Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Францускиот претседател Емануел Макрон предложи состанок меѓу членките на Г7 и Русија и Данска кој би се одржал в четврток во Париз, потврди Елисејската палата. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно на Трут Соушл скриншот од наводна порака од Макрон на апликацијата за пораки „Сигнал“. Во пораката, францускиот претседател му вели на Трамп дека „не разбира што прави на Гренланд“. Елисејската палата за ДПА ја потврдила автентичноста ...
Речиси 3.000 високорангирани учесници од бизнисот и владата, плус неброен број активисти, новинари и надворешни набљудувачи се собираа во швајцарскиот град Давос за годишниот состанок на Светскиот економски форум. Форумот е тинк-тенк и организатор на настани со седиште во Женева, чиј главен настан – годишниот состанок – дебитираше во 1971 година во Давос, ски-центар со околу 10.000 жители на надморска височина од околу 1.500 метри во Алпите ...
Животот полека се враќа во нормала во регионот Камчатка на далечниот исток на Русија по снежната катастрофа која ја зафати земјата. Локалните жители излегуваат на улиците за да чистат снег, а сообраќајот постепено се обновува на патиштата прекриени со снежна покривка. Силното невреме кое ја погоди земјата минатата недела, донесе силни ветрови и рекордни снежни врнежи, достигнувајќи висина и до три метри. Две лица загинале од снег паѓајќи од ...
Главниот град на Финска, Хелсинки, веќе една година нема ниту една сообраќајна жртва, благодарение на намалувањето на ограничувањето на брзината и поставувањето на повеќе од 70 камери за сообраќаен надзор. Градот од 1,3 милиони жители има и околу 1.500 километри велосипедски патеки, што дополнително ја зголемува безбедноста. Проектот „Сејф Сити“, кој во Хелсинки е дел од долгорочната стратегија за безбедност во сообраќајот, покажува дека ...
Нов 48-часовен штрајк во 6 часот утрово започнаа такси- возачите во Атина организирани од нивниот синдикати, со што грчката метропола до четврток наутро ќе биде без такси превоз. Таксистите и минатата седмица одржаа дводневен штрајк што дополнително беше продолжен за уште 24-часа. Од синдикатот на такси-возачите во Атина соопштија дека и преку овој штрајк уште еднаш ги истакнуваат нивните барања што се однесуваат на законската обврска сите ...
Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 28-годишен маж, осомничен за обид за убиство на својата баба, при вршење семејно насилство во домот каде заедно живееле. Делото е квалификувано како „Убиство во обид“. Според обвинителството, на 17 јануари осомничениот ја блокирал влезната врата од куќата на улицата „Лавчанска корија“, по што со раце ја удирал жртвата по главата и телото сè додека не паднала во бессознание. ...
Македонската ракометна репрезентација, по поразот од Данска, одигра храбро и борбено реми со Португалија. Нашиот тим се враќаше од негатива од пет голови и освои бод против полуфиналистот од последното Светско првенство. Филип Кузмановски со 15 гола беше лидер на теренот, а Мартин Томовски со клучни одбрани го одржа тимот до самиот крај. По два натпревари освоен е еден бод, а шансите за пласман понатаму се мали, но сè уште постојат. Следува ...
Повеќе од 100 возила се судриле или излизгале од автопатот во Мичиген, додека снежната бура од Големите Езера ја прекри областа. Полицијата ја затворила сообраќајницата во двата правци, додека екипите ги отстрануваат возилата. Локалните медиуми јавуваат за голем број повредени, но засега нема пријавено смртни случаи. Несреќата е дел од широка зимска бура што се движи низ САД, со предупредувања за екстремно ниски температури и снег во држави ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „100%“ ќе ги спроведе заканите за воведување тарифи кон европските земји кои се спротивставуваат на неговото барање САД да преземат контрола врз Гренланд. Тој најави царини од 10% за стоки од Велика Британија и уште седум НАТО-сојузници од 1 февруари, со можност тие да пораснат на 25% од 1 јуни, доколку не се постигне договор. Европските сојузници застанаа зад суверенитетот на Гренланд, кој е ...
Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е и донесување на одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил Бубевски, поранешен член на СЈО кое се распушти поради корумпираност, а во ЈО има предмет и за бонусите делени во СЈО во ...
Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од предвидениот ...
Официјалната програма на Светскиот економски форум започнува денеска во Давос. На денот на отворањето, говори ќе имаат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг. Дополнително, планирани се настани со американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, и извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела. Годишниот состанок е во сенка на изразената желба на ...
Денеска почнува второто полугодие за учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие. -Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на ...
На 89-годишна возраст почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, која на македонската јавност ѝ беше позната и како сопруга на реномираниот пејач и актер Зафир Хаџиманов. Како што објави на Фејсбук нејзиниот син, кој е џес музичар Васил Хаџиманов, таа „си замина тивко, достоинствено, како во сон, како дома, по тешко боледување“. Сенка Велетанлиќ е родена во Загреб, а својата музичка кариера ја започнала како членка на хорот на КУД „Јожа ...
Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави дека придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. – Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции“, вели тој. Меѓу другото најавува дека ќе биде учесник на три панели на ...
Најмалку 39 луѓе загинаа во судир на брзи возови на југот од Шпанија. Задниот дел од возот што превезувал околу 300 патници од Малага до Мадрид излетал од шините, судирајќи се со воз што поминувал во спротивна насока. Ударот ги исфрлил од шините првите вагони на возот кој се движел на релација од Мадрид до Хуелва, којшто паднал во провалија од 4 метри. Хоспитализирани се околу 50 луѓе, половина од нив се на интензивна нега. Некои тела биле ...
Оставката на Радев претставува значаен пресврт во бугарската политичка сцена, бидејќи досега ретко се случувало претседател да се повлече пред истекот на мандатот за да учествува активно во парламентарни избори. Овој чекор доаѓа точно 9 години откако Радев и неговата заменик-претседателка Илина Јотова положија заклетва како претседател и потпретседател во 2017 година. „Пред девет години ми гласавте доверба да бидам претседател. Преку 2021 ...
Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуше Митрополитот Европски г. Пимен, а сослужуваше отец Дејан по повод правникот Богојавление се одржа денеска и во приморскиот словенечки град Копер. Пред стотина присутни верници и по осветувањето на водите на Јадранското море, десетина луѓе се фрлија по светиот крст. Б.С. Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуше Митрополитот Европски г. Пимен, а сослужуваше отец Дејан по повод ...
Норвешкиот премиер во понеделник изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „многу преокупиран“ со Нобеловата награда за мир. Јонас Гар Сторе разговараше со медиумите откако двајца европски претставници во понеделник изјавија дека Трамп му испратил на Сторе порака во која се вели дека повеќе не чувствува „обврска да размислува само за мир“ откако не му беше доделена Нобеловата награда во октомври. „Многу пати му објаснив дека тоа е ...
Најмалку 39 луѓе загинаа, а повеќе од 70 се во болница, меѓу повредените има и деца. Сообраќајна несреќа на брз воз се случи на југот на Шпанија. Напорите за пронаоѓање на телата продолжуваат, а властите очекуваат бројот на жртви да се зголеми. Несреќата се случила во недела во 19:45 часот кога задниот дел од возот што превезувал околу 300 патници на линијата од Малага до главниот град Мадрид излетал од шините. При што се судрил со друг воз ...
Околу 160 верници денеска скокнаа во студените води на реката Вардар во потрага по светиот крст, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. По свечената молитва, поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, го положи крстот во водите на Вардар. Дваесет и четиригодишниот Дарко Митровиќ годинава беше среќникот што го фати крстот во водите на реката Вардар. Дел од учесниците велат дека во студените води скокнале ...
Бидете подготвен и да влетате во сообраќаен метеж. МВР од утре до сабота ќе врши тестирање, калибрација и верификација на поставените (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката, сооштуваат од МВР. Вицепремиерот и министер за транспорт ...
Судијата Ѓоко Ристов од средата не одел на работа во Апелациониот суд во Скопје. Отворил боледување од 14 јануари, дознава Телма. И додека Ристов боледувал ОЈО ГОКК се поготвувалo да изврши претреси по кои во куќа на неговите родители соѕидани беа пронајдени 350 илјади евра. Прашавме во МВР дали Ристов го искористил својот пасош и ја напуштил земјава, но конкретен одговор не добивме. „Во однос на Вашето барање за доставување на информации, ...
Протести, блокади и генерален штрајк. Ова се следните чекори кои ги најави ССМ откако не го добија бараното зголемување на минималецот. Во среда ќе заседаваат највисоките органи на ССМ каде се очекува да се потврди одлуката а на улица ќе се излезе до крајот на месецот. Од Владата се држат по страна и чекаат да се договорат работодавачите и ССМ откако вториот синдикат КСС соопшти дека е на став зголемувањето на минималецот да биде согласно ...
Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека унгарскиот МОЛ и рускиот Газпромнефт се согласиле за основните одредби од идниот договор за купопродажба на Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави РТС. НИС е под санкции на САД поради неговото мнозинско руско сопствеништво, а за да бидат укинати санкциите, американската администрација бара излез од руското сопствеништво. Сега, договорот за купопродажба ...
Лулзим Алиу си поднесе оставка од функцијата заменик-министер во Министерството за образование и наука. Тој ја достави својата оставка до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со што ја заокружи својата професионална и јавна кариера. Во својата изјава, Алиу упати благодарност до матичната партија Алтернатива и нејзиното раководство – актуелниот претседател Беким Сали, како и претходните претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими – ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната самоуправа во Гостивар. – „Со Али Ахмети, прво разговаравме во врска со локалната самоуправа во Гостивар. Таму заеднички го поддржавме кандидатот од Алијанса. Градот има сериозни проблеми, потреби имаат граѓаните соодветни, реорганизација во однос на тоа како ќе се постави градоначалникот сега откако оваа ...
Мартин Гоџо од охридската населба Варош и годинава беше најбрз и најсреќен меѓу учесниците на традиционалното фрлање на светиот крст во Охридското Езеро по повод празникот Богојавление – Водици. Тој прв доплива до крстот и го извади од студените води, стекнувајќи се со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција. Гоџо и минатата година го фати светиот крст, со што уште еднаш ја потврди својата ...
Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Богојавление – Водици, кој се одбележува со свети литургии и традиционално положување на чесниот крст во осветените води низ целата држава. Во Скопје, централната манифестација започна со богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, а крстот се спушта во водите на реката Вардар. За настанот беа пријавени околу 160 учесници. Најсреќен меѓу учесниците беше Дарко ...
Македонскиот голман Мартин Томовски вчера имаше одличен настап против Португалија во 2.коло на Европското ракометно првенство. Со неговите одбрани го инспирираше тимот да се врати од негатива од пет голови разлика, а секако беше и најзаслужен за ремито, бидејќи имаше две неверојатни интервенции во последните секунди од средбата. Неговата последна одбрана на натпреварот се најде меѓу најдобрите пет во изборот на ЕХФ за вчерашниот ден на ...