Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Ученици од прва година во гимназијата „Орце Николов“ за време на средношколска екскурзија во Грција биле оставени со часови да чекаат за да им се поправат автобусите со кои биле превезувани. вели за Телма родител на дете кое било на екскурзијата Истата ситуација се повторила и на враќање од патувањето, кога се расипал друг автобус, а малолетните ученици повторно морале да чекаат. Поради честите дефекти на автобусите за време на патувањето, ...
Кривична пријава против непознат сторител ќе поднесе ЕСМ „Молика“ за труењето со храна кај дел од вработените во РЕК Битола кон крајот на март. Од компанијата информираат дека по спроведени инспекциски надзори е утврдено дека бактеријата салмонела не е пронајдена ниту во примероците од храната, ниту на работните површини во кујната. Случајот со заболени работници од рудникот, како што наведуваат, не е поврзан со подготовката на храната во ...
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска го реализираа 42-от „Марш за ангелите“ низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на револуцијата. На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила пиротехниката, како и при евакуацијата на нивните деца од дискотеката. Пред ...
Петер Маѓар положи заклетва и ја презеде функцијата, со што и официјално ја презеде функцијата премиер на Унгарија за крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Во инаугуративниот говор, тој вети дека ќе ѝ служи на земјата, а не дека ќе владее со неа. Пред пратениците и јавноста порача дека на Унгарија ѝ треба „помирување, правда и соочување со минатото за нов почеток“. Вети обнова на демократските институции и системите за контрола и ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески спречил обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче. Тој објави видеоснимка на Фејсбук на која се гледа како бара инспекција и полиција, додека возачот на камионот кој го истовара шутот му дава телефонски да се слушне со газдата на фирмата. Потоа возачот на камионот бега од местото. Од општината велат дека е пријавено во МВР и дека е направен записник. На ...
Во тек е вториот обид за избор на фирма која ќе ја гради современата фабрика за отпад кај светиниколското село Мечуевци, каде ќе се селектира и депонира отпадот од 18 општини од Источниот и Североисточниот регион. Се разгледуваат понудите од компаниите кои се јавиле на тендерот, а распишан е на 15 декември лани. Очекувањата се дека постапката ќе биде успешна и ќе заврши до крајот на летото. „Во моментот се работи на евалуација на понудите на ...
Проблемот со бездомните кучиња во Тетово како да е нерешлив. И понатаму можат да се забележат големи глутници и покрај постојаното третирање од соодветна служба. За некои тие се опасност, за други се жртви на општеството, но сите се согласуваат во едно: системот мора да понуди долгорочен одговор. И во оваа 2026 година, тетовските улици изгледаат како „држава“ на бездомните кучиња. Граѓаните често пати снимаат вакви глутници, па стравуваат од ...
Автобус кој превезувал деца на екскурзија неколкупати останувал во дефект за време на патувањето, по што интервенирала полицијата и испратен е на вонреден технички преглед, Случајот во полиција го пријавил родител, чие дете се наоѓало во автобусот. По пријавата полициски службеници од СВР Велес го запреле автобусот на наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес – Скопје. Децата со друг автобус безбедно се вратени одма, соопштија од ...
Со инспиративни пораки за европската иднина на Македонија, надополнети со порака за неправдата која притоа и се прави на земјата, но и меѓупартиски навреди и кавги, беше одбележан 9 Мај, Денот на Европа во земјава. На централната свеченост пред Споменикот на ослободителите на Скопје, евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас, рече дека Денот на Европа е ден кога мора да се подвлече стратешката важноста на проширувањето на Унијата, за да се ...
Преговорите меѓу САД и Иран за крај на војната на Блискиот Исток влегуваат во клучна фаза. Портпаролот на иранското МНР порача дека раководството на земјата е единствено и фокусирано на трајно решение, Трамп, пак, тврди дека е расцепкано и оти на Техеран му преостанале многу малку работи. Порача дека во секој момент очекува одговор од Иран за најновиот предлог на Вашингтон. „Ќе видиме што ќе се случи. Видете, немаат војска. Не им остана ...
Не се знае кога ќе биде отворена скопската жичница. Иако од Град Скопје првично информираа дека жичницата цело лето нема да работи, по денешната изјава на градоначалникот Ѓорѓиевски сè поизвесно е дека нема точен датум кога би била повторно ставена во функција. Ѓорѓиевски не сакаше да шпекулира со информации, само рече дека нема да работи сè додека не се потврди дека е безбедна за користење. „Жичарницата ќе биде затворена сè додека не биде ...
Инфлацијата го совлада растот. По, Народна банка и од Владата излегоа со полоши прогнози за домашната економија. Според, фискалната стратегија, наместо првично планираните 3, 8 отсто раст на БДП, сега владините проекциите се дека тој годинава ќе биде 3, 5 проценти. Спласна оптимизмот и за инфлацијата. Па, така очекувања се дека наместо 2, 5 да биде 4, 5 проценти – ова е повисоко и од она што го прогнозираа од НБРМ. Проекцијата за реалниот ...
Иранската фудбалска федерација потврди дека репрезентацијата ќе настапи на Светското првенство 2026, но побара одредени гаранции од ФИФА и од организаторите на турнирот за нормален и достоинствен третман на делегацијата. Првиот човек на иранскиот фудбал, Мехди Таџ, изјави дека Иран се пласирал на мундијалот и дека има намера да учествува, но дека сака јасни уверувања оти нема да се повтори инцидентот што неодамна се случи во Канада. Според ...
Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”, информира министерството за внатрешни работи (МВР). „Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му ...
Шпанските власти се подготвуваат за прифаќање над 140 патници и членови на екипажот на крузер со случаи на хантавирус, кој пловеше кон Канарските Острови. Бродот се очекува да пристигне на островот Тенерифе, во недела, а патниците ќе бидат сместени во „целосно изолирана и оградена зона“, изјави шефицата на шпанските служби за итни случаи, Вирџинија Барконес. Во пристаништето Гранадилја во тек се подготовки, а работниците подигнуваа зона со ...
Со парада во Москва, Русија го одбележа 9 мај, Денот на победата над фашизмот под силни безбедносни мерки. Но, парадата оваа година беше со променет формат за разлика од сите претходни во, речиси, 20 години, што официјални претставници го образложија со тековната опертивна ситуација. Дефилето мина без тенкови, возила со проектили и друго тешко оружје, освен традиционалните прелети на борбени авиони, а за првпат на Црвениот плоштад учествуваа ...
Лос Анџелес лејкерс и натаму не можат да сметаат на Лука Дончиќ, кој продолжува со рехабилитацијата по повредата на задната ложа. Словенецот и официјално нема да биде во составот за третиот натпревар против Оклахома во плеј-офот. Дончиќ сè уште не е подготвен за настап, иако веќе почна со лесни тренинзи, трчање и шутирање. Сепак, тој и натаму не може целосно да му се приклучи на тимот. Поради тоа, ќе го пропушти третиот натпревар против ...
Албанската опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, синоќа го одржа осмиот антивладин протест за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана. Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада. Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни работи, кога почнаа да фрлаат молотови ...
Континентот го слави 9 Мај, како Ден на Европа под слоганот „Наша Европа, посилни заедно“ и годишнина од „Шумановата декларација“, првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија. Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај во 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа, како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи. ...
Њујорк се наоѓа на само една победа од пласман во конференциското финале, додека Сан Антонио поведе во полуфиналната серија против Минесота. Њујорк славеше на гостувањето кај Филаделфија со 108-94 и поведе со 3-0 во полуфиналната серија од плеј-офот на Источната конференција. Џејлен Брансон ги предводеше Никс со 33 поени, Микал Бриџис постигна 23, а Џош Харт забележа дабл-дабл со 12 поени и 11 скока. Кај Сиксерс, Џоел Ембид се врати во ...
„РајанЕр“ најави затворање на својата оперативна база во Солун во текот на наредната зима, откако „Фрапорт Грција“, оператор на аеродромот „Македонија“, ги зголеми годишните надоместоци, најави главниот комерцијален директор на нискобуџетната авиокомпанија. „Фрапорт Грција продолжи да ги зголемува надоместоците кои сега се 66 отсто над нивото пред ковид кризата“, изјави Џејсон МекГинис. „Фрапорт Грција“ одговори дека тврдењата што ја ...
Италијанската служба за помош на лица со зависност (SERD) го регистрираше првиот случај на зависност од вештачка интелигенција во државата. Пациентка е 20-годишна девојка, јавија италијански медиуми. „Токсичното пријателство“ со текот на времето се претворило во зависност. Случајот е регистриран во службата за лекување зависности на локалните здравствени власти во Венеција. Девојката наводно била во постојана комуникација со систем за ...
Асоцијацијата на германски аеродроми (ADV) предупреди на можноста за откажување на летови и веројатен раст на цените на билетите во иднина поради недостиг на керозин, јави агенцијата ДПА. „Стравуваме дека ќе бидат откажани голем број на летови, особено од нискобуџетните авиокомпании и до дестинации со помало значење за туризмот“, изјави Ралф Бајзел, извршен директор на ADV, за весникот „Велт“. „Во најдобар случај за 2026 година, бројот на ...
Министерството за енергетика на САД објави дека од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум. Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и опишана e како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, објави „Гардијан“. Националната администрација за нуклеарна безбедност на ...
Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај во 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...
Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија. По регистрацијата на делегатите предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што ...
(ФОТО: ЕУФОР) Патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, спаси маж и жена заглавени во „голф“ на патниот правец Тузла-Грачаница, соопштија од Европската мисија во БиХ. Брачната двојка излетала со „голф 5“ во канал покрај патот на 7-ми мај, околу 14 часот и се заглавил. Мажот и жената биле делумно потопени во вода. Единицата во чиј состав имало припадници на АРМ веднаш притрчала на помош. Во спасувањето ...
Седнат на прамецот на својот чамец, Јана отплеткува од својата мрежа неколку мали рипчиња, очигледно разочаран од својот улов, и загрижен дали ќе успее да ги продаде. Побарувачката за риби од реката Меконг изминативе години постојано опаѓа, поради загриженоста за нејзината загаденост од легалните и нелегалните рударски операции за ископ на ретки минерали долж нејзиниот речиси 5.000 километри долг речен тек. Околу 70 милиони луѓе во ...
Бавно оди доекипирањето на Судски совет и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Привршува третиот по ред оглас за местото на Селим Адеми во Судски совет, а при крај е и вториот обид за избор на наследник на Цвета Ристова во Антикорупциската комисија. Има ли политичка волја за професионалци во овие тела, важни за судството и за борба со корупцијата? – Законот се смени, но дали и старите практики на Судскиот совет? Обвинителството ...
За повлекувањето на овластувањата за обвинителите кои работеа на предмети од други обвинителства ми се чини дека никој во оваа држава од повеќе причини не верува дека станува збор за принципиелен и легалистички потег кој што подразбира дека треба да се стави некаков ред во обвинителство, е коментарот на новинарот Васко Маглешов во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за еден од првите потези на државен обвинител Ненад Савески по ...