Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Судот одреди мерки за препазливост за девет вработени во УЈП по акцијата која се спроведе вчера. -Во однос вчерашната акција на ОЈО гокк, а поврзана со вработени во УЈП, до Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против 10 лица, од кои 9 се спроведени пред судија на претходна постапка, а по нивно произнесување, судијата го прифати предлогот и на сите им определи мерки согласно точките 2,3,6 и 7 ...
Белата куќа соопшти дека состанокот меѓу американските официјални претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил продуктивен, но испраќањето европски трупи на Гренланд нема да влијае на ставот на претседателот Доналд Трамп за неговите намери. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека е формирана работна група за технички разговори околу „аквизицијата на Гренланд“, кои ќе се одржуваат на секои две до три недели. Сепак, Трамп јасно ...
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо му го даде својот Нобелов медал на Доналд Трамп на нивната средба во Белата куќа, велејќи дека тоа е признание за неговата посветеност кон слободата на Венецуела. –Мислам дека ова е историски ден за Венецуелците, кажа Мачадо, која се сретна со Трамп помалку од две недели откако американските сили го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп на социјалните мрежи напиша дека ...
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повика парламентот да одобри реформи со кои нафтената индустрија би се отворила за поголеми странски инвестиции. Во своето прво обраќање за состојбата на нацијата, таа предложи и формирање два суверени фонда, од кои еден ќе биде наменет за социјална заштита и подобрување на приходите на работниците. Родригез изјави дека приходите од продажбата на венецуелската нафта треба да се насочат ...
Централното собрание на Европската демократска партија, на состанокот одржан синоќа, ја разгледа поканата на Демократската унија за интеграција во врска со обединувањето на политичките сили во рамките на една политичка формација, се наведува во соопштението од Европската демократска партија. Сметајќи го политичкиот моментум како важен во однос на можно политичко обединување на Албанците, како и за што посилно артикулирање на гласот на ...
Вчера стартуваше Европското првенство во ракомет во Данска, Норвешка и Шведска. Јануари повторно е месец на ракомет, а македонската репрезентација и овој јануари е дел од европската сцена. Македонија е во Група Б со Данска, Португалија и Романија, тешка група во која фаворит е светскиот првак Данска, која е и домаќин на првенството. Нашиот тим влегува како аутсајдер, но без бело знаме. Вечерва од 20:00 часот: Македонија – Данска. Можеме ли да ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е дуел од групата Б, а во првиот натпревар од 18 часот играат Португалија и Романија. Нашите ракометари во ...
Претставници на Саудиска Арабија, Катар, Оман и Египет 48 часа имаа интензивни дипломатски разговори со Вашингтон и Техеран, за да ги спречат САД воено да го нападнат Иран, изјави неименуван извор. Според него, разговорите биле насочени кон намалување на запалива реторика и избегнување на каква било воена операција што може да предизвика регионална нестабилност. Претставниците на арапските држави предупредија дека агресијата би имала сериозни ...
Со песната „Eye of the Tiger“, францускиот претседател Емануел Макрон го спореди својот проблем со очите, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна. -Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон. -Сфатете го како ненамерна референца на „Eye of the Tiger“… за оние кои ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на втората фаза од планот за примирје во Газа, со цел обновување на разурнатата територија и поширока стабилизација на Блискиот Исток. Според најавите, новата фаза предвидува формирање преоден палестински управен комитет, разоружување на Хамас и почеток на реконструкцијата. Иако планот со 20 точки е одобрен од Советот за безбедност на ОН и предвидува демилитаризирана ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа по Предлогот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот е поднесен од девет пратеници и има за цел унапредување на казнената политика, усогласување со одлуките на Уставниот суд и европските стандарди. Со предлогот се бара зголемување на казните за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и ...
Руско беспилотно летало падна и експлодира на детско игралиште во близина во Лвов, Украина, во утринските часови, во близина на комунални работници кои го чистеа снегот, меѓу кои и 59-годишната Олга која продолжи со работа по експлозијата, пишува „Украинска Правда“. Кога се огласи сирената за воздушни напади, Олга не отиде во засолниште и се најде во близина на експлозијата на Шахед и продолжи да го чисти снегот. „Стоев со колешка. Ја чистев ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја оствари својата закана за преземање на Гренланд, тоа би имало „последици за алијансата“, иако се воздржа од изјавата дека тоа би го уништило НАТО. Писториус, говорејќи на јавниот сервис, додаде дека моментот на распоредување на трупи од Германија и други земји на арктичкиот остров во овие денови на зголемени тензии околу неговата ...
Минатата година низ процесот на јавни набавки помиинаа 100 милијарди денари. Хаваријата со измените на членот 353 од Кривичниот законик од 2023 година, девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ под притисок на одлуката на Уставниот суд предложија да се санира со нови измени. Што добиваме и зошто за експертската јавност измените се само козметички во „Вин-Вин“ дебатираа Дарко Аврамовски од коалиција „Сите за правично судење“ и Снежана ...
Белата куќа соопшти дека состанокот меѓу американските официјални претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил „продуктивен“ и нагласи дека испраќањето европски трупи на Гренланд нема да влијае на ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за таа територија. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит на прес-конференција изјави дека вчерашните разговори на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Локе ...
Државни даночници, раководителка на градско одделение, поранешен управник, осум или девет вработени вкупно во управата за јавни приходи (УЈП) паднаа во акцијата на обвинителството за гонење на организиран криминал. Засега неофицијално, но извесно е дека оваа група се здружила и на различни фирми и барала мито за да им обезбеди поврат на данокот на добивка. Една од приведените е поранешна пратеничка, а сега вработена во УЈП, а дел од крими ...
Евакуирани се 130 луѓе од кои 98 пациенти во болницата Сако во Милано поради пожар во кој немаше повредени, објавија италијанските медиуми. Пожарот, како што се наведува, избил во сутеренот на еден од павилјоните по што се проширил на просториите на архивата за дијагностика. Причините за пожарот засега се непознати, а во неговото гаснење биле ангажирани 30-тина пожарникари со четири возила, пренесува „Милано Тудеј“ (Milano Today). Евакуирани ...
Русија предупреди да не се занемаруваат нејзините интереси на Арктикот по тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд, пренесе ДПА. „Сите обиди да се игнорираат интересите на Русија во поларниот регион, пред сè во областа на безбедноста, нема да останат без одговор и ќе имаат многу далекусежни последици“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова. Трамп често ги наведува руските и ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека меѓународната ситуација се влошува и оти светот станува сè поопасен. Путин сè уште јавно не се изјаснил за американската интервенција во Венецуела и за соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, за протестите во Иран или за заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Гренланд. „Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува сè повеќе, мислам дека никој тоа не би го ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва. Говорејќи пред бизнисмени во Хале, Мерц порача дека стабилноста во односите со најголемиот европски сосед е клучна за иднината на Европа и Германија. „Ако успееме да ги вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно пронајдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, ...
Пентагон преместува ударна група на носачи на авиони од Јужно кинеско море во зоната на одговорност на Централната команда на САД која го вклучува Блискиот исток, изјави извор кој е запознат со темата. Преместувањето на ударната група на носали на авиони, што е помоска формација која вклучува и други бродови, како и една подморница за напад, се очекува да трае околу една недела. Како што е соопштено, на пат кон зоната на одговорност тргнал и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот опозиционер Реза Пахлави „изгледа многу добро“, но оти не е сигурен дека ќе успее да обезбеди поддршка во земјата и на крајот да ја преземе власта. „Изгледа многу добро, но не знам како би се однесувал во својата земја. И навистина не сме стигнати до таа точка. Не знам дали неговата земја би прифатила негово водство, а ако го сторат тоа, тоа би било во ред за мене“, рече Трамп во ...
Реза Пахлави, син на соборениот ирански шах, излезе во јавноста со клучни политики што би ги спровел доколку ја преземе власта во Иран кој го потресуваат големи немири и незадоволство од голем број на Иранци. „Што се однесува до надворешната политика, иранската нуклеарна програма ќе заврши. Поддршката на терористичките групи ќе престане во истиот момент. Слободен Иран ќе работи со регионалните и глобалните партнери во борбата против ...
Американските сили во Карипското Море запленија уште еден танкер за нафта под санкции за кој администрацијата на Доналд Трамп вели дека е поврзан со Венецуела. Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, на социјалните мрежи напиша дека танкерот „Вероника“ претходно поминал низ венецуелските води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карибите, наметнат од Трамп. Ноем, исто така, објави кратко видео кое ...
Едно лице е потешко повредено попладнево при најмалку една експлозија во куќа во центарот на холандскиот градот Утрехт, по што во објектот избувнал пожар. Според холандската државна телевизија НОС, околу 15:30 часот, полицијата била алармирана дека се слушнала „гигантска експлозија“, по што кон местото на настанот се упатиле полициски тимови, како и екипи на брзата помош и противпожарната служба. Други медиуми јавуваат дека пред избувнувањето ...
Федерален офицер застрелал еден маж во ногата, во американскиот град Минеаполис, откако тој го удрил со лопата при обид за негово апсење, потврди Одделот за домашна безбедноста на САД. Тензиите во овој град се на високо ниво откако агент на службата за имиграција и царини смртно застрела една жена минатата недела, предизвикувајќи протести во градот, кои се проширија и во другите американски градови. Во соопштението на Одделот за домашна ...
Во акција на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поплденво се вршат претреси и приведувања. Дел од осомничените се вработени во УЈП. Обвинителството не споделува информации за број на осомничени и локации каде се вршат претресите. -Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за ...
Додека дел од јавноста сè уште се двоуми дали чадот во угостителските објекти е „традиција“ или здравствен ризик, за Институтот за медицина на трудот нема дилеми. Со јасна и недвосмислена порака, застануваат цврсто зад Предлог-законот за заштита од пушењето, оценувајќи дека целосната забрана во затворени јавни и работни простории не е казна туку цивилизациски минимум. Според Институтот за медицина на трудот, работниците во угостителството се ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, негираше дека официјален Техеран има некакви планови за брзи судења и егзекуции на осомничените лица, приведени во протестите во државата, тврдејќи дека „нема никакви планови за бесења“. Коментарите на Абагчи следуваат откако шефот на иранското правосудство изјави дека владата мора брзо да дејствува и да ги казни илјадниците лица кои се зад решетки. Но, американскиот претседател, Доналд ...
Само два месеци живот на бебето со иницијали У.М. Пред три дена, доенчето било примено на Педијатриското одделение во болницата во Кавадарци поради обилно повраќање по хранење. Родителите побарале лекарска помош со надеж дека болничката грижа ќе донесе олеснување и сигурност. Во деновите што следеле, според лекарските извештаи, бебето било со стабилни витални параметри, уредни лабораториски наоди и без појава на нови симптоми. Се чинело дека ...