Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Некогашниот симбол на Скопје –ГТЦ местото каде се среќаваа генерации и беше со полни дуќани, денеска книжи загуби. Минатата година тие изнесувале речиси 300 илјади евра, пишува во најновиот извештај на Друштвото. Иако, тие се намалени ГТЦ има предизвици. Од една страна не може да си ги наплати побарувањата, а од друга им се трупаат обврски за кои им се неопходни средства. Отежнатата наплата на побарувањата, ја загрозува ликвидноста на ...
Во две табли со јајца 25 годишна жена се обидела да внесе марихуана и кокаин во затворот Идризово. Дрогата требало да заврши кај сопругот кој одлежувал казна затвор. Од 60 јајца скенерот покажал дека 28 биле полни со пакетчиња дрога тешки речиси половина килограм. Осомничената е мајка на две деца од кои едното е 5 месечно бебе. „На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во ...
„Петте италијански државјани кои загинаа на нуркање на Малдивите, кога излегле од подводната пештера влегле во погрешен тунел“, соопшти компанијата што ги пронајде и извлече нивните тела. Финските нуркачи од DAN Europe ги пронајдоа Италијанците во ќорсокак во пештерaта на длабочина од околу 50 метри. „Немаше излез“, рече извршната директорка на компанијата, Лаура Марони. Во несреќата загинаа Моника Монтефалконе, вонреден професор по екологија ...
Економска катастрофа и финансиски крах… Вака од опозициската СДСМ ја опишаа состојбата во државата на денешната прес-конференција од партиското седиште. Обвинуваат дека буџетот е во криза, снемува пари, а власта неконтролирано се задолжува. „Побараа 300 милиони евра од банки, но банките одобрија само 260 милиони евра со висока камата од 4,5%. Ова значи само едно – и банките се сомневат во фискалниот капацитет на државата. Уште поважно прашање ...
Трагите од кочење на асфалтот на скопската обиколница се свежи, оградата на автопатот искршена, а камионот сѐ уште е покрај патот. Токму на ова место се случила трагичната несреќа во која животот го загубија четири лица – три млади момчиња на дваесет години и таткото на едното од нив. Возачот на камионот изгубил контрола над возилото, се судрил со автомобилот од спротивен правец, по што настанал пожар во двете возила. „Ова е точното место ...
Македонија е најнапредна во Реформската агенда, со најмногу средства доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред фронтранерите Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во седиштето на партијата. „Оценетите реформи во Република Македонија, вклучуваат мерки за подобрување на финансирањето на основното и средното образование и мерки за ...
Поништена е јавната набавка за електрични автобуси на ЈСП. Одлуката ја донела Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност. „Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи“, соопштија од Министерството за транспорт. По втор пат се поништува јавната набавка за градски автобуси. На последниот оглас кој заврши во ...
Поништена е јавната набвака за електрични автобуси на ЈСП. Одлуката ја донела Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност. „Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи“, соопштија од Министерството за транспорт. По втор пат се поништува јавната набавка за градски автобуси. На последниот оглас кој заврши во ...
Договорот меѓи САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, треба да биде објавен за неколку часа, пренесува Ал Арабија, повикувајќи се на свои извори. Според Нацрт договорот во кој Ал Арабија имала увид, се предвидува моментен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите боишта – копнени, морски и воздушни. Договорот вклучува и взаемна обврска дека нема да се гаѓаат воена, цивилна и економска инфраструктура, како и запирање на сите ...
Поранешната асистентка на Џефри Епстин, Сара Келен, сведочеше на затворена седница пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД. Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, републиканец од Кентаки, изјави дека поранешната помошничка на Џефри Епстин, Сара Келен, дала „најсуштинско“ сведочење досега. Таа поминала часови одговарајќи на прашања за осудениот сексуален престапник и мрежа за злоупотреба во ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ Неготино. „Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор на АД ТЕЦ Неготино. Пријавените лица наведени во пријавата биле членови на поранешниот управен одбор на АД, воедно и распоредени на директорски позиции во организациони единици во ТЕЦ ...
Соединетите Американски Држави привремено ја запреа продажбата на оружје за Тајван во вредност од 14 милијарди долари за да се осигураат дека имаат доволно вооружување за војната против Иран, изјави в.д. секретарот на американската морнарица, Хунг Цао. Неговата потврда за време на сослушувањето во Сенатот доаѓа по само неколку денови од неодлучното делување на претседателот Доналд Трамп по тоа прашање по разговорите со кинескиот колега Си ...
25-годишна девојка се обидела да внесе кокаин и марихуана во скопскиот затвор Идризово. Дрогата била спакувана во две табли со јајца кога дошла да го посети сопругот кој одлежувал казна затвор. Во јацата со дрога имало 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин. „На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во ...
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, денеска го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе патуваат на Светското првенство 2026 година. Германскиот стратег направи неколку големи резови, па меѓу повиканите нема дел од најголемите англиски ѕвезди, што предизвика лавина реакции на Островот. Тухел за Мундијалот нема да смета на ѕвездата на Челси, Кол Палмер, потоа на Фил Фоден од Манчестер сити, како и на Трент ...
Најмалку четворица загинати и 35 повредени е билансот на нападот со дронови на украинските оружени сили врз колеџ и студентски дом во Старобељск, во областа Луганск, соопшти Јана Лантратова, комесарка за човекови права. „Во време на нападот, таму се наоѓале 86 тинејџери на возраст од 14 до 18 години. Според прелиминарните податоци, загинаа четири лица“, напиша Лантратова на платформата Макс, пренесува РИА Новости. Претседателот на руската ...
Фајнл-фор турнирот во кошаркарската Евролига стартува денеска во Атина, каде четири европски гиганти ќе ја почнат битката за најпрестижниот клупски трофеј на континентот. „Телеком центарот“ во Атина ќе биде домаќин на завршниот турнир, а првото полуфинале носи вистинска кошаркарска класика меѓу Олимпијакос и Фенербахче. Грчкиот тим влегува како најдобар од регуларниот дел од сезоната и ќе има огромна поддршка од трибините, додека турскиот ...
Мајкл Керик останува на клупата на Манчестер јунајтед и добива двегодишен договор, откако како привремено решение го врати тимот во Лигата на шампиони. Клупската легенда го презеде Јунајтед во јануари, по отказот на Рубен Аморим, и за кратко време драстично ги подобри резултатите. На 16 натпревари во Премиерлигата имаше 11 победи. „Црвените ѓаволи“ се изборија за пласман во елитното европско натпреварување, па челниците на клубот решија да му ...
Манчестер сити го потврди заминувањето на Пеп Гвардиола од менаџерската позиција по завршувањето на оваа сезона, една година пред истекот на неговиот договор. Каталонецот му се приклучи на клубот во 2016 година и во изминатата деценија ја одбележа најуспешната ера во историјата на „граѓаните“. Со Сити освои 20 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиерлигата и првата клупска титула во Лигата на шампиони, освоена во 2023 година. Во недела против ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека Алијансата ќе мора да „одговори“ на загриженоста на претседателот Доналд Трамп во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот Исток. – Ставовите на претседателот – неговата загриженост за дел од нашите сојузници во НАТО и нивната реакција на нашите операции на Блискиот Исток – се добро познати. На тоа ќе мора да се ...
Едно лице загина, а седум се повредени во експлозија во фабрика на унгарската нафтена компанија МОЛ што се случи претпладнево. „Дојде до експлозија за време на рестартирање на постројката Олефин 1 на локацијата МОЛ Петрохемија во Тисаујварош. Пожарот е локализиран, моментно во тек е интервенција. Инцидентот резултира со неколку тешко повредени и еден смртен исход. Стручњаците ги истражуваат причините за несреќата“, посочија од МОЛ. МОЛ ...
„Мета“ постигна спогодба со американски училишен округ кој го тужеше сопственикот на Инстаграм за криза со менталното здравје што предизвикуваат платформите на социјалните медиуми на компанијата кај младите. „Го решивме овој случај пријателски и остануваме фокусирани на нашата долгогодишна работа тинејџерите да останат безбедни на интернет“, изјави портпаролот на „Мета“ за договорот. Училишниот округ Брети тврдеше дека компаниите намерно ги ...
Њујорк поведе со 2-0 против Кливленд во финалето на Источната конференција во НБА-лигата. Никс максимално ја искористија предноста на домашниот терен во првите два натпревари од финалето на Истокот. За разлика од првиот дуел, кога се враќаа од негатива од 22 поени во последната четвртина, утринава домашните кошаркари ја завршија работата уште во третиот период. Њујорк направи серија од 18-0 и поведе со 71-53, по што не ја испушти контролата ...
Студентското движење во Србија најави голем протестен собир во Белград овој викенд, со кој повторно се зголемува притисокот врз претседателот Александар Вучиќ и неговата влада. Илјадници граѓани се очекува да се соберат на Славија, во продолжение на повеќемесечните протести против корупција и политичка одговорност. Собирањето на студентите ќе започне во 13 часот на повеќе локации во главниот град на Србија. Колоните студенти од таму ќе ...
Градскиот трговски центар (ГТЦ) брои загуби. Мината година ја завршил со минус од 18.381.098 денари (298 илјади евра). Сепак во однос на претходната година загубата е намалена. Вкупните приходи на компанијата изнесуваат 268.929.218 денари, додека расходите изнесуваат 287.310.316 денари. „Отежната наплата на побарувањата ја загозува ликвидноста на Друштвото“, стои во финансискиот извештај на ГТЦ. Оттаму додаваат дека тоа го отежнува ...
Камионот кој удри во возилото во кое се превезуваа три млади момчиња и таткото на едно од нив, и неколку часа по трагедијата е на скопската обиколница. Собраќајната несреќа се случи на делот од обиколницата помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци, синоќа околу 23 часот. 76 годишен возач од Косово кој управувал со камион изгубил контрола над возилото, преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот и удрил во ...
Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура, се наведува во соопштението на Националната опера и балет (НОБ) по повод трагичната смрт на Ристе Велков, оперски првенец и баритон, кој го загуби животот во синоќешната стравична сообраќајна несреќа на скопската обиколница. „Со ...
Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа најава на Трамп доаѓа по само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува. САД во моментот го преиспитуваат своето воено присуство во Европа, при што се очекуваше намалување на трупите по инсистирањето на Трамп дека НАТО ...
Баритонот и првенец на Националната опера и балет Ристе Велков загина во тешката сообраќајна несреќа на обиколницата во Скопје. Несреќата се случи синоќа околу 23 часот на обиколница на Град Скопје, кога возач на камион изгубил контрола и удрил во возило „бмв“ со кое се превезувале три момчиња на 20 години и татко на едно од момчињата. Веста за загинувањето на Велков, ја потврди за Телма директорот на Нациналната опреа и балет, Оливер ...
Во тешка сообраќајна несреќа кај Обиколница во близина на Радишани, загинаа 3 момчиња на 20 години и таткото на едно од момчињата. Трагедијата се случила кога возач на камион изгубил контрола на возилото над возилото ја преминал металната ограда на автопатот и удрил директно во автомобилот во кој биле сега починатите. „На 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка ...
Речиси 100 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на бубрег. Дел од нив со години живеат меѓу надежта и хемодијализа, додека државата најавува нов Закон за трансплантација кој треба да го олесни процесот за пронаоѓање донатори. Министерството за здравство планира да ја прошири можноста за живо дарување и надвор од најтесното семејство. Државата најавува нов закон за полесна трансплантација. Но, дали законските измени ќе значат повеќе ...