Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Фирма регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство е казнета со 1.400 евра откако пред Велигден увезла околу 40 тони јајца од Србија, кои требало да бидат пласирани како „македонски јајца“, иако не потекнувале од домашно производство. Според надлежните, во две пратки биле откриени над 570.000 необележани јајца, кои требало дополнително да бидат означени и незаконски да се продаваат како домашни, што претставува обид за доведување во ...
Две беспилотни летала влегоа во Латвија од Русија и се урнаа, соопшти војската утрово. Еден од дроновите се урна во складиште за нафта во градот Резекне, на околу 40 километри од границата со Русија, објави телевизијата ЛСМ, цитирајќи ја полицијата. Единици на вооружените сили, полицијата и спасувачките служби беа испратени на местото на несреќата. Властите во Латвија со предупредување до граѓаните кои живеат блиску границата да бидат во ...
Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании. -Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени ...
Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државава, ...
Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %, објави Државниот завод за статистика. Во однос на претходфниот месец, пак, цените се зголемени за 0.6 %. Во периодот јануари – април 2026 година споредено со истиот период лани, угостителските услуги поскапеле за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6 %. Цените на угостителските услуги во ...
Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на Хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која почина од зараза со хантавирус на бродот, претходно неколку месеци патувала низ Аргентина, Чиле и Уругвај, а кон крајот ...
Војната во Иран ќе „заврши брзо“, кажа претседателот на САД Доналд Трамп кој вели дека вели дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран. Изјавите на Трамп доѓаат откако Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“. Американскиот весник „Аксиос“ , објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би можел да ...
Денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, која треба да се слушне во Основниот кривичен суд Скопје. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот. ...
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денеска на тета-тет средба со министерот за надворешна трговија Тимчо Муцунски. За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација. Советот на Европа е посветен на промоција на ...
Новиот систем за влез и излез на ЕУ ги затна граничните премини пред летната сезона. Има ли македонскиот туризам можности и капацитети да понуди алтернативни решенија? Сè уште се чека на државна стратегија за развој на туризмот, но ќе биде ли потребен и кризен менаџмент? Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Аркан Керим од туристичко-угостителската комора при ССК, Мимоза Конеска, сопственичка на „Војажер туристик сервис” и проф. д-р Татјана ...
Сите кризи што се случуваат, всушност настапуваат како една двојна бариера, она што е проблем со керозинот и цената на нафтата влијае врз авиокомпаниите додека со ЕЕС системот на Европската Унија имаме бариера која што се однесува на временски трошоци, значи имаме и финансиски и временски трошоци, нагласи проф д-р Татјана Бошков од Факултетот за туризам и бизнис логистика при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во вечерашната дебата во „Топ ...
Најголем дел од турите во овој период и за последниот празник беа продадени, авионските тури немаа поголеми чекања од вообичаеното кога почна да функционира ЕЕС системот, бидејќи на аеродромите има компјутеризирани системи и самата пасошка контрола побрзо го врши системот, проблем се автобусите и автомобилите, истакна Мимоза Конеска од „Војажер Туристик Сервис“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Тука е повеќе проблемот, заради ...
Влез/излез системот на Европската Унија претставува удар за викенд туристите кои патуваатво Грција, рече Аркан Керим, претседател на туристичко-угостителска комора при ССК, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. Кога се најавуваше воведувањето на системот беше речено дека еднаш ќе се фотографира лицето и потоа само со отисок на граница се забележува влез во ЕУ, меѓутоа во пракса гледаме дека не е така, додаде тој. „Пресметавме дека ...
Македонија е дел од европското семејство, порача Михалис Рокас на конференцијата „30 години до европскиот пат“, оценувајќи дека земјата е поблиску до членство во Европската Унија отколку што се перцепира. И покрај разочарувањата, фокусот мора да остане на реформите и иднината, но општеството ќе мора политички да се обедини. Македонија е дел од европското семејство, порача Михалис Рокас на конференцијата „30 години до европскиот пат“, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во разговори со претставници на американската администрација за да добие подобар увид во најновите случувања во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, пренесува „Си-Ен-Ен“. Според израелски извор, запознат со детали од разговорите, Нетанјаху настојува да ги добие најновите информации за текот на преговорите и да ги разбере опциите на маса. Израел, наведува истиот извор, изразува загриженост за можни ...
Постои „голема веројатност“ дека САД и Иран ќе постигнат договор, порача премиерот на Катар и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани за телевизија Ал Араби Ал-Џадед. Тој го осуди користењето на Ормускиот Теснец како средство за притисок и нагласи дека секој договор треба да ги земе предвид интересите на регионот. Повика на интеграција меѓу државите во Персискиот залив за да се одговори на заедничките закани, со што ...
Обвинителката Енѓелуше Кадриу е назначена да го застапува предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Но, денешното рочиште, кое е прво откако обвинителката Ленче Ристоска во март беше повлечена од случајот, се одложи поради отсуство на еден од адвокатите. Петар Димовски, кој е бранител на партијата, го известил Кривичниот суд дека не може да присуствува. Освен партијата, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, ...
Уставниот суд денеска, поведе постапка за оценување на уставноста на член од Законот за заштита на децата со кој се ограничува еднократната парична помош за новороденчињата на оние кои се родени во Македонија. Подносител на иницијативата е македонски државјанин кој живее во Србија. За Судот во оваа фаза од постапката клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот. Имено, дете чии родители се државјани на Република Северна ...
Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство не го добило Предлог-законот за заштита и благосостојба на животните со допис и заверен со архивски број и затоа официјално, како што велат за Телма, го немаат добиено документот. Ова е одговорот од министерството за тоа каде се „загуби“ Предлог-законот на релација АХВ – Земјоделие, откако Телма во петокот објави дека е изготвен Предлог-закон за благосостојба на животните со кој се ...
Масовни објави на социјалните мрежи во кои граѓани алармираат дека добиваат лажни СМС пораки за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“. Во пораките има линк за плаќање казни, преку кој се бара внесување лични податоци. Од министерството за внатрешни работи (МВР) предупредуваат дека станува збор за измама. Министерот Панче Тошковски вели дека ваквите пораки најчесто пристигнуваат од странски броеви или ...
Мерки на претпазливост додека трае случајот предложи јавното обвинителство за малолетничките на возраст од 14 до 17 години кои се осомничени дека тепале 13-годишно девојче во два одделни случаи. Обвинителството веќе побарало да се отвори постапка пред судија за деца, поради тежината на делото предвидено во Кривичниот законик. Тие се гонат за насилство, но постапката за нив се води според Законот за правда за децата. До Основното јавно ...
Тешка атмосфера, воздишки и солзи кај родителите на жртвите. Вака денеска беше во судницата каде обвинителството за прв пат презентираше видео и фотографии од увидот направени веднаш по пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. На моменти шокираа вознемирувачките сцени, меѓу кои можеа да се видат и лични предмети на жртвите. Обвинителството ги презентираше како поткрепа на извештаите добиени од различни институции. Во нив пишува дека во ...
Владата не размислува за избори туку за реформи и годинава тоа е приоритетот. Премиерот денеска вака ја дообјасни својата вчерашна изјава дека „набрзо ќе има избори“, што дел од јавноста ја протолкува како најава за предвремени парламентарни. Во однос на можноста за избори во 2027 година, наместо редовните во 2028, Мицкоски одговара дека и догодина приоритет ќе остане економскиот развој, но партијата е секогаш подготвена. „Има некои од ...
Галеријата Медуза во Копер беше местото каде што се одржа перформанс со наслов „Overscroll“ од авторот Марко Младеновиќ, студент на Одделот за визуелни уметности и дизајн на Педагошкиот факултет на Приморскиот универзитет (UP PEF VUO), под менторство на проф. Немања Цвијановиќ. Перформансот е поврзан со најголемиот проблем на 21 век, зависноста од социјалните мрежи и мобилните телефони. Пренатрупаноста со непотребни информации што ја ...
Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека семејното насилство, поради кое негов телохранител е во 8-дневен притвор, претставува „мал престап“. Тие го потсетуваат премиерот, дека повеќе од 20 години, актите на семејно насилство се третираат како кривични дела. Само од јануари годинава, како последица на овој „мал престап“, животот го загубија четири ...
Прилеп ќе биде домаќин на 60. јубилеен Македонски театарски фестивал „ Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 5. до 12 јуни . Новитет од ова издание, како што кажа на денешната прес конференција уметничката директорка и селекторка на фестивалот, Ана Стојаноска, е што наградата за најдобра машка улога ќе го носи името на Кирил Ристоски, истакнат македонски актер и долгогодишен уметнички директор и селектор на фестивалот „ Војдан ...
Доналд Трамп најави дека САД ја паузираат својата операција за водење на заглавени бродови низ Ормутскиот теснец. Паузата ќе трае „кратко време“ за да се види дали „може да се финализира мировен договор со Иран“, рече американскиот претседател, истакнувајќи дека блокадата на иранските пристаништа од страна на САД ќе продолжи. Иранските државни медиуми го оквалификуваа потегот како победа, велејќи дека Трамп се „повлекол“ и го обвинуваат ...
Авиобилетите најмногу ќе влијаат на априлската инфлација, смета премиерот Мицкоски. Анализите кои ги добил од пазарните инспектори покажале дека кај храната за еден месец поскапувањето е помало од 1 отсто. Додека најголем скок на цените се забележува кај транспортните услуги, односно во авиосообраќајот од каде се очекува да дојде најголемиот притисок. Мицкоски се надева на стабилизација во следниот период. Но, ако пак дојде до ситуација да ...
Тројца пациенти се евакуирани од крузер кај Капо Верде поради епидемија на хантавирус, откако беше потврден нов случај во Швајцарија.Крузерот, кој е заглавен кај брегот на Капо Верде со речиси 150 луѓе на бродот, чека да се упати кон Канарските Острови во Шпанија. Здравствените власти во Јужна Африка и Швајцарија идентификуваа сој на вирусот што може да се пренесе во ретки случаи од човек на човек. Досега тројца патници починаа, а неколку ...
Уапсена е сопственичка на салон за убавина и уште две лица, за криумчарење на медицински препарати. Во претрес на сaлонот биле пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи за убавина и за за редуцирање маснотии, кои биле аплицирани на клиенти во салонот. Криминалната шема е разоткриена на граничниот премин Табановце, кога во комбе се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со ...