Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
На дел од странските компании Владата треба да им врати десетици милиони евра. Кај некои износот за поврат на ДДВ, што треба да го добијат, достигнува и до 12 милиони евра. Дел од инвеститорите сè уште ја чекаат и државната помош за минатата година. Ова во интервју за „Телма“ го сподели Антје Ванделт, директорка на германската стопанска комора во Македонија. Пренесуваме и примери на успешни стартапи на македонски иноватори. На дел од ...
Полицијата санкционирала 116 мотоциклисти за различни прекршоци и одзела три мотори во акцијата за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли која се спровела вчера од 10:00 до 18:00 часот во Скопје. Санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци. Поради безобѕирно управување со мотор одземени се три ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски е роден во 1949 година во Скопје и зад себе остави богата професионална кариера во новинарството, дипломатијата и државните институции. Новинарската кариера ја започнал во Скопје, а подоцна работел во агенцијата ТАНЈУГ како дописник од Австралија и Јужниот Пацифик, каде активно ја следел македонската дијаспора. Бил и автор на повеќе ...
Светите Кирил и Методиј — сесловенските учители што преку писмото и јазикот му дале глас на словенскиот народ. Денес сите ги нарекуваме „наши“, но дали навистина ја разбираме нивната порака за знаење, култура и заедништво? Дали го цениме богатството што ни го оставија — азбуката, јазикот и културниот идентитет, или ги чуваме само декларативно? Што им оставаме на младите генерации: вистинско знаење или само празни симболи? АНКЕТА: Дали младите ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави раскинување на рамковната спогодба со една од двете компании задолжени за набавка на униформи за специјалните полициски единици. Станува збор за српската фирма „Памитекс тим“, која била задолжена за еднобојните униформи. Одлуката доаѓа по извршената суперанализа во странство, која потврдила дека доставените примероци не го исполнуваат бараниот квалитет пропишан во тендерската ...
📚Во новата епизода на ХоризонТелма зборуваме со Александар Богоевски. 📒Зборувавме за Кaјт Сурфингот (Kite Surfing), новата пасија на љубителите на адреналинот, возбудата и природата, но и за активниот туризам и она што го овозможува нашата земја, како за странските, така и за домашните туристи. 🎙️Премиерата на 26-тата епизода од третата сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја овој петок во 20 часот 🎧Сите епизоди се достапни на ...
Покрај тоа што бевме домаќини, во машка конкуренција успеавме да бидеме и победници меѓу средношколците кои играат ракомет од целиот свет. За организацијата на Мундијалот во македонската престолнина и за постигнатиот успех, дознавме повеќе од Селекторот Горан Кузмановски, (кој е и тренер на суперлигашот Бутел до крајот на сезонава) и играчите Стефан Ѓорѓиевски и Петар Николоски. ,,Фер-плеј” со Јана, секоја недела во 16:15 на Телма. Покрај ...
Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, објави денес полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс. Иако агенцијата не го потврди точниот број на жртви, некои медиуми објавија дека четири лица се убиени во нападите. Извештаите дојдоа во време на прекин на огнот меѓу САД и Иран, со кој беше запрена војната што започна со нападите ...
На 25.05.2026 година во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите државјани на Турција. Според пријавата, на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија во сообраќајот, осомничените со возило „ауди“ удриле во мотор управуван од Ф.М. (20) од Скопје, кој извршувал работни задачи како доставувач, по што и физички го ...
Американската војска соопшти дека извршила нови напади врз цели во јужен Иран, и покрај актуелното примирје меѓу Вашингтон и Техеран. Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои, како што тврдат од американската страна, се обидувале да постават мини во близина на Ормусткиот теснец. Aкцијата била спроведена во „самоодбрана“ со цел заштита на американските сили и сојузници во регионот. Во ...
Собранието денеска ќе ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред се преостанатите три точки, меѓу кои и предлог-законот за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра, по скратена постапка. Според предложеното решение, заемот е наменет за општи буџетски потреби, финансирање капитални расходи и рефинансирање на обврски предвидени во Буџетот. Отплатата е предвидена на седум години, со грејс-период од три години, а каматата ќе биде ...
Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе ги интензивира нападите против Хезболах, поддржан од Иран, во Либан. Нетанјаху зборуваше по убиството на уште еден израелски војник од беспилотно летало испратено од Хезболах, со што вкупниот број на убиени војници достигна 11 откако стапи на сила прекинот на огнот. Во меѓувреме, либанското министерство за здравство соопшти дека бројот на жртви во најновата рунда борби меѓу Израел и Хезболах ...
Aмериканскиот државен секретар Mарко Rубио накратко зборуваше за војната во Иран за време на неговиот лет над Индија утрово. Рубио кој е на пат кон Њу Делхи разговараше со новинарите во својот авион за отворањето на Ормутскиот Теснец. Посетата на Рубио на Индија означува обид на Вашингтон и Њу Делхи да ги стабилизираат затегнатите односи, додека двете земји се стремат да ги зајакнат стратешките и економските врски и покрај неодамнешните ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Премиерот мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер пленковиќ на аеродромот „Св. Апостол Павле“ Во Охрид. Според агендата по пречекот ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, а потоа и владина билатерална средба. Предвидено двајцата ...
Индустријата за видео игри во Обединетото Кралство, која има годишен придонес од околу 9 милијарди фунти и вработува над 73.000 луѓе, се соочува со сериозна криза по повеќе од една деценија раст. Според досегашните анализи, комбинацијата од политичка нестабилност, промени во даночењето како и регионалните економски притисоци довеле до затворање на повеќе компании. Ова е забележано особено во новиот систем на даночни кредити за видеоигри ...
Папата Лав XIV денеска повика на итна и силна регулатива на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека нејзиниот развој мора да биде ставен во служба на заедничкото добро, а не на профитот или моќта. Во својата прва енциклика „Magnifica Humanitas“, претставена во Синодната сала во Ватикан, папата истакна дека човештвото се наоѓа пред историски предизвик споредлив со индустриската револуција, нагласувајќи дека ВИ веќе влијае врз работните ...
Во јавноста се отвори дебата по најавите на Министерството за транспорт и врски за можни законски измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, чија цел би била олеснување на инвестиции во дата центри поврзани со вештачка интелигенција. Иако властите ваквите најави ги претставуваат како чекор кон економски развој и привлекување на големи технолошки компании, дел од граѓански организации и еколошки иницијативи изразуваат ...
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат соопшти Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар. По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и ...
Телата на една Палестинка и шестгодишно девојче се донесени во болница во Газа, откако биле убиени во израелски напад врз камп во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија тамошните здравствени власти. Повеќе повредени деца, меѓу кои и двомесечно бебе со ампутирана нога, се забележани во одделот за итни случаи во болницата „Насер“. Во нападот бил погоден шатор во кој било сместено раселено семејство во областа Муваси, импровизирано засолниште на ...
Тротоарот на улица „Христо Смирненски“, во делот кон градилиштето што зафаќа и дел од булеварот „Теодосиј Гологанов“ (поранешна „Иво Лола Рибар“), е сериозно оштетен поради свлечиште предизвикано од активностите на градилиштето објави „здружението „Во одбрана на Буњаковец“ на нивниот „Фејсбук“ профил. Според објавата објектот работел и за време на празничниот ден, при што се вршело испумпување на вода кон градската канализација, што ...
Протестите кои се одржаа во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, а беа организирани од Здружението на Србите во Македонија „Мир, слога и стабилност“ кои е финансирано од Министерството за надворешни работи (МНР) на Србија, објави српскиот порталот Нова Еконимија. Според документот кој е објавен на српскиот портал може да се види дека здружението „Мир, слога и стабилност“, кое е основано на 30 јуни 2022, се наоѓа на ...
Протестите кои се одржаа во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, а беа организирани од Здружението на Србите во Македонија „Мир, слога и стабилност“ кои е финансирано од Министерството за надворешни работи (МНР) на Србија, објави српскиот порталот Нова Еконимија. Според документот кој е објавен на српскиот портал може да се види дека здружението „Мир, слога и стабилност“, кое е основано на 30 јуни 2022, се наоѓа на ...
Експозитурите за брзи кредити да се оддалечат од казина и обложувалници и да нема реклами од типот, брзи пари, брзи кредити, продавница за пари. Ваква најава за измените на законот за финансиски друштва имаат во групацијата во рамки на стопанската комора која ги застапува фирмите каде граѓаните можат да земаат брзи кредити. Од Министерството за финансии не откриваат детали иако премиерот Христијан Мицкоски, пред една недела најави дека се ...
Компјутерскиот техничар кој е осомничен за аферата во претседателскиот кабинет која како можен шпионски случај го истражува Обвинителството всушност бил пензионер кога било пријавено дека копира фајлови од компјутер во кабинетот. За Телма ова го потврдија два извори запознаени со проблематиката. Осомничениот бил припадник на елитната армиска специјална единица Волци каде бил подофицер надлежен за врски и комуникации во единицата. Бил преземен ...
Власта се плаши од враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски и затоа одолговлекува со барањето за негова екстрадиција, обвинува опозицискиот СДСМ. Тие потсетуваат дека поминаа две недели откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја формираше владата и прашуваат зошто сè уште не се испратени документите за екстрадиција од Унгарија. Обвинуваат дека власта намерно го штити Груевски. Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ги испратија ...
Во пожар гореше една од халите на фабриката за текстил во Радовиш, во објектите на поранешниот „Декортекс“. Огнената стихија избувнала синоќа малку после 20 часот и за кратко време почнала забрзано да се шири низ просторот. Синоќа на социјалните мрежи се појавија бројни видеа од силниот пламен што се издигнуваше високо и беше видлив од повисоките места во градот, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Првите на терен излегле ...
Посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Индија имаше за цел изгладување на затегнатите односи меѓу двете земји, по минатогодишните трговски спорови и царините поради продолжувањето на купувањето на руска нафта. Но, во позадина на оваа четиридневна посета, е се поголемата конкуренција од Кина во Индиско пацифичкиот регион, како економска така и воена. Рубио утре ќе одржи состанок со министрите за надворешни работи на Индија, ...
Работи на Институтот за историја на уметност и археологија од 1986 година, а по септемвриската испитна сесија заминува во пензија. Никос Чаусидис, професор на насоката за археологија на ИИУА на Филозофскиот факултет во Скопје, алармира дека замира Институтот. Проблемот е, вели тој, што по пензионирањето на поранешните професори, работните места се затворале, а конкурси за нови вработувања не биле спроведени со години. Сега на Институтот ...
Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид упати жестоки критики за моровниот процес и потенцијалното постигнување договор за завршување на војната меѓу САД и Иран. Јаир инсистира дека деталите од договорот кои досега ги слушнал се вознемирувачки за Израел, и го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за нарушување на односите со западните земји што придонело Тел Авив да изгуби огромен дел од нивната поддршка, и на тој начин да ја изгуби и ...
По информациите дека е постигнат напредок во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон, цените на нафтата на светските берзи забележаа значителен пад. На азиските пазари, првичниот идникатор, за прв пат после неколку недели цената на барел нафта падна под 100 долари. Глобалните енергетски пазари секојдневно забележуваат фликтуации уште од почетокот на војната во Заливот и иранското затворање на Ормускиот теснец, од каде поминува дури една петтина ...