Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Гордана Бекриќ во телефонска изјава за Телма вели дека надлежните служби не го исчистиле целосно делот од патот меѓу Маврово и Галичник кој е завеан со снежни наноси. Бекриќ живее во Галичник со својата мајка и единствен излез за снабдување со храна и лекарства им е пешачење до Јанче. Бекриќ во изјавата вели дека во Галичник има десетина луѓе, а нивните роднини ги снабдуваат пешки кога може да дојдат. Нејзината изјава во продолжение. Гордана ...
Потврдена е определбата на Македонија за спроведување на преземените обврски за заштита на охридскиот регион, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиереот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска во Париз, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со ...
Пратениците од опозициската СДСМ ја напуштија денешната собраниска седница, откако нивниот Предлог-закон за минималната плата не беше ставен на дневен ред. Од партијата сметаат дека барањето на синдикатите е основано и дека има можност да се обезбедат пари за да растат платите. Според спикерот Гаши, предлогот на СДСМ не можеше да се стави на гласање, бидејќи не бил доставен до сите пратеници, поради процедури за превод на материјалот пред ...
По неколку дена од заплената на 40 тони марихуана во земјава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој досега не излезе на прес-конференција преку видео објавено на социјалните мрежи се обрати во јавноста во друштво на премиерот Христијан Мицкоски и директорот на БЈБ, Александар Јанев. Од местото каде се чувa заплената, Тошковски изјави дека марихуаната е незаконски третирана од фирмите. Премиерот Мицкоски повтори дека ќе се ...
Владата го утврди Предлог-законот за Советот на јавните обвинители. Предлог-законот, заедно со законот за Јавното обвинителство, добиле позитивно мислење од Венецијанската комисија, па затоа добил зелено светло и на денешната владина седница. Оттаму информираат дека клучни измени во текстот се: „Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на советот, која се покренува врз основа на образложено барање од ...
Додека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се пофали дека ја зголемува соработкатра со невладините организации, тие испратија порака. Постои сомнеж во непристрасното делување на комисијата кога одлучува за свој член, како тоа што е случајот со Цвета Ристовска. Од „Транспаренси“ тврдат дека Ристовска, на која ѝ се отворени два предмета од истата комисија во која што е член, треба сама да одлучи дали е добро за институцијата ...
Унгарските пари за општинските проекти се скратени за 100 милиони евра. Државата пред локалните избори им даде финансиска инјекција, а сега ги крати, бидејќи не можат да ги искористат. Истражувањето на Центарот за граѓански организации уште покажува дека наместо првично најавените 250 милиони евра, сега се скратени на 149 милиони за да се користат до 2027 година. Според истражувањето, Владата им пуштила пари на општините во предизборна година ...
Политиката се наметна врз синдикалните блокади за повисока минимална плата. За премиерот Мицкоски, тие имаат политичка позадина. Опозицијата, пак, рано утринава дотрча во собранието да поднесе предлог закон за минимална плата. На прашањето дали ќе се седне на маса да се разговара за ова прашање, Мицкоски и денеска го повтори ставот кои го кажуваат и неговите колеги веќе извесен период – „се што ќе се договорат работодавачите и синдикатите, ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) преку одговор до Телма потврди дека ги изгубило судските процеси по граѓанските тужби на 11 полициски службеници кои беа осомничени за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Министерството не ги суспендирало по отварањето на истрагата, туку им го ставило работниот однос во мирување, поради што тие немале ниту плати, ниту социјално и здравствено осигуравање, иако немало ни поднесено обвинение или законски ...
Радува фактот дека од година во година расте интересот за традиционалните годишни награди што ги доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). За разлика од минатата година, кога беа пријавени 46 дела, годинава на конкурост се пријавени 53. За првиот човек на ДПМ, Живко Грозданоски и професор Наташа Аврамовска во иднина треба се размисли да се зголеми периодот во кој жири комисиите ќе имаат доволно време да ги прочитаат сите ...
Плати или блокади. Синдикалците повторно на улица и повторно пред Собранието, каде ги блокираа влезовите за возилата на пратениците, во обид да го засилат притисокот и да издејствуваат што е можно поголемо зголемување на минималецот од законски предвидените 1.600 денари. Како што беше најавено, синдикалците ги блокираа двете улици пред и зад Собранието меѓутоа средба со пратениците немаше. Од ССМ побараа народните избраници на денешната ...
Два и пол часовна блокада на една од главните раскрсници во Струмица. Екоактивистите го запреа сообраќајот низ струмичките улици за да упатат апел дека загадувањето на воздухот не е заборавена тема. Најавија вакви протести на секои две до три седмици, сè додека не почнат инститиуциите сериозно да се занимаваат со ова прашање. „Свесни сме дека само со постојан притисок и само со укажување и запознавање на луѓето со проблемите ќе имa некакви ...
Четири места повисоко, но без реално подобрување на Индексот на перцепција на корупцијата на „Транспарентност“. Македонија минатата година е рангирана на 84 позиција меѓу 182 држави. Со резултат од 40 поени од можни 100 е на исто рамниште со Бугарија и Унгарија кои бележат пад во довербата на институциите. Со истиот број на поени се и Буркина Фасо, Куба, Танзанија и Гвајана. Од регионот сме пред Албанија, Србија и Босна и Херцеговина. Косово, ...
Студентите во домот „Никола Карев“ во Охрид ја минале ноќта без струја и без греење, па морале да се движат со свеќи низ ходниците. Немаа храброст да дадат изјава за медиумите. Но, сликите и видеата кои ги споделија до профилот на „Студентарија“ го потврдуваат нивниот проблем. Во дописот до Телма тие раскажаа дека е многу тешко во сред зима да останеш без греење. „Вчера во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид во 10 часот снема струја и ...
Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со ...
Во Основниот Кривичен суд во Скопје продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Денешното рочиште продолжи со сослушувања на вешти лица, кои ги изготвиле медицинските вештачења за обвинителството. Со детали од рочиштето се јави колешката Елена Ивановска Мукоска во вестите во 12:30 часот. Во Основниот Кривичен суд во Скопје ...
Меѓународниот поредок не е само под притисок, туку е нападнат, изјави претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, во говорот во пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур. Бербок рече дека во современиот свет, конфликтите не се водат во самоодбрана, туку како предизвик за светскиот поредок. Во клучен момент, некои сили се повлекуваат од меѓународните организации, а принципите што се сметаат за непроменливи се ...
Одлука за вршење проверка во сите правни субјекти коишто се занимаваат со одгледување марихуана и производство на масло од канабис се очекува на денешната владина седница, како резултат на констатираните неправилности и непочитување на Законот кој ја регулира оваа област, поради што имаше заплена на 40 тони марихуиуана. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека не ја исклучува можноста количината на запленета марихуана да расте и да се искачи ...
Легален граничен премин, на кој има Оне стоп-шоп систем односно заедничка полициско-царинска контрола на македонските и српските надлежни органи, царината и граничната полиција. Тоа е верзијата со која засега располага и ја проверува истрагата во Македонија, за 5-те тона марихуана. Според таа верзија, стоката, канабисот била декларирана како друга стока и документите лесно овозможиле влез на марихуаната во Србија. Но, за тоа српското ...
Правосуден испит може да се полага само на македонски јазик, одговори министерот за правда Игор Филков по изјавата на неговиот колега и вицепремиер Беким Сали дека полагањето може да биде и на албански јазик. Во соопштението порачува дека поминало времето на правен релативизам, институционален хаос и селективна примена на нормите, туку воспоставување на јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок. „Токму затоа, ...
Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетни лица. Обвинетиот е приведен во 2024 и осомничен e дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година. Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл. Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, ...
Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука да се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели, откако ова го најави премиерот Христијан Мицкоски. Таквата одлука следи по заплената на 40 тони марихуана во Скопје и струмичкиот регион, а премиерот уште еднаш повтори дека очекува заплената да достигне и до 100 тони. Мицкоски како проблем го посочи донесувањето на правилникот, односно подзаконскиот акт од ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години, ако не стори ништо да стане учесник во светските случувања, наместо нивни набљудувач. „Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќна покорност. Никому не пречиме, се обидуваме да бидеме љубезни кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и претходно. Ви велам, ако не сториме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години“, рече Макрон ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се враќа на Конгрес на ЦДУ на 20 февруари, што ќе биде нејзино прво учество во работата на партиското тело по нејзината одлука за повлекување од политичката сцена. Германските медиуми појаснуваат дека само по себе не е изненадување поранешни лидери на партијата да бидат поканети како посебни гости, но, според нив, изненадување е што Меркел ја прифатила поканата, со оглед на нејзините претходни ...
Соединетите Американски Држави ќе предадат две исклучително високи командни места во НАТО, во Неапол и во Норфолк, на европски офицери, изјави воен извор за британските медиуми. Одлуката е во согласност со барањата на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на поголема одговорност од европските нации за сопствената безбедност. Неговата администрација сака НАТО, долго доминиран од САД, да стане „НАТО предводен од Европа“. Како дел ...
Патните трошоци на пратениците, поделени на месечно ниво, се поголеми од минималната плата на еден работник, особено во приватен сектор. Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ, претпладнево од блокадата на собранието. „Тврдиме дека 600 евра треба да биде една ...
Ова не е приказна за една фасада. Ова е приказна за држава што не знае да застане зад сопствените одлуки. Едните ја соголија и унаказија зградата на ЕСМ со барок од стиропор. Другите со години не мрднаа со малиот прст, а третите денес ветуваат „модерна и енергетски ефикасна“ зграда. А ние, граѓаните, си плаќаме – како да ни растат парите на дрвја. Зградата на ЕСМ не е само архитектонски проблем, туку симбол на државна неспособност, без ...
Приватните превозници во Скопје реагираат дека системот „Безбеден град“ неправедно ги санкционира автобусите, без да ги земе предвид специфичните услови на јавниот превоз. Поради долгиот состав на автобусите и недостаток на посебни жолти ленти, тие често се бележат како да поминуваат на црвено светло, што води до високи казни и одземање возачки дозволи. Предупредува дека ваквите санкции може сериозно да го нарушат јавниот превоз, со оглед на ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше предмет на ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста за 2024 година. Ревизорите утврдија дека во делот на инспекцискиот надзор при увоз на стоки постојат ризици, бидејќи фактурите и здравствените сертификати се на повеќе странски јазици, што може да доведе до недоволно проверена веродостојност и безбедност на производите. Ревизијата покажала и недостатоци во инспекцискиот надзор на ...
ОН изразија загриженост во врска со недостигот на гориво во Куба и неговите импликации врз работењето на аеродромите. Загриженоста доаѓа откако кубанските воздухопловни власти ги предупредија авиокомпаниите дека нема доволно гориво за авионите да се наполнат со гориво на островот, што е најновиот чекор во нивните потези за рационализирање на енергијата, бидејќи администрацијата на Трамп ја исклучува карипската нација од нејзините ресурси за ...