Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Нов протест на студентите Албанци. Нивното барање е веќе познато- правосудниот испит да го полагаат на албански јазик. Демонстрантите речиси еден час се собираа пред Камениот мост. Откако со автобуси пристигна поддршката од Тетово Струга, а според информациите допатувале и студенти од Приштина, но и од Албанија, тргнаа кон Министерството за правда. Протестот беше проследен со скандирање УЧК, со албански американски и знамиња на ЕУ, без ...
Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски во дебатата во „Топ Тема“ оцени дека и по повеќе од три децении плуралистичка демократија, Македонија сè уште е суштински поделена по етничка линија, што според него го кочи развојот на граѓанско општество. Тој предупреди дека ваквиот модел на функционирање може да води кон долгорочна институционална нестабилност. „Само ќе констатирам дека многу е жално за држава која по 35 години на практикување на ...
Најмалку 100 смртни случаи се пријавени како жртви на епидемијата на ебола во Демократската република Конго, со повеќе од 390 сомнителни случаи, соопштија надлежните. Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата за меѓународна вонредна состојба. Најмалку шест Американци биле изложени на вирусот ебола за време на епидемијата во ДР Конго, потврдиле извори за CBS News. Се верува дека еден Американец има симптоми, додека тројца ...
Поранешниот член на Државната комисија за спречување на корупција, Горан Трпеновски, во дебатата во „Топ Тема“ оцени дека актуелните протести може да се гледаат како „издувен вентил“, но и како дел од пошироки политички пресметки поврзани со можни предвремени избори. Тој смета дека различни теми во јавноста се отвораат со цел да се создадат политички услови за изборен процес и да се влијае врз електоратот. „Суштина на протестите е издувен ...
Универзитетскиот професор Мерсел Биљали во дебатата во „Топ Тема“ оцени дека актуелните протести не се резултат само на еден конкретен повод, туку на подолготрајно насобрано незадоволство. Тој нагласи дека мобилизацијата на голем број луѓе не може да се сведе на едно прашање, како што е правосудниот испит, туку дека зад протестите стои поширок политички контекст и низа наталожени проблеми. „Јас мислам дека тоа е врвот на една санта лед, ...
Макпетрол АД Скопје ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ. Во однос на новите малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе се применуваат од 19.05.2026, во нив не се вклучени поволностите кои досега беа давани од добавувачот. Тоа значи дека попустот што досега го даваше ОКТА веќе не важи. Стари цени Нови цени Од 12.05.2026 Од 19.05.2026 Дериват ден/лит ден/лит ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 ...
Група пратенички од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предложија измени на Законот за студентски стандард, а законските измени денес беа изгласани по скратена постапка. Со измените се воведува нова поделба на студентските домови и се менува моделот на државно финансирање за сместување и стипендии. Студентските домови се препознаваат како два типа, при што се прави разлика меѓу реконструирани и постојни домови, кадешто во реновираните домови студентите ...
Откако ОЈО ГОКК ја затвори финансискиот дел од истрагата за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, во вредност од над 167 милиони евра, од обвинителството соопштија дека се уште трае истрагата за еколошкиот дел и се испитуваат сомнежите дека со набавениот мазут од страна на РКМ е предизвикано и загадување. Направено е вештачење во Србија, и резултатите се пристигнати во земјава, но нема експерти кои би можеле да дадат стручно ...
Шпанскиот национален суд им наложи на даночните власти во земјата да ѝ вратат 55 милиони евра на пејачката Шакира откако пресуди дека парите незаконски ѝ биле наплатени во спор околу висината на нејзините даноци. Високиот национален суд ја ослободи колумбиската пејачка од обвинение за даночна измама и му наложи на Министерството за финансии да ѝ ги врати парите плус камата. Според Судот, даночните власти не успеале да докажат дека таа ...
Собранието ја изгласа потребата законот со кој се овозможува ново задолжување на државата од 260 милиони евра да се гласа по скратена постапка. Заменик министерот за финансии Николче Јанкулоски презентирајќи ја потребата кажа дека станува збор за однапред планирано задолжување во транспарентна постапка. СДСМ побара да се симне од дневен ред и да се оди по редовна постапка за гласање ,изразувајќи загриженост за состојбата на Буџетот и воопшто ...
Опозицијата во тетовскиот Совет ја обвини локалната власт и градоначалникот Касами дека за малку пари ќе продава државно градежно земјиште кое го менаџира Општина Тетово. Тие сметаат дека овие измени и дополнувања на Програмата за располагање со градежно земјиште ќе овозможат продавање по симболични цени од 1 евро за квадрат. Опозициските советници на ДУИ од говорницата и потоа при гласањето со транспаренти го обвинија градоначалникот Касами ...
Во мјузиклот ја создадовме душата на старо Скопје, градот за кој постојано се зборува и магичното во него. Вака режисерот Пројковски се осврна на новиот автентичен мјузикл „Као Какао“, работен и инспириран по мотивите на музиката на Влатко Стефановски, според текст на Венко Андоновски. Самиот мјузикл има многу важна порака, додава Пројковски дека нашата верба и одлука е клучна дали Скопје е крајот или почетокот на светот, не е доволно само да ...
Ако стравувавме дали смената на генерации ќе значи и изоставување на Македонија од големите натпреварувања, сега сомнежите се отстранети. Ракометарите обезбедија ново учество на СП , осмо во низа, а вкупно 10 кога во прашање е оваа наша селекција. Во баражот со Словачка прв пат не стравувавме дека нешто може да се изјалови, туку уживавме во ракометната претстава која избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја прикажаа и сосема заслужено се ...
Тинејџерка побарала помош на линијата Ало Бушавко откако нејзин соученик постојано зборувал за самоубиство и открил дека има план како да го направи тоа. Операторите на линијата ја советувале да разговара со возрасен, па таа случајот и го кажала на својата мајка. Наместо поддршка, добила совет да стои подалеку и да не се меша во туѓи проблеми. Бидејќи останала без вистински совет, повторно се јавила кај операторите, по што тие веднаш ја ...
Министрите и понатаму ќе можат да имаат двојно државјанство. Мнозинството одби, предлогот на СДСМ со кој се забранува оваа можност, да се носи по скратена постапка. Опозицијата законот го предложи како дополнување на неодамна поднесените измени на Законот за пратеници, со кои ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ побараа да се ограничи пратениците да имаат двојно државјанство. „Граѓаните очекуваат лицата кои ги извршуваат највисоките државни функции да имаат ...
Европол ја реализира најголемата акција против терористичка пропаганда споделувана преку аудио содржини. Идентификувани се 17.298 URL-адреси на 40 онлајн платформи. Вкупната аудио содржина во овие линкови изнесувала околу 1.100 часа, што е еквивалент на 47 дена непрекинато слушање. Операцијата била насочена кон терористичка аудио пропаганда што ја користат групи од различни идеолошки спектри, вклучувајќи џихадистички и насилни десничарски ...
Во пресрет на новиот протест на студентите Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик, засилени уверувања од владата дека проблемот многу наскоро ќе биде решен, а „Вреди“ обвинува дека зад протестите стои опозициската ДУИ. Копретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Биљал Касами синоќа, речиси истовремено, на Фејсбук објавија идентична порака: „Правосуден испит на албански јазик! Наскоро доаѓаме со добри вести“. Веќе денеска, ...
Титулата на Вардар е заверена и клубот по пауза од шест години повторно е на врвот на македонскиот фудбал. Но, наместо реакции за спортскиот успех на најуспешниот колектив, се редат критиките, обвинувањата и реакциите од пошироката јавност. Неколку дена откако фудбалерите и луѓето од клубот беа снимени и објавени како на недоличен начин ја прославуваат шампионската титула во угостителски објект, со навредливи и вулгарни песни за Битола и ...
Од партијата ЗНАМ го повикаа Венко Филипче и раководството на СДСМ, да одговорат дали тој е сопственик на фирми во Бугарија. „Според официјалните податоци од Трговскиот регистар на Република Бугарија, Венко Филипче е единствен сопственик и управител на компанијата „ПАУЪР АЙ8“ ЕООД. Како што може да се види од документите, Филипче е наведен како „Едноличен собственик на капиталот“ и како „Управител“ на оваа компанија. Седиштето на оваа ...
Предлог-законот за измена и дополнување на законот за влада, поднесен од СДСМ кој се предвидуваше членовите на кабинетот на премиерот да имаат исклучиво македонско државјанство, не помина во собранието. Според опозициската партија, „уште еднаш се потврдило дека ВМРО-ДПМНЕ е партија полна со функционери со бугарски пасоши“. „Со оглед на тоа што таков услов се поставува и во законот за пратеници, односно пратениците во македонското Собрание ...
Нови, повисоки, цени на горивата за два до два и пола денари од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Еуросупер БС-95 поскапува за два денара и ќе чини 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за два и пол денари и од полноќ ќе се продава по цена од 89 денари за литар. За два и пол денари се зголемува и цената на дизелот кој сега ќе чини 92 денара за литар. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,846 ...
Екипажи на два американски борбени авиона безбедно се катапултираа по судир во воздух за време на аеромитингот „Ганфајтер Скај“ во сојузната држава Ајдахо. Според американската морнарица, станува збор за авиони кои учествувале во воздушна демонстрација кога дошло до судир во воздух. По несреќата избувнал пожар, а настанот бил веднаш прекинат и базата кратко време била затворена од безбедносни причини. Американските власти соопштија дека сите ...
Институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, соопштија од Владата по денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски со копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговарало за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Средбата се одржа само неколку часа пред најавениот протест на студeнтите Албанци со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива. Откако минатата недела Трамп ја отфрли иранската листа предлози како сосема неприфатлива, државните медиуми во Исламската република го обвинија Вашингтон за дипломатска нефлексибилност, упатувајќи контра предупредување, дека неподготвеноста на Соединетите држави да ...
Цената на нафтата на светските берзи бележи нов пораст, при што барелот „Брент“ се искачи над 110 долари, што претставува зголемување од околу 1,9 проценти. Во исто време, американската сурова нафта порасна за 2,32 проценти и се тргува над 107 долари за барел, што укажува на засилен притисок на енергетските пазари. На европските пазари на гас, фјучерсите за испорака во јуни на холандската берза достигнаа цена од околу 47,7 евра за ...
Извозот на македонски производи преку мрежата на трговскиот гигант „Лидл“ надмина 15 милиони евра, а тие продукти се дел од редовниот асортиман што овој ланец маркети го нуди во европските земји. Иако сè уште се чека отворањето на маркетите во Македонија, сепак ефектите од присуството на „Лидл“ се чувствуваат преку растечкиот извоз на македонски производи во Европа. Оваа компанија им помага и на домашните производители за да ги исполнат ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите малопродажни цени на бензините и дизелот, по продолжувањето на владините мерки за стабилизација на пазарот на горива… Одлуката доаѓа откако Владата на вонредна седница ги продолжи мерките до 1 јуни… Мерките предвидуваат задржување на намалениот ДДВ и пониските акцизи за горивата, со цел да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и компаниите. Од Владата посочуваат дека ...
Додека се чека отворањето на маркетите на „Лидл“ во Македонија, ефектите од присуството на овој трговски гигант се чувствуваат преку растечкиот извоз на македонски производи во Европа. Во интервју за „Бизнис Објектив“, директорот Стефан Георгиев открива дека во 2025 година извозот на македонски производи преку „Лидл“ мрежата надминал 15 милиони евра, а домашните компании сè повеќе ги исполнуваат високите европски стандарди за квалитет. Но, ...
Општина Центар воведува нов систем на паркирање, со кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе може да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега, по жител, картите отсега ќе се издаваат по станбена единица, односно по адреса. Со новите правила секое ...
Делот од истражувањето на КОД (2023.) за чекањето на полноќ пред испораката на мазут во внатрешноста на централата Неготино, беше наречен МазутПепелашка. Бидејќи камионите чекале надвор за да помине полноќ и да почнат да важат нови, повисоки цени на мазутот. Обвинителството на брифингот соопшти дека динамиката на испораката била испочитувана согласно договорот и така сведочеле и двајца претставници на ЕСМ односно од ТЕЦ Неготино. А еден од ...