Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Овој состав на Антикорупциската комисија уште во 2023 година не ја искористи можноста да биде гласноговорник на системските пропусти во борбата против корупцијата, изјави Снежана Камиловска од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Најголемата предност на претходната комисија беше тоа што беа гласни, што ја известуваа јавноста за реалните проблеми. Не е ДКСК сама по себе ...
Нејасно е зошто огласите се поништени, собранието не даде никакво образложение зошто се поништени и која е причината за нивно поништување, рече Ивана Петковска, правен експерт, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Од она што е јавно објавено на веб страницата на собранието и што успеав да го видам во последниот период е одлуката дека огласите се поништуваат и од декември до сега се распишани три огласи. Денеска истекува рокот на ...
Децениски проект за трансформирање на поранешните рудници за јаглен во Германија во масивен езерски комплекс треба да биде завршен месецов – создавајќи воден пејзаж голем речиси колку италијанското езеро Комо. Откако ќе престане рударството на лигнит, рудниците со отворен коп Хамбах, Гарцвајлер и Инден ќе бидат трансформирани во големи езера. Рудниците со отворен коп Хамбах и Гарцвајлер ќе бидат исполнети со вода од Рајна. Затоа, цевководот ...
Економскиот интерес пред се. Администрацијата на Трамп ги тргна на страна тензиите во односите со Јужна Африка, во обид да обезбеди уште еден извор на исклучително посакуваните реткоземни елементи. Јужна Африка е членка на БРИКС, развива блиски односи со Русија и Кина, мета е на критики на Трамп за наводен геноцид врз белото население, што се разбира е само уште изјава на американскиот претседател која воопшто не е базирана врз фактите, но ...
Во срцето на Индонезија во Тихиот Океан се наоѓа Раџа Ампат, архипелаг со 1500 острови, кое важи за едно од најбогатите подрачја во светот по морскиот биодиверзитет. Под површината на неговите тиркизни води се крие неверојатен свет на корали и морски видови, кој го привлекува вниманието на научници и нуркачи од целиот свет. „Ова е глобалниот епицентар на морскиот биодиверзитет. Никаде на планетата Земја нема толку риби и корали на едно ...
Некогаш за чување на постари родители, некогаш за слави и свадби, некогаш за одмор или по совет на фирмата… Сите овие варијанти може да се најдат меѓу случаи кога пациенти бараат боледувања од своите матични лекари, објаснува претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервиши. Но, според неа, лекарот е тој што треба да одлучи, а многу често се случува кога лекарите ги следат правилниците и законите, пациентот да го ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги обвини Соединетите држави дека се впуштаат во неодговорна воена авантура секогаш кога на маса ќе биде ставено сериозно дипломатско решение. Арагчи повтори дека Исламската република нема да подлегне на притисокот, очигледно алудирајќи на вчерашните и денешните меѓусебни напади во Ормускиот теснец. И покрај новото распламтување на насилството, Трамп инсистира дека примирјето е сѐ уште во ...
Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски го назначи советникот Неделчо Крстевски за свој заменик. Со решението кое е објавено во Службен весник на општина Карпош, Неделчо Крстевски кој ќе го менува градоначалникот додека е отсутен е назначен и за овластен потписник на сите сметки и финансиски документи на општината. Тој според решението ги има истите права и обврски како и градоначалникот. Овие случувања покренаа лавина шпекулации ...
Претставници од Коалицијата „ Менуваме“, која што ги застапува правата на лицата со попреченост, денеска беа на средба со претседателот на Комисијата за заштита и спречување дискриминација, Душан Томшиќ. Средбата се одржа откако Комисијата започна постапка за утврдување дискриминација на лицата со попреченост, поради скратените часови за лични асистенти. Според координаторот на Коалицијата „ Менуваме“, на средбата со претседателот на ...
Обвинителен предлог за членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски откако неговата сопруга го пријави за семејно насилство. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сооопшти дека по вербалната расправија во нивниот сеемен дом обезбедувачот физички ја нападнал неговата сопруга, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. „Со дејствијата на ...
Следната недела Владата ќе анализира дали ќе треба да ги продолжи мерките кои е однесуваат на цените на горивата а кои се на сила до 18 мај дали е потребно повторно ќе се преговара со ОКТА, соопшти министерката за енергетика Сања Божиновска. Дали горивото купено од ОКТА било изведувано и продавано во странство по далеку повисока цена засега нема одговор а тоа го испитува пазарниот инспекторат. Засега од државните резерви не е повлечено гориво ...
СДСМ му го честиташе изборот на Румен Радев за премиер. Од партијата изразија надеж дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Македонија, со цел градење добрососедски односи што ќе бидат во интерес на граѓаните на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на „Икс“ наведе дека веруваат оти преку конструктивен дијалог, ...
По бурна расправа, 124 пратеници од бугарското Народно собрание денеска го избраа поранешниот претседател, Румен Радев, за премиер. Ист број гласови доби и новата влада предложена од него, а се од партијата Прогресивна Бугарија. Пратениците од ГЕРБ – СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. Министерскиот совет ќе има 18 министри и четворица вицепремиери. Двајца од нив – Иво Христов и ...
Вреди се окрупнува ама и се факторизира. Вака гласат пораките кои доаѓаат од лидерството на коалицијата, која за еден ден прераснува во политичка партија. Изет Меџити е цврсто убеден дека владејачкиот коалициски партнер од утре па натаму ќе добие на влијателност кај гласачите етнички Албанци во земјава. Вреди утре на 9 Мај, на Денот на Европа, одржува конгрес на обединување. „Влен со ова се факторизира, станува поголемо и ќе има многу ...
Наместо безгрижни училишни денови, закани, навреди, понижувања и тепање од своите врсници, а дел од насилството било снимано со мобилен телефон а видеата се ширеле меѓу ученици. Ваква тортула доживеало 12 годишно девојче од Штип. Врсничкото насилство се случило пред неколку месеци, а денеска нејзината адвокатка објаснува со какви мерки се соочиле малолетниците и нивните родители. Обвинителството повело постапка за „насилство врз дете“ против ...
На денот кога Румен Радев седна во премиерската фотелја во Бугарија, македонскиот премиер го покани на средба. Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска изјави дека му ја честитал на Радев победата еден ден по одржувањето на изборите во Бугарија на 19 април, се надева дека со новата бугарска влада ќе може да се подобрат меѓусоседските односи и да се разговара за теми за кои треба да се разговара. На прашањето дали официјално ќе го покани Радев ...
Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција. Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни ...
Нема опасност од Хантавирус за македонските граѓани вели Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје. Таа објаснува дека овој вирус не се пренесува брзо и лесно, а дури и да се случи ширење на вирусот вели дека тие располагаат со целосна опрема, кадар и реагенси за справување со овој вирус. Нема опасност од Хантавирус за македонските граѓани вели Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје. Таа објаснува ...
Американско-израелската војна против Иран, покрај огромната материјална и финансиска штета во исламската република, арапските земји сојузници на САД, предизвика и глобални проблеми откако иранската револуционерна гарда го блокираше транзитот на нафта низ Ормускиот теснец. Растот на цената на нафтата на светските берзи доведе до пореметувања ширум светот. Обичните луѓе и во земјите кои не се дел од војната, се принудени да ја плаќаат цената на ...
Можно е да се појави недостиг од ракавици, шприцеви, епрувети и материјали за снимање низ болниците, поради конфликтот во Иран. Најкритично е со контрасните средства што се користат за снимање на пациентите на компјутерскиот томограф и магнетната резонанца. Залихите се на минимум и затоа раководството на штипската Клиничка болница денеска апелираше до матичните лекари и специјалистите на снимање на томографот и магнетната резонанца да се ...
Државата не инвестира доволно во заштита на жените и децата жртви на семејно насилство и надлежните институции треба да знаат дека тоа се нивни законски обврски. Според анализата која ја изработи Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство не се потребни само дополнителни средства, туку и целосно функционален систем достапен и пристапен на национално ниво. Ако сакаме да воспоставиме целосно функционален систем што ќе ...
Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Звукот и лириката на „Дни оловни“ носат специфична тежина и ...
МЕПСО ја оспори одлуката на предарбитражниот одбор за спорови кое неодамна одлучи дека босанската компанијата Енергоинвест има право да бара 6 милиони евра поради тоа што македонскиот преносен систем го раскине договорот со нив за енергетското поврзување со Албанија. По, ова од МЕПСО се убедени дека ќе ја добијат правната битка. Ние сме цврто убедени дека овој процес ќе заврши во интерес на МЕПСО и државата. Побаравме мислење од две ...
Во срцето на Европа, на сцената на престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, Националниот џез оркестар ја изведе концертната програма „Macedonian Dreams“, претставувајќи уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез израз. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ја поведе публиката низ музичко патување инспирирано од богатото македонско музичко наследство, преобликувано во современ џез јазик. ...
Мирјана Стеваноска, советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп денеска соопшти дека ја напушта владејачката коалиција. Taa најави дека ќе дејствува независно, а за одлуката кажа дека ја донела „водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните на Прилеп“. Стевановска беше носител на советничката листа на ЗНАМ на последните локални избори. Пред советниците рече дека довербата од граѓаните, е обврска која што не смее да биде изневерена и дека ...
📚Во новата епизода на ХоризонТелма подкастот наш соговорник е Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи. 📒Разговараме за годинашниот Саем на книгата, предизвиците на странските и домашните издавачи и јубилејот 10 години МАИ 🎙️Премиерата на 24-тата епизода од третата сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја овој петок во 20 часот 🎧Сите епизоди се достапни на Youtube подкаст каналот на Телма и на Spotify 📚Во ...
По заканите што седмоодделенец од Битола преку социјалните мрежи ги упати кон соученици и нивни родители, во ОУ „Стив Наумов“ се засилуваат безбедносните мерки. Училиштето побарало полициски мониторинг, а случајот го проверуваат и обвинителството и Центарот за социјални работи. Полицајци во цивил за време на наставата ќе го обезбедуваат ОУ „Стив Наумов“ во Битола, откако седмоодделенец преку социјалните мрежи упатил закани по живот до свои ...
Пет лица вработени во Агенцијата за управување со одземен имот и управители на две правни лица се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка. Според пријавата од Финансиската полиција, тие оневозможиле конкуренција во постапка за продажба на хаварисани моторни возила – старо железо, организирана од Агенцијата за управување со одземен имот. Шемата била реализирана на следниов начин – една од фирмите само формално конкурирала на ...
Република Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, првиот меѓународен обврзувачки документ кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна примена на вештачката интелигенција. Со овој чекор, државата се приклучува кон европските напори за регулирање на развојот на новите технологии во согласност со човековите права, демократијата и владеењето на правото. Министерот за ...
Со кеси во рацете, ученици од основните и средните училишта, заедно со волонтери, утринава го чистеа кејот позади Владата, а акцијата продолжи кон Собранието. Со ова започна еколошка кампања „Генералка викенд“, која по шести пат се организира низ државата. Иако теренот изгледаше релативно чист, сепак беа собрани ситни отпадоци. Поддршка на акцијата дадоа претседателката Гордана Силјановска-Давкова, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, како и ...