Американскиот претседател Доналд Трамп досега ги повлече САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела од кои 31 се поврзани со Обединетите нации, а 35 се надвор од тој систем. Одлуките на Трамп се образложени од Белата куќа дека „голем дел од тие институции дејствуваат спротивно на националните интереси, безбедноста, економскиот просперитет и суверенитетот на САД“. Како области, притоа, се издвојуваат климатските политики, човековите права ...

Во интервју за грчката телевизија „Мега“, министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру, изјави дека проширувањето на Вертикалниот коридор со Македонија и Србија, како што беше договорено вчера, ѝ дава и геополитичка стабилност на Грција. – Постои договор со Северна Македонија и Србија, така што природниот гас од нашата земја ќе оди во Северна Македонија, а оттаму во Србија. Ова е проект што ќе се заврши за 12 месеци ...

Прославата на ФК Вардар по освоената титула предизвика остри реакции поради вулгарни песни и навреди кон Битола и Каролина Гочева. ФФМ отвори дисциплинска постапка, а институциите и јавноста бараат построги казни и повисоки стандарди на однесување слични на европските фудбалски лиги. Фудбалерите се идоли на младите и носители на емоции за своите навивачи. Нивната задача е да носат радост и спортски дух, а не навреди кон противниците и нивните ...

Маја Сивагнанам e нов амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија. Tаа ќе ја преземе должноста во август годинава, соопшти Амбасадата во Скопје. Сивагнанам ќе го замени сегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа должност од 2022 година. Според нејзината биографија, Сивагнанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во британската амбасада во Анкара, Турција. ...

Две лица загинаа откако силен зејотрес со интензитет од 5,2 степени рано изутринава ја потресе југозападната кинеска провинција Гуангси, повеќе од седум илјади жители на градот Лиужоу се евакуирани, јавуваат државните медиуми. Според извештаите на „Си-Си-Тиви“ и агенцијата „Синхуа“, уште едно лице се води како исчезнато, а четири се хоспитализирани, но без повреди опасни по живот. Во потресот се урнале 13 згради, додека железничките власти ...

„50-годишниот осомничен е уапсен и однесен во службените простории на полицијата за тековна кривична истрага“, соопшти полицијата во 6:20 часот утрово. Силни полициски сили во пошироката област Дрниш интензивно трагаат од саботата навечер по 50-годишниот Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишниот доставувач на пица – Лука М. Злосторството се случи во саботата околу 23 часот на терасата од семејната куќа на Алексиќ, а градот ...

Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи. Заменик-министерот за надворешни работи, Карлос Фернандес де Косио, преку платформата „Икс“ оцени дека „антикубанската кампања“, која според него има цел да оправда евентуален воен напад врз Куба, се засилува со „се поапсурдни обвинувања“. „САД се агресорот. Куба е земјата што е ...

Денеска во Законодавниот дом ќе се оддржи 102. седница на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања. На предложениот дневен ред е Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат ...

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека САД треба дополнително да го „ослабнат“ Иран, бидејќи прекинот на огнот во војната останува несигурен. Зборувајќи во емисијата „Мeet the press“ на NBC, сенаторот од Jужна Kаролина рече дека смета оти преговорите „удриле во ѕид“. Неговите коментари доаѓаат во време кога Израел се координираше со САД за евентуално продолжување на нападите. -Мислам дека не можете да добиете конкретен одговор од ...

Во услови на застој во дипломатските напори, американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со уништување. „Часовникот за Иран отчукува и тие би требало што побрзо да се придвижат, во спротивно од нив нема да остане ништо“, напиша републиканецот на својата платформа Трут Соушл. „Времето притиска.“ Со слично драстични зборови Трамп му се закани на Иран и во април. „Цела една цивилизација ќе умре вечерва и никогаш повеќе нема да ...

Студентите Албанци денеска повторно ќе протестираат со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Протестот следува еден месец по првиот собир организиран пред Министерството за правда и Владата. Поддршка за студентите пристигна од политички партии од албанскиот блок, како и од функционери од Албанија и Косово. Од коалицијата Влен соопштија дека го поддржуваат барањето, но ја обвинија ДУИ дека се обидува политички да ...

Најмалку 2707 смртни казни се извршени во 17 држави, се посочува во најновиот извештај на „Амнести интернешнал“. Бројот егзекуции во светот минатата година достигнал највисоко ниво од 1981 година наваму. Растот се должи на „мала, изолирана група држави“ кои продолжуваат да ја применуваат смртната казна и покрај глобалниот тренд кон нејзино укинување. Во извештајот се посочуваат Кина, Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Јемен, Кувајт, ...

Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека САД треба дополнително да го „ослабат“ Иран, бидејќи мировните преговори според него не даваат резултати. Во интервју за NBC, тој оцени дека актуелното раководство во Техеран не ги менува своите цели и дека дипломатските напори „се судриле со ѕид“. Греам додаде дека Иран, според него, се обидува да го „издржи притисокот“ од САД и сојузниците и дека единствен начин за промена на однесувањето е ...

Со убедлива реванш-победа вечерва против Словачка во Скопје, Македонската ракометна репрезентација по десетти пат се пласираше на Светско првенство. Ракометарите на Кирил Лазаров само рутинирано и без ниту најмала доза на притисок, вечерва го потврдија осмото во низа а вкупно десетто учество на Македонија на еден ракометен Мундијал. Почетната предност од седум голови заработена пред три дена нагости кај Словачка, за нашиот тим пред се’ ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата значително ги зајакнува своите капацитети за далекусежни напади, по еден од најголемите напади со дронови врз Москва и околината. Според руските власти, во нападите загинале најмалку четири лица, а неколкумина се повредени. Зеленски наведе дека целите биле оддалечени повеќе од 500 километри од украинската граница и дека нападите покажуваат дека украинските дронови можат да ги ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран треба брзо да се придвижи кон договор, предупредувајќи дека „времето истекува“ додека мировните преговори за завршување на конфликтот стагнираат. Тој порача дека, доколку нема напредок, последиците би можеле да бидат сериозни. Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Иран мора да дејствува „брзо“ и дека „времето е клучно“, додавајќи дека ситуацијата може ...

Конгресменката Џулија Летлоу, поддржана од американскиот претседател Доналд Трамп, обезбеди пласман во вториот круг од републиканските прелиминарни избори за Сенатот во Луизијана. Таа го надмина актуелниот сенатор Бил Кесиди, кој во 2021 година гласаше за осуда на Трамп по нападот на Капитол. Во вториот круг Летлоу ќе се соочи со државниот благајник Џон Флеминг, кој исто така важи за близок соработник на Трамп. Според американските медиуми, ...

Напад со дрон предизвика пожар во близина на нуклеарната централа Бапаках во Обединетите Арапски Емирати. Според властите, пожарот избувнал на периферијата на комплексот, а нема информации за повредени или за радиолошко истекување. Властите на ОАЕ соопштија дека дел од дроновите биле пресретнати од противвоздушната одбрана, додека еден погодил објект во близина на централата. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а ОАЕ не посочи ...

Ракометен спектакл се очекува вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ особено откако претпладнево од Ракометната федерација на Македонија потврдија дека влезниците за реванш натпреварот за пласман на СП 2027-ма година меѓу Макдонија и Словачка се распродадени. За селекторот Кирил Лазаров и нашите најдобри ракометари, ова е веројатно совршено сценарио, ако се знае дека главниот дел од нивната задача го одработија на гостински терен. Пред три дена во ...

Од Основно јавно обвинителство информираа дека е побаран 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиство во Бојане, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Во тек е прибирање докази, а издадена е и наредба за обдукција на телото на починатиот. Полицијата го уапси осомничениот откако неговиот татко пријавил дека синот му признал оти на 15 мај во шума во близина на Сарај со огнено оружје ...

Посетителите на „East Gate Mal“l денеска биле евакуирани откако во трговскиот центар бил активиран противпожарен аларм. Според информациите, станува збор за лажна тревога, а евакуацијата била спроведена согласно безбедносните протоколи. Граѓаните мирно го напуштиле објектот, додека обезбедувањето и надлежните служби вршеле проверки на терен. По утврдувањето дека нема опасност, трговскиот центар продолжил со редовна работа. Настанот предизвика ...

Лоша пријава на МВР, лоша истрага или добро покритие за милионските зделки на РКМ за набавка на мазут во енергетската криза 2022/2023? Како пропадна еден од најголемите случаи иницирани од Антикорупциската комисија?” „Врана на врана очи не вади“ изјави за Код и тогашната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска, а целата емисија ќе се емитува веднаш по следните вести. Лоша пријава на МВР, лоша истрага или добро покритие за милионските зделки ...

Посетителите на скопскиот трговски центар „East Gate Mall“ денеска биле повикани мирно и без паника да го напуштат објектот, поради евакуација што била спроведена во трговскиот центар. Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата. Според сведоштва на присутни граѓани, обезбедувањето ги насочувало посетителите кон излезите, додека надлежните служби вршеле проверки на терен. Засега институциите не соопштуваат дали станува ...

Со ранци на грбот, спортска облека и добро расположение, голем број граѓани ова неделно утро го посетија Водно. Дел рекреирајќи се пеш, други со велосипеди, а имаше и посетители кои дојдоа со автобус или мотори. Убавото време ги измами сите генерации – од најмладите до повозрасните. Но зад сликата со полни патеки и рекреативци, се појавува и проблем на кој граѓаните се почесто реагираат. Велат дека на дел од патеките истовремено се движат и ...

Во буџетот снемува пари, владата по скратена постапка се задолжува со нови 260 милиони евра, а за првпат државата не добива толку пари колку што побара од кредиторите. Сакаа да земат 300 милиони евра, а добија само 260 милиони со висока камата, обвинува претседателот на СДСМ Венко Филипче. За него, тоа е сериозен показател за нарушената доверба во економската политика на Владата и за лошата состојба со Буџетот и јавните финансии. „Нема ...

Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на ебола во Конго за глобална вонредна здравствена состојба. Иако бројот на заболени и смртни случаи не ги исполнуваат критериумите за да се прогласи пандемиска состојба, СЗО предупреди дека потенцијално би можело да се работи за „многу поголема епидемија“ од она што моментално се открива и пријавува, со значителен ризик од локално и регионално ширење. За актуелниот сој на ебола кој ...

Бројни реакции предизвика недоличното прославување на шампионската титула од страна на фудбалскиот клуб Вардар, на кое беа испеани навредливи и вулгарни песни за Битола и македонската пејачка Каролина Гочева. Спортските власти, покрај осудата, најавија и покренување постапка против клубот, кој може да се соочи со казна. Се очекува на почетокот на неделата да заседава Дисциплинската комисија при ФФМ. „ФФМ, како и во претходните ситуации кога ...

Лекари, пациенти, граѓански активисти, од Струмица порачаа дека се надминува бариерата на непознавање и неприфаќање на органодарителството во Македонија. Се повеќе граѓани се заинтересирани да дознаат што подразбира дарувањето органи. Во кампањата значајна улога имаат и лицата кои веќе добиле орган, тие учествуваат на трибините низ државата и ги споделуваат своите искуства, на тој начин сведочејќи од прва рака за темелната промена на нивниот ...

„Поставете целосно свечена маса со комплет севис за четворица . Целиот сервис е од бел порцелан или проѕирно стакло. Наполнете ги сите предмети, приборот за јадење и т.н. со вода “. Ова е реконструираното дело „ Водна маса“ на Кен Фридман, најмладиот член на неоавангардното уметничко движење Флуксус, од 60 – тите и 70-тите години на 20 век, во САД. Инсталацијата се однесува на водната маса како геолошки поим, а за прв пат била поставена на ...

Речиси седум месеци луѓето од избирачките одбори ги чекаат надоместоците за локалните избори поради блокирани 11 општински сметки, а сега пари ќе добијат на тој начин што од државниот буџет се издвојуваат дополнителни средства од еден милион и осумстотини илјади евра. Со оглед дека за локалните избори беа определени и веќе потрошени 9,76 милиони евра сега сумата достигна речиси 12 милиони евра. „Во делот на исплатата на членовите на комисиите ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Калај

53.60