Училиштата и семејствата сè потешко успеваат да одговорат на новите облици на врсничко насилство, кое според професорот Илија Ацевски е директно поврзано со влијанието на социјалните мрежи и недостатокот на институционална грижа. Во дебатата на „Топ Тема“, Ацевски посочи дека младите денес поминуваат и по осум часа дневно на интернет, каде што се формира нивната свест, однесување и начин на комуникација. „Нивната свест и реакција на она што ...

Психологот и психотерапевт Розалија Секуловска предупредува дека сè повеќе деца растат емоционално осамени, а родителите, преокупирани со секојдневието, често не ги препознаваат нивните чувства и потреби. Во емисијата „Топ Тема“ на Телма, Секуловска истакна дека семејството е првиот и најважен систем во кој детето учи модели на однесување. „Најмалиот систем е семејството. Детето се раѓа таму и учи од моделите на мама и тато. Прашањето е што ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп ја започнува дводневната посета на Кина, со висока државна делегација, во чиј состав меѓу политичките претставници се и дел од лидерите на најголемите бизниси во САД на клучните разговори со кинескиот лидер, Си Џинпинг. Првично, самитот Трамп – Џинпинг требаше да се одржи во март, но беше одложен откако САД и Израел започнаа со нападите на Иран. Токму оваа војна, како и можното кинеско посредување за ...

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и уште две лица биле повикани на службен разговор во СВР Скопје, потврдија од МВР. Кривичната пријава е од министерството за земјоделство за злоупотреба на службената положба, а полицијата постапувала по насоки на обвинителството. Пријавата е во врска со распишување на јавен повик за финансиска поддршка на микро земјоделски производители на вино од 2023 година. „Без никаква законска основа ...

Центарот за заштита на потрошувачи во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата истовремено ...

Британски брод е запрен во Франција откако десетина патници и членови на екипажот развиле симптоми на вирус. Локалните власти во Бордо соопштија дека тројца патници се изолирани во своите кабини, додека на останатите патници не им е дозволено да го напуштат бродот.Француските власти изјавија дека нема причина да се поврзува случајот со неодамнешната епидемија на хантавирус на друг крузер. Неколку патници и членови на екипажот покажале ...

Јавниот обвинител не може да спречи некого да му се јави телефонски, се вели во реакцијата на обвинителството на чи чело е Ненад Савески по реакциите во јавноста на изјавата на премиерот Мицкоски дека вчера теледонски разговарале за последната одлука на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за мазутот за ТЕЦ „Неготино“. „Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана ...

Министерот за правда Игор Филков побара одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут да биде итно преиспитана, а Советот на јавни обвинители да побара одговорност од шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази. „Ова е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака ...

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека заловеното животно во наслебата Козле е волк, а не куче – изјави вработената во скопската Зоолошка градина Тина Мицкоска. „Од секое негово движење, и сите карактеристики во изгледот јасно е дека станува збор за волк. Сега за сега останува во карантин, со АХВ ќе се направи проверка дали има микрочип, зашто тие се сомневаат дека можеби е украдено од некоја друга држава, дали ...

Надлежноста за поранешниот хостел „Бјанко“, кој денес е руиниран, запуштен и небезбеден објект, сè уште останува енигма. Не се знае чиј е објектот кој со години пропаѓа во самиот центар на градот, додека жителите реагираат на небезбедните услови. Институциите немаат конкретен чекор за негово отстранување, затоа што и самите признаваат дека е нејасен имотно-правниот статус. Од Владата велат дека објектот и земјиштето се на државата со последен ...

Со поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и уште две лица бил извршен службен разговор по пријава од Министерството за земјоделство, соопштија од МВР. Од Министерството за земјоделство се сомневале дека Николовски како министер за земјоделие без законска основа поделил 820 000 евра – финансиска поддршка за микро земјоделски призводители на вино. -Oд страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, по ...

За да се расветли ситуација со телефонскиот разговор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески, во врска со запрената истрага за злоупотребите со мазутот, Советот на јавни обвинители ќе контактира со Савески. Претседателот на Советот на јавни обвинители нѝ рече дека за изјавата која го открива контактот, а ја даде премиерот Мицкоски слушнале од медиумите. „Ќе треба да се слушнеме со државниот обвинител ...

Клиничка болница Тетово почнува правна битка со судовите, откако со правосилна пресуда им е наложено да го вратат на работа анестезиологот кој во 2023 година призна вина дека снимал и објавувал пациентки од гинеколошко одделение на социјална мрежа. Докторот, иако признал вина и бил осуден, ја тужел болницата за отказот. Во тетовската болница не се задоволни од донесената судска одлука и сметаат дека во конкретниот случај судовите не ги ценеле ...

Со нов закон ќе се регулираат игрите на среќа – коцкарниците подалеку од децата и ограничени во рекламирањето. Владата вчера на седница го утврди новиот текст на предлог-законот и ќе биде испратен во Собранието. Сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа ќе бидат оддалечени половина километар од основните и средните училишта, а се забранува и рекламирање надвор од деловните простории, доколку тоа има за цел да ги поттикне граѓаните да ...

Со трибината насловена „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“ во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ започна тридневното чествување на јубилејните 30-ти Денови на Благоја Корубин со учество на повеќе домашни и странски научници. Благоја Корубин е еден од најголемите повоени македонисти на 20-от век, основач на Одделението за современ македонски јазик и еден од основачите на Институтот за македонски јазик ...

По првичниот шок, премиерот Мицкоски најавува жалба на ЕСМ за одлуката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре истрагата за злоупотреби со набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во време на енергетската криза од декември 2021-ва до средината на 2023-та година. Правниот тим на ЕСМ е на готовс, но засега работат на слепо, бидејќи сè уште не ја добиле одлуката на обвинителството и се потпираат на ...

Новиот Изборен законик ќе биде подготвен без СДСМ, доколку продолжат да не доаѓаат на средбите на работната група, но изгласувањето сепак ќе зависи од нив, најави денеска премиерот. Тоа е еден од неколкуте закони кои е можно да се блокираат со амандмани, процес познат и како „филибастеринг“. „Изборниот законик ќе биде подготвен од партиите кои учествуваат во работната група, но кога ќе влезе во Собрание, може да биде блокиран од СДСМ, доколку ...

Јавна тајна е дека Дејан Јованов Деко има заштита од луѓе во полиција и инспекциите и затоа не работеше како што треба. Беше многу алчен за пари и нè оптоваруваше со работа и не ни даваше ни да седнеме. Ова е дел од исказот на Ана Томева, кој е сведок на обвинителството и кој се читаше на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Томева не можеше лично да сведочи поради нејзината психичка состојба. Таа работела и во кафулето ...

Интервентни тимови кои ќе заловуваат или уништуваат диви животни кои претставуваат опасност по населени места и прифатилиште за диви животни кои се заловени или повредени, се двете новости кои ги предвидува новиот Закон за природа. Законот е поставен на ЕНЕР и отворен за забелешки на граѓаните. Законот предвидува два тима, еден на подрачјето Шар Планина и Маврово, а другиот во потегот Ресен – Охрид, а покрај заштитените зони и националните ...

Детето кое завчера беше избодено со остар предмет во училиште во скопската населба Ченто е во стабилна состојба, тимовите кои го оперираа велат дека е во ред и оти се почнува со намалување на седацијата за да почнат да го будат, велат во Клиничкиот центар. Настанот се случи во понеделникот, во втората смена во основното училиштето „22 Ноември“ или „25 Мај“ по старо, во Ченто, кога средношколец кој лани завршил во училиштето, влегол во школото ...

Пишувањето и читањето за траумите ги лечи писателите и читателите, кажа директорката на Институтот за македонска литература на денешната меѓународна конференција на тема „ Траумата во литературата“. Кога говорите за нешто, особено за самите себе си, се објективизирате себе си. Со самото тоа се дистанцирате од тоа доживувачко јас, рече проф. д-р Наташа Аврамовска- директорка на Институтот за македонска литература. За потребите на овој проект, ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски е на боледување поради здравствени проблеми. Тој рече дека не може да сподели повеќе детали за здравствената состојба на Лукровски, но дека имало „политички глодари“ кои се сителе на состојбата. Мицкоски се надева дека Лукровски набрзо ќе се врати во општината, а дотогаш со Карпош ќе раководи заменик. Градоначалникот на Карпош Лукровски е на боледување и ...

Маџари вчера приреди вистинско изненадување и се пласираше во големото финале од плеј-офот во домашниот кошаркарски шампионат. Дебитантот во елитата го елиминираше ТФТ Скопје со 2-0 во серијата и денеска ќе го дознае својот ривал во битката за титулата. Актуелниот бранител на трофејот, МЗТ Скопје, го пречекува Пелистер во решавачкиот трет натпревар од полуфиналето. По првите два натпревари, МЗТ Скопје и Пелистер се израмнети на 1-1 во победи. ...

Денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ со читање на изјави на две девојки кои биле присутни во дискотеката критичната ноќ ги дале во Обвинителството. Поради големата траума која ја доживеале, тие не биле во можност да сведочат јавно. Една од нив работела во дискотеката и според исказот што го дала во Обвинителството „јавна тајна било дека газда Деко имал врски и во полиција и со инспекторите и затоа дискотеката можела да ...

Поранешниот американски амбасадор Кристофер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на „Самит Македонија 2026“ ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите. ...

Гоце Георгиевски потпиша продолжување на договорот со Вардар на уште една сезона, по што ќе и стави крај на својата играчка кариера. Десното крило пристигна во редовите на „црвено-црните“ во 2020 година и веднаш се наметна како незаменлив дел од тимот. Имаше интернационална кариера во тимовите на Тулуз во Франција и Букурешт во Романија, а својата играчка кариера ја почна во редовите на Металург. Гоце Георгиевски потпиша продолжување на ...

Поранешниот ракометар на ПСЖ, Адама Кеита, е петтото засилување на Охрид за следната сезона. Францускиот левокрилен ракометар потпиша едногодишен договор, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Тој доаѓа од редовите на АЕК Атина, каде што настапуваше во изминатите две години, а претходно дури осум сезони го носеше дресот на ПСЖ. „Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја ...

Правниот тим на ЕСМ е на штрек и подготвува жалба за одлуката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за злоупотреби со набавка на мазут за Тец Неготино во време на енергетската криза од декември 2021-ва до средината на 2023-та година. Засега работат на слепо бидејќи се уште не ја добиле одлуката на Обвинителството и се потпираат на информации од јавноста, велат од ЕСМ. „До овој момент, до АД ЕСМ ...

Денеска во Градската општа болницата ГОБ „8 септември“, се промовираше реновираниот оперативен блок. Реновирањето е комплетно завршено по највисоки медицински стандарди и како што рече директорот на болницата д-р Синиша Стојановски, ќе се нуди најсовремена услуга. Со промоцијата на овој блок, се заврши реновирањето на неколку операциони сали на Клиничкиот центар и во градската болница, за кои инвеститор е приватна компанија Тав со вложени 12 ...

Лино Червар се враќа во македонскиот ракомет откако денеска беше назначен за нов тренер на Еурофарм Пелистер. Искусниот хрватски стратег ќе има за цел да го врати битолскиот состав на врвот во домашното првенство, што го загуби сезонава од Вардар по три годишно владеење. Червар потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер, кој ќе биде негов втор клуб во Македонија. Од 2009 до 2018 година, Хрватот го предводеше Металург, а една година беше ...

Цезар салата

51 минута - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Калај

53.60

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59