Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Полицијата приведе беровчанец кај кого пронашла кокаин, а во возилото имал полициска униформа, оружје и муниција во багажникот. Тој е задржан во полициска станица. Тој бил уапсен во неговото патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во близина на угостителски објект во Струмица. Кај него прво е пронајдена бела прашкаста материја, за која тој самиот потврдил дека е кокаин. Потоа, при претрес на багажникот на возилото ...
Регионалниот центар на либанската служба за цивилна заштита во јужниот град Набатие утринава беше целосно уништен при израелски воздушен удар, и покрај примирјето кое е во сила од 17 април. Објектот бил „директно погоден од непријателски израелски удар“, при што зградата целосно се урнала, а предизвикана е и голема материјална штета врз возилата и спасувачката опрема, се наведува во официјалното соопштение на Дирекцијата на либанската цивилна ...
Разгневени жители на град во центарот на жариштето на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго нападнале и запалиле шатор во здравствен центар каде што се лекувале заразени со вирусот, соопшти медицинскиот персонал. Ова е втор ваков напад во регионот во рок од една недела. Според првичните информации, во нападот нема повредени. Пациентите успеале да избегаат од пожарот, а најмалку 18 лица за кои се сомнева дека се заразени со ...
Иранските власти утринава егзекутираа маж под обвинение за пренесување доверливи информации на САД и Израел за време на војната, јави информативната агенција на иранското правосудство „Мизан“. Лицето, идентификувано како Моџтаба Киан, според властите во Техеран, испраќало податоци на „непријателот“ за иранската одбранбена индустрија. Во Иран се спроведуваат голем број смртни казни по обвиненија за шпионажа, особено по масовните протести што ...
Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. Властите информираа дека ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека 23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци, додавајќи дека полицијата интервенирала со минимална употреба на средства за принуда дури откако биле нападнати. Дачиќ на прес-конференција нагласи и дека има повредени полицајци. Според него, дури и по предупредувањето на директорот на полицијата дека јавниот собир во Славија треба да помине и да заврши мирно, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...
Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени најмалку четири ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми. Тој, исто така, рече дека некои собири, ...
Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св. Кирил во Рим, во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот на ансамблот е можност македонската култура достоинствено да биде претставена ...
Две лица се ранети во пукотница во близина на Белата куќа. Инцидентот се случи на авенијата Пенсилванија, веднаш до комплексот на Белата куќа од каде се слушнале истрели, по што следувал брз одговор од полицајците на Тајната служба. Ранети се осомничениот напаѓач, кој е во критична состојба и случаен минувач – и двајцата се пренесени во болница. Напаѓачот истрелал неколку куршуми кон припадниците на Тајната служба, по што тие возвратиле. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека мировниот договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека наскоро се очекува неговото финализирање. Во соопштението од Белата куќа е наведено дека објавата следува по серија „добри разговори“ што Трамп ги имал со лидерите на неколку земји на Блискиот Исток и Пакистан. Во разговорите учествувале група лидери од Заливот и регионот, вклучувајќи претставници од Саудиска Арабија, Обединетите ...
Фудбалскиот клуб Вардар денеска официјално го доби шампионскиот пехар и ја прослави 12-тата титула во својата историја. Во последниот натпревар од сезоната, „црвено-црните“ славеа убедлива победа од 3-0 против најголемиот ривал Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје. По натпреварот следуваше голема прослава со навивачите — најпрво на теренот на нашиот најголем стадион, а потоа славјето се пресели на „Школка“ во Градскиот парк. ...
Протестите во Белград предводени од студентите повторно завршија со судир меѓу полицијата и демонстрантите. Нередите овој пат избија пред самиот крај на протестот, кога група демонстранти започна да фрла петарди во кампот на поддржувачите на власта, колоквијално познат како „Чациленд“. Поради тоа во паркот каде што се наоѓа кампот пристигнаа припадници на полицијата и жандармеријата, по што и тие станаа мета на камења, шишиња, факели и други ...
Стариот и руиниран систем за наводнување, ладните ноќи, потоплите денови, климатските промени и оваа година се причините што сеидбата на кочанското „бело злато“ оди бавно и со проблеми. Оризопроизводителите се и дополнително демотивирани од ниската откупна цена на оризовата арпа, која е од ланската реколта и треба да ја продадат, за да инвестираат во новата сеидба. Голем дел од земјоделците не се задоволни со оваа сеидба, бидејќи реколтата од ...
Десетици илјади граѓани се приклучија на протестниот митинг кој вечерва на плоштадот Славија во Белград го организираа српските студенти. Масовноста на овој протест, одржан дури 11 месеци по претходниот е од исклучителна важност за студентското движење, кое произлезе од овие протести, и неговата намера да го продолжи политичкиот притисок врз српскиот претседател Александар Вучиќ и владејачката Српска напредна странка во период на општо ...
Уште еден дрон се урна во Летонија во услови на нагло зголемување на тензиите поради слични инциденти во балтичкиот регион, при што растат стравовите дека војната во Украина би можела да се прелие во соседните земји на НАТО. Дронот се урнал во езерото Дридзис во општината Краслава, на околу 20 километри од белоруската граница, и експлодирало при удар со површината на водата, соопшти денеска локалната полиција. Во инцидентот, кој бил пријавен ...
Соединетите држави и Иран постигнале конкретен напредок во преговорите за завршување на војната, посочуваат извори и од двете страни. Дипломати вклучени во процесот од страна на посредникот Пакистан за западните медиуми потврдија дека станува збор за нацрт рамковен договор кој ќе ги постави контурите на конечниот договор. Овие наводи доаѓаат по информациите кои пристигнуваа изминативе денови од сите страни вклучени во преговарачкиот процес ...
Најмалку петмина полицајци загинаа, а повеќе се ранети, во израелски воздушен напад врз палестински полициски пункт извршен денеска во северниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинската полиција. Во соопштението се наведува дека две израелски ракети го погодиле полицискиот пункт во областа Тавам. Полициската управа на Газа е задолжена за безбедноста во областите на Појасот Газа кои по воспоставувањето на примирјето во октомври се под ...
Земјотрес со интензитет од 3,6 степени е регистриран во 17:41 часот во Македонија. Според првичните податоци од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот на земјотресот бил во североисточниот дел на Македонија, на 20 км од Скопје и на длабочина од 5км. Потресот беше почувствуван од граѓаните во главниот град и во Куманово. Засега нема информации за евентуални штети или повредени лица. Се чекаат официјални информации од ...
Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите луѓе кои починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, јави ДПА. Се верува дека тројцата се заразиле на 27 март при ракување со безживотни тела, соопшти денеска Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) во Женева. Волонтерите помагале во друга хуманитарна вонредна состојба пред воопшто да се знае дека во областа се шири ебола. „Тие ...
Во Куманово попладнево се одржа собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ – насобраните граѓани вееја македонски и српски знамиња и носеа транспаренти на кои пишуваше Куманово и Скопје се со Вучиќ. Собирот е организиран од страна на здружението „Мир, слога и стабилност“. Оттаму уверуваа дека целта на собирот е поддршка на политиките на српскиот претседател, а не ширење на национализам. Видео Радио Бум – Куманово Во ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...
Во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во битолско Горно Оризари, часовите по ликовно се одвиваа нормално се до пред неколку дена. Наставникот Стефан Поповски држел настава, пишувал оценки во електронскиот дневник, присуствувал на наставнички совети и бил дел од годишната програма на училиштето. Но, според документ што деновиве првпат му бил покажан, тој добил отказ пред година и пол. Поповски вели дека редовно одел на работа во ...
Белградскиот плоштад Славија се полни пред големиот протестен митинг организиран од студентите, кој ќе се одржи вечерва, и од кој тие ќе побараат демократизација на земјата и одржување на вонредни парламентарни избори. За разлика од претходните протести кои ги одржуваа во српската престолнина, овој пат студентите најавуваат дека на нив многу повеќе ќе се зборува за решенија, наместо за проблемите. Се надеваме дека многу голем број граѓани ќе ...
Филипче на прес-конференции изнесува невистини и глупости кои се далеку од реалноста, не кажа за неговата соработка со човекот на кој му е забранет влезот во Македонија, Виктор Стојанов, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Филипче требаше денес да излезе на прес и да се извини на македонските граѓани за неговите антимакедонски политики и да си замине од политиката, исто како што негови блиски му советувале да го тргне Рубин Земон од член на ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека Буџетот е пред колапс, а Владата е фокусирана да најде нови извори за задолжувања, при што, како што рече, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра. Јавниот долг е зголемен за само две години, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра, пари коишто ќе ги враќаат којзнае колку следни генерации. Последното задолжување на коешто сакам да обрнам внимание од 260 милиони ...
А, во Куманово попладнево се одржа собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ – насобраните граѓани вееја македонски и српски знамиња и носеа транспаренти на кои пишуваше Куманово и Скопје се со Вучиќ. Собирот е организиран од страна на здружението „Мир, слога и стабилност“. Оттаму уверуваа дека целта на собирот е поддршка на политиките на српскиот претседател, а не ширење на национализам. Видео Радио Бум – Куманово А, во ...
Редовно и темелно следење на печатените и електронските медиуми кои се клучни во борбата против дезинформации. Да се подигне јавната свест за критериуми кои јасно ќе покажат дека нешто отскокнува од вистината, вели францускиот професор Фабрис Д’Алмеида, специјалист на темата за дезинформаци и историчар на медиумите. Брзото темпо на живеење и социјалните мрежи се секогаш ризик за веродостојност на она што се објавува. За секоја важна одлука ...