Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Престана со работа едно од поголемите финансиски друштва за брзи кредити. Министерството за финансии информираше дека ја одзеде дозволата за работа, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин биле утврдени сериозни повреди на законски обврски. Станува збор за тешки прекршоци и сериозни неправилности во работењето, што доведе до одземање на дозволата, но засега надлежните официјално не соопштија за кое друштво станува збор. ...
Писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц до лидерите на ЕУ со кое предлага иновативни решенија за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан потврдува дека постои волја за проширување, прв пат после 15 години по влезот на Хрватска, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче. Геополитичката ситуација во светот го наметна проширувањето како приоритет и потреба, вели Филипче Ако се работи да се направи нов пакет, освен земјите од ...
Пред месец и половина градоначалникот Тони Коњановски им се извини на жителите од четирите улици во центарот на Битола за долгата реконструкција и најави дека наскоро ќе бидат асфалтирани. Но, „Козара“, „11 Март“, „Чеде Филиповски“ и „Панде Николов“ и денес се раскопани, а жителите револтирани. Кал, прашина и отежнат пристап до домовите, вака повеќе од една година изгледа секојдневието за граѓаните кои живеат во овој дел од градот. Овде не ...
По тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа тројца дваесетгодишници и 51-годишниот оперски пејач Ристе Велков, судот му определи притвор на косовскиот камионџија кој ја предизвика несреќата. Сообраќајниот вештак Дејан Трпевски за Телма вели дека прво што треба да се провери какво здравје и дозволи имал 76-годишниот притворен возач. Во јавноста пак главно прашање е дали патот имал соодветни банкини за да се спречи ...
Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина. Експлозијата на гас се случила во рудникот за јаглен Лиушенју, управуван од групацијата Тонгжу, во покраината Шанкси. Стотици спасувачи се испратени на местото на трагедијата. Над 30-тина луѓе се хоспитализирани, а спасувачката акција е во тек. Според кинеските медиуми, повеќето од загинатите се задушиле при вдишување на отровен гас, но засега не се знае за каков тип ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот. Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на ...
Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот косовски државјанин за сообраќајката на обиколница, соопштија од Кривичниот суд. Мерката притвор е определена поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во ...
Соединетите Американски Држави ја проширија привремената забрана за влез на американска територија за патници од Демократска Република Конго, така што рестрикциите отсега ќе важат и за сопствениците на американски соодветни дозволи за постојан престој (Зелена карта), како последица на епидемијата на ебола што беснее во оваа африканска држава. Покрај ДР Конго, нови случаи на опасниот вирус на ебола неодамна беа регистрирани и во Уганда, како и ...
Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на тероризмот и за два случаи на кршење на правилата за дејствување на странски агенти. Каспаров, кој веќе е прогласен за странски агент во својата татковина и внесен во официјалниот регистар на терористи, претходно се соочи со одлука на Окружен суд во Москва, кој на 22 декември 2025 година му одреди ...
Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото – „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Студентите најавија дека собирањето ќе започне во 13:00 часот на четири локации во Белград, а протестот на Славија е планиран од 18:00 до 20:00 часот. По кампањата ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека неговата влада ја поништува претходната одлука на Будимпешта за повлекување од Меѓународниот кривичен суд (МКС). Владата се откажува од намерата за напуштање на МКС, напиша кусо Маѓар во објава на социјалната мрежа Икс, без да наведе дополнителни детали за ваквиот чекор. Меѓународниот кривичен суд, чие седиште е во Хаг, од 2002 година ги процесира најтешките меѓународни злосторства, како што се ...
Мексико и Европската Унија потпишаа ревидиран трговски договор кој предвидува намалување на заемните царински тарифи, со цел двете страни да ги диверзифицираат своите економии и да ги заобиколат агресивните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат светските новински агенции. Преговорите за обновување на претходниот договор започнаа уште во мај 2016 година, но начелниот договор за трговските аспекти постигнат ...
Бројот на загинати во експлозија на гас во рудник за јаглен во северната кинеска покраина Шанкси се искачи на најмалку 90, објавија државните медиуми. Речиси 250 луѓе работеле под земја во рудникот кога се случила експлозијата. Стотици спасувачи се испратени на местото на настанот. Снимките од државните медиуми покажуваат болничари како носат носилки на местото, а во позадина се гледаат амбулантни возила. Повеќе од 100 рудари се пренесени во ...
Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје. Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – ...
Менаџерот во националниот тим за ебола во Демократска Република Конго, Ричард Китенге, предупреди дека сомнителни случаи на ебола биле во контакт со останатите пациенти во општите болници во регионот, што дополнително го зголемило ризикот од ширење на заразата. Говорејќи во градот Бунија, Китенге истакна дека приоритет на здравствените власти е идентификација и изолирање на сите сомнителни случаи. „Првото што треба да го направиме е тријажа – ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo „МАН“ со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока ...
Стотици граѓани годишно бараат заштита од дискриминација. Бројот на претставките расте а најмногу случаи на утврдена дискриминација има во јавниот сектор. Колку граѓаните се еднакви пред институциите, на работното место, во образованието и во јавниот живот? Каде царува нетолеранцијата ? Дали најранливите се најнезаштитени? Случаите за дискриминација поврзана со бременост, раѓање и мајчинство во работните односи го вклучија црвентот светло . ...
Словенија доби нов премиер откако парламентот денес го избра десничарскиот политичар Јанез Јанша за шеф на владата, означувајќи значителен политички пресврт во земјата која во изминатиот период беше управувана од либерална власт. За изборот на Јанша гласаа 51 пратеник, додека 36 беа против во 90-члениот словенечки парламент. Сепак, новиот мандатар ќе треба повторно да се појави пред пратениците за гласање за составот на новиот владин кабинет. ...
Најголем број од претставките за дискриминација се однесуваат на работните односи, а најчесто доаѓаат од државниот сектор, каде граѓаните пријавуваат дискриминација врз политичка и етничка основа, посочи Томшиќ. „Во делови на напредување на кариерата се најмногу на политичка основа, дискриминација. Најмногу доаѓаат од државниот сектор каде или ја наведуваат политичката или етничката состојба“, изјави Томшиќ. Според него, околу 50 проценти од ...
Граѓанските организации реагираат на предложените законски измени поврзани со распределбата на средствата од игрите на среќа, предупредувајќи дека може да бидат загрозени услугите за ранливите категории граѓани. Атанас Аврамов од Мрежата за заштита од дискриминација во „Топ Тема“ на Телма изјави дека организациите кои работат со ранливи групи не се против законските измени во целина за Законот за игри на среќа, туку предупредуваат на ...
Рубин Земон поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ. Во објава на неговот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ тој наведе дека одлуката ја донел со цел, како што посочи, да го заштити угледот на партијата од „непринципелни напади“ насочени кон него и неговото семејство. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на ...
Фудбалскиот клуб Вардар смета дека Фудбалската федерација на Македонија нема фактичка и правна основа за дисциплинска постапка поради спорната прослава на титулата во угостителски објект. Од таборот на „црвено-црните“ велат дека станувало збор за приватна забава, а официјалната прослава е закажана за утре во Градскиот парк во Скопје, по натпреварот со Шкендија. Вардар минатиот петок ја победи Струга со 1-0 на гостински терен и математички ја ...
На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за ...
Поранешни членови на Управен одбор на ТЕЦ Неготино, а сега директори во Електрани земале апанажа и плата во исто време се сомнева Антикорупциската комисија. Ќе ги пријави во обвинителството после анонимна дојава уште од пред скоро две години. На денешната седница членовите на ДКСК утврдија дека во злоупотребата им помогнале поранешни членови на надзорниот одбор на Тец Неготино, па и тие ќе влезат во известувањето за Злоупотреба на службена ...
Поништен е тендерот кој го добија унгарската „Електробус – Икарус“ и австриската ЕВН за набавка на електрични автобуси и станици за полнење. Според информациите на Телма една од четирите фирми кои конкурираа поднела жалба до Државната комисија по жалби кој донела одлука тендерот да се поништи. „Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични ...
Граѓанските организации се загрижени дека, со новиот Закон за игри на среќа, владата ќе им ги укине фондовите. Во старото законско решение е точно наведено кои организации ќе ги добиваат парите што приредувачите на среќа мора да ги издвојуваат за нив. Во член 16 стои дека, ќе се финансираат националните инвалидски организации, нивните здруженија и асоцијација, здруженија на граѓани за борба против семејно насилство и Црвениот крст. За оваа ...
Адам Велков и Марко Ѓорѓиевски се 20-годишните момчиња кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Тие патувале во возилото „БМВ“, управувано од таткото на Адам, Ристе Велков, кога во нив удрил камионот управуван од 76-годишен косовски државјанин. Сите патници во возилото, три момчиња на 20 години и таткото на едно од децата, починале на лице место. Сочувство до семејствата изразија од Основното училиште „Петар Поп ...
Пешаци, моторџии и лица со тротинети постојано поминуваат низ прометната улица кај Бит Пазар, додека дел од возачите запираат за да ги пропуштат, а дел реагираат со свирење. Метежот и раздвиженоста се присутни во текот на целиот ден, а мостот над нив најчесто останува празен. Граѓаните велат дека преминот им го олеснува движењето, но сметаат дека мора да се преземат мерки и просторот да биде соодветно обележан за да биде побезбеден. „Не е ...
Коалицијата „ Менуваме“, што ги застапува правата на лицата со попреченост одржа состанок со заменик министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски и му достави драфт верзија на Закон за лична асистенција. Овој гест е поради кратењето часови за лични асистенти на лицата со попреченост, од март наваму. Доколу ги помине административните филтри, законот ќе го замени досегашниот Правилник , кој што не ги гарантира правата за асистенција, велат ...
Доколку собранието го усвои предложениот Закон за игри на среќа, 10.000 вработени во секторот ќе останат на улица што, заедно со семејствата, ќе значи 35.000 нови кандидати за исселување во странство. Тоа е социјална бомба, предупреди Оливера Костова, претставничка на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“, на денешниот протест во Скопје. „Ако овој економски сектор престане да постои во Македонија, ние ќе ...