Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара граѓаните на референдум да одлучат дали се за влез во Европската унија. „Вчера го слушнавме Христијан Мицкоски, рече: ‘Нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија, подготвени сме да ја платиме цената’. Се поставуваат две прашања: кои се тие отстапки и кои се тие што ќе ја платат цената? За отстапките слушнавме досега. Сè што кажа, всушност, било една голема лага. Ќе го враќал името, ќе го ...

На граѓани им биле читани имиња на пратеници и пратенички избрани од нивната изборна единица, за тие да кажат кој е нивниот избран претставник во Собранието. Дури 61% кренале раменици. Последната анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ покажува дека граѓаните не ги знаат пратениците кои ги избрале ниту тие се обидуваат да ја сменат ваквата перцепција. Уште поголем е бројот на граѓани кои никогаш не контактирале со својот ...

Полициски службеници денеска го уапсија, Башким Гаши (46), косовски државјанин под сомнение дека синоќа ја убил својата невенчана сопруга во Улцињ, а потоа ја запалил куќата каде што живееле. Тој бил повреден во пожарот и бил пренесен во Општата болница во Бар за медицинска помош, а потоа во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица, соопшти полицијата. –Полицијата, за многу краток временски период, го идентификуваше и стави под контрола ...

Оклахома го искористи домашниот паркет и поведе со 3-2 против Сан Антонио во финалето на Западната конференција во НБА-лигата. Тандер славеше победа од 127-114 против Спарс во петтиот натпревар од меѓусебната серија. Шеи Гилџеус-Александер ги предводеше домашните кошаркари со 32 поени, а Алекс Карузо беше одличен од клупата со 22 поени. Стефон Кесл беше најефикасен во редовите на Сан Антонио со 24 поени, Џулијан Шампени реализираше 22, додека ...

Велика Британија го сруши својот рекорд за највисока температура забележана во мај, откако беше прогласен топлотен бран во неколку делови од земјата. Жителите и туристите бараа олеснување на плажите, парковите и сенка за време на празникот, бидејќи температурата достигна 33,5 Целзиусови степени на лондонскиот аеродром Хитроу, соборувајќи го претходниот рекорд од 32,8 Целзиусови степени (91,4 Фаренхајт) поставен во 1922 година и повторно ...

Кристал Палас и Рајо Валјекано вечерва од 21 часот во Лајпциг ќе се соочат во големото финале во Конференциската лига на УЕФА. Двата тима го играат најголемиот натпревар во својата европска историја, бидејќи првпат ќе настапат во едно финале на УЕФА, а ова ќе биде и нивни прв меѓусебен дуел. Победникот, освен трофејот во Конференциската лига, ќе обезбеди и пласман во Лига Европа за следната сезона. Кристал Палас и Рајо Валјекано се мали ...

Највисокиот суд во Италија пресуди дека хотел со пет ѕвездички на Доломити постапил законски кога одбил да даде вода од чешма на турист. За време на скијачката сезона во 2019 година, туристка побарала вода од чешма во ресторанот на хотелот. Но, келнерот ѝ дал само флаширана минерална вода во вредност од 7 евра. Жената се жалела тврдејќи дека одбивањето да и се даде вода од чешма, е спротивно на правата на потрошувачите, затоа што водата е ...

Израелските власти соопштија дека во воздушен напад во градот Газа е убиен новиот командант на вооруженото крило на Хамас, Мохамед Одех. Според изјави од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, нападот се случил неколку дена по ликвидацијата на неговиот претходник. Израелската безбедносна служба Шин Бет наведе дека Одех бил следен со месеци и дека објектите што ги користел како засолниште биле цел на координирана операција. Во нападот, ...

Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера во 06:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги приведоа А. Г. (42) и Г. Г. ...

Kинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Пекинг работи на деескалација на тензиите во Иран, нагласувајќи дека разговорите меѓу САД и ИРАН се клучни и ги повика страните да се стремат кон прекин на огнот и да го вратат мирот. Тoj разговараше со претставници на медиумите пред салите на Советот за безбедност на тема „Одржување на целите и принципите на повелбата на ОН и зајакнување на меѓународниот систем центриран во ОН“. ...

Затрупани работници, свлечени улици и градилишта што работат и покрај забрани повторно го отвораат прашањето – дали во Македонија се гради безбедно? На градилиште при ископ на темели – едно лице го загуби животот, друго градилиште кое имало забрана за работа проголта тротоар и дел од улица за среќа без жртви. Експертите предупредуваат дека проблемот е во целокупната организација, контрола и надзор на градилиштата, а не само во поединечни ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Џиасинг изјави дека производството на роботи во Србија ќе започне помеѓу 10 и 20 јули и ќе се одвива во три фази, и изјави дека за два месеци Србија ќе има хуманоидни роботи, кои, како што рече, никој друг во Европа нема да ги има. Тој изјави дека роботите во Србија ќе се произведуваат во три фази и дека првата фаза, имено склопувањето на роботите, ќе започне помеѓу 10 и 20 јули, а дека втората ...

Граѓаните на Македонија во ново истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ сметаат дека државата се движи во погрешна насока, а работата на Собранието ја оценуваат со просечна оценка 2.7 од 5. Анкетата покажува и перцепција дека Владата има поголемо влијание врз Собранието отколку обратно, што укажува на ограничена контрола на законодавната власт врз извршната. Истражувањето открива умерена до ниска доверба во институциите, ...

За пет проценти е намален вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во споредба со минатата година кој сега изнесува 9.348.000, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на патници е намален во градскиот превоз за 4,7 проценти и во приградскиот за 8,8 проценти, додека зголемување е евидентирано во меѓуградскиот превоз за 9,2 проценти и во меѓународниот превоз за 1,3 проценти. Вкупниот број на патнички ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам до поглаварот на Исламска верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до сите верници од исламска вероисповед. Во честитката, таа им посакува празникот да го поминат во мир, радост и семејна благосостојба, нагласувајќи дека големите празници имаат силна духовна и општествена димензија, особено во време на ...

Најмалку едно лице загина, а девет работници се водат како исчезнати по уривање на огромен хемиски резервоар во фабрика во „Лонгвју“. Инцидентот се случил откако резервоарот, кој содржел речиси милион галони корозивна течност, имплодирал и се распаднал. Уште девет лица биле повредени, дел од нив со сериозни изгореници и повреди од вдишување опасни материи. Меѓу повредените има и пожарникар кој учествувал во спасувачката акција. Локалните ...

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии. На седницата за нов член во постојаниот состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик митрополитот Европски г. Пимен. – Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија , на својата редовна ...

Русија соопшти дека отворила кривична истрага за украинскиот напад со дронови извршен на 22 мај во Старобилск, град во окупираниот регион Луганск. Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, изјави дека нападот погодил студентски дом, при што загинале 21 лице, најголем дел млади девојки, а 63 студенти биле повредени. Украинскиот Генералштаб, пак, соопшти дека цел на нападот бил локалниот штаб на специјалната руска единица за дронови. Киев ...

За да изврши поголем притискот врз Еврпа, Вашингтон ги информираше сојузниците дека постепено ќе го намалува бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови што се ставени на располагање за потребите на НАТО. Одлуката била соопштена на затворен состанок на директорите за политики на НАТО, а ја пренел советникот на Пентагон Александар Веле-Грин (Alexander Velez-Green), според двајца дипломати од ...

Американските берзи забележаа нов раст, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран „се одвиваат добро“. Оптимизмот околу можен договор за прекин на конфликтот позитивно влијаеше врз финансиските пазари. Индексот S&P 500 порасна за 0,6 отсто, додека Nasdaq достигна нов рекорд со раст од 1,2 проценти. Во исто време, Дау Џонс забележа мал пад од 0,2 отсто. На пазарот на обврзници, приносите на американските државни ...

Повеќе лица се повредени при експлозија во фабриката за целулоза и хартија „Нипон“ што се случи во градот Лонгвју, во американската сојузна држава Вашингтон. Властите не прецизираа колку луѓе се повредени, а локалните жители се предупредени да го избегнуваат реонот, каде се случи експлозијата. Фабриката е лоцирана на реката Колумбија, на граница со сојузната држава Орегон. Повеќе лица се повредени при експлозија во фабриката за целулоза и ...

Се роди нова сила на грчката политичка сцена, со цел не само политичка промена, туку и промена на политиките, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на митингот во центарот на Атина, промовирајќи ја неговата нова партија под името Грчки левичарски сојуз или скратено ЕЛАС, јави дописничката на МИА од Атина. Со Акропол зад него, од историската атинска населба Тисио, Ципрас порача дека „дојде денот“ и дека се прави првиот чекор ...

Колку од казните за фирми кои сакаат да избегнат царина се процесуираат? – Што најмногу запленува царината: кеш, акцизна стока, дрога, филери, ботокси…? – Каква стока превезувал камионот со косовскиот возач кој усмрти на обиколницата четворица луѓе? Колку царината е дигитализирана и како ќе се употреби вештачката интелигенција и ИТ системите? „Топ тема“ интервју со директорот на македонската царина, Бобан Николовски. Колку од казните за ...

Делумно е обновен интернетот во Иран, соопшти платформата за следење на интернет „НетБлокс“ (NetBlocks). Според платформата, во Иран по 88 денови блокада, постепено се враќаат интернет-услугите. Тоа е најдолгата национална интернет-блокада. „НетБлокс“ наведе дека сè уште не е познато дали повторно воспоставениот интернет ќе биде траен или повторно ќе биде блокиран. Интернетот во Иран е блокиран на 28 февруари, првиот ден од ...

Денеска на меѓународните берзи е регистриран раст на цената на нафтата по новиот американски напад врз Иран. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше 104,56 долари, што е за 4,21 долари повеќе во споредба од вчера. Додека на американската берза цената на нафтата се намали за 2,24 долари и барел се тргуваше за 94,36 долари. Американската берза вчера беше затворена поради празник. Денеска на меѓународните берзи е регистриран ...

Директорот на Македонската Царина, Бобан Николовски во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма најави нов случај со заплена на 80 килограми марихуана за кој, како што рече, јавноста допрва ќе биде информирана во детали. „Последниот случај со 80 килограми марихуана е чист погодок на нашето царинско разузнавање. Засега сме оптимално екипирани, но има потреба. Мислам дека има потреба од среднисти, луѓе кои што оперативно би работеле, меѓутоа од млади ...

Минибусот, во кој беа фатени половина милион евра на граничниот премин „Табановце“, тргнал од Германија со седум албански државјани, требал да заврши во Албанија, а каде требало да завршат парите, ќе треба да дознаат други институвии, истакна Бобан Николовски, директор на Македонската Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Тимот е составен од многу искусни луѓе коишто собирале информации што се случива во регионот. Доаѓа ...

Во моментот има 213 кривични пријави по разни основи, само во првото тримесечје од оваа година се поднесени 71, меѓутоа само од оперативните тимови на царинската управа, рече Бобан Николовски, директор на Македонската Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Во 2025 година, Одделението за истраги при секторот за контрола и истраги поднесе 213 кривични пријави, што е за пет пати повеќе споредбено со годишниот просек од 2017 ...

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тепката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, изјави Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно ...

Новиот македонски фудбалски шампион Вардар ги продолжи договорите со двајца важни играчи. Репрезентативците Дарко Велковски и Бобан Николов остануваат во редовите на „црвено-црните“. Велковски и Николов се вратија во Вардар во зимскиот преоден рок и во пролетната полусезона одиграа важна улога во освојувањето на шампионската титула во домашното првенство. Претходно и двајцата беа дел од најтрофејниот македонски клуб во периодот од 2015 до ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Платина

55170.68