Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Ова решение се наметна по воведувањето на ЕЕС системот во Шенген зоната, а беше договорено на средбата со хрватскиот министер Олег Бутковиќ во јануари годинава. Хрватска е втора земја која донесе одлука за издавање долгорочни визи, по Швајцарија. Николовски ...
Државата доцни и со повратот на ДДВ, но и со исплатата на државната помош. На дел од странските компании, Владата треба да им врати десетици милиони евра. Кај некои износот за поврат на ДДВ, кои треба да го добијат, достигнува и до 12 милиони евра. Дел од инвеститорите се уште ја чекаат и државната помош за минатата година. Ова се само некои од предизвиците со кои се соочуваат, а кои ги посочија од германската комора и за кои се надеваат на ...
Во кривичниот суд во Скопје повторно беше одложено уште едно рочиште за судењето за предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Во предметот е назначена обвинителката Енѓелуше Кадриу Лежи откако претходно обвинителката во случајот Ленче Ристоска беше повлечена од страна на новиот државен обвинител Ненад Савески. Обвинителката Кадриу Леши ќе ги разгледува и ќе прави увид во сите вештачења за да го прецизира обвинителниот акт. ...
Одбивањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го прифатат предлог – законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, за претседателот на СДСМ Венко Филипче е јасно признание дека во владата „врие од луѓе со бугарски пасоши“. „Одбија да го прифатат предлог-законот наш на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со кој премиерот, вицепремиерите, министрите, членовите на ...
Македонија се наоѓа во групата на земји со умерено пренатрупани затвори, со 104 затвореници на 100 расположливи места и истовремено е меѓу европските држави со најдолг просечен период на издржување затворска казна, кој изнесува 18 месеци, покажуваат податоците од годишната статистика на Советот на Европа за затворската популација (SPACE I) за 2025 година што беше објавена денеска. Во неа се укажува на сериозен тренд на пренатрупаност во ...
Сè додека се врши притисок и тоа од јавни политички личности и кога се знае дека во минатото, г-дин Милошоски имал различни проблеми, поврзани со имотот и неправдите спроведени кон семејството на „Пуцко Петрол“, тоа е продолжение на вршење на притисок врз правдата и влијание што сакаат да го извршат врз сите што спроведуваат закони. Така да ова е прашање кое не загрижува и тоа ќе го пренесам на сите мои средби, е коментарот на лидерот на ДУИ, ...
Советот на јавни обвинители работи врз основа на факти и докази, а не врз основа на политички тврдења и нема да дозволи политичко влијание врз постапките водени од јавните обвинители, наведува Советот во своите одговори откако обвинителката Катерина Коларевиќ и раководителот на ОЈОГОКК, Ислам Абази се под интевнзивна канонада напади од претсавници на власта, а пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат и нивни оставки. Гневот го навлекоа поради ...
„Оваа коалиција на Коларевиќ и Абази од обвинителството, ја спаси коалицијата на СДС и ДУИ во политиката. Еден од најсериозните и најголеми енергетски скандали во историјата на Македонија, не заврши во судница, туку заврши уште во обвинителство. Дали има финансиски мотиви со кои Коларевиќ и Абази молчат и дали заради тоа ја запреа постапката? – Зошто СДС не го осуди овој случај и не го повика Васко Ковачевски да се врати во Македонија? – ...
Македонскиот јазик не е пречка, туку обврска и гаранција за функционирање на државата. Со овие зборови денеска реагираше министерот за правда Игор Филков во пишано соопштение, по вчерашниот протест на студентите Албанци. Тие вчера протестираа со барање да полагаат правосуден испит на мајчин јазик, но проследено со скандирање УЧК и со албански, американски и знамиња на ЕУ, без државните симболи. Министерот Филков сега реагира: „полагањето на ...
Новата обвинителка во „Талир 1“, Енѓелуше Кадриу Леши ќе го прецизира обвинението за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ против екс премиерот Груевски, партијата и поранешни функционери. Пред да ги направи корекциите во обвинението ќе прави увид во економските вештачења поради што побара одлагање на денешното рочиште. „Со оглед дека се работи за голем материјал. Тоа се две комплицирани вештачења, потребно е да се изврши увид, да се проучат и ...
Трите закони кои цело време ги бараме: Законот за електронско здравство, Законот за здравствена заштита и Законот за докторска дејност се очигледно заглавени низ лавиринтите на министерството за здравство и надлежните институции, реагираат од Здружението на семејни лекари. Два закона од нив се поминати на ЕНЕР, но не и Законот за докторска дејност, реагира д-р Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на семејни лекари. Дури и по 15 години, ...
Царинaта заплени златна плочка вредна околу 4,5 милиони денари на граничниот премин Богородица. Плочката е најдена при контрола на автобус што сообраќал на релација Гостивар–Истанбул. Како што соопштија од царината, случајот бил откриен при претрес на патник – македонски државјанин. „При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија“, информираат од царинската управа. Патникот првично ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигнува во посета на Пекинг на средби со кинескиот лидер Си Џинпинг, само неколку денови по Доналд Трамп. Според Кремљ, Путин и Си ќе разговараат за глобални прашања, економските односи и долгогодишното партнерство меѓу двете земји. Посетата исто така ја одбележува и 25 годишнината од потпишувањето за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Русија и Кина во 2001 година. Русија и Кина ...
Фудбалската федерација на Македонија и официјално покрена дисциплинска постапка против фудбалскиот клуб Вардар поради недоличното однесување при прославата на шампионската титула, освоена во петокот. Најтрофејниот македонски клуб ја осигура својата 12. шампионска титула со победа на гостувањето кај Струга со 1-0 во претпоследното коло од сезоната. Наместо прославата да мине во спортски дух, „црвено-црните“ се најдоа во центарот на вниманието ...
Од повеќе делови на Битола деновиве повторно беше видлив облак прашина од одлагалиштето за пепел во РЕК „Битола“. Од Комбинатот потврдуваат дека има непокриена пепел на површина од околу 100 квадратни метри, но велат дека тој простор е неопходен за одвивање на технолошкиот процес. Објаснуваат дека високите температури и ветерот може да доведат до сушење на површинскиот слој на пепелта, поради што при спуштање во касетата се разнесува низ ...
Нејмар ќе игра на своето четврто Светско првенство во дресот на Бразил, откако селекторот Карло Анчелоти го вклучи во составот за претстојниот турнир во САД, Мексико и Канада. Напаѓачот на Сантос последен пат настапи за „кариоките“ во 2023 година, а по долг период со повреди, сега повторно доби шанса во националниот тим. Изминатите неколку години Нејмар имаше сериозни проблеми со повредите, но по враќањето во Сантос успеа да фати континуитет ...
Биометрискиот систем на ЕУ одбил влез на 32.000 патници. Oдбивањата се евидентирани во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Грција и Холандија, од каде најмногу влегуваат патници надвор од Шенген зоната. Според EuroWeeklyNews, за време на почетната фаза на EES, регистрирани се повеќе од 52 милиони гранични премини. Влезот во земјата може да биде одбиен од различни причини, вклучувајќи неважечки ...
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Ова решение се наметна по воведувањето на ЕЕС системот во Шенген зоната, а беше договорено на средбата со хрватскиот министер Олег Бутковиќ во јануари годинава. Хрватска е втора земја која донесе одлука за издавање долгорочни визи, по Швајцарија. Николовски ...
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ќе го напушти клубот по завршувањето на актуелната сезона. Иако има договор уште една сезона, стратегот ќе си замине веќе во недела по цели 10 години на клупата и 20 освоени трофеи. Иако засега нема официјалнa потврда од таборот на Манчестер сити, но повеќе британски медиуми објавија дека Гвардиола против Астон Вила во недела ќе го одработи последниот натпревар како менаџер на „граѓаните“. Шпанецот ...
„Луфтханза“ ги прекинува летовите меѓу Франкфурт и Скопје по повеќе од три години. Линијата треба да биде суспендирана на 1 јуни. Германскиот превозник ја одржуваше оваа линија од седум до десет пати неделно, зависно од периодот на годината. Оваа зима ги скрати фреквенциите на три лета неделно. Превзоникот ги откажа сите летови до крајот на летото, како и за претстојната зимска сезона, која започнува на 25 октомври. Одлуката доаѓа во контекст ...
Порано децата се воспитуваа дома, на улица и во училиште, а денес најголемо влијание врз нив имаат телефоните, социјалните мрежи и алгоритмите. Со часови поминати онлајн, интернетот сè повеќе го обликува нивното однесување, комуникација и вредности, додека растат врсничкото насилство, агресијата и понижувањето на мрежите. АНКЕТА: Дали родителите премногу рано им даваат паметни телефони на децата? Да / Не Порано децата се воспитуваа дома, на ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница го именуваше Валентин Манасиевски за нов портпарол на партијата и назначи нови претседатели на општинските комитети на партијата. „Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде што доаѓаат, а другиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи“, велат од партијата. ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека засилените украински напади со дронови со долг дострел предизвикуваат се поголема штета врз руската економија и енергетскиот сектор. Во редовното вечерно видеообраќање тој рече дека Украина „ја враќа руската агресија дома – на единственото место од каде што и потекнала“, нагласувајќи дека интензивирани се операциите на украинската армија со дронови длабоко на руска територија. Зеленски ...
Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 315 украински дронови над повеќе региони на Русија, соопшти Министерството за одбрана. Беспилотни летала биле соборени над Белгородска, Брјанска, Воронежка, Калушка, Курска, Липецка, Новгородска, Орловска, Псковска, Рјазанска, Ростовска, Смоленска, Тамбовска, Тверска, Тулска и Јарославска област, како и над подрачјето на Москва, Краснодарскиот крај, Крим и над ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница, на чиј дневен ред е јавната расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. На огласот се пријавени седум кандидати – Шпреса Даути, Феузи Џафери, Елвир Исеини, Сабедин Даути, Артим Ислами, Фадил Џелили и Фатмир Емрулау. Испразнетото место доаѓа по истекот на вториот мандат во ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ја започнува дводневната официјална посета на Кина, каде ќе се сретне со кинескиот лидер, Шји Џјинпинг, со кого ќе разговараат за зајакнување на билатералните односи и по клучни глобални прашања, соопшти Кремљ. Руската делегација вклучува министри, бизнис-лидери и високопоставени функционери, меѓу кои гувернерката на Руската централната банка, Елвира Набиулина, и раководители на големи енергетски ...
Група пратенички од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предложија измени по скратена постапка на Законот за студентски стандард, кој го поминаа првото читање. Со измените се воведува нова поделба на студентските домови и се менува моделот на државно финансирање за сместување и стипендии. Студентските домови се препознаваат како два типа, при што се прави разлика меѓу реконструирани и постојни домови, кадешто во реновираните домови студентите ќе плаќаат ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, тврди дека го одложил воениот напад врз Иран, кој бил планиран за вторник, по барање на земјите од Заливот, бидејќи „во тек се сериозни преговори“. Во објава на Truth Social, тој напиша дека бил замолен да го стори тоа од лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Трамп наводно имал информации дека ќе биде постигнат договор што е „многу прифатлив“ за САД, додавајќи дека „НЕМА ДА ...
Кој за што протестира: револтирани партиски подбуцнати студенти !? ДУИ контра ВРЕДИ или контра своите проекти? Ја видовме ли иднината да дојде ? И со што? Што квалитативно ќе донесе ВРЕДИ како една партија од ВРЕДИ како движење ? Во Топ Тема вечерва дебата со : Мерсел Биљали, Благојче Атанасовски и Горан Трпеновски. Топ Тема со Боби Христов на Телма Кој за што протестира: револтирани партиски подбуцнати студенти !? ДУИ контра ВРЕДИ или ...
Напаѓач отворил оган во јужна Турција, при што загинале четири лица, пренесоа локалните медиуми. Уште осум лица биле повредени во округот Тарсус, во провинцијата Мерсин, според турскиот весник Хуријет и CNN Türk. Се наведува дека пукањето започнало во ресторан, по што осомничениот избегал со автомобил. Полицијата започнала голема операција, со поддршка од хеликоптери, во обид да го уапси напаѓачот. Турските медиуми јавуваат дека две лица биле ...