Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во огромната „Јуске бокс банкен“ арена во Хернинг има околу 15.000 гледачи на дуелот помеѓу еден од домаќините на Европското првенство, Данска, и селекцијата на Македонија. Сепак, сите имаа можност да слушнат како нашите ракометари и навивачите во еден глас ја испеаја македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Во огромната „Јуске бокс банкен“ арена во Хернинг има околу 15.000 гледачи на дуелот помеѓу еден од домаќините на ...
Пеп Гвардиола и Манчестер сити имаат договор со важност од уште 18 месеци, но медиумите на Островот само на еден ден пред градското споделуваат шокантна информација. Според нив, Каталонецот на крајот од оваа сезона и дефинитивно ќе си оди од Манчестер сити, без оглед дали клубот ќе биде шампион на Англија или не, а заминувањето нема да зависи ниту од евентуални трофеи во останатите натпреварувања. Четворица тренери се споменуваат како можни ...
Репрезентациите на Словенија и Црна Гора одиграа меч кој долго ќе се памети, бидејќи беа постигнати неверојатни 81 гол. На крајот Словенците беа подобри со 41-40, а Црна Гора може да жали што не дојде барем до бод, со оглед дека имаше водство до самиот финиш. Првиот дел мина во доминација на Словенија, но Црногорците пред паузата израмнија на 18-18, но сепак заминаа со негатива од еден гол на полувремето. Во второто полувреме двете екипи се ...
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, одлучи кои 16 ракометари ќе конкурираат за првиот меч од Европското првенство против Данска. Изненадувачки, од составот испаднаа двајцата најискусни, голманот Никола Митревски и пикерот Жарко Пешевски, а за деби ќе почека и младиот Дамјан Митев. Останува непознато дали се работи за тактичко изоставаување, со цел да ги сочува за мечот против Португалија или се работи за ...
Групата „Б“ на Европското ракометно првенство, во која е и Македонија, започна според планираното. Португалија лесно ја совлада Романија и ги запиша првите два бода, откако славеше со 40-34, триумфот можеше да биде и далеку повисок според прикажаното на теренот. Сепак, португалскиот селектор во финишот одлучи да ротира и да ги сочува силите за следниот меч, а тоа е токму против Македонија во недела. Што се однесува до селекцијата на ...
Шест меча се дел од ноќната НБА-програма, воедно и од богатата кошаркарска понуда во Sport Life. Ако се погледнат квотите, лесно може да се забележи дека само на еден меч се очекува гостинска победа. ЛА клиперс со квота од 1.82 се фаворити на гостувањето кај Торонто, додека на петте останати натпревари се очекуваат домашни триумфи. Сепак, иако на секој меч има фаворит, квотите се блиски, па заедничко за сите натпревари е дека се очекуваат ...
Поранешен фудбалер на Црвена ѕвезда, Земун и Зета, е убиен во Србија, односно во местото Сопот, додека се шетал по улица. Истражните органи во Србија не го откриваат идентитетот, освен дека има 43 години, со иницијали Ж. Б., но и податокот дека се работи за поранешенфудбалер. Полицијата е во потрага по сторителот, односно сторителите, а она што го пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед е дека се работи за лице кое било обвинето за ...
Италијанскиот калчолигаш Јувентус испратил понуда до Кристал палас за евентуално ангажирање на Жан-Филип Матета овој месец, пренесува „Скај Италија“. Понудата изнесува 35 милиони евра, но според информациите, таа не ги задоволува Англичаните, кои бараат меѓу 55 и 60 милиони. Лучано Спалети лично дал зелено светло за трансферот на напаѓачот, чии квалитети многу ги цени. Јувентус бара долгорочна замена за Душан Влаховиќ, кој сигурно ќе го ...
Пари Сен Жермен вечерва на свој терен игра против Лил во меч од 18 коло на француското првенство. Светците моментално се на второто место на табелата со еден бод помалку од лидерот Ленс, додека нивниот вечерашен противник Лил е на четвртото на табелата. Актуелниот француски и европски првак пресметката против Лил ја чека по елиминацијата во Купот на Франција. Неочекувано, ПСЖ дома загуби од градскиот ривал Париз и остана без еден од ...
Помалку од 24 часа остануваат да типувате во 15-тото коло на Спортската прогноза на Sport Life. Досега над 1.500 прогнозери ги дадоа своите фиксови, а интересно е дека на седум од понудените 13 дуели се издвојуваат фаворизирани екипи, со над 60 отсто шанси да победат. Во Манчестер се игра дербито меѓу Јунајтед и Сити, а речиси 75 отсто чекаат победа на гостите. Слично е и за победа на Баер Леверкузен, кој гостува кај Хофенхајм. Над 60 отсто ...
Голем предизвик ќе имаат македонските ракометари на првиот меч вечерва во Хенриг каде противник е домаќинот и актуелен светски првак Данска. Освен на теренот, голема борба ќе има и на трибините. Јасно е дека домашните навивачи ќе доминираат во салата, но без разлика каде и да игра Македонија, секогаш таму е и нашата Фаланга. Така ќе биде и овојпат. Се очекува околу 200 наши навивачи да бидат на трибините и да дадат поддршка на избраниците на ...
Барселона со 2:0 го победи Расинг Сантандер на гости и го продолжи походот во Купот на Шпанија. Расинг Сантандер, кој е лидер во Сегунда дивисион и се стреми средната сезона да игра во елитното друштво, има за што да жали на овој меч. Гостите поведоа со голот на Феран Торес во 66-тата минута, а потоа фудбалерите на Расинг со сета сила се обидоа да израмнат. Младиот напаѓач Манех Лозано постигна два гола, но двата беа поништени поради ...
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, е блиску до заминување од клубот речиси 12 години откако се приклучи на каталонскиот гигант. Германскиот голман ќе се пресели на позајмица до крајот на сезоната. Оваа одлука за Тер Штеген да си оди од Барселона е во обид и да се спаси неговата репрезентативна кариера во германскиот дрес. Селекторот Јулијан Нагелсман и спортскиот директор Руди Волер постојано јасно ставаат до знаење дека оние кои ...
Манчестер сити реши да се засили во пресрет на вториот дел од сезоната во Премиер лигата. Тренерот на Граѓаните најавуваше дека му е потребна дополнителна стабилност во одбраната, па затоа челниците на клубот решија да реагираат и да го доведат капитенот на Кристал Палас, Марк Геи. Се работи за еден од најбараните дефанзивци во Англија, а Геи треба да ја пополни празнината во дефанзивниот ред која се појави по повредата на Јошко Гвардиол. ...
Македонија е голем аутсајдер против домаќинот Данска, но од таборот на нашата репрезентација најавија дека борбата и желбата за докажување против најдобрите нема да изостане. Македонија е една од најстандардните селекции која е дел од завршниците на континенталниот собир и осми пат по ред ќе биде во елитното друштво, а девети пат вкупно. Во досегашните девет настапи на ЕП, Македонија има одиграно вкупно 40 натпревари, а билансот ѝ е девет ...
Горан Андревски е еден од оние луѓе кои се „заразени“ со спорт, ги бодри македонските репрезентации каде и да се, а ако останел на ветувањето кое си го дал себеси пред шест и пол години, сега немаше да биде во Данска. За среќа, тој ќе биде еден од членовите на Фалангата кои ќе бидат вечерва во Хернинг како поддршка на нашите ракометари. „Омилен спорт ми е фудбалот, па кошарката и ракометот. Сум бил на Евробаскетите во 2011 во Литванија и во ...
Флорентино Перес сака што побрзо да го реши прашањето со новиот тренер на Реал Мадрид откако Чаби Алонсо доби отказ бидејќи веќе по еден натпревар стана јасно дека Алваро Арбелоа не е подготвен за таа задача. Сепак, малкумина можеа да претпостават која ќе биде првата желба на претседателот на Кралевите. Во неделата Реал го загуби првиот трофеј сезонава откако во финалето на шпанскиот Суперкуп беше поразен од Барселона со 3-2 и токму тој ...
Ракометот веќе ја „окупира“ Македонија, впрочем како и секој јануари, затоа што нашата репрезентација е учесник на Европското првенство. Вечерва стартуваат момците на Кирил Лазаров и ќе го имаат најголемото можно искушение, дуелот против еден од домаќините, но и прв фаворит за титулата, селекцијата на Данска. Се разбира, за мечот Данска – Македонија подготвен е ракометен „специјал“, можете да се обложите на голови, седмерци, исклучувања, да ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра против Самсунспор (Турција) во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА, беше одлучено на денешната ждрепка. Според распоредот, првиот меч Шкендија ќе го игра на домашен терен на 19 февруари, а седум дена подоцна, односно на 26 февруари ќе гостува Шкендија за прв пат обезбеди место во групна фаза од едно големо клупско европско натпреварување. во групната фаза, во шесте одиграни меча ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот започнува ново големо поглавје, настап на Европското првенство. Нашата репрезентација има чест на стартот да игра против домаќинот Данска, која е и главен фаворит за златниот медал. Покрај Данска, во групата со Македонија се и Португалија и Романија. Еден од најрелевантните да зборува за македонскиот ракомет, за нашата репрезентација и за европскиот и светски ракомет е Горан ...
Голманот Мартин Томовски е повратник на големите натпреварувања откако лани го прескокна Светското првенство. Тој е единствениот во нашиот тим што настапува во странски клуб и на мечот со Данска гледа како на предизвик. „Ќе биде предизвик да се игра со Данска на нивен терен. Тие се тим број 1 во последните години, можеме да уживаме и да дадеме максимум нашата нација да ја направиме среќна. Имаме играчи со искуство во Лигата на шампионите, ...
Барселона се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија откако со 2:0 победи на гостувањето кај Расинг Сантандер. Каталонскиот гигант беше фаворит, но потешко од очекувањата, со два гола во последниот квартал од мечот го скрши отпорот на тимот кој е лидер во Сегунда дивисион. Феран Торес погоди за 1:0 во 66-тата минута, а во последните моменти од мечот, односно во 90+5 минута, триумфот го потврди Ламин Јамал. За Барселона ова беше 11-та ...
Орландо го победи Мемфис со 118:111 во еден од најинтересните мечеви кои ноќеска се одиграа во НБА-лигата, а еден момент е посебно за одбележување. При нерешен резултат 107:107 на две и пол минути до крајот, Орландо освои една топка и тргна во контранапад. Бекот Ентони Блек ја доби топката и силовито ја заби низ обрачот на противникот. Играчите на Мемфис се обидоа да го стигнат и да го блокираат Блек. Дури четворица кошаркари на Мемфис ...
1701 Монако – Лориен (19 часот) Монако загуби дома од Лион во минатото коло и ќе сака да се рехабилитира со триумф над Лориен. Гостите играат многу послабо на гостувањата, па затоа типуваме победа на Монако и два до пет гола на овој меч. Предлог тип: 1 & 2-5 (2.14) 1802 Вердер – Ајнтрахт Франкфурт (20.30 часот) Ајнтрахт Франкфурт е тим кој игра отворен фудбал, постигнува, но и прима многу голови. Не очекуваме да биде поразлично и на ...
Најтрофејниот македонски клуб Вардар одработува подготовки во Сиде, Турција, а тренерот Гоце Седлоски очекува неговиот тим да се комплетира. По добро познатата ситуација со Роџерс Мато, преговорите за негова продажба во Хартс, речиси е сигурно дека тој нема да се приклучи на тимот во турската база. Мато во моментот е во родната Уганда и чека разрешница на преговорите за негов трансфер. Покрај него, Вардар најверојатно нема да го има и на ...
Денешниот Супер тип е максимално разновиден и со максимално зголемени квоти. Меѓу 16-те „избрани“ има понуда дури од пет спорта: фудбал, кошарка, ракомет, тенис и хокеј. Стартуваме со тенис од 14.30 часот, а потоа понудата е ептен разновидна. Зголемени се квотите на Кукушкин, Хелсинки, Словенија, Фенербахче, Монако, Аталанта, Ден Хаг, Реал Мадрид, Клуб Бриж, ПСЖ, Еспањол, Индијана, Детроит, Сао Паоло… Денешниот Супер тип е максимално ...
Флорент Рамадани и Фитон Адеми заминуваат од Шкендија и нема да настапуваат во продолжението на шампионатот. И двајцата играчи сами инсистирале да заминат во нова средина каде што ќе добијат повеќе минути за игра. Клубот го прифатил нивното барање и им дал дозвола за заминување, откако договорите биле раскинати по заедничка согласност. Флорент Рамадани, 25-годишен среден играч, беше столб на средината на теренот во првиот тим цели шест ...
Квотите во Sport Life и сите други анализи на познавачите на ракометот предвидуваат дека македонската репрезентација нема да се пласира во втората фаза. Првите две места во групата се „резервирани“ за Данска и за Португалија, Македонија ја гледаат како трета, а последна би требало да биде Романија. Ова треба да биде голем мотив за нашите ракометари да дадат повеќе од 100 проценти од своите сили на клучниот меч со Португалија и да ја ...
Денешните Квоти на денот носат интересен предизвик и вкупен коефициент 38,06. Комплетно се фудбалски, со оглед дека за ракометот е наменет посебен сегмент. Првиот предлог е дуелот меѓу Монако и Лориент, а квотата на денот е 2.10 ако двете екипи дадат гол, и ако има најмалку по еден гол во двете полувремиња. Пиза е домаќин на Аталанта и ако во првиот дел има најмногу два гола, а во вториот од еден до два гола, квотата на денот е 1.85. ПСЖ се ...
Селекторот Кирил Лазаров во пресрет на првиот дуел од ЕП 2026 во Хернинг игра со моќната Данска. Данците ќе имаат поддршка од трибините, тие се тим кој е актуелен светски и олимписки првак. „На првиот меч играме против најдобриот тим на светот во последните десет години, тоа е Данска. Возбудени сме што ќе играме против нив. Тие се домаќини, ќе ни биде многу тешко, но немаме што да загубиме на овој меч и ќе се обидеме да уживаме. Разговарав ...