Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Внатрешнополитички тези и обвинувања за меѓународните релации. Власта и опозицијата продолжија со острата реториката и меѓусебниот судир за односите со Бугарија, евроинтеграциите и блокадата на патот. Премиерот Мицкоски денеска порача дека очекува да се вжешти наративот во односите помеѓу соседите. Но, тоа го припишува на политичарите во земјава, а не на цврстиот став за македонското прашање, на поранешниот претседател Радев кој победи на ...
ЕСМ лани произвел најмалку струја во последната деценија, пишува во најновиот извештај на Регулаторната комисија за енергетика. Иако, се најавуваше дека ќе се зголеми ископот на јаглен од домашните рудници, со план во 2025 година да се произведат близу 4.000 гигават часови, енергетските капацитети на ЕСМ успеале да испорачаат многу помалку – 3.243 гигават часови електрична енергија. Ова е 9,2 отсто помалку од 2024, а во однос на 2016 година ...
Пуштен е на условен отпуст од штипскиот Затвор поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков. Од Затворот во Штип излегол утринава околу 10 часот, потврди директорот Дејан Здравков. Од скопскиот Кривичен суд за Телма потврдија дека условниот отпуст му е од денеска. Согласно законот, осуденик на условно може да биде пуштен, откако ќе издржи половина од казната или една третина, но под одредени околности. Од штипскиот Затвор на условно ...
По реакциите на родителите, министерката за образование Весна Јаневска соопшти дека фолклорната насока во Државното музичко училиште во Битола не се укинува, туку ќе запишува ученици секоја втора година. Таа не прецизираше кога е донесена ваквата одлука, но одговорот следи по јавните реакции, откако во конкурсот за упис за следната учебна година насоката не беше предвидена. Министерката рече дека целта е да се избегне хиперпродукција на ...
Владата веќе води разговори со држави од Европската Унија (ЕУ) за надминување на проблемот со гужвите на границите поради новиот ЕЕС систем, потврдија денеска и премиерот и министерот за надворешни работи. Шпекулациите од викендов дека Грција го олеснила пристапот за Србите, но не и за Македонците, Муцунски ги нарече „естраден пристап“. Потсети дека низ македонската граница поминуваат голем број државјани на други земји и не е можно едните да ...
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ што ќе се одржи во белгиската престолнина, Националниот џез оркестар ќе настапи утре ( 5 мај 2026 год.) во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со програмата, насловена „Македонски сновиденија“. Диригент на концертот е маестро Владимир Николов. Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која што има за цел да ја афирмира ...
Триесет и двегодишен жител на Скопје се здобил со тешки телесни повреди од струен удар при извршување работни задачи во дворно место во Куманово, информира кумановската полиција. Според информациите од СВР Куманово, вчера во 16:50 часот во СВР Куманово било пријавено од лекар од Итна медицинска помош дека кај нив бил донесен повредениот Б.К. (32) од Скопје. Тој се здобил со повредите додека работел во дворно место на улица „100“, сопственост ...
Макпетрол ги објави новите пониски цени на метанот и на природниот гас. „Малопродажната цена на метанот за месец Мај 2026 година ќе изнесува 73,500 ден/кг и истата се намалува за -5,00 ден/кг во однос на малопродажната цена за месец Април која изнесуваше 78,500 ден/кг. Намалување ќе има и за потрошувачите на природен гас во висина од над 13 %“, објавија од „Макпетрол“. Според компнијата, намалувањето се должи на поволниот оперативен договор ...
Повеќе граѓани пријавиле дека добиле пораки во кои испраќачот лажно се претставува дека е од МВР и ги информира за наводно сторен сообраќаен прекршок. Во пораката од граѓаните се бара да кликнат на линк кој води до лажна веб страница на МВР – потоа треба да ја внесат регистерската табличка на нивното возило, по што се отвора нов прозорец каде е регистриран прекршокот и треба да платат 1.500 денари. Од МВР апелираат до граѓаните да бидат ...
Иранската новинска агенција Фарс објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Јаск, откако ги игнорирал повиците да запре. Агенцијата, повикувајќи се на локални извори, наведува дека по нападот, бродот се повлекол од подрачјето. Висок американски претставник го демантираше извештајот дека брод на САД е погоден со ирански ракети во близина на Ормускиот Теснец, пренесува порталот Аксиос. И американската ...
Против четири малолетнички се поднесени кривични пријави за насилство за малтретирањето на нивна соученичка во паркот во Ѓорче Петров. Три од девојчињата имаат 14 години, а една 17 години. Според пријавата, тие на двапати на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видеозапис и фотографии од насилството објавиле на социјална мрежа. Кривична пријава ќе има и за родителите на инволвираните малолетници. ...
Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти, за организирање домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година. На овогодишниот конкурс беа поднесени вкупно 34 апликации, од кои, по спроведена евалуација, поддршка добија 20 проекти. За оваа намена, Агенцијата за филм обезбеди вкупен буџет од 35 милиони денари (околу 570 000 евра), што претставува зголемување во однос на ...
Да бидеме трпеливи, но досега сè уште нема ништо официјално, нема информации од грчка страна ниту за Србите, вели Аркан Керим, претседател на туристичката комора при ССК, за ЕEС системот. Од Туристичката комора велат дека и да остане овој систем, најмногу ќе бидат погодени тие што одат за викенд, а не на годишен одмор. Сепак се надеваат дека ЕEС ќе биде суспендиран за време на летната сезона. Да бидеме трпеливи, но досега сè уште нема ништо ...
Танкер е погоден со неидентификувани проектили во Ормускмиот Теснец, во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати, соопшти британската агенција за поморска безбедност (УКМТО), наведувајќи дека нема повредени и оти не е забележано загадување на морето, пренесува „Ројтерс“. „УКТМО доби информација за инцидент што се случил 145 километри северно од Фуџејра во Обединетите Арапски Емирати“, се наведува во соопштението на агенцијата на Икс. ...
Пожарот во депонијата во Шуто Оризари гори повеќе од два часа. На терен се повеќе противпожарни возила кои се обидуваат да го локализираат огнот, но гаснењето оди полека. На терен како што јавува нашиот новинар Миомир Серафиновиќ има и возила за гаснење на хемиски пожар. Местото го обезбедува полиција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот настанал откако била запалена машина за мелење железо. Густиот чад веќе се шири над цело ...
Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше осуден за случајот „27 април“, денеска е пуштен на условен отпуст, потврди директорот на затворот во Штип, Дејан Здравков. Чавков од штипскиот затвор, каде ја извршуваше казната, излегол денеска околу 10 часот. Чавков беше осуден на 18 години затвор за тероризам по настаните на 27 април во 2017 година во македонското Собрание. Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко ...
Не би рекол дека владината коалиција се распаѓа, повеќе би рекол дека се распаѓа СДСМ, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање за коментар на напуштањето на пратеникот од ЗНАМ, Миле Цеков и неговата одлука во иднина да делува како независен пратеник во собранието. „Поранешни видни членови на СДСМ, градоначалници актуелни, но и поранешни, излегуваат со жестока критика на раководството на СДСМ. Што се однесува до владината коалиција, ...
Секоја петта туристичка агенција или тур-оператор е со блокирана сметка. Според поднесените завршни сметки за 2025 година, во земјава се активни 324 туристички агенции и 54 тур-оператори. Податоците покажуваат и дека сите заедно во Управата за јавни приходи (УЈП) должат над половина милион евра по основ неплатени даноци и придонеси. „Вкупната обврска е 36 милиони денари, или некаде околку 60% од вкупниот долг е, според информациите од УЈП, за ...
Во домашниот одбојкарски шампионат денеска продолжува финалната плеј-оф серија во женска конкуренција. Наковски волеј го пречекува Работнички во рамки на третиот натпревар. Резултатот е израмнет во победи откако двете екипи славеа на домашен терен. Струмичанки во првата пресметка победија во пет сетови, додека Работнички славеше со 3-1 во вториот дуел. Шампионската титула ќе ја освои тимот, кој прв ќе стигне до три победи. ОДБОЈКА ПРВА ЛИГА – ...
Барање за исклучување на јавноста побара Ивана Коцевска адвокатка на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко во судењето за „Пулс“. Причината за таквото барање се заканите по животот на Јованов Деко на минатото рочиште. Дел од оштетените – родители на починатите деца, додека се бараше укинување на притворот на Јованов Деко, реагираа бурно извикувајќи „пуштете го, ние да му пресудиме”. “Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на ...
Енергетската криза предизвикана од немирите на Блискиот Исток веќе се одразува на туристичкиот сектор. Растат цените на авиобилетите, хотелиерските и угостителските услуги, а со тоа и на аранжманите за ова лето. Од туристичките агенции велат дека случувањата видно се одразија на раните резервации што ги прават граѓаните. Сепак, се надеваат дека нема да дојде до поголеми поскапувања. Во Македонија активно работат 324 туристички агенции и 54 ...
Денеска почнува полуфиналето од плеј-офот во домашното кошаркарско првенство. ТФТ Скопје го пречекува Маџари во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, додека актуелниот шампион МЗТ Скопје полуфиналната серија ќе ја почне в среда, кога во „Јане Сандански“ ќе го пречека Пелистер. ТФТ вечерва од 20 часот ќе игра против Маџари и за тимот од Тафталиџе ќе биде исклучително важно полуфиналето да го отвори со победа. За составот на тренерот Боро ...
Основниот кривичен суд Скопје објави податоци за бројот на приговори поврзани со прекршочните налози издадени преку системот „Safe City“ за месец април годинава, при што се забележува значителен пад на нивниот број. Според информациите од судот, во текот на април 2026 година биле поднесени вкупно 38 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка. Од нив, 32 се поднесени од физички лица, додека 6 се од правни лица. Од Кривичниот ...
Барање за исклучување на јавноста побара Ивана Коцевска адвокатка на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко во судењето за „Пулс“. Причината за таквото барање се заканите по животот на Јованов Деко на минатото рочиште. Дел од оштетените – родители на починатите деца, додека се бараше укинување на притворот на Јованов Деко, реагираа бурно извикувајќи „пуштете го, ние да му пресудиме”. “Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на ...
38-годишен маж од Косово пријавил во полиција во Тетово дека бил измамен од жена со иницијали Е.Р., која го довела во заблуда дека е бремена со негово дете. Тој во неколку наврати ѝ префрлил вкупно 18.000 евра, по што, по неговото враќање од странство, таа му соопштила дека детето не е негово и ја прекинала комуникацијата. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 38-годишен маж од Косово пријавил во полиција ...
Детроит и Кливленд ги добија мајсторките и ќе играат меѓусебе во полуфиналето на плеј-офот во Источната конференција во НБА-лигата. Детроит се врати од негатива од 1-3 во серијата и успеа да го елиминира Орландо, откако славеше со 116-94 во седмиот натпревар одигран синоќа. Кејд Канингем беше лидер на Пистонс со 32 поени, а Тобајас Херис додаде 30. Кај Орландо не помогнаа ниту 38-те поени на Паоло Банкеро. Кливленд, исто така, го искористи ...
Денеска, на Светскиот ден на пожарникарите, Европа, по едно од најтоплите лета во историјата испраќа сериозно предупредување, за уште пожешко лето со повеќе пожари, повеќе ризици и поголем притисок врз системите за заштита. Дали доволно се грижиме и ги штитиме оние што нè штитат од пожари? Имаме ли ресурси за најавената пеколна сезона или повторно ќе реагираме во последен момент со стратегија – помош од ЕУ? Може ли еднаш да превенираме ...
Португалија и Италија се следните популарни туристички дестинации за кои се очекува привремено да ги суспендираат контроверзните нови гранични контроли на ЕУ за да се избегне хаос за време на претстојните училишни распусти. Експертите за патување веруваат дека ова ќе ги поштеди британските туристи од маките предизвикани од хаотичното воведување на новиот систем, пишува Дејли Меил. Грција веќе привремено ги суспендираше до септември новите ...
Бронзениот медал на најпристижната олимпијада по хемија, Менделеевата, која годинава се одржа во Москва, Русија е успех со кој на еден убав начин се заокружува средното гимназиско образование, вели штипскиот матурант Даниел Христов пред камерата на Телма. На хемијата и на природните науки е посветен од мали нозе, а за ваквите меѓународни олимпијади треба да се има континуитет во знаењето и да си посветен на науката и на сите нови научни ...
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на заедничко отворање на Ормуската Теснина со договор меѓу Иран и САД. Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што го објави американскиот претседател Доналд Трамп. „Нема да учествуваме во нешто што не е јасно“, нагласи Макрон. Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток, ...