Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за да влезе на македонскиот пазар се невозможни, изјави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. Според него, компанијата бара 25 евра субвенција по седиште, што е двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата. „Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за ...
Бројни реакции од јавноста и политички претставници од Битола предизвика недоличното прославување на шампионската титула од страна на фудбалскиот клуб Вардар, на кое се пееја навредливи и вулгарни песни за македонската пејачка Каролина Гочева. Меѓу првите реагираше советникот на ЛДП, Димитар Кузмановски, кој оцени дека ваквото однесување е недозволиво и побара преиспитување на поддршката за, како што наведе, „проекти финансирани од сите ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со новиот закон за игри на среќа рече дека „мора да се става ред и дисциплина во игрите на среќа и државата не може да наликува на Лас Вегас“. „Државата наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и некако како правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска објави дека ќе формираат „Фронт за вистина и правда“ кои ќе го сочинуваат опозициски партии, невладини организации, интелектуалци и кои ќе се потпира на 4 столба – нулта толеранција за корупција, иднина за младите, подобар стандард и силно село за земојделците. Филипче денеска го претстави првиот столб – нулта толеранција за корупцијата кои опфаќа повеќе мерки. Тој најави дека се планира да се ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели илустрација генерирана од вештачка интелигенција на Truth Social. На неа се прикажани Трамп и адмирал на американската морнарица пред бурно море и неколку бродови, вклучувајќи еден со иранско знаме, додека се зголемуваат шпекулациите дека конфликтот наскоро би можел повторно да ескалира. „Затишје пред бура“, се вели над илустрацијата. Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели илустрација ...
19 годишно момче од село Бојане е уапсено за убиство на 18 годишниот Б.Д. од истото село. Убиството се случило пред два дена во шума во околина на Сарај кога тинејџерот со пиштол го усмртил момчето. Слуачјот во полиција го пријавил таткото на тинејџерот кој на телефонската линија за итни повици 192 пријавил дека синот му признал дека со пиштол го усмртил Б.Д од Бојане. Полицајци го уапсиле синоќа по полноќ. Пронајдено е телото на починатото ...
Осуда и барање за извинување, се најголем дел од реакциите на јавноста по срамното и недолично прославување на шампионската титула од страна на фудбалскиот клуб Вардар, а на која се пееја навредливи песни за македонската пејачка Каролина Гочева. Спортските власти пак покрај осуда најавија и покренување на постапка против клубот кој може да се соочи и со казна поради навредливото пеење. Од ФФМ истакнуваат дека е неприфатлива потребата да се ...
На планината Водно денеска ќе се одржи 14-тото издание на најмасовниот планински спортски настан во земјата „Sparkasse Life – Прв до врв“, кој традиционално обединува илјадници љубители на спортот и природата. Како што информираат организаторите, настанот ќе понуди натпреварување во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри, планински велосипедизам на 9 километри, друмски велосипедизам на 11,4 километри, Е-bike на 9 километри и ...
Бугарија победи на изборот за песна на Евровизија со „денс“ песната „Bangaranga“. Победата беше изненадување за многумина, со оглед на тоа што Бугарија не беше меѓу фаворитите пред шоуто. Во возбудлив финиш, бугарската изведувачка, Дара беше прогласена за победник во последен момент, победувајќи го Ноам Бетан од Израел, кој заврши втор. Бугарија ги победи фаворитите Норвешка и Грција освојувајќи најмногу гласови од земјите учеснички, жирито ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе реагира на новите мерки на Москва кои им овозможуваат на жителите на отцепениот молдавски регион Транснистрија полесно да добијат руско државјанство. Одлуката доаѓа по декрет потпишан од претседателот Владимир Путин, кој ја поедноставува процедурата за аплицирање. Со новите правила, полнолетните жители на Транснистрија ќе можат да добијат руско државјанство без да ги исполнат ...
Тајван повторно порача дека е суверена и независна држава, откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди против формално прогласување независност од Кина. Изјавите доаѓаат по дводневниот самит во Пекинг меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, каде темата за Тајван била една од главните точки на разговор. Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те и претходно изјавуваше дека островот нема потреба формално да прогласува независност, ...
Големото финале на Евровизија 2026 вечерва се одржува во Виена, каде музичкиот спектакл ја слави својата 70-годишнина. Вкупно 25 земји настапуваат на сцената во борба за престижната титула, додека милиони гледачи ширум Европа го следат шоуто во живо. Пред почетокот на финалето, улиците на Виена беа исполнети со фанови и евровизиски атмосфера, иако дел од публиката повика на бојкот поради учеството на Израел. Во центарот на вниманието е и ...
Во италијанскиот град Модена се случи тежок инцидент кога возач удри во група пешаци, при што се повредени осум лица, од кои четворица се во критична состојба. Локалните власти соопштија дека, за среќа, нема загинати во несреќата. Според изјавата на градоначалникот Масимо Мецети, една жена била приклештена на излог од продавница и поради сериозноста на повредите ѝ биле ампутирани двете нозе. Возачот, 31-годишен маж роден во Бергамо, а ...
Автобус кој сообраќал на релацијата Прилеп – Скопје попладнево се запалил кај наплатната рампа Отовица на автопатот Велес–Скопје. Според информациите од СВР Велес, сите патници навреме успеале да го напуштат возилото и нема повредени лица. Инцидентот се случил кратко по поаѓањето на автобусот од автобуската станица во Велес. Очевидци велат дека патниците веднаш излегле од автобусот, по што возилото за кратко време било зафатено од пламен. На ...
СВР Штип го идентификуваше малолетникот кој управувал скутер на едно тркало и со опасното возење ја загрозувал безбедноста во сообраќајот. Случајот беше откриен по видео објава споделена на социјалните мрежи, по што полицијата веднаш презела мерки за негово пронаоѓање. Според информациите од МВР, станува збор за 15-годишник од Штип, кој на 11 мај околу 21 часот, на раскрсницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“, изведувал опасни ...
Во Виница денеска за првпат се одржа протестниот „Марш за ангелите“, организиран од семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Родителите на починатите побараа целосно расветлување на причините за смртта на 63-те жртви и одговорност од институциите. На маршот беше посочено дека, иако институциите како главна причина ја наведуваат изложеноста на јаглерод моноксид, кај дел од жртвите било утврдено и присуство на водороден ...
Авион „Ербас А220“ на компанијата Croatia Airlines излета од пистата при полетување на аеродромот во Сплит. Инцидентот се случил околу 13:30 часот додека авионот се подготвувал за лет кон Франкфурт. Според информациите од аеродромските служби, авионот од засега непознати причини скршнал од пистата и завршил на тревната површина покрај неа. При тоа биле оштетени светлата и ознаките долж пистата, а леталото претрпело помала материјална штета. ...
Израелски воздушни напади погодија повеќе области во јужен Либан, вклучително и градот Тир, каде што беа оштетени и урнати неколку објекти. Жителите ги проверуваа своите домови, додека механизација расчистуваше урнатини од улиците. Според либанските власти, во новите напади биле погодени повеќе населени места во регионите Сидон, Набатие и Тир. Либанското Министерство за здравство соопшти дека тројца медицинари загинале во напад во близина на ...
Пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви пристигна во Техеран, каде што оствари средба со својот ирански колега во рамки на дводневната официјална посета. Посетата доаѓа во период на засилени дипломатски активности во регионот. Според пакистански владини претставници, Исламабад се обидува да помогне во намалување на тензиите меѓу САД и Иран и да придонесе за продолжување на дипломатските разговори. Накви се очекува да има ...
Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук профил го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Со одлуката продолжува примената на намалените акцизи за горивата, како и намалениот ДДВ за бензините од 18 на 10 отсто. Претходната мерка требаше да истече на 18 ...
Четири хуманоидни роботи-монаси продефилираа низ улиците на центарот на Сеул во рамки на традиционалната парада пред претстојниот роденден на Буда во Јужна Кореја. Роботот Габи ја предводеше поворката заедно со уште три роботи со будистички имиња – „Сеокга“, „Мохи“ и „Ниса“. По нив следуваа околу 50.000 учесници кои носеа повеќе од 100.000 рачно изработени фенери во различни бои, создавајќи впечатлива атмосфера низ улиците на главниот град. ...
Лекарите алармираат дека бројот на пациенти со кожен меланом и други видови кожен карцином е во пораст. Како најчести причини се посочуваат прекумерното изложување на сонце, честото користење солариуми и употребата на несоодветни препарати за кожата. Според дерматолозите, ризикот е особено висок кај лицата кои не користат заштита од УВ-зраци. Иако статистиката загрижува, медицинските лица велат дека расте и свеста кај граѓаните. Сè повеќе ...
Фемицидот во Битола е петти случај на убиство на жена поврзан со семејно насилство во Македонија од почетокот на годинава. Според експертите, зад ваквите трагедии стојат години институционални пропусти, ненавремено реагирање и недоволна заштита на жртвите. – Ова е последица на долго време непостапување како што треба, непреземање на навремени обврски, како и недоволно или ненавремено менување на законските решенија. Сега мораме да се зафатиме ...
Град Скопје доцни со исплатата на 109 000 денари на организацијата Македонски центар на Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО. Организацијата лани аплицирала на повикот на Градот и ѝ биле одобрени пари за печатење книги од проектот „ Драмскиот превод во креативните индустрии“. Тој вклучува 4 објави со преводи на драмски текстови и поезија, од автори од регионот. Според раководителката на Центарот и координатор на проектот, Иванка ...
Граѓаните не го чувствуваат поевтинувањето на дел од прехранбените производи, што го спомена министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој рече дека според неофицијалните информации што ги добил, има одредено намалување кај цените на овошјето и зеленчукот. Анкетираните граѓани велат дека се е скапо. „Не е точно тоа. Цените се високи, јаки се. Не може народот никако. Никако не може, ништо нема намалено.“ „Храната е секогаш поскапа и нон стоп се ...
Во првото тромесечје од годинава пазарот на недвижности бележи пад и во делот на продажба и во делот на закупи. Но, градежниците сметаат дека треба да се почекаат податоците до средината на годината за да се каже каков ќе биде трендот. „Евидентно е дека оној раст кој го имавме почнува да паѓа и куповната моќ на населението се намалува“, изјави Андреја Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустријата на градежни метали и ...
Членот на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција презентираше нови наводи за скандал поврзан, како што рече, со фирма блиска до власта која добила тендери од институции на централно и на општинско ниво. Фрчкоски објави дека фирмата „Мастеф ДООЕЛ“ добила 93 тендери во вкупна вредност од 18,3 милиони евра. Oцени дека станува збор за систем во кој исти фирми континуирано добиваат ...
Крајбрежните градови на Хрватска се обидуваат да ја ограничат продажбата на алкохол доцна навечер во обид да го спречат неуредното однесување на туристите. Додека Сплит, Задар и Новалија ја поддржуваат мерката, критичарите предупредуваат дека може да им наштети на бизнисите без да ги реши проблемите со јавниот ред. Секое лето, улиците на центарот на Сплит се преплавени со сцени на видливо пијани туристи. Сега, градските власти сакаат да ...
Обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ намерно ги изоставиле извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во случајот поврзан со набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“, тврди пратеникот Антонио Милошоски. Според него, при прибирањето на доказите во случајот со набавката на мазут, обвинителите биле селективни во постапувањето, односно повеќе се потпирале на изјави од некомпетентни лица, наместо да обезбедат релевантни докази за набавката ...
За седум дена ќе биде распишан нов оглас за избор на директор на Универзална сала, најави денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. За именувањето на Миро Кацаров за директор на Универзална, за што имаше реакции во јавноста, Ѓорѓиевски вели дека тој бил поставен за ВД директор зашто пропаднал огласот за избор на нов директор. „Таму имавме повик кој што пропадна и мораше да се назначи ВД директор од вработените во институцијата, а во ...