Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, денеска беше спроведен со лисици на рацете во судот во Будимпешта, каде што треба да се одлучува дали тој и уште тројца осомничени ќе завршат во притвор поради сомневања за организирано криумчарење мигранти. Обвинителството во Будимпешта побарало сите четворица да бидат притворени бидејќи стравува дека би можеле да влијаат врз сведоците или да го попречуваат собирањето докази ...

Помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, Арон Орбан, беше однесен на суд со лисици во Будимпешта во врска со истрага за трговија со луѓе и злоупотреба на влијание. Кратко по 9:30 часот наутро, полицијата ги донесе Арон Орбан, неговиот партнер и уште еден осомничен низ главниот влез на Централниот окружен суд во Будимпешта. Тројцата беа донесени во посебни полициски комбиња, а голема толпа новинари ги чекаше пред зградата. ...