Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера на 24 февруари да презентира план за одржување претседателски избори, кои би се одржале заедно со референдум за евентуален мировен договор со Русија. Оваа информација денес ја потврдија украински и западни претставници запознаени со планирањето, пишува Фајненшл тајмс. Минатата недела, Ројтерс објави дека, според рамката што ја дискутираа американските и украинските преговарачи, секој ...
Синоќа сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје беше во прекин поради тешка сообраќајна незгода, при судир на автомобил со камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром. Од МВР за Телма велат дека несареќата се случила помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Иран сака да постигне договор со САД околу својата нуклеарна програма. Во интервју за „Фокс Бизнис“, Трамп рече дека би било „глупаво“ доколку Техеран не се согласи на договор. На прашањето дали евентуален договор би бил одржлив со сегашниот ирански режим, Трамп одговори дека не е сигурен, но нагласи дека Иранците комуницираат со него. „Знам едно – сакаат договор. Не разговараат со ...
Алатки за генерирана вештачка интелеганција во Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година. Меѓу земјите во регионот , ВИ користат 65,4 проценти од младите во Босна и Херецеговина, 58,2 во Хрватска, 50 во Бугарија и 47 отсто во Србија. Во ЕУ, вештачката интелеганција најмногу ја користат младите во Грција (83,5%), во ...
Синоќа сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје беше во прекин поради тешка сообраќајна незгода, при судир на автомобил со камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром. На видеото кое што го сподели Скопје Инфо се гледа како горат двете возила. Утрово од АМСМ информираат дека на патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода. Засега не е позната ...
Најмалку десет лица загинаа, а 25 се повредени при напад со огнено оружје во средно училиште и во дом во местото Тамблер Риџ, во канадската провинција Британска Колумбија, соопшти полицијата. Осум жртви биле фатално застрелани во средното училиште, додека уште две тела биле пронајдени во блиска куќа. Осомниченото лице, за кое властите веруваат дека е напаѓачот, било пронајдено мртво во училиштето со, како што се наведува, самонанесена ...
Битолчани ја исмеваат исплатата на штетите од земјотресот пред 4 години . Ги преплавија социјалните мрежи со шеги за парите што ги добиваат. Тие објавуваат извадоци од банкарските приливи, а најниската сума што една битолчанка јавно ја сподели изнесува 54 денари. Потоа следуваат суми од 80, стотина, па 300 денари. Граѓаните се револтирани, но не изостануваат ниту сатиричните коментари „За реновирање плативме 3.500 евра, а добивме 54 денари , ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, ...
Иако новиот Закон за високо образование содржи одредени позитивни решенија, во него има и сериозни недостатоци, особено во делот на автономијата на универзитетите и застапеноста на студентите во универзитетските совети, предупреди Антовска. „Моите забелешки потекнуваат од тоа каков ќе биде универзитетскиот совет и како е тоа поделено. Зборуваме за автономен универзитет“, изјави Антовска. Таа потсети дека според стариот закон, три члена во ...
Епицентарот на земјотресот кој беше почувствуван и во Тетово и во Скопје е на Косово, во близина на Призрен. Според EMSC, земјотресот бил 4.9 степени, а епицентарот е 15 километри северно од Тетово. Жителите на повисоките катови во зградите во Скопје и во Тетово реагираа на социјалните мрежи опишувајќи дека почувствувале силно тресење. Епицентарот бил на 5 км длабочина. Епицентарот на земјотресот кој беше почувствуван и во Тетово и во Скопје ...
Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои фрлаа молотови коктели и ракети за време на демонстрациите вечерва во центарот на Тирана од страна на илјадници поддржувачи на опозицијата кои бараа оставка од владата на Албанија. Владата на премиерот Еди Рама е критикувана поради обвинувањата за корупција во кои е вклучена вицепремиерката Белинда Балуку, но Рама се спротивстави на повиците за нејзино ...
Минималната плата останува во фокусот. Синдикатите бараат 600 евра минималец и почнаа со блокади на институциите, додека Владата и работодавачите предупредуваат на ризици за економијата. Судирот се заострува. Кои се можните решенија, како до поголем економски раст и подобар животен стандард? Во Топ тема со Наташа Стојановска зборуваат Кирил Миноски поранешен министер за финансии и Ванчо Узунов универзитетски професор. Топ Тема со Наташа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен за воена акција против Иран ако не се постигне договор, наведувајќи дека во тој случај ќе дејствува како за време на 12-дневната војна во јуни минатата година. Во телефонско интервју за израелската телевизија Канал 12, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави и Иран се обидуваат да постигнат договор, но дека Вашингтон има други опции ако разговорите не успеат. ...
Според професорот Ванчо Узунов, клучниот предизвик за домашната економија е пронаоѓање и задржување мотивирана домашна работна сила. „Времето кога ниските плати беа конкурентна предност за Македонија и начин за опстанок на фирмите е завршено. Прашање е на часови, а не на денови. Компаниите мора да прифатат дека треба да најдат квалитетна работна сила, да ја обучат, да ја платат соодветно и да ја задржат со договори, инвестиции во опрема, ...
Од Мрежата за заштита од дискриминација го потсетуваат Собранието дека со откажувањето на една предлог-кандидатка и избор на двајца, неопходно е објавување нов оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Потсетуваат дека согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, доколку Собранието не избере членови на Комисијата, постапката за избор се повторува во целост со објавување јавен оглас веднаш, ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас изјави денеска дека ЕУ ќе предложи список на отстапки што Европа треба да ги побара од Русија како дел од решението за завршување на војната во Украина. „Сите на масата, вклучувајќи ги Русите и Американците, мора да разберат дека Европејците се потребни за да се постигне мировен договор“, рече Калас. Според неа, ЕУ за тоа има услови. Европската ...
Ќе се спроведуваат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата на денешната седница. Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од 45 дена да достават ...
Од 2010 година до денес, листата на забранети супстанци во козметичките производи кои се во малопродажба во Македонија не е ажурирана ниту еднаш. Воедно, во земјава нема ниту една лабораторија со опрема за испитување на забранети супстанци во детските играчки кои се увезуваат и се продаваат кај нас, наведува Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за работата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ревизорите посочуваат ...
Откако индиректните последици од досиејата на Џефри Епштајн предизвикаа драматичен ден на криза што се закануваше да го собори, британскиот премиер Кир Стармер беше спасен од борбениот отпор и двоумењето меѓу неговите ривали во владејачката Лабуристичка партија за последиците од државниот удар. Авторитетот на Стармер над неговата централно-левичарска партија беше нарушен од последиците од објавувањето на досиејата поврзани со Епштајн – човек ...
Во вечерашната емисија Директно дебатираат министерката Весна Јаневска, професорот Самоил Малчевски, Бленди Ходаи од Форумот за образовни програми и Зорана Антовска научен соработник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје. Ходаи и министерката Јаневска беа со спротивни ставови во делот на новиот закон во кој се наведуваат и менуваат условите за професори на универзитетите. Тој потенцираше дека структурата на академската заедница од ...
Продуктивноста на трудот е резултат на повеќе меѓусебно поврзани фактори, а еден од клучните во современи услови е научно-технолошкиот прогрес и технологијата што ја користат компаниите, вели поранешниот министер за финансии Кирил Миноски. „Доколку во една компанија се користи несоодветна технологија, не може да се очекува повисока продуктивност на трудот. Технологијата и начинот на организација на работата имаат директно влијание врз ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вторник изјави дека е остварен контакт меѓу Париз и Москва, „кој, доколку е пожелен и потребен, би можел брзо да воспостави дијалог на највисоко ниво“. Во коментарите пред новинарите, Песков додаде „досега не сме добиле никакви индикации за оваа желба, иако ја забележавме изјавата на Макрон за потребата од воспоставување односи со Русија“. Песков нагласи дека Русија „отсекогаш била поддржувач на ...
Иако новиот Закон за високо образование содржи одредени позитивни решенија, во него има и сериозни недостатоци, особено во делот на автономијата на универзитетите и застапеноста на студентите во универзитетските совети, предупреди Антоновска. „Моите забелешки потекнуваат од тоа каков ќе биде универзитетскиот совет и како е тоа поделено. Зборуваме за автономен универзитет“, изјави Антоновска. Таа потсети дека според стариот закон, три члена во ...
Во вечерашната емисија Директно дебатираат министерката Весна Јаневска, професорот Самоил Малчевски, Бленди Ходаи од Форумот за образовни програми и Зорана Антовска научен соработник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје. Ходаи и министерката Јаневска беа со спротивни ставови во делот на новиот закон во кој се наведуваат и менуваат условите за професори на универзитетите. Тој потенцираше дека структурата на академската заедница од ...
Власта предлага итно да се продолжи рокот за легализација на дивоградбите. Наместо како што истекува до 3 март годинава, општините да може уште пет години да работат на легализација на дивоградбите. Предлог измените веќе се објавени а се предложени од група пратеници од владеачкото мнозинство. Како што се вели во образложението ова било барање на ЗЕЛС, а иницирано од Општина Битола. Причините биле што имало голем дел незавршени предмети, а ...
„Макпетрол“ го отвори новиот бизнис-центар во својата Управна зграда, наменет за интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби. Со оваа инвестиција, компанијата ја зајакнува својата посветеност кон мотивирачка и современа работна средина. „Со отворањето на Бизнис центарот создаваме структуриран и современ простор кој ...
Од местото каде се чуваат запленетите 40 тони марихуана министерот Панче Тошковски за прв пат се обрати во јавноста за акцијата, но не пред камерите на медиумите, туку преку видео снимено од камерата на МВР. Спакувана во кутии, марихуаната засега се чува во објект на МВР, а Тошковски придружуван од премиерот Христијан Мицкоски и директорот на БЈБ, Александар Јанев изјави дека незаконски се третирала, надвор од утврдените протоколи. „Во ...
Гордана Бекриќ во телефонска изјава за Телма вели дека надлежните служби не го исчистиле целосно делот од патот меѓу Маврово и Галичник кој е завеан со снежни наноси. Бекриќ живее во Галичник со својата мајка и единствен излез за снабдување со храна и лекарства им е пешачење до Јанче. Бекриќ во изјавата вели дека во Галичник има десетина луѓе, а нивните роднини ги снабдуваат пешки кога може да дојдат. Нејзината изјава во продолжение. Гордана ...
Потврдена е определбата на Македонија за спроведување на преземените обврски за заштита на охридскиот регион, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиереот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска во Париз, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со ...
Пратениците од опозициската СДСМ ја напуштија денешната собраниска седница, откако нивниот Предлог-закон за минималната плата не беше ставен на дневен ред. Од партијата сметаат дека барањето на синдикатите е основано и дека има можност да се обезбедат пари за да растат платите. Според спикерот Гаши, предлогот на СДСМ не можеше да се стави на гласање, бидејќи не бил доставен до сите пратеници, поради процедури за превод на материјалот пред ...