме секојдневно треба да се превенира, да се сензибилизираат децата, родителите и наставниот кадар во препознавање на различните форми на тоа насилство. Според Змијанац треба точно да се лоцираат причините за тоа насилство. „Кога ќе прочитам колку се деца сме опфатиле 8000 деца, 50 основни и средни училишта, 1200 професори, 2000 родители едноставно се запрашува човек што треба уште да ...
Харис Качапор, обвинет за сообракјката во која на пешачки смртно го прегази бизнисменот Јорго Ќука, не се чувствува виновен. По две одложувања, судењето почна со произнесување вина, воведни говори и докази на обвинителството. „Не се чувствувам виновен. Ако се утврди дека сум виновен, не било со никаква намера или умисла. Сакам да изразам сочувство до семејството“, рече обвинетиот Харис Качачпор. На 3 ноември лани, Качапор возел со брзина од ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници со жестока реакција на потегот на Владата која го усвои новиот текст за законот за игри на среќа во кој се дефинирани новите, по рестриктивни, правила на игра за обложувалниците, автомат клубовите и касината. Нетранспарентно и шверцерски е оценката на Асоцијацијата околу постапката за носење на Законот за игри на среќа „Ова значи буквално затварање на целата легална индустрија. Повеќе од 10 илјади ...
Девет пациенти имале непотребни операции или интервенции на срце. Од вкупно 13 кои беа дел од истрагата на странската комсиија, само четири случаи имале оправданост за кардиолошка или кардиохируршка интервенција. Овие наоди според министерот за здравство се сериозни но не треба да се користат за нарушување на угледот на целата лекарска професија. „Во однос на овие случаи дека цитирам: „дека одредени аспекти од третманот и водењето на ...
Односите меѓу САД и Кина се најважни во светот, оцени кинескиот претседател, Ши Џинпинг, на разговорите кои ги имаше со претседателот на САД, Доналд Трамп, кој престојува во официјална посета на Кина. На почетокот на двочасовната билатерална средба на највисоките државни делегации, Џинпинг повторно ја употреби и фразата која прв пат ја искористи пред 12 години – САД и Кина мора да ја избегнат опасноста на ткн Тукидидова замка. Термин кој ...
Четири жени убил, а уште две се обидел да ги убие. До сега кумановското обвинителство има докази за четири убиства и два обиди за убиство за серискиот убиец од Старо Нагоричане. 25 годишниот Трајко Бојковски е пресметлив и може да одговара за се што сторил утврдило и психијатриското вештачење. Според обвинителството мотив на серискиот убиец му била омразата кон жените, а делата ги извршувал подмолно со ниски побуди и користољубие. Добро го ...
Не попустливост туку дијалог – тоа мора да го има, смета шефот на македонската дипломатија, за односите со Бугарија и условувањата на патот кон Европа. Тимчо Муцунски побарал да се сретне со колешката од соседството, па на билатерална средба да разговараат за неевропските услови кои ѝ се наметнуваат на државата. Муцунски досега не добил одговор од бугарското МНР. Ова следува откако новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Весислава ...
Одлуката за запирање на истрагата за набавките на мазут по полициската пријава за злоупотреби и финансиска штета од над 167 милиони евра се уште не пристигнала и не е примена во ЕСМ, државната енергетска компанија која го чека поштарот, но веќе изготвува приговор за одлуката во обид како оштетено правно лице да ја врати во живот истрагата. Обвинителството ја отфрли кривичната пријава и ја запре истрагата со тврдење дека не нашле докази кои во ...
Да се постигне консензус во Собранието околу реформската агенда, конкретно за Изборниот законик и правосудните реформи, апелираше денеска министерот за надворешни работи. Рече дека, европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, одговорност и минимум национален консензус околу најважните прашања. Во следниот период очекува историски највисока исплата на средства за државата во рамките на Планот за раст, но за тоа е потребно да ...
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од шефот на обвинителствоството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, а СДСМ од новоизбраниот државен јавен обвинител, Ненад Савески. Од владејачката партија реагираат за запирањето на истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“, вреден 167 милиони евра, кое за нив е скандалозно и доказ, како што обвинија, за влијанието на претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ кои го имале врз Абази. „Пред само ...
Министерот за транспорт Николовски се надева дека со прекројувањето на државната каса, неговата колешка, Кочоска ќе му даде повеќе пари. Деновиве ќе оди на преговори во финансии. Иако, е свесен дека глобалните економски текови го стегаат ременот за трошење, очекува поголемо парче од буџетската пита, односно дека во касата на транспорт и врски ќе се направи дотур на пари за реализација на проекти. Секако, доколку има простор во буџетот ние со ...
Наскоро почнува втората сезона на кулинарското шоу „180 степени“ на Телевизија Телма. Бидете и вие дел од ова најпознато готвачко шоу – покажете ги вашите вештини, знаење и креативност и освојте награда од еден милион денари Се пријавувате со пополнување на прашалникот на линкот на Telma.com.mk кој потоа го испраќате на [email protected]. Право на учество имаат само полнолетни лица со наполнети 18 години на денот на пријавата. Пријавата бара ...
Шест одвоени случаи поврзани со малолетници се евидентирани во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи, меѓу кои физички напади во училишни дворови, закани, одземање предмети и злоупотреба преку мобилни апликации. Во СВР Тетово било пријавени двајца малолетници поради сомнение за сторено кривично дело „насилство над дете“. Според билтенот, на 6-ти април 2026 година во дворот на основно училиште во село Палатица физички ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19 часот гостува кај Словачка во рамки на првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2027 година. Селекторот Кирил Лазаров очекува тврд натпревар во Прешов, но неговите избраници се подготвени за предизвикот. За Телма од Словачка известува Јана Серафимова. Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19 часот гостува кај Словачка во рамки на првиот натпревар од баражот ...
Битола утрово се разбуди со фемицид, трагедија што повторно го отвори прашањето за семејното насилство. Во населбата Баир, 33-годишен маж со нож ја усмртил својата 31 годишна сопруга Ајнет, во домот на нејзиниот татко. Според информациите од истрагата, нападот се случил околу 6:40 часот наутро. Осомничениот влегол во куќата, се упатил кон собата каде што спиела и ја нападнал со нож. Жената починала на самото место од здобиените повреди. ...
Законот за задолжување стигна во Собрание. Иако, по новата еврообврзницата се бараа и дополнителни 300 милиони евра за буџетски потреби, неколку банки меѓу кои од Германија, Аргентина, САД , Австрија се договориле да дадат 260 милиони евра. Односно од КФБ банката, Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит Гезелшафт мбХ (AKA ...
Од 13 кардиолошки и кардиохируршки интервенции кај девет пациенти имало сомнеж за непотребни операции. Странската комисија утврдила дека оправданост има само кај четири пациенти. „ Кај четири пациенти комисијата констатираше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со прифатените стандарди на клиничка пракса. Додека кај останатите девет пациенти, според странските експерти документацијата укажува ...
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС денеска започнаа со дводневен состанок во Њу Делхи, во период кога блокот се соочува со сериозни предизвици, вклучително и поделби околу војната во Иран, растот на цените на енергијата и зголемената глобална економска неизвесност. На средбата учествуваат дипломати од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, како и претставници на поновите земји-членки. Состанокот се одржува во ...
Сопруг кој ја усмртил 31-годишната жена во битолската населба Баир, според полицијата се сомничи дека тоа го сторил утрово околу 6:40 часот. Тој со нож ја нападнал сопругата со која не живееле заедно, а од здобиените повреди таа починала на лице место. „Утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош ...
Полицијата поднесе кривични пријави против двајца доктори кои во случајот со серискиот убиец од Старо Нагоричане не утврдиле дека жените починале од насилна смрт. Пријавите се поднесени против двајца доктори од Општата болница во Куманово кој ќе одговораат за „несовесно вршење на службата“. Според обвинителството серискиот убиец ги убивал жените со умисла на на суров и подмолен начин. Дел од жените биле убиени со давење. Истрагата за убиецот ...
Министерството за внатрешни работи предупредува за зачестена појава на измамнички СМС-пораки во кои граѓаните се известуваат за наводно регистрирани сообраќајни прекршоци и се повикуваат на итна уплата. Пораките доаѓаат од странски телефонски броеви и содржат линкови кои водат до лажни веб-страници што имитираат официјални институции. Откако корисниците ќе го отворат линкот, од нив се бара да внесат лични податоци и податоци од платежни ...