Шеесет и деветгодишен пациент почина вчера на Инфективна клиника по компликации од грип. Лицето, како што информира директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, било со комордбидитети и не било вакцинирано против сезонски грип, иако било во ризична група. Пациентот бил хоспитализиран во исклучително тешка состојба, со развиена масивна бронхопневмонија и веднаш бил поставен на респиратор. „Пациентот веднаш беше третиран од медицинскиот тим ...

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен со остри критики за изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземањето на Гренланд, предупредувајќи дека тоа би бил „крај на светскиот поредок каков што го знаеме“, ако САД го земат тој остров со сила. Расмусен, кој е и поранешен дански премиер, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Трамп користел јазик за Гренланд сличен на оној што го користат „гангстерите“ во Русија и ...

Приближно 40.000 евра е вкупната вредност на 22-те казни што ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети во земјава. „Контролите утврдија полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично) кај 10 оператори за што се изречени мерки ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез, во интервју објавено денеска, рече дека евентуална американска инвазија на Гренланд би го направила Путин „најсреќен човек на планетата“. Тој предупреди дека секоја воена акција на САД против големиот дански арктички остров ќе направи сериозна штета на НАТО и ќе даде легитимитет на руската агресија на Украина. „Ако се фокусираме на Гренланд, мора да кажам дека евентуална американска инвазија на таа територија ...

Осум лица загинаа во три одвоени лавини во Австрија, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во покраината Салцбург, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба. Четворица членови на скијачка група се пронајдени мртви, додека неколку други лица се тешко повредени. Загина и жена во лавина во областа Бад Хофгаштајн. Националностите и возраста на загинатите и ...

Примирјето во трговската војна меѓу Европската Унија и САД „виси на конец“. Ратификацијата на договорот во Европскиот парламернт (ЕП) е ставена на чекање, неизвесно е кога ќе се најде на дневен ред и дали ќе биде одобрена, пишува „Политико“. Ова следува по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека воведува нови царини за осум држави на стариот континент кои испратија воен персонал на Гренланд и се противат на преземање на ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека американските закани за воведување царини врз европски држави поради прашањето со Гренланд се неприфатливи. „Никакво заплашување или закани не можат да влијаат врз нас. Заканите со царини се неприфатливи“, објави Макрон преку својот профил X, откако американскиот претседател Доналд Трамп вети нови царини против осум европски земји, меѓу кои и Франција, кои испратија воен персонал на ...

Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе тарифи врз европски сојузници кои се спротивставуваат на неговите напори за стекнување на Гренланд како „целосно погрешна“. „Воведување царини за сојузници за остварување на колективната безбедност на сојузниците од НАТО е сосема погрешно. Секако, ќе го продолжиме ова директно со американската администрација. Исто така, јасно ставивме до ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Европската Унија (ЕУ) го координира одговорот за новите закани со царини од американскиот претседател Доналд Трамп. „Она што можеме да го кажеме е дека Европската унија секогаш ќе биде цврста во одбраната на меѓународното право, каде и да е, што секако започнува на територијата на земјите-членки на ЕУ“, изјави Кошта по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и ...

Европската Унија и блокот на јужноамерикански држави наречен МЕРКОСУР, конечно, го потпишаа долгонајавуваниот договор за слободна трговија за зајакнување на трговските врски во услови на растечки протекционизам и тензии во светот. Документот е опишан како историски и најамбициозен досега, на него се потрошија повеќе од 25 години, а пред да стапи на сила, потребно е да се надмине и последната пречка – ратификација во Европскиот парламент. ...

Европската Унија и блокот на јужноамерикански држави наречен МЕРКОСУР денеска во Парагвај ќе го потпишат долгонајавуваниот договор за слободна трговија. Документот е опишан како историски и најамбициозен досега, на него се работеше над 25 години, неколку пати беше одложуван, а за да стапи во сила ќе биде потребна ратификуван во Европскиот парламент. МЕРКОСУР е кратенка за Јужен заеднички пазар и основан е како регионален трговски договор во ...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, во Аеродром, во Ново Лисиче, во Кисела Вода и во Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина. Дефектот предизвикал прекин на испорака на топлинска енергија кај потрошувачите: Григор Прличев бр. 3 – Институт за национална историја и ОЈО за организиран криминал Григор ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја реализира заканата за царини кон земјите кои не поддржуваат американска контрола врз Гренланд. Тарифите ќе стапат на сила на 1 февруари и ќе се применуваат за осум држави кои испратија свои војници на данската полуавтономна територија. „Со години ја субвенциониравме Данска, како и сите земји на Европската Унија и други, така што не им наплатувавме царини, ниту какви било други облици на надокнада. Сега, ...

Скопје е третиот најзагаден град со над 300.000 жители во Европа според последното рангирање на апликацијата „Мој воздух“. Пред нас се само белоруски Могилев и Сараево во Босна и Херцеговина. Според податоците на апликацијата, Скопје во моментов е во црвената зона, категоризиран како град со лош квалитет на воздух и со 90 ПМ2.5 честички на метар кубен воздух. Истата судбина ја делат и останатите македонски градови. Загаденоста во Струмица, во ...

Зимскиот распуст е поубав со книга. Со неа никогаш не ви е здодевно. Сепак почетокот на второто полугодие би требало да го даде одговорот дали навистина е така за новите генерации кои се повеќе минуваат време на социјалните мрежи и на мобилните телефони. Голем број родители се жалат дека е вистински предизвик нивните деца да ги прочитаат барем лектирите, да не говориме за книги по сопствен избор. Сето ова го потврдуваат и во книжарниците каде ...

На собраниската агенда се уште не е вратена точката за законот за прекршоци, со чија измена ќе се официјализираа казнувањето со сејф сити. Треба двотретинско мнозинство, ДУИ начелно го поддржа но бара повеќе измени меѓу кои и јазични во записниците кои ги испраќа системот. СДСМ пак, како што вели нивниот лидер Филипче има апсолутна поддршка за Сејф сити во делот за безбедноста на сообраќајот и намалување на жртвите, но посочува два ризици кои ...

Операторот кој вчера се судри со ренџерите од Националниот парк „Шар Планина“ денеска работи и неговите ратраци превезуваат скијачи. Од компанијата обвинуваат дека раководството на Националниот парк им вршело притисоци. За вчерашниот инцидент кој се случи на Попова Шапка, од „Ескимо фрирајд“ велат дека ренџерите немаат овластувања да ги запрат ратраците, па затоа полицијата им наложила да се повлечат. Тие се на став дека безбедноста на ...

Поголем дел од Скопје е без парно греење поради дефект на мрежата. ЕСМ Снабдување информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите во Центар, во Аеродром, во Ново Лисиче, во Кисела Вода и во Автокоманда. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен, со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална ...

Покрај добрата програма, Скопскиот џез фестивал во Европа е познат и по дистрибуираните календари зашто европските џез фестивали тоа не го прават. Ова го кажа директорот на фестивалот Оливер Белопета на денешното матине , на кое беа промовирани календарите во голем и мал формат за 2026 година, со уметнички фотографии од учесниците на ланското издание на Скопскиот џез фестивал. Нивен автор е словенечкиот фотограф Жига Коритник. Зад нас имаме ...

Европски закон, македонски навики – ќе успее ли забраната за пушење цигари? Со цигара во рака, но со порака: време е за промени. Граѓаните со поделени ставови околу пушењето, но на иста линија дека законот ќе го подобри квалитетот на живот. На улица, пред кафулињата и рестораните, во моментот цигарите се пушат секаде, но и за пушачите, како и за непушачите новиот закон е исправен чекор. Тие велат ја поддржуваат најавената целосна забрана за ...

Претераа, ова ги поминува сите можни граници доста е, рече лидерот на СДСМ од партиската говорница попладнево за обвинувањата кон него за кои вели дека се „груби лаги, постојана црна кампања и манипулации“. „Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Мориц, итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џими Џонс, убиец на 300 деца. Вчера отидоа дотаму, преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет ...

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „жртвите и штетите“ за време на протестите во Иран. „Последните антирански немири беа поинакви, бидејќи американскиот претседател лично се вмеша во нив“, напиша Хамнеи во првата порака на платформата Икс по 12 јануари. Последните денови во Иран нема нови протести. Властите почнаа со проценка на штетите од протестите, што почнаа на 28 декември ...

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) им препорача на авиокомпаниите да го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради „тековната ситуација и потенцијалот за воена акција на САД“ во регионот. „Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за воздушна одбрана, во комбинација со непредвидливи реакции имаат висок ризик за цивилните летови“, се наведува во соопштението од ЕАСА. Агенцијата им ...

Двајцата жители на Скопје кои помогнаа во бегство на 18-годишен возач по сообраќајна несреќа со загинат пешак се обвинети за „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството. Несреќата се случи на 9-ти јануари по што 18-годишниот Саит Саитов избега од државата оставајќи ја на скопскиот коловоз 79-годишната Љуба Јаковлеска која почина од ударот на возилото на ...

Одлуката на САД за суспензија на обработката на визи за македонските граѓани не е „техничка пауза“ туку предупредување. Стануваме земја од „третиот свет“, се вели во соопштението од СДСМ. „Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери. Надворешната политика на оваа влада е сведена на антиамерикански активности на најблиските соработници на ...

Словенечката влада ја потврди оодлуката за испраќање на двајца офицери на Гренланд. Нивното заминување на островото кој е полуавтономна територија на Данска е можно веќе наредната недела. Офицерите, под водство на Данска, ќе учествуваат во „планирање и спроведување на меѓународната воена вежба „Арктичка опторност“. Вежбата се смета за европска мерка за одвраќање од намерата на американскиот претседател Доналд Трамп кој најави дека САД ќе го ...

Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог кој повикува на повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја поднесе потпретседателката на Народното собрание и членка на левичарската „Непокорена Франција“, Клеманс Гете. Резолуцијата бара раскинување со Алијансата и доаѓа во момент на растечки сомнежи во улогата на САД и насоките на европската безбедносна политика, пренесува „Берлинер цајтунг“. Гете наведе дека политиката на САД, ...

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство (МЗ), предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. Како што информира МЗ според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но ...

Единаесетгодишно дете од Пенсилванија е обвинето за убиство на неговиот татко, откако, според наводите, пукал во него бидејќи му ја одзел конзолата на играње Нинтендо Свич (Nintendo Switch), пишува „Гардијан“. Полицијата била повикана во семејната куќа во Данканон Бороу околу 03:20 часот наутро, каде бил пронајден 42-годишниот Даглас Диц мртов во кревет, со прострелна рана во главата. По истрагата на властите, како осомнилен е идентификуван ...

Во Копенхаген и во неколку други градови во Данска, како и во Нук, главниот град на Гренланд, денеска ќе се одржат протести поради амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз островот. Повеќе илјади луѓе преку социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат во протестите во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе. Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на почитувањето на демократијата и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Платина

68963.35

Алуминиум

3.42

Родиум

372948.66

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Калај

50.64

Сребро

2711.59

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Рутениум

47358.05