Левица тврди дека со демантот, ДКСК наместо да негира потврдиле дека била ангажирана архиварка со договор на дело, а ангажираната била блиска со член на ДКСК. Од Натикорупциската вчера негираа дека може да се распределуваат предмети рачно, а за ангажираната велат дека била второрангирана на конкурсот, но била ангажирана поради потребите за средување на архивата на ДКСК и за ништење на документација од стари предмети согласно закон. Не ...

Во Одборот за мир на Доналд Трамп засега пристапија 20 држави. Тоа се Бахреин, Белорусија, Мароко, Аргентина, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Унгарија, Индонезија, Јордан, Казахстан, Косово, Пакистан, Парагвај, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Монголија. Норвешка и Шведска порачаа дека нема да учествуваат во Одборот за мир на Трамп, откако таква одлука донесе и Франција, пренесува Асошиејтед прес. ...

Вкупно 2.062 случаја на грип се пријавени во периодот од 12 до 18 јануари, што е 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истиот период лани е зголемен за 46 отсто, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, 1.274 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Вкупно 279 биле деца на возраст до четири години, 266 лица биле на возраст над 65 ...

Северна Македонија значително заостанува не само зад просекот на Европската Унија туку и зад балканските пазари во однос на подготвеноста на државата за е-трговија поддржана од вештачката интелигенција. Според AI Preparedness Index (AIPI), индексот што го воведе Меѓународниот монетарен фонд во 2023 година и кој ја мери подготвеноста на земјите да ја применуваат вештачката интелигенција на одржлив и инклузивен начин, Северна Македонија има ...

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производителите на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушењето, гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност. Но, смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност ...

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Петре Шилегов и Јован Деспотовски, водат координирана кампања на напади со иста реторика и пораки. Како примери се посочуваат нападите за лидерската средба, каде ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и Шилегов и Деспотовски, ја критикуваат СДСМ со идентични формулации. Истата, според СДСМ, се повторува и околу законските решенија за системот „Сејф сити“, каде сите три страни ја обвинуваат СДСМ за блокирање на клучни ...

Со црн залетан автомобил кој поминува со голема брзина, на булеварот „Партизански одреди“ кај мостот „Обединети нации“ во Карпош 4 денеска се правеше калибрација и проверка на камерите на „Сејф сити“, при што сообраќајот беше целосно затворен. На тој начин, се проверува дали уредот правилно и точно ја мери брзината, односно дали е во согласност во ограничувањата и дали системот ефикасно и навремено го испраќа записникот. Тестирањата ќе се ...

Промоција на новоформираниот „Одбор за мир“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Иницијативата произлезе од САД, поточно нивниот претседател Доналд Трамп, и замислена е да се занимава со мировни процеси и безбедносни кризи, надвор од постоечките рамки, како организацијата на Обединетите Нации (ОН). Првично требаше да го надгледува примирјето во Газа, но како одминуваше времето, прераснуваше во поширока идеја на Форум кој ќе се ...

Обновливите извори на енергија во Европската Унија (ЕУ) минатата година за првпат произведоа повеќе електрична енергија, отколку фосилните горива, покажуваат податоците на енергетската група „Ember“. Ветерот и сонцето генерираа 30 проценти од струјата во ЕУ, додека јагленот, гасот и нафтата обезбедија 29 проценти. Комбинираниот удел на нуклеарната и обновливата енергија достигна 71 процент, додека јагленот падна на рекордно ниски 9,2 ...

Застаре злоупотребата на службената положба за екс премиерот Никола Груевски и екс генералниот секретар Кирил Божиновски во случајот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката Ленче Ристоска рече дека, сепак, продолжува да го води предметот и за овие обвинети и за останатите за делото перење пари. Ристоска потврди и дека поднела тужба против ВМРО-ДПМНЕ, откако во октомври лани од партијата испратија соопштение со наслов ...

Новоизбраните шефови на скопското и на тетовското обвинителство дадоа свечени изјави во Советот на јавни обвинители, со што и официјално почнува нивниот четиригодишен мандат. Во изјава за медиумите, Фидовски рече дека ќе работи чесно, одговорно и транспарентно. Тој доаѓа на местото на Гаврил Бубевски. На гласањето во Советот имаше два гласа повеќе од досегашниот раководител. Новоизбраните шефови на скопското и на тетовското обвинителство ...

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, ...

Опожарени се две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци, потврдија од Противпожарната служба за МИА, откако утрово избувна пожар. Од Територијалната противпожарна единица појаснија дека изгорел покривот на двете хали, но за среќа, реагирале навремено. – Добро е што нема поголеми штети и што огнот не се прошири на соседните хали. Дејствувавме со три противпожарни возила и девет пожарникари, соопштија од ТППЕ Кавадарци. Пожарот е ...

Грчките земјоделци се очекува во текот на денешниот ден да ги повлечат тракторите од „Евзони“ и по 53 дена да го деблокираат граничниот премин кон Македонија, пренесува МИА. Тие во понеделникот имаа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по што одржаа и одржаа состаноци меѓу блоковите на кои беше разгледан исходот од разговорите и одлучија постепено да се повлечат од патиштата и граничните премини. До утре се очекува сите земјоделци да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш се откажа од заканата за воведување на царини како инструмент за преземање на Гренланд, исклучи употреба на сила и порача дека на хоризонтот е договор кој би ставил крај на спорот за данската територија која ги ризикува најдлабокиот прекин на трансатлантските односи во изминатите децении. На Светскиот економски форум во Давос тој ја ублажи реториката и најави договор кој би ја задоволил неговата ...

Над постојното поткровје е изграден спрат без одобрение, а врз него „чудесно“ никнува уште една дивоградба. Инспекцискиот надзор утврдил – објектот не е евидентиран ниту во општинската документација, ниту во Катастарот. Законот дозволува дивоградбата да се урне веднаш, дури и ако е поднесена жалба. Но, во пракса тоа ретко се случува. Инспекторите чекаат завршување на сите управни и судски постапки, поради ризикот од високо обештетување. ...

Три лица се убиени, а едно е рането во пукање што се случи во градот Лејк Карџелиго во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата. Според полициското соопштение, итните служби биле повикани на адреса во градот по дојава за пукање. На местото на настанот биле затекнати три мртви лица од кои две жени и еден маж. Уште еден маж е пренесен во болница во тешка, но стабилна состојба. Напаѓачот и натаму е во бегство, а полицијата ...

Поранешниот функционер на СДСМ, Јован Деспотовски, преку соопштение до медиумите реагира на ставовите на политчката партија СДСМ, пишувајки дека на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, им е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. -Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку ...

Неодамнешните случувања во трансатлантските односи, нивните импликации врз Европската Унија и координирањето на следните европски чекори, ќе бидат главна тема на неформалниот Самит на ЕУ што вечерва ќе се одржи во Брисел. Како што наведува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во поканата до шефовите на држави или влади на членките на ЕУ за учество на Самитот, состанокот ќе започне со размена на мислења на лидерите со ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ситуацијата околу Гренланд не ја засега неговата земја. – Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега, рече Путин за време на оперативното советување со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија. Според рускиот претседател, САД и Данска ќе најдат заедничко решение. – Мислам дека тие ќе се договорат меѓу себе, истакна тој. – Патем, Данска секогаш се однесувала кон ...

Сите државни патишта во Македонија се проодни и безбедни за сообраќај, но АМСМ препорачува внимателно возење поради врнежите од снег. Слаб снег провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато, кој не се задржува на коловозот. Екипите на ЈП Македонија пат се на терен со потребната механизација и работна сила, а во соработка со Министерството за транспорт се вршат координирани активности за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Возачите се ...

Европската комисија отвори истрага за да процени дали арбитражна одлука со која на Бугарија ѝ е наложено да ѝ исплати надомест за штета на малтешката компанија АЦФ е во согласност со правилата на ЕУ за државна помош. Со арбитражната одлука, донесена во јануари 2024 година, се оценува дека Бугарија го прекршила Договорот за енергетската повелба со тоа што во три наврати, во 2013, 2014 и 2015 година, ја изменила воспоставената шема за поддршка ...

На Комисијата за одбрана и безбедност се разгледуваат измените и дополнувањата на Законот за внатрешните работи и Законот за полицијата, предложени по скратена постапка. Со нив се предвидува трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје, како и дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот. Измените имаат за цел унапредување на организациската структура на полициските единици, особено ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вели дека разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос биле фокусирани исклучиво на безбедноста на Арктикот, а не на политичкиот статус на Гренланд. По средбата договорено е сојузниците да работат на јакнење на копнените, поморските и воздушните капацитети на НАТО на Арктикот, вклучително и Гренланд. Шефот на НАТО за „Фокс Њуз“ додаде дека САД ќе ги продолжат своите разговори со ...

Скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, утврдија Форензичарите. Рахмановски, се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција. Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа. По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во ...

Во рок од само неколку часа, проблемот кој го создаде американскиот претседател, Доналд Трамп, со неговата желба САД да ја преземе контролата над островот Гренланд, и најавените тарифи против осум европски земји кои се спротивставија на неговите планови се чини дека е надминат. На својата социјална мрежа, Truth Social, каде американскиот лидер често соопштува значајни политики и одлуки, напиша дека имал продуктивен состанок со генералниот ...

Нов протест со стари барања- итна реакција на надлежните или се почести блокади. Граѓаните повторно на улица за загадувањето во главниот град, а како еден од изворите ја посочуваат цементарница Усје. Сметаат дека оваа компанија е најголем загадувач, а нејзино дислоцирање ќе значи и сериозно намалување на аерозагадувањето. Усје и министерството за животна средина добија жолти картони од граѓаните. Побараа и независен мониторинг на работењето ...

СДСМ пред нов партиски конгрес. Чин на обединување и зајакнување или ново подвојување и пребројување: кој е одговорен за поразите, за идеолошкото обезличување, кому му е при срце партијата, а кому личните кариери и позиции, кои се се стечајните управници, а кои лажните доверители? Ќе се спаси ли СДСМ од самиот себе? И како: со судир на концепти или со озборување по социјални мрежи? Во Топ Тема вечерва, интервју со Петре Шилегов, поранешен ...

Монополизацијата во носењето на одлуките е причина за поларизација на СДСМ, меѓу актуелните пратеници, како и високи актуелни и поранешни функционери внатре во партијата, смета Петре Шилегов. Тој рече дека денеска јавноста слушнала дека СДСМ нема да го поддржи проектот „Сејф Сите“ и праша, кој партиски орган и кога ја донел оваа одлука, бидејќи секогаш порано за сериозни прашања во партијата имало сериозна дебата. Прашува „кога се одржал ...

СДСМ пред нов партиски конгрес. Чин на обединување и зајакнување или ново подвојување и пребројување: кој е одговорен за поразите, за идеолошкото обезличување, кому му е при срце партијата, а кому личните кариери и позиции, кои се се стечајните управници, а кои лажните доверители? Ќе се спаси ли СДСМ од самиот себе? И како: со судир на концепти или со озборување по социјални мрежи? Во Топ Тема вечерва, интервју со Петре Шилегов, поранешен ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
69%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
3.6
59%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.6
76%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.69
68%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
56%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
71%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Цинк

3.24

Родиум

372948.66

Платина

68963.35

Калај

50.64

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42